1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како би се превело на Македонски?

Дискусија во форумот 'Останато' започната од JensenInterceptor, 20 Јануари 2019.

  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Хмм, ок. Што предлагаш?

    Серифни фонтови се фонтови каде додаваш мали „израстоци“(„ченгелчиња“) на краевите од кривите кои ја исцртуваат буквата.

    Зборев со еден колега за како треба да изгледаат буквите во форма за внес на податоци и тоа дека постојат луѓе кои мака мачат да прочитаат букви напишани во серифни фонтови, и тоа да се користат несерифни фонтови.
    Уз разговорот си помислив дали „ракописни“ и „печатни“ се соодветна замена???

    Како да им објасниш на „обични“ луѓе што се „серифни“ и „несерифни“ фонтови без да раскажуваш приказни??? ;)
     
  2. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    117
    68
    14 ноември 2009
    Машко
    redundancy? во речник е излишност, ама некако не ми го доловува значењето, барем во контекст на компјутерски науки
     
  3. krema

    krema
    Professor

    9,492
    9,195
    24 Јуни 2009
    Машко
    Чинам дека не е МК збор. Не знам како би звучело како вишок.
     
  4. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,947
    2,186
    19 Јули 2013
    Ништо не предложувам. Ова е еснафски термини кој е веќе одамна одомаќинет и нема друго значење. И на нативен говорник на англискиот јазик што не е запознат со терминологијата зборот ништо не му значи и мора да му раскажеш.
    А ракописни и печатни воопшто не се адекватни преводи на серифни и сансерифни фонтови. Поделбата на фонтови е многу поширока од овие две групи.

    Постојат фонтови кои што се оптимизирани и наменети за читање на екран и наменети за печатање. Изборот на фонт и типографијата воопшто е сериозна работа на која што треба многу да се внимава.
    Во речник го има како редунданција (именка) и редундантен (придавка)
     
    Последна промена: 22 Февруари 2019
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,463
    1,640
    25 Март 2013
    Машко
    Redundancy може да биде и непотребност

    @JensenInterceptor не можеш да ги преведуваш фонтовите на македонски, туку само да ги "одомаќиниш". Сигурно има по барем стотина фонтови кои можат да се стават во категорија ракописни и категорија печатни, а со тоа по ништо не се разликуваат едни од други. За да не раскажуваш приказни најдобро е да го преведеш вака

    За тој и тој документ ќе се користи серифен (Serif) фонт.

    За дополнително да се појасни, Serif што е во заградата напиши го со истиот тој серифен фонт
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    А што мислите за зборот „енџин“ да се користи „двигател“, пошто за автомобил, моторот во него може да се нарече и како двигател?
    Сум слушнал да го користат и зборот „погонувач“, за (софтверски)„драјвер“, ама некако глупаво звучи. „Возач“ не иде баш :D

    И зошто "latency" го преведуваат со „латентност“, кога би се превел со „застој“?

    А како би го превеле „troughput“?
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    308
    163
    28 Јуни 2013
    Проток?
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Дали „проток“ може да се мери во „килобајти во секунда“ ? ;)
    Колкав му е протокот? 100 мегабити во секунда. Бива?

    А „bandwith“ како? „Опсег, проток“? :) Прво, мислам дека troughput и bandwih не се едно исто.
    Нели „опсег“ е range?

    Во случајов за компјутерски мрежи, ама сигурно слично е и за други мислења

    • Throughput – Throughput is a term used for how much data can be transferred from the source to its destination within a given timeframe
    • Bandwidth – Bandwidth is the term used for the maximum transfer capacity of a network.
    хмм, можеби „дозволен товар на мрежата“?
    „Дозволено оптоварување на мрежата“, само долго е.
    Ако би иделе буквален превод, band е трака, патека, width е ширина.
    „Ширина на патеката“, така некако...

    Ај да ве видам, „event handler“ = „справувач со настани“. Да, точно е, ама тешко и долго за изговарање :D
     
    Последна промена: 1 Април 2019
  9. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,003
    6,782
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Па штознам, често користиме термин „проток на цевките влакната“ со колегите (pipe throughput). За бендвит си викаме бендвит.
     
  10. artweb

    artweb
    On your way to fame

    1,184
    521
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Mислам немаме збор за Throughput.
    Може да се преведе најразлично зависно од контекстот.
     
  11. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,947
    2,186
    19 Јули 2013
    Да не се си ја чукаш многу главата околу овие работи, некој пред нас веќе го сторил тоа.
    Mожеби не е иделано, ама какво е такво е, поарно нема.
    Еве го поимникот од министерство за информатичко општество.
    И ова е од мајкрософт делот за локализација, каде што можеш да пребаруваш како се преведени термините во нивните програми.
     
    На Ile sopov, krema, ТАТА_МАТА и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    218
    28 ноември 2015
    Машко
    Го имаше поимникот. Ова од Микрософт не сум го видел.
    Не се секирај, сите ние си ја чукаме главата кога треба да изговориме превод од 3+ зборови на еден англиски збор ;)
     
  13. goceiva

    goceiva
    Intern

    16
    5
    25 oктомври 2009
    Машко
  14. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,417
    25,095
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
     

    Прикачени датотеки:

    На goceiva му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ile sopov

    Ile sopov
    Intern

    20
    5
    1 Мај 2018
    Машко
    Situiran.
     
    На FLEGMA му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...