• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Изработка на Web Portal за online продажба

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Maki

Intern
29 февруари 2008
135
3
Сакам да направам портал за онлајн продажба, најдов веб дизајнер за изгледот и уи-то, и ми треба уште да најдам добар програмер за самиот систем на веб порталот, бидејќи за разлика од обичен портал. треба да се направи кошница, образец за купување и алатка за едитирање на производите. Исто така ќе треба и да се среди хостингот, бидејќи фирмата е во хрватска. Доколку има некој понуда или забелешка пишете.
 

zlochko

Intern
23 мај 2008
140
7
www.linkedin.com
Маки, се надевам дека преку 10 години работа на Интернет ти е доволно искуство. Вклучително и неколку e-commerce решенија за USA.
Името е Ѓоко Парго, можеш да ме добиеш на 071 287 178 или на gjoko.pargo[at]dogon.biz

Доколку јас и ти не се договориме, ќе ти препорачам друг човек.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Знам дека бараш некој кој ќе го среди и имплементира сајтот, ама колку да помогнам, би ти препорачал
http://www.getcre.com/creloaded/ може лесно да се среди и има добар админ панел за менаџирање на продуктите и слично..

Ти го нудам само како совет, за да не плаќаш програмер да изработува нешто од 0, туку само да го имплементира веќе направеното а дизајнерот да изработи скин :)

Разгледај го admin панелот преку демото тука
https://demos-creloaded.authsecure.com/creloaded63pro/admin/ ( Admin demo Username: [email protected] Password: demo )
https://demos-creloaded.authsecure.com/creloaded63pro/ ( Store demo )

Доколку те интересира колку би чинело такво нешто, цената за таков комплетно изработен сајт (значи лиценца + подесување + дизајн) е од 500 до 2500 евра, цената варира во зависност конкретните потреби, комплицираноста на сајтот и колку работа ќе е потребна за истиот + дизајн (меѓутоа за дизајн веќе имаш човек, значи некаде -100 до -500 евра)
 

vordan

Intern
7 јуни 2008
87
14
Creloaded, ZenCart и сличните OSCommerce - базирани софтвери се крајно комплексни и тешки за воспоставување (освен за тривијални потреби). Лошо се напишани (бидејќи се градени и докрпувани со години), немаат логичен templating систем (што значи дека тешко ќе се примени дизајнот) и имаат хаотичен систем на чување на податоците.
Освен тоа - добри се :p
Но, најголем проблем не е самиот сајт (ќе се направи некако), туку практичната неможност да се примаат уплати сокредитни картички. Тоа е друга и долга тема, не е за овде.
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Creloaded, ZenCart и сличните OSCommerce - базирани софтвери се крајно комплексни и тешки за воспоставување (освен за тривијални потреби). Лошо се напишани (бидејќи се градени и докрпувани со години), немаат логичен templating систем (што значи дека тешко ќе се примени дизајнот) и имаат хаотичен систем на чување на податоците.
Незнам за другите, ама creloaded воопшто не е толку страшен колку што го опиша.. Од разговорот со искусно лице, дознав дека ниеден клиент досега не се пожалил за ништо во врска со него.. Што се однесува до системот за образци, човек што си ја знае работата не би требало да има никакви проблеми.. Скинови за creloaded нудат и template monster и изгледаат одлично :)

Освен тоа - добри се :p
Но, најголем проблем не е самиот сајт (ќе се направи некако), туку практичната неможност да се примаат уплати сокредитни картички. Тоа е друга и долга тема, не е за овде.
Токму поради ова го препорачав creloaded, по се изгледа дека се погрижиле добро за payment модулите..

Сликичка тука:



(клик за поголема верзија)
 

vordan

Intern
7 јуни 2008
87
14
Незнам за другите, ама creloaded воопшто не е толку страшен колку што го опиша.. Од разговорот со искусно лице, дознав дека ниеден клиент досега не се пожалил за ништо во врска со него.. Што се однесува до системот за образци, човек што си ја знае работата не би требало да има никакви проблеми.. Скинови за creloaded нудат и template monster и изгледаат одлично :)
Па, добро, може да се каже дека и јас сум ти некакво „искусно лице“, ако веќе збориме. Темплејтите од Template Monster навистина се одлични, но проблемот се јавува кога клиентот ќе побара измени (а тоа неизбежно се случува). Или ќе треба да се прилагодат боите, да се додаде лого кое никако не пасува таму каде што е предвидено, „ова да биде прво, а ова второ“ (обратно од предвиденото), да се додаде сликата на синот на газдата... :)

Токму поради ова го препорачав creloaded, по се изгледа дека се погрижиле добро за payment модулите..
Ха! Тоа што има вклучени модули за плаќање не значи дека тие ќе работат со нашите банки!!!
Работата е многу покомплексна, и всушност, во Македонија едвај една банка има можност за отворање на т.н. merchant акаунти. Еве, овде сум развил цела филозофија за тоа [е-Трговија во Македонија - дел 2], а на блогот има и уште такви информации.
Исто така, прочитајте и овде:Интеграција или федерализација? (не е политички текст, иако според насловот можеби изгледа така :p).
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ха! Тоа што има вклучени модули за плаќање не значи дека тие ќе работат со нашите банки!!!
Работата е многу покомплексна, и всушност, во Македонија едвај една банка има можност за отворање на т.н. merchant акаунти. Еве, овде сум развил цела филозофија за тоа [е-Трговија во Македонија - дел 2], а на блогот има и уште такви информации.
Исто така, прочитајте и овде:Интеграција или федерализација? (не е политички текст, иако според насловот можеби изгледа така :p).
Па вака, немора преку нашите банки да оди тоа, јас никогаш (ок, барем додека не се средат) не би правел бизнис (особено од овој тип) со македонски банки. Дури и да си лоциран во Македонија, можеш да ги користиш светските мерчанти без некои потешкотии..

Во врска со конкретната тема, колку што разбрав сајтот е за хрватска фирма, така да банките во Македонија не се важни :)

Моментално немам време да ги прочитам блог постовите што ги наведе, ама покасно сигурно :)
 

makedonce

Intern
12 април 2007
609
11
www.tracker-mk.org
Здраво
знам дека е стара темата но да не отварам нова пак да прашам како се користи osCommerce го инсталирав е сега како да го вметнам во страницата. Ми треба нешто што е бесплатно како за почеток да видам го тестирам затоа избрав osCommerce.

фала многу
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,092
Членови
28,059
Најнов член
Даниел2222
На врв Дно