• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Јавен оглас број 1/2008 [Царинска Управа][до 29 Април 2008]

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Врз основа на член 7,52 и 53 од Законот за Царинска управа (Службен весник на Република Македонија бр. 46/04, 81/2005 и 107/2007),

ЦАРИНСКА УПРАВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2008
За вработување на царински службеници во
Царинска Управа

Царинската управа има потреба од вработување на 5 (пет) царински службеници за следните работни места:

- 1 (еден) извршител на работно место ,,Систем инженер администратор на ИТ мрежи,, во Одделение за техничка подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологи при Царинска управа на Република Македонија со Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, стручна обука од областа на царински надлежности, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: учествува во планирање и евалуација на избор и надградба на хардвер-мрежни уреди, уреди за ИТ сигурност, сервери; учествува во планирање и имплементација на ИТ-мрежи и уреди за ИТ сигурност-физички и виртуелни компоненти на мрежите, адресирања, конфигурирање; ги администрира достапноста и перформансите на ИТ-мрежите; изработува рутини за надградби и имплементира промени во ИТ мрежите и уреди за ИТ сигурност; соработува со Служба за ИТ-сигурност во изнаоѓање решенија за користење на Интернет и е-маил;
- 1 (еден) извршител на работно место ,,Шеф на служба за ИТ сигурност,, во Одделение за техничка подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологи при Царинска управа на Република Македонија со Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, стручна обука од областа на царински надлежности, најмалку 5 години работно искуство од областа на ИТ сигурност, познавање на англиски јазик.
Краток опис на работно место: ги утврдува ризиците и превзема мерки за превенција и спречување на корупција во организационата единица; учествува во планирање и евалуација на доверливоста, интегритет, достатност и надлежност во мрежата; учествува во планирање и имплементација на физичката и оперативната сигурност и управување со правила и процедури за импелементирање на ИТ сигурна околина; учествува во планирање и импелентација на надградба на хардверските и софтверски компоненти на мрежата од аспект на безбедност; дава одобрение за привилегиран пристап до системот;
- 1 (еден) извршител на работно место ,,Самостоен советник администратор на апликации,, во Одделение за апликациска подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологи при Царинска управа на Република Македонија со Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, економски факултет, факултет за царина и шпедиција, стручна обука од областа на царински надлежности, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: учествува во инсталирање на апликации; подготвува соодветна документација по однос на апликациите; конфигурира апликации; го мониторира работењето на апликациите; дефинира кориснички групи по однос на апликациите; подготвува упатства за користење на апликациите за крајните корисници; врши континуирани обука на крајните корисници; дефинира пораки за размена на информации со внатрешни и надворешни субјекти.
- 1 (еден) извршител на работно место ,,Самостоен советник за податочно складирање и анализа,, во Служба за аналитика и статистика, Одделение за апликациска подршка, Сектор за информатички и комуникациски технологи при Царинска управа на Република Македонија со Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, економски факултет, стручна обука од областа на царински надлежности, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: го планира, воведува и поддржува податочното складирање; управува со податоците, вклучувајќи, анализа на структура на податоците и квалитет на податоците од работните бази на податоци; ги дефинира карактеристиките и компонентите на податочниот склад; дефинира бизнис модели, избира архитектура, дизајнира и креира компоненти на податочниот склад; проследува извештаи и информации до службите во Царинската управа; врши обуки за користење на форми и начини на пристап до податоци на крајните корисници.
- 1 (еден) извршител на работно место ,,Самостоен советник за развој на апликации,, во Одделение за развој, Сектор за информатички и комуникациски технологи при Царинска управа на Република Македонија со Електротехнички, машински факултет, природно математички факултет - информатика, економски факултет, стручна обука од областа на царински надлежности, познавање на англиски јазик, без работно искуство.
Краток опис на работно место: учествува во изработка на нови софтверски модули; ги следи најновите програмски јазици и технологии за програмирање; врши анализа на барањата за софтверски решенија и изготвува план и потреби за реализација; изготвува документација за секој изработен софтверски модул; врз основа на термин план учествува во имплементацијата на новите софтверски модули; учествува во планирање и еваулација за набавка на нов софтвер кој ќе ја подобри работата на секторот и службите во царинската управа;
Заинтересираните кандидати се должни да достават ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИК на изготвен образец во писмена форма. Во пријавата да назначат за кое од слободните работни места. Доколку конкурираат за повеќе слободни работни места, кандидатите треба да поднесат посебна пријава за секое слободното работно место за кое конкурираат. Со пријавата за вработување кандидатот е должен да ги достави следните документи во фото копија: диплома за завршено образование со покажан успех во образованието,
- други стручни оспособувања и усовршувања (уверенија, пофалници, цертификати, приложени трудови на семинари, симпозиуми и слично во земјата и странство)
- уверение за државјанство, доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на компјутерско работење.
- за работното место со работно искуство и доказ за работно искуство.
Бидејки приложените документи кон пријавата се во фотокопија, Царинската управа нема обврска истите да ги врати на пријавените кандидати.
Пријавата за вработување на царински службеник кандидатите можат да ја подигнат во архивата на Царинска управа или да ја најдат во електронска форма преку интернет страницата на Царинската управа (www.customs.gov.mk).
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост прецизно со точни податоци и да ги достават бараните докази.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 20 (дваесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи гo денот на самото објавување).
Ненавремената, некомплетно пополнета пријава и пријава која не ги содржи бараните докази нема да биде предмет на разгледување од страна на Комисијата за селекција и избор на Царинската управа.
Пополнетите пријави ( документацијата прилог кон пријавата) кандидатите се дожни да ги достават исклучиво по пошта на следната адреса

Царинска управа
Сектор за управување со човечки ресурси
(со назнака за оглас број 1/2008)
Ул. ,, Лазар Личеновски,, бр. 13 -1000 Скопје​


Постапка за селекција и избор ќе биде спроведена согласно член 52 став 10 од Законот за Царинска управа.
По спроведувањето на првична селекција и избор, ќе се изврши тестирање и интервју за што кандидатите ќе бидат повикани во Царинската управа, со обврска да достават докази за исполнување на условите за работното место за кое се пријавиле во оригинал или копија заверена на нотар.
Избраниот кандидат се вработува на пробна работа согласно член 53 од Законот за Царинска управа.



РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
ЦАРИНСКА УПРАВА​

Извор: Царинска Управа на Република Македонија.
 

paneval

Intern
2 март 2008
178
1
Se e ubo, ali veke 100% se namesteni, predizborni partiski kadri, vojnici.
Taka da bez vrska gubenje vreme so apliciranje ne bi se isplatilo.

Ako ima nekoj uporen moze slobodno da proba.

So sreka
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,602
Мислења
821,533
Членови
28,254
Најнов член
L00F1
На врв Дно