Изработка на bluetooth звучник

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од FiC DoGG, 13 Септември 2017.

  1. FiC DoGG

    FiC DoGG Активен гик

    701
    455
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Конечно се решив да направам звучна кутија за bluetooth звучникот за во работилницата.
    Кутијата ќе биде изработена од обичен бор, бидејќи веќе имав неколку даски дома, и квалитетот на звукот и не е толку важен покрај сета бука во работилницата.
    Прво со убодна пила ги исеков на груба должина даските, а потоа на дихт ги поминав сите за да ги израмнам малку и дотерам сите да бидат иста дебелина.
    01.jpg
    Бидејќи звучната кутија ќе биде 20цм длабока, а даските се околу 16цм, ќе морам да ги залепам за да ја добијам потребната ширина. За ова ќе ми требаат прави ивици. 02.jpg
    Либелата ја лепам со креп трака за даската за да ми биде како референтна ивица. Така залепени ги минувам низ циркуларот. 03.jpg
    Новата ивица е рамна. 04.jpg
    Новата ивица ја ставам до оградата од циркуларот за да ја дотерам другата страна и добијам паралелни ивици. 05.jpg
    Откога ќе ги средам сите ивици ги лепам даските заедно. 06.jpg
    Со длето и шлајферица го отстранувам вишокот лепак.
    07.jpg 08.jpg
    Потоа на цируларот ги сечам сите на иста ширина, 20цм.
    09.jpg
    Со циркуларот на 45 степена ги сечам страните на потребната должина. 10.jpg
     
    На gdamjan, Alucard, RagingDemon и уште 10 други им се допаѓа ова.
  2. FiC DoGG

    FiC DoGG Активен гик

    701
    455
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Потоа со глодалица монтирана во маса, правам жлебови за предната страна.
    11.jpg
    На предната страна ја одредувам позицијата на звучниците. 12.jpg
    Со форстнер бургија го отстранувам поголем дел од дрвото. 13.jpg
    Од парче 4 мм медијапан направив темплејт за отворот за звучниците. 14.jpg
    Темплејтот го прицврстувам со двостран селотејп. 15.jpg
    Со flush trim глодало ќе ги направам отворите. Ова глодало има лагер на крајот со ист дијаметар како и ножевите, лагерот се движи по темплејтот а ножот долу ја копира линијата по која се движи. 16.jpg
    Отворите се готови. 17.jpg 18.jpg
    Со 45 степена глодало ги закосувам отворите. 19.jpg После неколку раце со бел спреј. 20.jpg
     
    На Alucard, igor_xxxx, FLEGMA и уште 8 други им се допаѓа ова.
  3. FiC DoGG

    FiC DoGG Активен гик

    701
    455
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Бидејќи страните се сечени со 45 степени неможам директно со стеги да ги спојам, затоа прво со креп трака ги спојувам сите страни за да можам да ги смотам како суши :D. 21.jpg
    Потоа со стеги пробувам да ги дотерам да се затворат ќошињата како што треба. 22.jpg
    Со кутијата готова, следи брусење со 120 па 240 брусна хартија. 23.jpg
    После 4 слоја спреј лак, не се познава баш нај нај на сликава.
    24.jpg
    Старата звучна кутија :) 25.jpg
    Звучниците и bluetooth појачалото монтирани внатре. 26.jpg
    Крајниот продукт. 27.jpg 28.jpg
     
    На TylerMkD, Alucard, Balanar и уште 29 други им се допаѓа ова.
  4. Astro

    Astro Sensei

    4,157
    5,023
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Тооо маестро, секоја чест.
    Дупни една дупка од напред меѓу двата звучника да искачаат басовите што ќе се одбиваат од задната страна. Ако има некој постручен нек даде совет
     
    На FiC DoGG му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,623
    1,352
    24 Септември 2012
    Не се става дупка туку цевка. Компресиона нека седи сега за сега, не мора цевка, само гледам дека има дупки кај звучниците, ти треба да се пополнат,и да не пушта од никаде звук. А внатрешноста треба да се наполни со Лио за полнење перници или јоргани. Или ако имаш камена волна или ќебе или нешто такво внатре. И тоа да се прицврси за задната страна за да не мрда.

    https://i.imgur.com/cwMgtJG.png[​IMG]
     
    На kirev, igor_xxxx, FiC DoGG и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar Sensei

    2,545
    5,760
    23 oктомври 2012
    Машко
    Мене ме мачи тоа што звучките се грдички за кутијата, али ок е, нека свири! Убав проект, бравос.
     
    kirev, igor_xxxx, FiC DoGG и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. K3nPa4i

    K3nPa4i n00b

    15
    20
    2 Декември 2015
    Машко
    Иако целта на постот е за звучникот, начинот на кој ти е обработено и објаснето чекор по чекор одлично и патем со “порно“ алат на располагање – го прави постот три пати подобар :) Многу кејфски мини–проект. Бравос!
     
    На igor_xxxx, turbiny, ivan88 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. FiC DoGG

    FiC DoGG Активен гик

    701
    455
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Идејата беше да биде компресиона :D, инаку не се дупки тоа околу звучниците, овие се за во кола и имаат лимчиња свиткани на напред затоа изгледа малку шашаво. Во секој случај од ова појачало и овие звучници неможе да се очекува којзнае што, но за во работилница да бучи се повеќе од доволно. Изработкава повеќе ми беше од мерак отколку да добијам нешто плус на квалитет.
     
    На Alucard му/ѝ се допаѓа ова.
  9. imperial

    imperial V.I.P

    1,331
    1,898
    12 Август 2009
    Машко
    Остај звучките, кажи што изработуваш во работилницата.
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  10. FiC DoGG

    FiC DoGG Активен гик

    701
    455
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    За сега ништо посебно, хоби ми е :D
     
    На Harrabed му/ѝ се допаѓа ова.
  11. imperial

    imperial V.I.P

    1,331
    1,898
    12 Август 2009
    Машко
    Ете кој ќе ми прави гитара... :)
     
  12. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,920
    9,962
    2 Август 2012
    Машко
    @FiC DoGG
    Гони ги, не ги слушај тиа се апаши.
    Не отворај дупка ќе изгубиш на ефикасноста и на басовите. И со изолација не претерувај.

    Со DeWalt и Bosch не се прави хоби. Ај сега кажи што изработуваш :)
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Balanar

    Balanar Wax on, wax off

    146
    188
    6 Декември 2016
    Машко
  14. Alucard

    Alucard Шериф

    1,615
    1,259
    22 oктомври 2012
    Машко
    @FiC DoGG: Мислам дека многу членови би ти биле благодарни, ако ни ја претставиш работилницата во детали, нормално, кога ќе имаш време ;)
     
  15. FiC DoGG

    FiC DoGG Активен гик

    701
    455
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Хаха, може кога ќе ја досредам, ќе правам нова работна маса/workbench следно и уште неколку полици и слично, кога работам се се збира на масата и околу масата и ме нервира, се гледа и на сликите колку е хаос.
    После масата во план ми се поголема трачна шлајферица и бансек, па можеби ќе има build log и од тоа, само нз колку ќе одговараат за на ИТ форум :D
     
    На Gaston и Alucard им се допаѓа ова.
  16. krema

    krema Professor

    4,403
    3,655
    24 Јуни 2009
    Машко
    Само ти направи и објави, на кој не му се допаѓа не мора ни да гледа. :)
     
    На Gaston и Alucard им се допаѓа ова.

Сподели