1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Jasper report

Дискусија во форумот 'Java' започната од Kokta, 7 Февруари 2016.

  1. Kokta

    Kokta
    Intern

    136
    40
    27 Септември 2008
    Машко
    Здраво, работам на една web апликација во Grails со groovy и со помош на Jasper report plugin-от правам извештаи генерирани во pdf. Проблемот е што кога во iReport ќе генерирам темплејт и кога полињата (имињата на колоните) ќе ги крстам на кирилица во iReport-от во preview се ми дава супер, но преку апликацијата ми ги дава празни. Пробав милион е еден начин за да го решам проблемов, со embed на фонтови во pdf-от, со неколку различни фонтови, со Identity-H, со Cyrilic.... Доколку некој има искуство со ова нека пише. Фала
     
  2. Kokta

    Kokta
    Intern

    136
    40
    27 Септември 2008
    Машко
    Решено. Може да се стави клуч на темава.
     
  3. shooter

    shooter
    Gaining Experience

    537
    335
    2 Март 2010
    Машко
    Друже Kokta, пиши го решението ако сакаш, може некојпат на друг ќе му се најде :)
    Поздрав
     
  4. Kokta

    Kokta
    Intern

    136
    40
    27 Септември 2008
    Машко
    Во iReport треба да се инсталира Tahoma фонтот или некој друг кој ги содржи кириличните карактери (Tools->Options->Fonts->Install Font) доколку не ви дозволува да инсталирате фонт исклучете го iReport и пуштете го со администраторски права. Откако фонтот успешно ќе се инсталира селектирајте го истиот и притиснете Export as extension и сочувајте го некаде со екстензија .jar. Откако ќе го експортирате, отпакувајте го .jar фаилот (extract) и 3-те добиени фаилови со екстензии .properties , .TTF и .xml копирајте ги во проектот во resources. Доколку resourses директориумот не постои креирајте го само во web-app. Откако ке го направите сето ова останува во iReport на секое поле (text field) да му се подеси Tahoma фонтот, чекирано PDF Embedded и селектиран PDF Encoding CP1251 (Cyrillic). Потоа JasperReport plugin-от сам си ја довршува работата. Се надевам ќе му помогне на некој.
     
    На DaDo|BT и shooter им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...