1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Каде може да најдам пасивен кулер за CPU (775)

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од dzunko, 11 Мај 2014.

  1. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    317
    246
    26 Септември 2007
    Машко
    Каде да најдам нов или половен кулер за процесор на 775 со пасивно ладење ? Дали е тоа " паметно " да се изведи и дали ќе го лади доволно процесорот . Најдов на интернет Coooler Master Z600 ( http://www.coolermaster.com/cooling/cpu-air-cooler/hyper-z600/) koj e доста голем . Има во Логин во Скопје еден од Spire ( http://www.loging.mk/627/188127/0/ShowProduct/Pasiven_ladilnik_za_procesor_SP510-1U) ама сумлив ми е , некако мал . Значи сакам целиот PC да го направам без вентилатори , воопшто да нема бучава за во дневна. Веќе имам пасивна графика , а изгледа ќе добијам и напојување пасивно деновиве .:)
     
  2. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,261
    2,947
    24 Септември 2012
    Вториов по секоја логика е добар за варење кафе.

    Меѓутоа со тек на време ќе расте температурата во куќиштето и таа мора да излегува. Претпоставувам дека ти е добро вентилирано.

    Кога ќе завршиш, може и да поставиш еден голем вентилатор 12/14/20цм колку сакаш, и да го ставиш да се пали само кога процесорот (или некој мерач по твој избор) надмине некоја температура. На пример 90 степени.

    Ако немаш плоча со таква можност да го угаси вентилаторот, има термопрекидачи во логинг кои може да вклучат нешто, на 60 степени на пример, кога ќе дојде внатрешноста на куќиштето.

    Ова го кажувам зошто има и други компоненти кои треба да се ладат, не е само процесорот и графичката.
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    Тоа што имаш пасивна графичка не значи дека можеш целиот PC да го направиш пасивен. Тие пасивни графички во голема мера зависат од протокот на воздух во куќиштето. Ако секнеш секаков проток, графичката ќе прегрева. Истото ти важи и за напојувањето.

    А ако сакаш пасивно да го ладиш процесорот, ова ти е единствената солуција:
    http://www.quietpc.com/nof-icepipe

    Масивен е, поскап е од Noctua D15 и лади до 95W.


    На кратко - откажи се од идејата за целиот PC да го направиш без вентилатори.
     
    На dzunko и pane96 им се допаѓа ова.
  4. Enforcer_

    Enforcer_
    Practice makes perfect

    949
    1,042
    26 Декември 2012
    На xenon и dzunko им се допаѓа ова.
  5. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    317
    246
    26 Септември 2007
    Машко
    убаво вели Sephiroth "Откажи се од идејата " ама сите така ќе ни забрчи нешто во главата па ај да пробаме дали можи .Најпрво ќе пробам деновиве само со кулер на процесорот ( значи стандардно да има вентилатор ) , а сето друго пасивно ,па да видам кои тeмператури ќе ги имам ,а некој ако има идеја каде има или продава пасивен кулер за процесор нека ми пиши слободно. Процесорот за тест ќе види 2160 кој не грѐе многу . А тоа што ми го предложи Enforcer ми изгледа скапо :)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,346
    4 Септември 2008
    Downvolt + dovnwlock, ти е морално за ова. И тоа значителен...
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,748
    1,823
    8 Мај 2007
    Машко
    имав вакво нешто едно време. заклучокот беше:
    напојување со 12цм фен, врзан на матична која определуваше брзина на вртежи. околу 400 рпм.
    ист таков беше ставен врз пасивна графичка и процесор.
    задоволително тивко со прилично мал буџет.
    без ниту еден фен не би пробал.
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,526
    15 Јануари 2011
    Машко
    Јас имам open-bench машина со пасивно ладење, нема гајле:

    [​IMG]
    [​IMG]

    Zalman600 имаш на лагер во Anhoch, само мене не ми се бендисува, габаритен е..
     
    На pepo123 и dzunko им се допаѓа ова.
  9. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    317
    246
    26 Септември 2007
    Машко
    Е баш за ова зборувам.Филмови или Youtube можи да гледаш ?Игра некоја?
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  10. xenon

    xenon
    Guru

    3,819
    9,526
    15 Јануари 2011
    Машко
    Филмови се гледаат нормално и без графичката...за игри треба графичка. Ова на сликава ти е Sapphire 7750 silent варијанта. Имаше едно парче на лагер во Мебиус, прашај дали им стои уште.

    Куќиштето е Coolermaster Testbench. Едно парче стоеше на лагер со години во Сет, го земав пред неколку месеци. Имаш Chieftec варијанти за мултимедијални/HTPC куќишта во Мебиус по пристапна цена (6-8000), имаш Aresze едно во Сет на рузвелтова и имаш Thermaltake мислам во Нико доле во ГТЦ но многу се скапи.

    Кулерот е Noctua NH-L12.


    [​IMG]

     
    На Astro и dzunko им се допаѓа ова.
  11. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Јас дома користам intel C2Q Q6600 на сток (на 755) со Coolermaster V8 со исклучен кулер и стара palit 9600gt со изваден кулер (само синкот седи). Одозгора дуфка кулерот од напојувањето ( Coolermaster М520) и од долу напред ( од под дисковите) дува xfan 12цм (hydro bearing околу 300ден од сет). Куќиштето е затворено . На графичката имам врзано два монитора. За работа и филмови нема гајле (40-50C макс)( Зборам за bluray филмови од 50 гига). За игри немам нешто пробувано. Ама 2Д платформери ала рејман и слично исто не се проблем.

    Инаку практично бесчуен е компјутерот. Кога ќе почне да подзагрева од напојувањето се слуша малку тој кулер, додека овој x-fan ко да не постои. Веројатно ќе треба да го отварам напојувањево и да му ставам потивок кулер. Инаку најгласен ми е дискот, ептен крчи,

    Мислам дека некој колега форумџија продаваше V8, можеш да ја разгледаш и таа опција. Можеш да му ставиш PWM кулер и да го гасиш додека работиш, па кога ќе ти треба да го вклучуваш.

    Во секој случај повеќе би ти препорачал нешто ко машината на Xenon. Пофалба, ептен кејф ми направи :).
    А ако сакаш да заштедиш, можеш и вака.
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    И дополнување едно. Мораш да имаш барем еден кулер. И сите делови да имаат метар на метар синк мораш да имаш провев во куќиштето за да функционираат синковите. И двд плееров ми има кулер...
     
    На dzunko и Astro им се допаѓа ова.
  13. dzunko

    dzunko
    Gaining Experience

    317
    246
    26 Септември 2007
    Машко
    Значи еkспериментирав нешто деновиве ,да спремам компјутер без вентлатори ( Silent ) . Како и на pepo123 " машината на Xenon " погоре и мене ми направи голем мерак ама тоа е друга дискусија затоа што за тоа се потребни троа повеќе пари.
    Еве накратко до каде стигнав, односно до каде " се сварив " :
    - графичка Gigabyte 9600GT(GV-NX96T512H-B) ја заменив со Silent Gigabyte 8600GT ( GV-NX86T512H )
    - напојување Cooler Master (Silent Pro 500) го заменив со напојување FSP без вентилатор !(Zen 400 Fanless)
    - плочата Gigabyte и процесорот Е8400 си останаа , и единствен вентилатор е тој на кулерот Artctic Freezer 7 Pro ,односно на процесорот кој работи на 1000 вртежи и е безшумен на таа брзина , oколу 19-22 db .
    Куќиштето намерно го оставив отворено и 99% добив силент PC . За работа во Windows се си беше во ред, па и за филм( BRrip) графичката не крена повеќе од 72 степени . Страшно беше кога за тест пуштив игра ( COD UO ! na max settings 1280 x 1024 ) и графичката после 30 мин отиде на 105 степени ( се свари ) ама издржа . И така се` си вратив на старо место и да како што рече Sephiroth "Откажи се од идејата " и изгледа ќе го послушам . Еве подолу слики од PC-to :)

    01.jpg 02.jpg 03.jpg 04.jpg


    На крај едно големо БЛАГОДАРАМ на сите кои дадоа и помогнаа со совети.
     
    На xhktw му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Astro

    Astro
    Guru

    6,149
    8,372
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Така е, бидејќи само конвекција не врши работа кај класичен компјутер.
     
  15. pepo123

    pepo123
    Gaining Experience

    167
    258
    8 Април 2008
    Мислиш кондукција и радијација :D. Конвекцијата фали.


    Стави еден 12цм долу или од страна. Сигурно 30тина степени ке ти тргне. 70ц е премногу за филмови, не требало ни да пробаш игра. Инаку искрено страв би ми било мене игри да играм со пасивно ладено напојување, а и општо со пасивно било што. За другиве работи ќе поминеш и вака. Само не знам што ќе правиш летово со вакво ладење..
     
    На dzunko му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...