JS ES5 vs ES6?

Дискусија во форумот 'HTML, CSS, JavaScript, XML базирани' започната од JensenInterceptor, 27 Декември 2016.

  1. JensenInterceptor

    JensenInterceptor Wax on, wax off

    148
    60
    28 ноември 2015
    Машко
    Здраво. Куцам многу добар ЈаваСкрипт ама се уште во стилот на Даглас Крокфорд, со JSLint. Сега во последно време го чепкам ESLint којшто може да се подеси на твојот стил на куцање јаваскрипт. Со помоп на NodeJS и NPM има за се, запирки, единечен или двоен наводник, табови(јазиче) или спејсови(празно место) итн...

    Арно ама сеа гледам некои фирми го туркаат ES6 иако се уште прелистувачите не се во состојба да го извршуваат целосно. Као демек вклучуваш некои си библиотеки за да ти работи. Наводно гледам дека има класи со сетери/гетери, досег во пар загради(block scope) итн... (Во срцето ЈаваСкрипт нема класно наследување, само прототипно)

    Дали некој веќе работи ES6 на вистински проекти или само така се чини?
    И ако да, дали ES6 е скроз нов јазик во однос на петката? Или разликите се лесни за учење?

    http://es6-features.org
     
  2. P.Overdrive

    P.Overdrive Гик

    330
    233
    23 Јуни 2010
    ES6 се користи во комбинација со некој transpiler/compiler (пр.: Babel) кој го "преведува" кодот во ES5 (или постара верзија). На овој начин ги добиваш сите тие модерни, убави функционалности без да се грижиш дали истите се поддржани од сите прелистувачи. Така што, да, ES6+ се користи на вистински проекти, и би ти препорачал што поскоро да почнеш да го чепкаш :)
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JensenInterceptor

    JensenInterceptor Wax on, wax off

    148
    60
    28 ноември 2015
    Машко
    Значи куцаш ЕС6 и после ова со Build Automation алатка(Џенкинс) автоматски го преведува во ЕС5, успатно со тестови и со deploy на сервер?

    Добро. Има време дур сите се префрлат на ЕС6.
     
  4. P.Overdrive

    P.Overdrive Гик

    330
    233
    23 Јуни 2010
    И да, и не.

    Како што си напишал погоре, делот со Jenkins повеќе се однесува на целиот процес (build, test, deploy). Jenkins е само еден пример за софтвер/сервис кој го овозможува ова, а Babel е само една алатка која се користи во првиот чекор од процесот.

    Во најпроста форма, Babel може да се повика преку CLI/terminal:
    Код:
    babel src -d lib
    каде src е папката со изворниот код (ES6+), а lib е папката каде ќе биде генериран крајниот резултат. Boom, done. На сајтот на Babel имаш подетални инструкции.

    Финтата е да не чекаш другите да се префрлат. Веќе има ES7, наредна година ќе има ES8 и тн. Прелистувачите секогаш ќе каснат со имплементирање на најновите функционалности кои се веќе спремни за користење, ама затоа постојат алатки како Babel кои го пополнуваат тој простор.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Georgy

    Georgy n00b

    30
    11
    12 Февруари 2017
    Машко
    ES6 и ЕС7 се иднината и веке прифатени наредни имплементации на јаваскрипт (есма) јазикот. Така да ако сакаш да продолжиш да програмираш во ЈС ОБАВЕЗНО уште сеа почни со некои од постоечките транспајлери да влегуваш во семантиката. Имаш ТајпСкрипт ( суперлатив на ЈС ) од Микрософт да ти легне полесно ако сакаш пробај го.
    Финтата е што наидоа на ѕид сите оние кои почнаа со ноде јс и останати јс библиотеки да програмираат поголеми ентрапрајс проекти , и ако приметуваш ангулар длабоко го користи ес6 и реактивното програмирање заедно со објект инјекрирањето !!!
    Затоа се воведува длабоко во сршта на ЈС ООП !!! А во спротивниот табор ако приметиш кај ОО јазици длабоко се наметнува и имплеметира Функционалното Реактивно програмирање ! :)) Има уште бајаги тука да се паламуди ама ако си сериозен со ЈС тогаш ти предлагам да си почнеш со ЕС6 и ЕС7 !!!!!
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JensenInterceptor

    JensenInterceptor Wax on, wax off

    148
    60
    28 ноември 2015
    Машко
    Да бе и мене чудно ми падна, Ангулар 1 е во Јаваскрипт, Ангулар 2 треба и Тајпскрипт да се научи.
     
  7. Georgy

    Georgy n00b

    30
    11
    12 Февруари 2017
    Машко
    Абе Тајпскриптот ти е суперсет на јаваскриптот , така да можеш ти слободно да прог. у тајпск, ама комплетно употребувајки јс синтакса !!! сфакаш. ... е сеа ако сакаш класи , ламбда функции .... тогаш можеш и нив у тајпск. у секој случај за секој кој што сака ЈС да програмира ОБАВЕЗИТЕЛНО УШТЕ СЕА ЕС6 или ТАЈПСКРИПТ !!!!
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MilanS87

    MilanS87 Wax on, wax off

    96
    20
    31 Август 2010
    Машко
    Web Developer
    Прочитајте го ова, прикажан е интересен начин како изгледа да учиш Javascript во 2016
     
    На Georgy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Georgy

    Georgy n00b

    30
    11
    12 Февруари 2017
    Машко
    Супер . Само за референца е муабетов , техникалиите ке мораш срч по нет и дел по дел да спознаваш ... така,,, ако добро приметив.
     

Сподели