1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Josto da man.

Дискусија во форумот 'Добродојдовте!' започната од toshex, 7 Декември 2018.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    295
    409
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Што да се каже повеќе. Имаше извинување со зборови, но недостасуваат дела.
    Огласите сеуште си стојат, т.е. не се избришани, што укажува на фактот дека потполно е сеедно што мислиме ние, членовите на форумот.
    Јосто не се одважи да пише ниту збор на заедницава на која се обидува да продаде работи, но има доволно време да си ги прати и да одговара на огласите.

    Не знам за другите, но јас очекував дека ќе ги избришат огласите до сега. Тоа е, очигледно залудно сум се надевал дека барем еднаш кај нас aдминистрација ќе го испочитува мислењето на заедницата.

    Long live Josto, кој ни покажа како стојат работите на форумов !!!
     
    На moongose и Zippo им се допаѓа ова.
  2. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Јасно и гласно се беше објаснето погоре, јавно се извинивме за грешката со проверен огласувач, не гледаме причина за бришење на огласите. Разбирливо е дека не секој член на форумов ке биде задоволен од оваа одлука, како што е и со секоја друга одлука.
     
    cele_x, Fatal1ty_ и на gOJDO им се допаѓа ова.
  3. steelseries

    steelseries
    Gaining Experience

    613
    361
    20 Декември 2015
    Машко
    Ги молам Онлајн Администрацијата да ми го избрише акаунтот, јавно го кажувам како разочаран User на овој форум.

    Причините сите ги знаете, и уште 1 пример ќе дадам иако мене не ми смета продажба па да се гледаат добри дилови.

    Gojdo објавува исто како Јоско во вид на спам, ако веќе продаваш куп електроника стави ги во еден пост а не кога влагам да гледам со ред различни продукти од ист огласувач мислам вие Администрација многу попуштате.

    Благодарам и со лес да си го терате форумот.
     
    Krk198, Banjifiko, draganamon и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    @steelseries жал ни е за твојата одлука и не би сакале да ти го избришеме профилот, но доколку си решен - тогаш не го оспоруваме тоа. За да ти биде избришан профилот те молам испрати емаил (од тој е-маил акаунт со кој што ти е регистриран акаунтот) на contact@it.com.mk со барање за бришење.
     
    cele_x, Fatal1ty_ и на gOJDO им се допаѓа ова.
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,105
    10,395
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не знам што толку драма се направи околу еден исклучок?!? Јасно е дека правилата треба да важат за сите, но тоа не се закони од кои нема отстапување, па сега е нарушен правниот систем во државата! Па и да беше суд, сите не сме еднакви, колку и да законите го

    Глеј те го форумов ко да сте кај некој на гости. Таму домаќинот ги воспоставува правилата на однесување, а ние ко културни гопсти сме должни да ги почитуваме. Ако некој не гипочитува не е наша работа, има кој да мисли за тоа! Нема потреба од ваков поплачителен однос небаре бисерот некому му се срони! Ете дечкото по друг основ заслужил да биде привилегиран, ништо страшно! Бидете големи и прифатете го тоа како исклучок! Нема потреба од толку т'нчење...

    Може да објасниш во што се состои моето спамирање? Стварно не ми е јасно. Дали за еден ист производ отварам повеќе теми? дали правам "bump" секој ден?
    Колку можам да сватам, ти сметаш дека секој член треба да има по една тема и во неа да пишува што има за продавање, па ако некој сака нешто да купи да ги отвара темите од секој член една по една да ги чита за евентуално да најде она кое му е потребно??
     
    The-spiki, cele_x, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    295
    409
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Токму фактот што треба ние да се помириме со овој исклучок е проблемот.
    Не можете да удоволите на едно единствено барање од заедницата која со своето време ви овозможува да имате активен форум.
    Доколку не ви е битно нашето мислење можете да си отворите вибер група помеѓу вас, и да си продавате работи меѓусебе.

    Тоа што оваа неправда ни смета треба да по почитувате малку повеќе.
    Не знам за другите, но фактот што можев да се почуствувам како заедница е причината што го посетувам овој форум. Со ова јасно ни ставате на знаење дека сме неважни.
    Наместо да не мотивирате и да ни докажете дека и нашето мислење се зема во обзир, вие дрско ни покажувате кој е кој.

    Во последните постови буквално ни кажувате кој ве е** (pardon my french).
    Ова навистина ме разочарува.
     
    На Justice for All, moongose, DonFrozex и уште 4 други им се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Малку поинаку е во ситуацијава. Во овој случај домаќинот воспоставил правила кои (меѓу другото) велат дека правилата важат исто за сите членови. Тоа е теоријата ама праксата вели дека правилата не важат исто за сите исто.

    Тоа е главната поента на која треба да се задржиме, кога дискутираме на оваа тема. Инаку можеме до бескрај да се вртиме во круг со релативизирања и оправдувања зошто правилата се прекршени. Дека некој е „заслужен“ по некоја друга основа, и слично.И тоа дека заедницата има привилегија да биде на форумов, а форумот никако не зависи од заедницата? Тоа е најкајгана муабет што сум го слушнал, дајте не бидете така бајато надмена управа како што е баграта од Кајгана.

    Едноставно кажано овде имаме класичен случај на неправда. А сите ние денес сме многу осетливи на неправда - посебно во ова денешно време. Затоа што денес неправди има дозлабога многу на секој чекор како никогаш досега во поновата историја. Даноците и давачките постојано растат. Голема невработеност и недостаток од работни места. Преполна државна администрација во која (покрај врски, семејни и партиски) главна карта за лесен влез е етничка припадност - додека како врвна иронија во исто време се спрема попис со кој нема да се евидентира етничка припадност. Богати кои имаат премногу, и сиромашни кои немаат ништо па ниту начин некако со труд и со многу работа да се изборат за повеќе, а во средина меѓу тие две екстреми е изумирачката средна класа која забрзано ја снемува под купиштата раснечки сметки и даноци и разни други давачки. Беда, очај, и гнев.

    Тоа во реалниот свет. И се надеваат луѓето дека барем овде во нашава онлајн заедница, дека барем овде ќе избегаат во катче каде работите се праведни, место каде правилата се почитуваат и важат за сите подеднакво. Но со овој пример драга Управо, вие јасно ни ја плескате во лице реалноста дека правилата не важат исто за сите. Дека нема правда дури ни овде каде вие неколкумина можете многу лесно да направите да има еднаква правда за сите.

    Или ајде до крај да банализираме, пошто сето ова е банално до крај. Што ќе ве кошташе некој од вас да ги објавеше огласите на Јоцето? Или што ќе го кошташе Јоцето да се активира малку во заедницава, да испука 50 поста и да добие нивно допаднување од некој? Што реално ве кошта и вас и Јоцето истото да го направите макар сега?

    Толку ли не ја почитувате заедницата која сами сте ја изградиле?
     
    На toplel, DonFrozex, TylerMkD и уште 8 други им се допаѓа ова.
  8. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Нигде не пишува дека не е битно мислењето, напротив, кажуваме упорно споделувајте го вашето мислење. Ама дека мислењето на заедницата е едно а не мешаница од повеќе различни, да не се лажеме - на секоја тема има секакви мислења. Јавно извинување и корекција на тргање на беџот не знам како не го гледаш како слушање на барањата на заедницата.

    Околу тоа "која со своето време ви овозможува да имате активен форум", е и обратно - фирмата и целата интерна заедница на администратори, модератори, вработени во компанијата и соработници и овозможуваат на заедницата да има форум и место каде што може да се разменуваат мислења. Се пази на аптајм, надградби, се штити од СПАМ и malware и еден куп други ствари. Така да, факт е дека взаемен почит има и треба да има и понатака, но сите треба да ја знаеме поголемата слика и како е и на двете страни.

    И рекламата за форумот ни е дека ова е најголемата ИТ заедница во државава, и еден куп акции особено оние хуманитарните имаат придонесено за создавање на таа заедница - и се надеваме дека уште покрупни чекори ке зазема истата - а ние ке се обидеме да ги катализираме.

    Претерување е дека некој ви кажува тоа што мислиш со францускиот, воопшто не е така.
     
  9. emet_

    emet_
    Гостин

    Почитуван ИТмк,

    Ве молам да го бришете и мојот профил. Не прифаќам да ме терате да ви испраќам мејлови на вашиот мејл, затоа што не сакам повторно да ги собирате податоците кои сакам да бидат избришани од вашата база.

    Ви благодарам на разбирањето,
    Со здравје.
     
  10. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Емет, за жал мора да добиеме е-маил, проста причина за тоа е дека не си оставил негде browser логиран на форумов и сега некој вика бришете ми профил (помала е шансата и маил да си оставил топ тан, не дека не е реална, ама сепак :) ) .

    Мејлот со кој си регистриран веќе е во систем и за бришење на јузер тоа е задолжителен чекор. Не гледам какви податоци дополнително ке собереме од тој маил.
     
  11. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Баш со ова треба да ти биде јасно дека најмалку сакаме да се лажеме и криеме. Дел од тимот на компанијата која стои зад сето ова е поставен модератор при креирање на јузер (исто како што се и @theurednik и @emsss), тие луѓе имаат придонесено на еден куп начини ИТ.мк да функционира и тоа што се модератори им овозможува да постираат во секоја секција. Дали ке бидат активни или не во споделување на мислења, тоа си е нивно право. Има и други начини на коишто може да се придонесе зад сцена.

    Реално, модератор не е исто како член што се регистрирал, тука е разликата. Нашата грешка ја гледаме во тоа што залепивме беџ што реално треба да се даде со доверба од самите членови, тука јавно се извинивме. А за тоа што тимот зад IT.mk има модераторски статус при регистрација, не гледаме грешка.
     
    На Costigan_Jr и gOJDO им се допаѓа ова.
  12. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Една работа што ја осознаваме преку овие мислења е дека на многумина им значат огласите и им е претежок патот за стигање на статус кој ќе им дозволи да постираат во огласи. Тоа беше направено како што е и објаснето во правилата за да се избегне СПАМ и да не се бомбардира форумот со све живо и диво, но ветуваме дека во најскоро време ќе го ревидираме начинот на верификација кој може да постира во Огласи - ќе гледаме да го олесниме а притоа минимум да остане квалитетот или да се подобри во самите Огласи.
     
  13. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Друже Д, сепак ги прекршивте правилата кои сами ги поставивте. Нема бегање од тоа, и правилата не се однесуваат само само за беџот на доверба - што правиме со правилата кои за постирање во делот за огласи побаруваат 50 допаднати мислења?

    едит: Правилата се добри, нам не ни сметаат правилата (ќе си дозволам овде да прејудицирам и да кажам дека зборувам за мнозинството). Нам ни смета неправдата и непочитувањето на правилата. Во случајов многу малку треба за да се исправи неправдата, или обратно - да се покаже непочитување кон заедницата.
     
    draganamon, smole и на Zippo им се допаѓа ова.
  14. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Оф топик: Искрено се надевам дека сите што се фативте на темава сте толку активни и гласни за сите *реални* неправди што ги гледате секојдневно и тоа го кажувате и кога сте подалеку од тастатура.

    Он топик: Секое правило има исклучок, администраторите и модераторите се иземени од ограничувањата за постирање во темите.
     
  15. emet_

    emet_
    Гостин

    Втор пат, почитуван ИТмк,

    Слободно бришете го мојот профил, немам намера да се вратам на него.
    Немам намера ниту да се допишувам преку приватни пораки за бришење профил и да не го губиме времето за џабе.

    Ви посакувам успех и здравје на сите. :)
     
  16. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,279
    3,107
    12 Јануари 2016
    Машко
    Јас исто така се надевам, однекаде треба да почне погласно да се зборува за неправдите.
    Можеби баш од овде ќе тргне работата? Ајде, кој има жолт елек? :)
     
    На DonFrozex, Gaston, smole и уште 2 други им се допаѓа ова.
  17. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Е ај сега, се дискутира за некакво кршење и почитување правила, а правилото со кое што се обидуваме да ги заштитиме членовите од тоа некој да им го хакне профилот или да е случај оставање на логирана сесија во browser на некој PC, сакаш да го прекршиме затоа што така ти одговара? :)

    Нема проблем, ке ти го избришеме профилот. Процесот за тоа е: испрати ни маил на contact@it.com.mk од мејлот со кој ти е креиран овој јузер и напиши само: Барање за бришење на профил. Веднаш потоа ке ти биде избришан профилот. Како што ти објаснив - не може со тоа да добиеме никакви дополнителни податоци од тебе коишто веќе ги немаме.

    Ти посакуваме успех и здравје и ние, и навистина жал ни е што си одиш но ја почитуваме твојата одлука.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,213
    12,214
    2 Август 2012
    Машко
    Ама никој не ви наметнал ограничувања за да може да ви ги земи. Цело време се сопнуваме на исто.
    Значи, овдека се работи за непочитување на правила кои важат за сите. Ако не сакате да важат за вас (сопственици/редакција/луѓе кои вам ви се симпатични) треба IMHO да ги дополните правилата и да не ја злоупотребувате позицијата.

    Ваљда може да се очекува такво нешто.


    btw
    И не им е на сите баш до огласникот. Имаме огласи на интернет. Луѓето не сакаат да продаваат хардвер на полу-писмени subhuman's на реклама 5, пазар 3.
    Ентузијастички огласник е ова. Сите се познаваме, што се вика.
     
    На DonFrozex, ImTheDude, gOJDO и уште 5 други им се допаѓа ова.
  19. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Правилата се дополнети во подеталниот опис на правилата.

    Потполно си во право, се слагам и ке гледаме да овозможиме следна фаза подобрување на таа секција, како и на другите делови на форумот во блиска иднина.
     
  20. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    900
    1,518
    20 Јануари 2015
    Машко
    Арни се правилата за огласи, по мене не треба олеснување на условите, напротив, сметам дека треба заострување на правилата. Членовите не бараат олеснување на правилата туку истите правила да се применуваат за сите.

    Испратено од G620S-L01 преку IT.mk форум апликација
     
    На igor_igor и Zippo им се допаѓа ова.
  21. emet_

    emet_
    Гостин

    Трет пат, почитуван ИТмк,

    Ниту мејлови, ниту приватни пораки не користам на јавен форум.
    Не ми го губете времето, ве молам бришете го профилот.
     
  22. Astro

    Astro
    Guru

    5,894
    7,967
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    @theurednik , не знаев дека постоел ваков ник.
    Дали членот е уредник? Ама изгледа тоа по случајност е уредник, пошто у од уредување не се случува.
    Мене не ми пречи многу (само малце) пошто веќе се навикнав на читање глупости на порталот, ама многу ми пречи кога некој ќе помине зад мене додека пијам кафе на работа и ќе ми погледне во монитор и ќе рече „ Абе овие ли ги читаш неписмениве, две реченици не можат да состават ниту знаат да си причитаат што глупост напишале“.
    Тоа ми пречи и ме навредува, ама што можам кога до некаде е така. Дајте мајку му proof reading стварно нема смисла понекогаш... :(

    Многу јак пост беше ова, сериозно.
     
    JasSum, Sharlovski и на M.Pix им се допаѓа ова.
  23. D

    D
    Администратор

    3,226
    1,595
    31 Март 2007
    Трет пат, регистриран си со е-маил на овој форум. Кога ќе се добие е-маил на contact@it.com.mk од мејлот со кој си регистриран со барање за бришење на профилот, истиот ќе биде избришан.
     
  24. koki

    koki
    Gaining Experience

    247
    130
    3 Март 2010
    @D Избришете им ги бе профилите, нека се исчисти форумов од такви ликови, не може човек ништо нормално да прочита од вакви глупости. Избришете па вероватно форумов ќе биде по пријатно место за читање и пишување.
     
    На Astro, DonFrozex, Nightingale и уште 2 други им се допаѓа ова.
  25. Roncic

    Roncic
    Гостин

    Ваа ти е ко Скопјаните и загадувањето. Ќе протестира 12 месеци во годината по 8 часа на ден , а пустиот едно дрвце нема посадено. Ќе плаче дека текстовите се комични и за секоја грешка има направено темелна анализа ова не чине она не чине ама мнооогу му е тешко да рече дајте бре јас ќе ви средам , ќе бидам лектор, ќе помогнам на заедницава :D . Темава стана ко антистрес/депрес терапија . Еден ја пинга и сите проблемите одма си ги кажуваат.
    СОС-телефонски број 15505 .
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...