1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Каде LG 49WL95C-W во Македонија?

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од spiritfly, 22 Јануари 2020.

  1. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    67
    82
    19 Август 2011
    Сакам да земам LG 49WL95C-W веќе некое време. Во Македонија го нема никаде, само на едно место ми кажаа дека треба да чекам 30-40 дена.

    Дали некој знае каде можам да го нарачам за побрзо? Од ComputerUniverse исто е опција, ама сакав локално да видам дали го има некој, сепак е голем, скап и би сакал да има валидна гаранција овде.

    Благодарам однапред.
     
    Последна промена: 22 Јануари 2020
  2. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    242
    376
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
  3. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    67
    82
    19 Август 2011
    1515.86 евра, доста скапо е дури и ддв да ми одбијат. Од ComputerUniverse излегува околу 1100 евра со се испорака + 5% ддв и шедиција/лежарина ќе дојде за 1200. Горе-долу исто ќе дојде ама барем нема да се возам до Солун. Сепак е валидна опциja, благодарам. Да беше лето ќе ја имав во предвид. :)
     
  4. Goran995

    Goran995
    Gaining Experience

    242
    376
    16 ноември 2019
    Машко
    ИТ
    1222 евра е со вратен данок, е сега при увоз (бидејќи е над 800 евра) не знам како е. Можеш да го тргнеш од кутија при влез како користен, но не знам како им е комуникацијата на нашите со грчката царина, бидејќи таму кај нив на излез ќе го заведеш како нов со сметка.

    Солун е идеален за шетање во било кое време од годината, не гледам причина да се избегнува ако живееш било каде во МКД. А верувам дека пари за гориво не ти се проблем, сепак гледаш монитор од 1200+ евра.

    Ти си знаеш, јас не би купувал монитор на слепо, без да го видам уклучен пред мене. Сепак не е ова РАМ меморија. Ќе ти се погоди мртов пиксел, ќе ги колнеш computeruniverse.
     
  5. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    67
    82
    19 Август 2011
    Во право си за сите поенти. Не живеам далеку од Солун, би можел да скокнам до таму, но периодов не можам да губам работни саати, затоа и ми терба итно мониторов. Башка што е огромен и не ми се ризикува да го шмугнам преку граница. Би си платил уредно 5% да сум сигурен дека така функционира царинењето, брзо и лесно на граница. Некој да знае како оди царинење при личен внес?

    Од друга страна сепак би можел да ги замолам ComputerUniverse да го вклучат и испробаат пред испорака, не верувам да им биде проблем.
     
    Последна промена: 22 Јануари 2020
    На Goran995 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,600
    1,832
    25 Март 2013
    Машко
    Друже, итно, брзо, ефтино, сигурно, достава до дома и 5% давачки не одат во иста реченица.

    Или нарачај го од кај нас и плати поскапо но сигурно,
    или купи поефтин монитор,
    или оди до Солун.

    Computeruniverse јас би го тргнал од равенката бидејќи е над 800 евра можат солено да те закрпат (не знам точно колку) и плус е прилично скап производ како што кажа Горан и може да има мртви пиксели и остали тракатанци.
     
    На Rukfash и Goran995 им се допаѓа ова.
  7. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    67
    82
    19 Август 2011
  8. kirems

    kirems
    Intern

    64
    38
    28 Април 2015
    Машко
    Јас ко шо знам то 5 проценти е само данок, кој треба да го платиш на сума шо е царинета околу 15 %. Т.е 15 % царина плус 5 % данок. Можи да сум грешка ама види прочитај.
     
  9. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    1,158
    1,781
    13 Јануари 2014
    Машко
    За компјутерска опрема данокот е 5% и нема царина. Од друга страна, за пратки над 800 евра мораш шпедитерски услуги да платиш, без оглед на тоа дали ги внесуваш ти лично, или се нарачани од надвор.
     
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    Practice makes perfect

    712
    1,045
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    + За готови продукти, монитор, ссд, хдд, куќаре се плаќа 5%+18%. Тоа 5% е за компјутерски компоненти, матични, процесор, рам, графички. Имам нарачувано преку 10-15 пати од компјутер јуниверс, мониторов што го користам ми дојде 300 евра со давачки, а во анхоч беше 340 еу.
     
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    67
    82
    19 Август 2011
    Само 5% е и 0 царина.

    И така и така ќе биде испратена по ДХЛ и си принуден да ги изнајмиш нивните шпедитерски услуги бидејки е најбрзо и ефтино. Би требало да е исто или има дополнителни процедури?
     
  12. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,284
    2,647
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    DHL не е исто со DHL Express.

    DHL доаѓа преку ЕМС пошта (побавно, евтино, без шпедитерски услуги), DHL Express е ептен брзото + лежарина + шпедитерски услуги.

    Sent from my SM-N960F using Tapatalk
     
  13. Avid

    Avid
    Guru

    4,165
    6,204
    21 Јануари 2009
    Не сфаќам што толку кажа @TATA_MATA за да те натера да му пратиш нешто по приватна порака што не би било за јавност???
     
    На CBB_6 и smole им се допаѓа ова.
  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    537
    397
    26 Март 2016
    Jas zimava za malku ke kupev nov LG UltraGear monitor, najdov i kompanija koja uvezuva vo MK ama mi doagjase dosta poskapo pa se otkazav i cekam novata generacija na UltraGear (na leto ke gi ima). Ako najdes nekoe care za kupuvanje LG kaj nas po povolni uslovi, slobodno pisi, bidejki vo juni ke treba i jas da baram nacin.
     
  15. spiritfly

    spiritfly
    Gaining Experience

    67
    82
    19 Август 2011
    Така е, ама сепак по ДХЛ Експрес испорачуваат од Јуниверс.

    Грешка ја разбрав смислата на зборчето "нас" во неговиот пост. ;)

    Пойма немам овде нема никакви правила кога се работи за застапници за некој бренд, така да распрашај се насекаде. Едно време Риверсофт беа ама нели пропаднаа така да сега не знам. И користи кирилица те молам, нели е забранета латиница на форумов или поминува тука таму..
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    537
    397
    26 Март 2016
    Оди кај мене во историја ќе најдеш само 2 мислења напишани на латиница од сите 380. Пред да го напишам овој одговор, во друга тема напишав: извинете ама немам поддршка кирилична на овој компјутер. Сега се префрлив на мој работен компјутер па еве ти враќам на кирилица. Исто така, имам отворено тема за најлесно пишување на „е“ и „и“ со надредени знаци со кирилична поддршка (без фонтови). Ова ти го кажувам бидејќи до толку сум строг за пишување на кирилица и следење на правописот.

    Да се навратиме на важната тема: Не прашав точно кој е увозникот на LG опрема, треба да се распрашам ама божем ќе ми донеле којшто сакам LG Монитор во рок од 2 недели. Тој што сакав да го земам тогаш беше 1300 долари на официјалната страна, тие бараа 74.000 денари.

    EDIT: Тој што размислував да го земам БАШ пред 2 недели беше 1200 долари (Freesync верзијата не G-Sync)

    LG 34GK950F-B : 34GK950F-B 34 inch 21:9 UltraGear™ QHD Curved IPS Gaming Monitor with Radeon FreeSync™ | LG USA.

    Сега отворам наново гледам го намалиле на 900 долари. Ме интересира да ги прашам овие увозниците сега дали би ми дале нова цена за истиот монитор.
     
    Последна промена: 23 Јануари 2020
    На spiritfly му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...