• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Java во мобилните телефони

  • Ја почнал/а темата
  • #1

DaDog

Intern
10 ноември 2007
39
1
Општо програмирањето во мобилните телефони главно може да биде за 4 различни играчки платформи. Тоа се:
-BREW
-Symbian
-Windows Mobile Smartphone
-J2ME

Значи BREW (Binary Runtime Environment for Wireless) не е многу застапен, особено не на нашиве простори. Добро е што оваа платформа најчесто се програмира во C или C++, а можат да се користат и други технологии како XML и Java. Но има мала застапеност.

Symbian е оперативен систем за мобилни кој е далеку поразличен од BREW. Тој е отворен за надградување и ги поддржува програмските јазици C++, Java и Visual Basic. Symbian програмирањето е корисно, но поради високата цена на ваквите мобилни телефони, не ви препорачал да почните да програмирате за оваа платформа.

И сигурно Microsoft нема да седи на страна и да гледа како се развиваат игрите за мобилните телефони, па затоа го изваде оперативниот систем Windows Mobile, со кој постигна голем успех на Pocket PC уредите. На оваа платформа/оперативен систем се работи главно во C, C++ и C#. Сепак овие уреди не се баш застапени кај нас.

И за крај Ј2МЕ (Java 2 Micro Edition) е најзастапена кај нас и општо во светот (75%). Значи Ј2МЕ е скратена верзија на програмскиот јазик Java. Многу луѓе не знаат дека Java на почетокот беше програмски јазик наменет исклучиво за мобилните телефони.

Сеа да не филозофирам поќе, муабетот ми беше дали некој воопшто знаеше што е Ј2МЕ и дали некој има напраено некоја игра, апликација или слично.

Јас самиот имам повеќе направено во Ј2МЕ отколку во Java но сепак тоа се 2-3 мали игрички, од кои една е имитација на Frogger (се вика PimpFrog:))) и слично. Ако можам ќе аплоадирам нешто.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Java немам направено, а за Windows Mobile имам правено во C#. Имав Motorola MPx220 со Windows Mobile 2003 и експериментирав со него.
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Znam eden drugar sto pravi Java Igri za mobilni.
Aj ke mu recam da se registrira na IT.com.mk
 

finger.k4

Intern
9 април 2007
228
3
www.myspace.com
multiple apps vo java me ama povekjeto se nameneti za client/server komunikacija.
igrici...samo edna, ninja trca i ripa zelki :D
netbeans 6.0 ima mn dobar add-on za pravenje java2me igrici so layer editor, scene editor, sprites editor etc...
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,504
Мислења
822,067
Членови
28,046
Најнов член
hittrajkovski
На врв Дно