• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Изработка на Wordpress сајт.

  • Ја почнал/а темата
  • #1

GOK1z

Intern
14 октомври 2012
21
17
Здраво форумџии, поради Х приватни причини некое време не бев активен на форумов.

Значи вака имам познавање од областа на Веб програмирање и вордпрес, па имам некој долар на пејпал па на некој начин да се вложат па што ке биде нека биде.
Имам план да направам некој си сајт во вордпрес значи да се среди све до највисок квалитет, страната да биде на англиски за што ке биде наменета не знам точно се мислам за 3 наскоки, исто така дали би ми биле доволно 40$-45$ за рекламирање? Мислам дека добар избор е да се рекламира на фејсбук.
Нормално да се среди ова си СЕО-оптимизација, Google keywords, adsense .. бла бла бла...

Дали би имал некој кјар? Прајме муабет за среден топ сајт. Дали би се исплатиоло?
Сите совети се добредојдени.
Поздрав
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,286
28,589
kalco.ru
Дали ќе биде исплатливо или не зависи од многу фактори. Да се проба и да се биде упрен секако дека се исплати. Ако имаш уникатност на содржината прогресот ти е загарантиран.
Убаво расчитај што се ти треба пред да почнеш да печалиш пари од сајтот. Секако ќе дискутираме и тука ако сакаш.
 

HardCorec

Unbeatable
4 ноември 2013
3,405
4,906
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 4790
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 240 & 480gb
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x4gb 1600mhz
Video card
Radeon RX570 4gb gddr5
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Би го замолил авторот на темава, ако може дискусијата да се продолжи тука бидејќи и мене ме интересира начинот на заработка од ова.
 

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,370
1,456
127.0.0.1
petrov.mk
Upwork?

За да успееш и да почнеш да заработуваш од веб страна, верувај ми треба доста да се помачиш и да имаш уникатна содржина. Да дигнеш посетеност и за рекламирање да бусташ на facebook таргетирани реклами, нема подобро.
 

tomi

Guru
16 април 2007
9,832
9,003
Скопје
Здраво форумџии, поради Х приватни причини некое време не бев активен на форумов.

Значи вака имам познавање од областа на Веб програмирање и вордпрес, па имам некој долар на пејпал па на некој начин да се вложат па што ке биде нека биде.
Имам план да направам некој си сајт во вордпрес значи да се среди све до највисок квалитет, страната да биде на англиски за што ке биде наменета не знам точно се мислам за 3 наскоки, исто така дали би ми биле доволно 40$-45$ за рекламирање? Мислам дека добар избор е да се рекламира на фејсбук.
Нормално да се среди ова си СЕО-оптимизација, Google keywords, adsense .. бла бла бла...

Дали би имал некој кјар? Прајме муабет за среден топ сајт. Дали би се исплатиоло?
Сите совети се добредојдени.
Поздрав
Ако имаш 40-45$ за рекламирање на ден да, има шанси, но ако имаш само 45$ не ни почнувај.

Во слична ваква тема објаснив за адсенсе ама ке го ставам и тука за да се знае, како иде за заработа, верувајте воопшто не е лесно.

1. Мора да се знае дека работите се менуваат премногу брзо, тоа значи дека доколку лани можело да се прават пари со безпари веке тоа не постои. Facebook континуирано го абдејтува алгоритамот, се обидува што помалце текстови/News и слично да се избегне.
повеќе може да прочитате на официјалниот News Room.

2.За да дојдете до посети и да заработите пари мора да вложите многу пари. Најчесто македонче се плаши да инвестира во нешто што не е опипливо, но ако влезеш доволно добро и ако учиш,читаш се едуцираш и имаш срека да дојдеш до некој контакт со некоја екипа која веке работи добро на тоа во странство има шанси да успееш и тоа МНОГУ.

3. За да правиш пари според мои претпоставки, минимум влог дневен за реклама треба да е минимум 20-30$ и тоа е малце.

4.Освен Facebook како начин за најлесно доагање до посетители, постојат и други мрежи кој можеш да дојдеш до посетители. Точно е дека Facebook е главен гигант и најефтин моментално медиум за носење на посетители. Но не застанувајте тука, секогаш барајте други алтернативи кој може да ви донесат посетеност и публицитет. Постојат многу добри компании како што е Taboola која што носи квалитетен unique visitors.

5. Доколку се решите да работите и се посветите максимално верувајте дека се успева. Но за да се дојде до тоа ке поминете многу тежок период, затоа што влагате во море со ајкули кој секој ви е конкурент а вие сте зрно во морето.

6. Треба памтено и брзо да размислувате за да успеете. Јас ова го гледам како се повеке да се стеснува кругот на сајтови кој правеа пари со без пари. Од Јануари се очекува нови алгоритми од Faceboom и Google каде ке се обидат да ја уништат секоја пиратерија и скам сајтови така да бројот ке се намали на оние кој правеа пари од краден контент.

Сега оние што не прочитале мало објаснување за Google ADS

Моментално за да имате google ads мора да имате прво 80% unique текстови,затоа што пуштаат кролери и точно знаат што планираш да правиш, во последно време се многу ригорозни и многу луге ги одбија поради неквалитетна содржина.

1. За да правите ПАРИ од адсенсе најдобро е публиката да е US, и од други држави е ок ама не е тоа тоа.

2. За да правите ПАРИ мора да имате МНОГУ посети. Мин 10.000 посети и тоа е малку.

3. Многу битно е колкаво е RPM-то. Toa се определува според квалитетот на соджината на текстот што се отвара моментално кај вас, од каде се посетителите (држава) и во колкав број се во денот (посетители)

Не препорачувам на македонски сајт пошто нема поента и џабе ке си го трошите времето.

Нешто што добро функцинира како платформа и каде што можете побрзо да аплицирате се Content.ad. Исплаќаат редовно, точни се и нема никакви проблеми,само малце се грдички рекламите.

И најбитно сајт без гоогле адс нема иднина и просперитет, мој предлог трудете се по секоја цена да добиете акаунт кај нив и гледајте да го полните со убава соджина.
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,728
4,626
У строК центар!
Мора да се вложат труд и пари. Пари на пари одат. Упорност треба дефинитивно, но размислувај како да вложуваш пари во бизнис, ризик има голем, но вреди да пробаш. Послушај го @tomi супер објаснил.
 

Piwcho

Gaining Experience
13 јули 2015
393
252
Сте помислиле за промовирање производи на други... земање провозија?

Само немој парите да ги џитниш на ПТЦ страни. Поарно искоцкајги ама не вложувај бо реферали и слични глупости, пошто ништо нема да земеш.

Фокусирај се на ППА.
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
650
1,348
Скопје
А бидејки имаш познавање од веб програмирање и WordPress и бидејки си способен да направиш сајт со највисок квалитет, плус ќе ги средиш трите бла-бла-бла (Google keywords, Adsense и SEO), да седнеш и да си го печалиш лебот правејки сајтови за клиенти??? Ова што го наведе, а за што ти си "способен" да го средиш, ти гарантира минимум 1000 евра профит од проект.

Не сакам да звучам иритирачки, цинично или како и да ме сфатите, али од ваквите "членови" последниов период не може да се изначита човек од глупости, караници и слично.

Се појавува дечково пред 3 години со идеја за 500 евра некој да му направи и цитирам: "префектна интересна заразна" android игра и со останати 700 евра да вложи во маркетинг и после тоа да си ги оптегне нозете и да му капат парички.

Сега се појавува со идеја за $40-45 долари да се рекламира и да го постигне истото, а притоа ја наведува својата експертиза во повеќе полиња кои би придонеле за оваа негова илузија да дојде до реалност.

Искрено, да ги имав можностите кои ги "поседува" членов (може и ги поседува, не викам не) немаше да се замарам со креирање сајт кој ќе ме насочи кон пишување оригинални/уникатни вести, туку би го продавал тоа знаење, солидно наплатено.

Но пусто македонче, дошло до некој ситен денар, па си вика ајде, ја праиме големата.

P.S. немам ништо против членот, ни го познавам, може да сум грешка, но читајки ги неговите постовите во период од 3 години, дојдов до овој заклучок.

Уште еден P.S. @HardCorec пошто изрази желба за оваа тематика, само ќе ти го посочам постот на @tomi како совршен и би ја додал според мене најважната работа, а тоа е да се биде уникатен во својата содржина.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

GOK1z

Intern
14 октомври 2012
21
17
Ви благодарам на сите за мислењето.
Поправо ми го разбристивте умот посебно
А бидејки имаш познавање од веб програмирање и WordPress и бидејки си способен да направиш сајт со највисок квалитет, плус ќе ги средиш трите бла-бла-бла (Google keywords, Adsense и SEO), да седнеш и да си го печалиш лебот правејки сајтови за клиенти??? Ова што го наведе, а за што ти си "способен" да го средиш, ти гарантира минимум 1000 евра профит од проект.

Не сакам да звучам иритирачки, цинично или како и да ме сфатите, али од ваквите "членови" последниов период не може да се изначита човек од глупости, караници и слично.

Се појавува дечково пред 3 години со идеја за 500 евра некој да му направи и цитирам: "префектна интересна заразна" android игра и со останати 700 евра да вложи во маркетинг и после тоа да си ги оптегне нозете и да му капат парички.

Сега се појавува со идеја за $40-45 долари да се рекламира и да го постигне истото, а притоа ја наведува својата експертиза во повеќе полиња кои би придонеле за оваа негова илузија да дојде до реалност.

Искрено, да ги имав можностите кои ги "поседува" членов (може и ги поседува, не викам не) немаше да се замарам со креирање сајт кој ќе ме насочи кон пишување оригинални/уникатни вести, туку би го продавал тоа знаење, солидно наплатено.

Но пусто македонче, дошло до некој ситен денар, па си вика ајде, ја праиме големата.

P.S. немам ништо против членот, ни го познавам, може да сум грешка, но читајки ги неговите постовите во период од 3 години, дојдов до овој заклучок.

Уште еден P.S. @HardCorec пошто изрази желба за оваа тематика, само ќе ти го посочам постот на @tomi како носовршен и би ја додал според мене најважната работа, а тоа е да се биде уникатен во својата содржина.

Вчера исто така оторив тема за сервисите на Envato но темата ми беше избришана пребрував на форумов не најдов поточно тоа што барав процедура на upload на продукт и сл.

ајде ке се обидам да го продавам моето знаење.
Поздрав.
Ви благодарам уште еднаш
 

nikolovskibt

Intern
4 мај 2016
6
0
Google keywords, Adsense и SEO ај ке ве молам објаснетеми поточно што се сите овие работи. почнав со YOUTUBE... имам некој долар, имам креативни идеи но ми требат и овие
 

SiPy`

Unbeatable
23 јуни 2015
2,728
4,626
У строК центар!
За тие информации се плаќа...а и некој да ти објаснува нема да го разбереш. Обемни поими се тие, не е така едноставно.
 

nikolovskibt

Intern
4 мај 2016
6
0
Nekoj shto saka da mi pomozi neka me pobara na fb Goran Nikolovski od bitola sum. inache ne bi bilo losho i tuka da objasnite sepak znam jas nekolku raboti ama neznam shto tocno
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
Не мора да плаќаш за информации. Информациите се бесплатни, но трудот не е. :)

Слободно гуглај и барај на YouTube, има полно туторијали, видеа и информации за WordPress/AdSense/Keywords/SEO. Бесплатни.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,001
Мислења
854,469
Членови
29,633
Најнов член
goran.cvetanoski
На врв Дно