1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Како би функционирало Lead Generation на вебсајт

Дискусија во форумот 'Старт-ап сцена' започната од Stefan Friki, 18 Мај 2020.

  1. Stefan Friki

    Stefan Friki
    Intern

    5
    0
    16 Мај 2020
    Машко
    Здраво,
    Имам бизнис идеја која што сеуште е во изработка но не знам дали и како би функционирало кај нас вакво нешто
    Нај базичната идеја е пример имам сајт на кој што има линк од некој производ на друг вебсајт т.е онлајн продавница. Доаѓа клиент и клика на тој линк кој што го води до таа продавница ( не ја вршам јас продажбата ниту ми е битно дали клиентот ке направи нарачка )
    Прашањето е дали и колку би била реалната цена што продавницата која го добила тој клиент преку мој клик би можела да ме плати. Според тоа што гледам по интернет може да достигне и до 1-2$ но секако 0 информации за во Македонија
    Мислам дека е јасно прашањето, чекам одговор каков и да е :)
    Благодарам
     
  2. Psycore

    Psycore
    On your way to fame

    512
    535
    12 ноември 2013
    Automation Tester
    Не е ова никаква "бизнис идеја". Цел интернет и дигитален маркетинг е заснован на овој принцип и има огромни разработени платформи што го прават истово.
    Немам директно искуство со темава ама 1-2$ можеш само од добар US клик да добиеш, што нема да биде толку висок во повеќето случаеви. А за македонски клик, мое мислење е 1/200 до 1/500 од горе наведеното. :)
    Сепак има дечки на форумов што се занимаваат и заработуваат од ова и ќе ти дадат попрецизен одговор.
     
  3. Stefan Friki

    Stefan Friki
    Intern

    5
    0
    16 Мај 2020
    Машко
    Не зборувам за адсенс па да биде битно дали е МК, US, Или слично клик.
    Ама да и самиот кажа има постручни од тебе па ќе ги чекам да ми дадат по софистициран одговор
     
  4. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,163
    3,519
    7 ноември 2014
    Машко
    Ова се нарекува Affiliate marketing. Прогуглај и ќе најдеш доста информации.
     
  5. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,348
    795
    12 Април 2017
    Машко
    Не мислам дека ОП зборува за клик (по насловот), туку за lead (посетителот да остави податоци).

    Доста возможно е $1-$2 по lead, но не верувам дека некој би те платил толку за македонски lead.

    Освен ако не е продажба, често е битно од каде е дојден.

    Испратено од HD1910 преку IT.mk форум апликација
     
  6. Stefan Friki

    Stefan Friki
    Intern

    5
    0
    16 Мај 2020
    Машко
    Не можам да најдам информации за македонскиот пазар.
    И да Affiliate marketing е тоа што прашувам.
    L каде буквално сум платен што од мој сајт некој кликна да отиде на друг сајт кој што ке ме плати за тоа.

    се работи за Lead од македонски сајт на македонски сајт.
     
    Последна промена: 18 Мај 2020
  7. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,163
    3,519
    7 ноември 2014
    Машко
    На право место си, админите овде беа први што нуделе affiliate маркетинг на фирми. Ќе се јават на темава можеби...
     
    На psyside и Stefan Friki им се допаѓа ова.
  8. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    130
    82
    3 ноември 2008
    Lead generation и affiliate marketing не се иста работа.

    Lead generation е собирање на информации од потенцијални клиенти, и потоа продавање на истите информации на компании кои ќе се обидат потенцијалните клиенти да ги претворат во клиенти.

    Affiliate marketing е упатување на твои посетители (на пр. од веб страна, social media profiles или pages...) кон некој производ или услуга.
    Доколку посетителот изврши купување или преземе одредена акција (на пр. ги достави своите информации на продавачот, се регистрира за бесплатен пробен период на производ / услуга, итн...), ти добиваш одреден хонорар.

    Можеш ли да споделиш инфо за индустријата во која би нудел lead generation или пак би практикувал affiliate marketing?
     
    Последна промена: 18 Мај 2020
  9. Stefan Friki

    Stefan Friki
    Intern

    5
    0
    16 Мај 2020
    Машко
    Извини тогас, мислев на Affiliate Marketing
    Нема баш лимит на индустријата ама еве за пример нека биде :
    Телевизор кој што го има во анхоч или сетек, сеедно, и јас истиот го промовирам дека е пример на акција, по која цена, и слично. Нај базичен пример вака би изгледал. Дали тој вид на маркетинг би можел да се интегрира и на кој принцип. Дали лицето мора да го купи преку линкот во вид на referal или може едноставно со клик да бидам платен?
     
  10. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,348
    795
    12 Април 2017
    Машко
    Во 90% од случаите нема да бидеш на клик платен. Ако си платен на клик, тоа ти е $0.01 по клик или слична цена.
     
  11. vision

    vision
    Intern

    35
    14
    17 Април 2010
    CPA affiliate network ќе бараш која е во твојата нишка.
     
  12. Stefan Friki

    Stefan Friki
    Intern

    5
    0
    16 Мај 2020
    Машко
    ако не е на клик , тогаш од продажба е? Пример преку referal купи нешто од некоја сума и јас добијам % од тоа?
    а по клик повеќе од 5-10 денари не ни очекувам . но затоа ги прашувам тие што имаат искуство истото да го споделат
    ако добро го разбирам ова, ова е буквално за нешто друго од тоа што јас го барам. тука како што разбрав промовираш други сајтови и со кликови заработуваш. но јас зборувам за наши продавници , наши сајтови .
     
  13. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,348
    795
    12 Април 2017
    Машко
    За ова ќе треба да провериш кои од нив имаат affiliate program, или да се јавиш да прашаш дали е возможно да се состави партнерство.
     
  14. vision

    vision
    Intern

    35
    14
    17 Април 2010
    Баш е тоа што го бараш во почетниот пост, Cost Per Action (Cost Per Acquisition (CPA), otherwise known as Cost Per Action, is a form of affiliate marketing where advertisers pay for a specific form of acquisition or action to be taken.), на определена извршена акција од посетител си платен, во твојов случај им правиш база од потенцијални клиенти. Cost Per Action би било оставање на емаил за контакт, некој вид на членство и сл. Пак е еден тип на аффилиате но не земаш дел / сума од извршена продажба.

    Меѓутоа ова на МК пазар, што знам ... со повеќето нема ни да се разбереш за што им правиш муабет.
     
  15. DeeJayZone

    DeeJayZone
    Gaining Experience

    130
    82
    3 ноември 2008
    Вака...

    1. Посети две групи на МК веб страни:
    - веб страни кои нудат попусти (Групер, КупиНаПопуст, итн...)
    - веб страни кои продаваат електронски уреди (Анхоч, Сетек, Нептун, Техномаркет...)

    2. Разгледај им ги веб страните, и констатирај дали имаат партнерска програма / affiliate програма.
    Ако имаат - прочитај ги правилата и утврди дали ти одговараат.
    Ако немаат - контактирај ги, и распрашај се дали се заинтересирани за соработка (објасни им накратко за што станува збор).

    3. Во контакт со компаниите ќе утврдиш дали се заинтересирани да ти плаќаат по продажба или по клик / посета (или и за двете работи).
    Во секој случај, би требало да имаат систем каде што ќе можеш да се логираш (работна околина), и да ја следиш соработката (донесени посети, купени работи, итн...).

    Ако имаш дополнителни прашања - повели.

    P.S. Не е правило, но имај во предвид дека МК бизнисите ретко прифаќаат вакви соработки (комплицирано им е, не сакаат да го делат профитот, итн...).
    Затоа пак, на глобално ниво имаш неограничени можности со affiliate marketing во разни индустрии.
     
    Stefan Friki, DonFrozex и на vision им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...