1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Извлечете повеќе од Google Analytics

Дискусија во форумот 'Туторијали' започната од SkechBoy, 12 Јули 2009.

  1. SkechBoy

    SkechBoy
    Intern

    61
    20
    28 Јуни 2009
    Откако го купија Urchin во 2005 Google ја представија нивната професионална алатка за веб анализа на масата и тоа го направија во нивен добро познат стил:
    1. Бесплатно е за сите
    2. Услугата е целата хостувана
    3. Навистина е добра :)
    Иако Google сеуште го предлагаат на пазарот оригиналниот софтвер Urchin како решение за инсталирање, бесплатната услуга Google Analytics дефинитивно го завзема централното место. Иако услугата е абсолутна бесплатна многу од најсериозните марки, за кој можете да се сетете ја користат оваа услуга наместо различни коопоративни решенија.

    Како да добиеме повеќе од Google Analytics ???? одговорот е многу едноставен
    Tреба да дадеме повеќе

    Кодот на Google Analytics запишува податоци за секое едно посетување на страницата со помошта на JavaScript, а тоа означува две работи :
    1. Посетителите со изклучен JavaScript ( во глобала роботите ) нема да бидат проследени
    2. Се регистрираат само кликања меѓу одделни цели HTML страници.

    Првата точка е сериозна но пак ние се интересираме само од вистинските посетители од кој 99% се со влучен JavaScript.
    Втората точка е нешто, во кое определено можеме да допринесеме. Со мали познавања во JavaScript можеме да го подобреме собирањето на податоци на Google Analytics.
    Да го разгледаме преследувачкиот код на Google Analytics кој го поставуваме најдоле во HTML документот:
    Код:
    <script src= "http://www.google-analytics.com/ga.js type="text/javascript"</script>
    <script type="text/javascript">
    var pageTracker = _gat._getTracker('UA-XXXXXXX-Y');
    pageTracker._trackPagevew();
    </script>
    
    Функцијата _trackPagevew() е таа која не интересира поради тоа што од погорниот код се гледа дека таа е функицјата која ги пренесува сите податоци право до вашиот акаунт.

    Проследување на превземања
    Доколку на вашата страница имате линкови со фајлови за превземања во тој случај Google Analytics нема да ги регистрира превземањата. Се што треба да направеме е да додадеме еден евент onclick на линковите за превземање што би изгледало вака:

    Код:
    <a href="it.zip" onclick="trackLink(this)">Превземи </a>
    Фиунцкијата trackLink ги зема соодветните податоци и соодветно ја повикува _trackPagevew. Оваа фунцкија не е дел од Google Analytics па затоа ние ќе си ја напишеме:

    Код:
    function trackLink(elLink) {
      var regLocal = new RegExp("^https?:\\/\\/"+window.location.hostname);
      var path = elLink.href.replace( regLocal,'');
      if(path && path.indexOf('/') === 0 {
         pageTracker._trackPageview( path);
      }
    }
    
    Функцијата ја скратува полата URL адреса само до патот кон страницата со помошта на стандарни изрази и ако врзката е валидна стартира преследувањето на линкот. Сега URL адресата за превземање на фајлот ќе биде додадена како стандарно разгледување на вашиот сајт во Google Analytics.

    Проследување на настани
    Проследувањето на настани е новото оружје на Google Analytics. Извесно време беше во статус на затворена бета, а доскоро се предлагаше само преку преследувачкото API gaforflash за Флеш. Преследувањето на настани означува доколку во вашата страница имате повеќе флеш елементи како видео плеери да биде регистрирано отварањето на содветната содржина т.е. да се регистрира дали корисникот кликнал на play итн..

    Проследување на надворешни врски
    Да представеме дека на вашиот веб сајт имате надворешни врски т.е. линкови кои сочат кон други страници нашата цел е да дознаеме каде заминал корисникот. За таа цел ќе се послужиме со сличмите методи кои ги користевме погоре.
    Се разбира на надворешниот линк додаваме onclick настан кое би изгледало вака:
    Код:
    <a href="http://www.it.com.mk/" onclick="trackExternal(this)"> Посетете ja www.IT.com.mk </a>
    и создаваме уште една помошна функција за преследување на надворешните линкови:
    Код:
    fucntion trackExternal( elLink ) {
      var path = elLink.href.replace(/^https?:\/\//, '/external/');
      if (path && path.indexOf('/external/' === 0 ) {
         pageTracker._trackPageview( path );
      }
      return true;
    }
    
    Оваа функција е многу слична со првата со излучок на тоа што во оваа функција си создаваме виртуелен пат /external/ така да информацијата која што ќе биде испратена е: /external/www.it.com.mk/ и сите кликнувања на надворешни линкови во Google Analytics ќе ни бидат прикажани така. Доколку истава функција сакавме да ја реализираме со преселдување на настани таа би изгледала вака:

    Код:
    function trackExternal( elLink ) {
      pageTracker._trackEvent('links','external',elLink.href);
      return true;
    }
    
    Функцијата _trackEvent може да приме три параметри категорија, дејствие и етикета. Затоа наместо виртуелен пат можеме да подадеме посмислени и хиерахично структурирани податоци. Тука избираме категорија која ние ја нарековме links дејство на име external и ја даваме полната URL адреса во параметар за етикет.

    Сето ова би изгедало многу досадно доколку имаме голем број на такви линкови и треба да се напомене дека додавањето на onclick на секоја врска може да биде многу болно :) :) затоа ќе направеме една малце по сложена функција чија цел ќе биде автоматски да ги пронаоѓа таквите линкови и соодветно да им додаде onclick настан.

    Код:
    function onExternalClick( Evt ) {
      var elLink = Evt? ( Evt.target ? Evt.target:Evt.srcElement ) :event.srcElement;
      trackExernal( elLink);
      return true;
    }
      var links = document.getElementsByTagName('a');
      var regLocal = newRegExp("^https?:\\/\\/"+window.location.hosname);
      var i,elLink;
      for i=0; i<links.length; i++) {
        elLink = links[i];
        if(!^https?:\/\//.test(elLink.href) || regLocal.test(elLink.href) {
          continue;
        }
        if ( elLink.attachEvent ) {
           elLink.attachEvent('onclick',onExternalClick);
        }
         else if( elLink.addEventListener ){ 
               elLink.addEventListener('click',onExternalClick, true);
      }
    }
    
    скриптата ги проверува сите линкови на странцицата и на тие што сочат надвор од неа додава соодветен onclick event. Одкако се направени овие подобрувања Google ќе почне да ги собира новите податоци од вашата страница после неколку часа. Доколку сакате да ги тестирате овие работи можете да користите Firebug кој ви ќе ги регистрира http повикувањата кон Google.
     
    6 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  2. sdarko

    sdarko
    Gaining Experience

    1,051
    64
    28 Септември 2008
    Браво за ова респект. Да може милион милион пати ке ти дадам реп+. Навистина добар тут. Се гледа дека има вложено труд во него.
     

Сподели

Вчитување...