1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Јапанорама 10 – Анимиран хорор и реална комедија

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Andrijeski, 17 ноември 2008.

  1. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Вторник, 18 ноември 2008, Точка, 20:30

    Овој вторник ја имаме десетта јубилејна и шаренолика Јапанорама.

    Сладок јапонски микс на хорор аниме, саркастична комедија и „afterparty" музика и дружба.



    Прво ќе го гледаме краткиот анимиран филм Kakurenbo (Криенка) – приказна за една опасна игра, која децата по потрага за авантура, сепак ја играат под улиците на Токио. Филмот е комбинација на уникатна анимација, источна мистика и хорор акција. Најинтересното за ова аниме е тоа што е направен целосно со 3D технологија, а е постигнат ефект на многу добро изведена 2D анимација.



    Во вториот половина час ќе погледнеме неколку скечеви од познатото комичарско дуо во Јапонија Rahmens (на една претходна Јапанорама го гледавме нивниот краток филм armchair theory). Овој пат ќе прикажеме дел од нивната серија пародични видеа (The Japanese tradition) за традиционалните елементи на јапонската култура, видени низ визурата на белиот човек (т.н. white man concept). Нивниот суптилен приод, кој ја трансцендира пародијата на своето, пародизирајќи го оној кој ја гледа таа пародија, ни ги подотвора вратите кон вистинско разбирање на јапонскиот хумор што неретко ни изгледа луд и несфатлив.



    Третиот дел од ова наше 10-то дружење ќе го посветиме на запознавање, дискутирање, делење искуства и слушање јапонска музика.

    Ве чекаме во поголем број.



    Овозможено од Japan@mk ( http://japan.mk ) и К.Ц.Точка


    [​IMG]

    [​IMG]

    Poi
     
    1 person likes this.
  2. StarBuck

    StarBuck
    HC

    1,295
    48
    16 Февруари 2008
    QA
    А таман мислев на 29ти да те купам :LOL::LOL:
     
  3. Vavo

    Vavo
    Intern

    262
    4
    20 oктомври 2007
    Епааа.. се гледаме :isplashen::))
     
  4. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
  5. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    На 30ти сум пак available :))


    Vavo, ти беше ли на Јапанорама? :)
     

Сподели

Вчитување...