• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Излезе новиот Corel DRAW X4

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Corel го издаде новиот професионален програмски пакет за обработка на 2D графика под називот Corel DRAW Graphics Suite X4.

Со над 50 нови и значително зголемени можности, Corel DRAW Graphics Suite X4 им овозможува на корисниците со помош на алатките, помошните средства и влевајќи им повеќе доверба да спроведат различни проекти од цртање на лого, веб- графика и дизајн, прелом на страници, обработка на слики и илустрација со векторска графика.

Во основниот пакет влегуваат Corel DRAW X4, Corel PHOTO-PAINT X4, Corel PowerTRACE X4 и Corel CAPTURE X4 апликацијата.

Од дополнителните материјали во пакетот доаѓа со совети од професионалци, видео курс на ДВД, колекција од 10.000 избрани цртежи, сликички и дигитални фотографии. Некои од новините во самиот софтвер се препознавање на фонтот, контрола на слојот за секоја страница посебно, интерактивна алатна лента, 80 нови модели, како и алат за размена на иде меѓу корисниците и тимовите под називот ConceptShare Integration.

„При развојот на новата верзија на Corel DRAW Graphics Suite се консултиравме со корисниците од различни индустриски гранки. Набљудувавме како работат, добивавме повратни информации од нив за тоа како да го подобриме и олесниме процесот на работа во него“, изјави Џерард Метралиер, директорот на продукт менаџмент на Corel.

Извор: ИДИВИДИ
 

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,673
191
www.zeroscience.mk
добра вест и беше време да надоградат X3-та ... ќе видиме колку е подобрено, до сега X3 беше беспрекорна. :bravo: ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,807
Мислења
850,878
Членови
29,494
Најнов член
Nikimoler
На врв Дно