1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Josto da man.

Дискусија во форумот 'Добродојдовте!' започната од toshex, 7 Декември 2018.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    306
    418
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    Извини модераторе, но членот Јосто не е член на заедницава. Тој е платен работник.

    Го подржувам @Avid ако сакате да испаднете транспарентни на крајов од сево ова, пишете ни листа на сите превилигирани членови, и да знаеме ние обичните смртници со кого си имаме работа.

    Или наместо проверен огласувач креирајте нова иконка со слика од Јосто и ставете си ја на профилит.
     
    На -={K-O-R-U-N}=-, Astro, ImTheDude и уште 11 други им се допаѓа ова.
  2. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,010
    1,152
    9 Јуни 2015
    Машко
    Принципи друже, принципи..
     
    На draganamon и Zippo им се допаѓа ова.
  3. Frozen.

    Frozen.
    Gaining Experience

    83
    74
    4 oктомври 2015
    Машко
    Ма да можиме позитивно да гледаме на ова работа доста членој се уклучија во темата :)
     
    Astro, D, toshex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. draganamon

    draganamon
    Gaining Experience

    306
    418
    24 Јануари 2016
    Машко
    Freelancer
    BTW, огласите на Јосто уште си постојат.
    Никој не ги брише.
    Еве колку ги засега темава.

    @Fatal1ty_ man up. Ако ти не го изрегулираш ова, не знам кој.

    Исто така, кој му ставил Like на Јосто ?
     
    На Astro и artweb им се допаѓа ова.
  5. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,870
    2,807
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Хаха, се смеам и ги читам постовите.

    Разбирам и администрација разбирам и членови, што е до мене можеби ако човекот вистински работи за форумот или it.com.mk како бренд, мене ми е ок да му се дозволи да објави огласи нешто, но она што не ми е океј е да добие значка доверлив огласувач.

    Ма немој, тоа не иде, и одма да се тргне.
    Тоа може само да наштети на форумџиите.
    Сигурно нема после @D да го тражам и со него да се расправам.

    И шо се жалите нашите админи и модератори се супер, слушаат примаат сугестии вистински реагираат и помагаат кога треба.

    Тие на кајгана се сите продадени, модераторите администраторите.

    Енивеј, а шо се случи со @psyside?

    И уше нешо, она со ина многу фина шо е избришана цела тема, е мноогу јако, неам зборови :D
     
    На Astro, moongose, smole и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,047
    3,011
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Копај @vlavot тежината е нагло опадната , пишман ке бидеш. Остај администрација нека си брка работа . Знаеш и самиот дека тие се тука за модерирање .
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  7. alek99

    alek99
    Gaining Experience

    443
    364
    28 Јануари 2008
    Машко
    @draganamon нема потреба од листа, бидејќи ќе ги нема на неа. Како што сватив „они„ по службена линија се сите админи но сеуште не се регистрирани членови, туку нешто како симпатизери се, но по потреба стануваат што сакаат ( меѓу другото можат да имат непостоечки мислења, допаѓања, па и доверливи икони). Имаме сличен пример на сенсеи модератор @emsss со 2 мислења. (не и притребала иконката на Јосто).
    Нивни си е форумов и нивно право, тука нема мешање. Нема потреба од бунење против невозможното.
     
    smole, Zippo, Вајкинг и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,818
    3,893
    5 Јули 2013
    Ај еден предлог од мене
    Темава да се избрише после ова.

    На оние кои забележаа што се случи и што ја пратат и сеуште немаат 6 месеци присуство на форумов, да им се даде привилегија да си огласат на форумов уште сега. Заради реципроцитет.

    Оние кои не пратат и не знаат, тоа е. Нека бидат поредовни на форумов.
     
    На nikigo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,870
    2,807
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Бре бегај таму нема ни за леб, ни ми се копа ни нишо, а ладно времево кој ќе зима лопата че замрзнам надвор :)
     
    На toshex и Pane24 им се допаѓа ова.
  10. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    653
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    Скандалозно!
     
    Astro, D и на artweb им се допаѓа ова.
  11. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,939
    4 Септември 2008
    Јас колку што знам за да станеш проверен огласувач треба да има повеќе позитивни мислења во темата од членовите кои купувале. Истото и вие го имате пишано во објаснувањето што значи проверен огласувач.

    upload_2018-12-8_0-29-24.png
     
    На DaVoRkNe, smole, drifter и уште 8 други им се допаѓа ова.
  12. emet_

    emet_
    Гостин

    ^Де де, ништо страшно. :rolleyes: :D
    У мое време овие ги викаа спонзоруши. :blush:
     
    Изменето од модератор: 8 Декември 2018
  13. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,398
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Е да де, ит.мк директно одговара за Јосто. Ако има проблем они ќе реагираат :D
     
    smole, Zippo, Lokvan и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,281
    7 ноември 2014
    Машко
    Поентата на огласите на форумот (барем за мене) е што можеш да купиш или да продадеш работи во соработка со проверени членови. Барем за мене никогаш не било работата да „ќарам“, туку да се ослободам од работи преку продажба со ниски (дури и дампинг) цени, но бенефитот е што нема да се заебавам со луѓе на реклама5 кои откако ќе го купат производот може ќе го скршат, расипат, тормозат и вратат...

    Очигледно е дека администрацијата (односно сопствениците) не ги разбираат вака огласите, инаку немаше да дозволат да „бутнат“ проверен огласувач во нашата заедница. Јас сум сигурен дека никој од нас не е толку наивен да си рече „има 0 мислења, ама е проверен огласувач и мора да е добар чим админиве го поштуваат“, така што целиот процес на правење на услуга на другар е непотребен и неминовно беше дека ќе резултира во револт кај членовите.

    Да бидам искрен, не може член како @Вајкинг и @Josto заедно да делат статус на „Проверен огласувач“, се губи целосно поентата на сите квази правила што се поставени.
     
    На windows8, -={K-O-R-U-N}=-, DonFrozex и уште 10 други им се допаѓа ова.
  15. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,776
    8 Мај 2007
    Машко
    Фаталити, не си крив за ситуацијата, ама мислам дека може да му избришеш постови на платеникот.

    Прашањата се:
    Зошто не станал член уште од првиот ден на вработување? Значи дека нит ја сака нит ја почитува заедницата. Моча на нас.
    Ако е толку проверен, зошто некој друг вработен што веќе е админ (по дифолт) не објави за него? Сме гледале такви огласи.
    Обичен смртник не ја купува кантата со јабуче. Да ставеше барем пристојни цени на одласот, што стана спамирање по некој ден, може и ќе му прогледаа низ прсти. Со вакви цени има сол на рана. Ни на пазар3 не проаѓаат.
    @Josto
    Кој си ти?
    Едно здраво-живо да кажеше ќе беше ок.
     
    На draganamon, Speedster, artweb и уште 5 други им се допаѓа ова.
  16. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,256
    24,084
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Јас нема да ги бришам темите на Јосто, веќе кажав зошто и тоа имајте го на ум.
     
    На igor_xxxx и Avid им се допаѓа ова.
  17. koki

    koki
    Gaining Experience

    249
    130
    3 Март 2010
    Да имавте вакви принципи кога ни поскапеа гориво и леб супер ќе беше... или принципи имате само кога се криете зад тастатура?
    Врски ви сметаат само кога други ги имаат, а кога ги имате вие тогаш ви одговораат супер е ќе си завршите работа сиротиња нека чека
     
    На The-spiki, Justice for All, Astro и уште 3 други им се допаѓа ова.
  18. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,010
    1,152
    9 Јуни 2015
    Машко
    Како успеа да го донесеш овој заклучок? Дури и да е така како што зборуваш, немаш ниту еден доказ така да не ти е валиден аргументот.
     
    Avid, artweb и на JasSum им се допаѓа ова.
  19. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Во право сте за статусот "Проверен огласувач од членовите на IT.mk" - тоа е тргнато и беше реално избрзано кликнато. Ветување дека ке разработиме концепт тој статус да се добива како и до сега, заслужено САМО по заслуга од другите членови на IT.mk што ке кажат - ке треба да поработиме на тој систем да го структурираме. Мое јавно извинување за доделување на тој статус на членот.
     
    На gocetan, SiPy`, Astro и уште 6 други им се допаѓа ова.
  20. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Темата ја прочитав два пати. Ке се потрудам да одговорам на некои клучни работи повторно.

    Правилото за огласите е:
    "15. На ИТ Форум се дозволени продавам/купувам огласи, но само во соодветната тема - Огласи. За истите огласи, успешни или неуспешни зделки и соработки, IT.mk не сноси никаква одговорност. Ниту за огласувачите со статус на проверен огласувач ([​IMG]) IT.mk не гарантира делумно или во целост.
    Огласите се дозволени, согласно правилата наведени на следниов линк. Пред објавување на огласите потребно е да се задоволат одредени критериуми (50 мислења, 50 допаднати мислења и 6 месеци да сте член на форумот) со цел да се избегне СПАМ."

    Мала хронологија:

    Членот е дел од тимот на компанијата зад IT.mk (25+ луѓе сме) повеќе години, имаше потреба да огласи делови кои ги користи за лична употреба и креираше акаунт на форумот.

    Бидејќи е дел од тимот добива статус на модератор - исто како и @
    emsss, @theurednik. Дополнително, очигледно е дека за овој член може да гарантираме дека нема да спамира, нели?

    Човекот ги огласи огласите. Негово право си е дали ке учествува во други теми, ке споделува или не, исто како и на останатите во фирмата бидеќи имање членство на форумот и активен статус не е (за жал :p) задолжително за вработување.
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    683
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Во превод џабе си го трошите времето со читање и пишување на темава. Јас очекував едно извинете, згрешивме, али јбг клуч на тема и терај даље.
     
    На draganamon, Enigma, artweb и уште 2 други им се допаѓа ова.
  22. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,010
    1,152
    9 Јуни 2015
    Машко
    Значи можам и јас да викнам другар да огласува ако гарантирам за него?
    Колку услужни огласи што се отворени за понов член се избришани? (пошто целта е постигната, тоа не спаѓа во спам)
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  23. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Мислењето ти е избришано заради тоа што го постираше во несоодветна тема.


    Делумно си во право, но прочитај го мојот погорен пост прво зошто е тоа правило донесено и што се решава со тоа правило (хинт: SPAM). Во оваа ситуација очигледно е дека имаме исклучок нели?

    Дел од тимот во компанијата која стои зад сето ова и со години ги тера сите работи, независно дали придонел на некој друг проект или на IT.mk, не би го нарекол познаник. Доколку збориш дека има и други случаи вакви, плс најконкретно упати ме кон нив.
    Ова е факт и е дефинитивно наша грешка. Се извинив во погорниот пост, еве и тука повторно јавно извинување. Немаше лоша намера со тоа, сакавме да кажеме го знаеме кој е со тоа ама во право си, не е беџот "Проверен огласувач", туку "проверен огласувач од членовите на IT.mk" и го земавме тоа здраво за готово. Нема да се повтори.
    Објаснето погоре.

    Огласите може да ги филтрирате лесно нели? Сувишна е поплаката дека форумот е во огласник кога со клик на копче можеш да ги филтрираш и да не ти се прикажуваат.

    Ако имаш време, би ценел да ми направиш услуга и во ПП да ми пратиш линк и малце повеќе детаљи.

    Ке поработиме на конкретен и појасен систем како да се доделува значката и ке дефинираме дополнителни работи што тој што ја има може со неа.

    Матични и адреси да поставиме исто, само плс појасни во кој формат? j/k

    Значката пак ке кажам е тргната.

    @Fatal1ty_ не е крив за ова, не го нервирајте човекот. :)

    Еее, далечната 2007 кога го почнавме заедно и ја и @S си стаивме такви јузери за тестирање и останаа. Ке треба да видиме да го средиме ова за тагнувањето. :)

    Во право си, немам толку време колку што сакам за форумов и тоа си е мој личен проблем но тоа е ирелевантно во темава, нема што да верувате или не за тоа што иде у бекендот како што викаш и што све има работа и глупости, нека биде и тоа мој проблем. Исто како што е мој проблем што првите години по 15 сата дневно поминував на форумов за да ги ставиме работите во тек, ама тоа за тоа, поминало и може да се заборави, нели? :)
     
    Последна промена: 8 Декември 2018
    На Justice for All, Avid, toshex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Извини не се важи ако се напише во два поста? Треба во три? Јавно се извинивме за доделувањето на беџ.

    Не, ама интересна ти е идејата - invitation систем. Ке видиме :)
     
  25. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,281
    7 ноември 2014
    Машко
    Искрено те разбирам зашто не го посетуваш форумот, кога и да дојдеш само трпиш напади. Но, мора да разбереш дека револтот на членовите не е зашто не ја цениме работата што сте ја правеле пред 10 години, него што форумот го оставате во погрешни раце.

    Треба една ревизија на модератори и админи, златни деца како @toshex кои се гледа дека се грижат и имаат време да се стават на функција, а некои други да се тргнат. Повторно ќе кажам - модератор и админ треба да потикнуваат дискусија, а не да се караат со членови и да затвораат теми.
     
    draganamon, artweb и на toshex им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...