1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Изработка на веб страна (Wordpress) и конфигуратор на производи

Дискусија во форумот 'PHP, ASP, JSP (JavaServer Pages)' започната од alex-st, 2 Април 2014.

  1. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко
    Ја отварам темава, за да добијам какви такви информации за тоа колку би чинело да се изработи:
    1. Веб страна (во WP) нешто како презентациска страна во која ќе биде претставена фирмата како и можност за додавање на производи (во соодветни категории) кои подоцна би биле на продажба. Изгледот на страната би требало да биде “custom" изработка или пак да се купи некоја готова тема и потоа истата да се обработи според потребите/желбите на клиентот.
    Во веб страната би требало да се изработи и имплементира модул за електронска наплата којшто ќе треба да се поврзе со Casys или некоја банка, но важно е да има електронска наплата со картичка.

    2. Онлајн конфигуратор на производи (нешто како ова http://www.volvocars.com/uk/sales-services/sales/Pages/car-configurator.aspx), значи да има 6-7 чекори, во секој од нив да може да се одбираат најразлични додатоци околу финалниот производ како и тоа да се менува висина/ширина, боја итн. На крајот откако ќе се конфигурира порачката, да се прикаже колку би чинела истата, да може истата да се печати или пак истата онлајн да биде наплатена.
    Податоците за производите би требало да се читаат од истата WP база (доколку се изработи и веб страната) или пак да се креира сопствена база во која ќе се внесуваат производите кои ќе бидат понудени во конфигураторот.

    Прашањето ми е: колку вие би наплатиле за оваа работа ? Може да напишете цена посебно за 1 и 2 и/или пак за целиот проект вкупно (доколку на пример би понудиле некој попуст за 2те работи).
    НАПОМЕНА: За да не настанат забуни и да добивам пораки со понуди, мене не ми е потребно вакво решение, туку сакам да го видам мислењето и цената на другите дизајнери/девелопери за тоа колку тие би наплатиле за вакво нешто.
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,293
    915
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    (Саати потребни за изработка) x (цена за саат работа ) +/- (попуст, ризик... во зависност од клиент)= (цена на производот)

    Јас секогаш вака ја пресметувам цената на тоа што го работам.
     
    На alex-st му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко

    Океј е тоа, еве добиваш ваква понуда но бараат однапред да им кажеш некоја цена. По некоја груба пресметка, колку ти би наплатил за горенаведеното ?
     
  4. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,293
    915
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Цени од ракав обично не давам.
    Секогаш правам естимација врз основа на информациите кои ги имам или ги барам. Проценката не ја давам за 5 минути, туку после неколку саати анализа на проектот.

    Бидејќи сум дизајнер, можам да ти кажам само колку би побарал за тој дел (psd + html/css). Груба проценка е 500-1000 евра, во зависност од бројот на страници, дали ќе биде responsive.....
     
    На stefan_v му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,960
    1,182
    5 oктомври 2007
    Машко
    Nedostasuva najglavnata informacija … Za koj pazar ke bide ova, makedonska rabota ili outsourceing. :)
     
  6. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко

    Во случајов се работеше за македонски пазар. За оваа работа јас побарав 400 евра, но немаше договор затоа што цената била многу голема :)
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FATAL ERROR !

    FATAL ERROR !
    Баниран/a

    579
    269
    24 Август 2011
    ^ Цената според мене е ЗНАЧИТЕЛНО МАЛА, доколку збориме за професионална изработка и вложениот труд... Македонија има низок стандард, затоа им изгледа многу, во странство знаете колку се движат цениве за истава работа? да речеме минимум 800-900Е..
     
    На mdeni и alex-st им се допаѓа ова.
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,259
    24,691
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    на македонец да му речеш за песпари ќе ти ја направам ти само купи се домен и хостинг ќе ти рече, абе пушти го на бесплатен хостинг нека ми носи пари само.
     
    На mdeni, username, gokica и уште 10 други им се допаѓа ова.
  9. marv

    marv
    Practice makes perfect

    1,960
    1,182
    5 oктомври 2007
    Машко
    Samo poradi ova i prasav. Nasive ovde sakaat se svetski, se kako veke nekako i nekade videle, se custom, samo za pari se kako od Tanzanija. Obicno na vakvi baranja osven ako ne go gledam nekoj epteb seriozen decko/devijka vikam mnogu skupo ova nemozes da go priustis, i si pleskam realna svetska cena, pa ako se fati na ego OK :) ako ne znaes deka mislel maks 50e da potrosi za se sto zamislil :)
     
    На mdeni и alex-st им се допаѓа ова.
  10. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Избегнувајте соработка со наш пазар ако сакате коса да ви остане на главата после 30ка :).

    За домен и хостинг не им се дава 50е годишно не пак за дизајн/имплементација/скриптирање/одржување и сл. Тоа е научна фантастика.

    Единствени што плаќаат високи декларирани суми се фирми кои на свои ќерки фирми потоа им даваат работа па вртат пари во круг.

    За наш пазар држи се до оние:
    Shit.Geocities.TK
    Mywebsite.weebly.com
    и слични гомнарии.

    И за 500 денари да сработиш нешто има да те вози 3 месеци после тоа, затоа што таа сума подразбира дека ти-и-он сте од сеа другари па вируси на деците да им чистиш од ПЦ, кумот негов да може да те бара ако нешто не му работи на компјутерот и сл. :)

    Исто така подразбира имплементирање сугестии на панелот експерти околу него: чистачката, зет му, жена му, децата кои "учеле фотошоп", баба му што била уметник на времето и работела глазирање керамика итн.

    500те денари инаку се исплаќаат по 150 јавувања, потрошени 2500 денари за бензин и 6 месеци чекање...и бркање луѓе ако не си регистрирана фирма за дизајн затоа што му требало на фактура да биде се.
     
    На artweb, MilanS87, username и уште 5 други им се допаѓа ова.
  11. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,096
    634
    2 Мај 2011
    Општо по Македонија и страни на големи фирми се катастрофа затоа што им е прескапо некој професионално да им ја изработи. Не се цени работа на програмери...
     
  12. pLaToOn

    pLaToOn
    Gaining Experience

    227
    189
    24 Јануари 2012
    Машко
    Дали би можел се што е побарано од тебе и напишано во првиот пост да го направиш? И колку време планираше да го работиш?
     
  13. alex-st

    alex-st
    Gaining Experience

    153
    77
    1 Декември 2010
    Машко

    Да.
    Мојата проценка беше некаде околу 2 недели.
     
  14. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Никој не ве спречува да отворите странски бизнис именици и да си направите листа од контакти. Доволно е по 100 фирми дневно да контактирате и да им понудите услуги, дизајн или било што. 1 од тие 30*100 месечно кои ќе ги контактирате да ви стане клиент е доволно.

    Директни контакти се секогаш подобри од посреднички сајтови како одеск, фриленсер, 99дизајнс и сл.
     
  15. MarkoHF

    MarkoHF
    Practice makes perfect

    848
    1,110
    30 Септември 2008
    Машко
    Internet Marketing
    И на нив не им е лесно така да купат сервиси од странство. Тие фирми 99% ке нудат за плакање на фактура. А неможат да ти платат зошто немаш банкарска сметка во таа држава. А мегународно пракање на пари е скапо и долго. Така да и на нив ке им одговара подобро да најдат некој што го нуди сервисот во нивната држава или пак да идат преку freelancer итн.
     
  16. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ако гледаме песимистички на работите поарно да не стануваме од кревет сабајле. :)
     

Сподели

Вчитување...