• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Изгорено напојување

xbl9k

Gaining Experience
10 декември 2017
73
65
Здраво на сите,

Ја отварам темава со цел да дискутираме во врска со чуден проблем или коинциденција?

Утринава се занимавав со undervolt на процесор, се работи за ryzen 5 3600, на матична Asus crosshair hero VII.

Напојувањето е Gigabyte p450b - привремено додека да се купи по асолно..

Пуштам аида 64 работи 10 минути, се си е во ред, пуштам csgo да проверам разлика во фрејмови, работи играта 10-15 минути и наеднаш целиот компјутер се исклучува без никаков знак на проток на струја..

Го извадив напојувањето, го пробав на друг пц, воопшто не даваше знак на живот, заменив напојување, и компјутерот си боотна без никаков проблем..

Што би можело да доведе до ова? Би разбрал да правев оверклок или слично дека можда повеќе струја би повлекол процесорот, ама на андерволт?

Дали е само некоја случајност?

Напојувањето е сеуште под гаранција од анхоч, смешно е што има само 1 година гаранција, и гаранцијата му е до наредниот месец, 23.11 ....
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,242
3,966
А да го пробаш на нормална волтажа процесорот? Мислам, нели...
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,817
15,018
Напојувањето воопшто не работи, ни на друг пц.
Ако е под гаранција уште еден месец тогаш не губи време овдека и носи го назад.

Очигледно е дека е прегорено.

Ако те копка дали е до тебе, јас се осмелувам да речам - во никој случај.

И да оверклокираш и да андерклокираш со тие напони се занимава плочата.

[edit]
Барај заменско дури трае "поправката". По закон имаш право на тоа.
 
xbl9k

Gaining Experience
10 декември 2017
73
65
Ако е под гаранција уште еден месец тогаш не губи време овдека и носи го назад.

Очигледно е дека е прегорено.

Ако те копка дали е до тебе, јас се осмелувам да речам - во никој случај.

И да оверклокираш и да андерклокираш со тие напони се занимава плочата.

[edit]
Барај заменско дури трае "поправката". По закон имаш право на тоа.
Фала за совет, сепак денес нема да е можно да го заменам, пошо во мојот град нема анхоч.

Исто многу чудно ми беше, според рецензии на јутуб, плочата издржува огромни оверклокови и има добри регулатори за струјата на процесорот, што според некои од нив викаа дека било оверкил..

Да не случајно некој знае дали има врска ако гаранцијата не гласи на мое име?
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
8,042
11,530
Astro's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 2600 + Deepcool Lucifer K2
Motherboard
Gigabyte B450 Aorus PRO
Storage
Western Digital 500GB NVME
PSU
EVA SuperNova 550w
RAM
2 x 8Gb Kingston HyperX DDR4-3200
Video card
Gigabyte GeForce 1060 6Gb G1 Gaming
Case
Corsair, не знам какво е.
Mouse
Dell Optical
Keyboard
Microsoft
Monitor
Dell P2417H
OS
Windows 10 Pro x64
Здраво на сите,

Ја отварам темава со цел да дискутираме во врска со чуден проблем или коинциденција?

Утринава се занимавав со undervolt на процесор, се работи за ryzen 5 3600, на матична Asus crosshair hero VII.

Напојувањето е Gigabyte p450b - привремено додека да се купи по асолно..

Пуштам аида 64 работи 10 минути, се си е во ред, пуштам csgo да проверам разлика во фрејмови, работи играта 10-15 минути и наеднаш целиот компјутер се исклучува без никаков знак на проток на струја..

Го извадив напојувањето, го пробав на друг пц, воопшто не даваше знак на живот, заменив напојување, и компјутерот си боотна без никаков проблем..

Што би можело да доведе до ова? Би разбрал да правев оверклок или слично дека можда повеќе струја би повлекол процесорот, ама на андерволт?

Дали е само некоја случајност?

Напојувањето е сеуште под гаранција од анхоч, смешно е што има само 1 година гаранција, и гаранцијата му е до наредниот месец, 23.11 ....

Ако ти цркне и второ и трето напојување при истото сценарио тогаш би бимало некаква оврзаност, иначе тотална коинциенција е. Мене сите процесори ми се undervolted па дури и оверклокуваните. Никаква врска нема тоа со напојувањето. Напојувањето пушта 3.3v, 5v и 12v накај плочата и него не го интересира дали ти го возиш процесорот на 0.9v или на 1.5v него го интересира само колку ампера се влечат, ама секое напојување дава и повеќе од доволно.
 
Истото го читав, дека буквално нема врска посекако истата струја ја испраќа напојувањето.

Многу чудно ми падна, ама тоа е среќа што се случи сега од колку за 1 месец.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,817
15,018
Истото го читав, дека буквално нема врска посекако истата струја ја испраќа напојувањето.

Многу чудно ми падна, ама тоа е среќа што се случи сега од колку за 1 месец.
Ако ти е за утеха и мене ми се случи слична ситуација со SSD (Samsung 840 Pro)

Ваљда сум единствен со вакво прегорено SSD на форумов и пошироко. Го изгаснав компјутерот најнормално и другиот ден добив boot manager is missing
Го барам во БИОС го нема. Го ставам во други два компјутери и тие креваат раменици и тоа беше тоа.

Стварно има стотици причини да ти прегори напојување. Некогаш некаков Gembird, Delux или сличен креп ќе работи со години и нема да му чуе а некогаш врвен Seasonic ничим изазван ќе прегори.
Не навлегувам во тие теории дека Gigabyte е лошо, вакво или онакво напојување.

Освен ако е познато дека баш таа серија прегорува насекаде низ светот, имало recall-и или сл.

Порано™ шит матични плочи издржуваа повеќе од прочуени брендови. Имам другари кои држеа интернет кафеа/играчници па од таму податоциве.
Да не ја шириме темава сега.
Гледај во најбрз можен рок да го однесеш.
 
alkibijad01

Gaining Experience
8 октомври 2016
251
235
Gamers Nexus посветија неколку епизоди за квалитетот на напојувањата од таа фирма. Не губи време туку право во Анхоч.

Sent from my moto g(9) play using Tapatalk
 
xbl9k

Gaining Experience
10 декември 2017
73
65
Некој совет дали да замарам во анхоч или да чекам да ми се јават? За некој ден истекува 30 дневниот рок за поправка..
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,817
15,018
Некој совет дали да замарам во анхоч или да чекам да ми се јават? За некој ден истекува 30 дневниот рок за поправка..
Ако ти е однесено напојувањето во сервис немаш гајле. Ќе ти го продолжат рокот од датумот на носење до истекот на гаранцијата.
Нема врска дали во меѓувреме истекла гаранцијата.

Е сега, колку што се сеќавам, рокот за поправка е 20 дена (заедно со саботите и празниците) па ако има поминато повеќе од 20 дена теба да се јавиш и да провериш што се случува.
 
xbl9k

Gaining Experience
10 декември 2017
73
65
Ако ти е однесено напојувањето во сервис немаш гајле. Ќе ти го продолжат рокот од датумот на носење до истекот на гаранцијата.
Нема врска дали во меѓувреме истекла гаранцијата.

Е сега, колку што се сеќавам, рокот за поправка е 20 дена (заедно со саботите и празниците) па ако има поминато повеќе од 20 дена теба да се јавиш и да провериш што се случува.

30 дена кога го оставив ми кажаа дека е рокот, а веќе се поминати 24.. утре ќе се јавам благодарам за одговорот
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно