Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор за академија и курс/насока

Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
59
89
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
Здраво Дечки!

Прво да ви кажам, дека ако ја отворивте темата со цел да си гледате сеир, одете има други теми доста подобри за тоа :)

Ми треба искрена помош и насока од некој со искуство што ќе знае што зборува.

Имено, имам генерално искуство во програмирање од средно и две години недозавршен факултет, и сакам да запишам нешто, но ни знам што ни знам каде :)

Знам, звучи како тинејџер изгубен во космосот, ама сум 32 годишен успешно и среќно вработен, но сепак сакам да направам промена, нели- секогаш може подобро.

Ајде сега да објаснам што и како е :)

Татко ИТ фанатик кој од мал ме учеше BASIC и основни команди, солидно познавање од Windows работна околина уште од времето на Win98.
Имам завршено средно техничко во Битола, автоматика и компјутерска техника, каде имам учено C++, C, Delphi, HTML+CSS.. Сите ми беа 4/5, но реално се што сум научил тогаш во моментот ми е заборавено бидејќи не сум го употребувал.
Две години насока за компјутерска техника на технички факултет каде единствено што имав положено без проблеми и со 9ки/10ки беа C++ и ООП по програмирање, и проектен менаџмент но тоа на друг факултет (доооолго себеспознавање во животот :) )

Единствено што во моментот ми е останато ми е програмерската логика, која во неколку наврати за брзо сум ја претварал во реални продукти како пример веб сајт на вордпрес кој сам го едитирав, краток обид за учење Python синтакса и слично.

Имам искуство во Photoshop, Premiere, малку Illustrator но се е од приватни проекти и од невладин сектор каде сум бил малтене цел живот до мои 25 години, без официјални курсеви туку учење од туторијали и водичи.

Она што ми е „проблем“ како и повеќето денешни ликови ми е attention deficit за да запишам 4 години факултет, генерално и причина зошто не го дозавршив факутелтот во Битола, каде се зафркавав со ликови што ми предаваа Материјали и очекуваа сите да работиме во МикроСам :)

Значи на кратко: Jack of all trades - master of none!

Искрено проблемот ми е што немам идеја каде да се насочам! Дали front-end, full-stack, web, android/ios, QA.... +милион други опции, ме прават да сум анксиозен и да одлагам запишување на некоја академија прилично долг период. Плус изборот на милион глупави академии, ретко добри сертицирани курсеви и слично дополнително ми го отежнува животот :)

Ако некој со слични психо/физички проблеми како моите се открил себеси во животот може да сподели искуство и тоа би било многу значајно за мене!

Секој предлог е добредојден.

Фала ви однапред! :)
 
omegaRED

Adeptus Astartes
13 септември 2011
2.510
3.428
Скопје
omegaRED's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5800X & NZXT Kraken X63
Motherboard
ASUS TUF Gaming X570 Plus
Storage
2TB Samsung 970 EVO Plus, 1TB Silicon Power P34A80, 6TB WD Red + 2TB Toshiba
PSU
CoolerMaster Vanguard V1000
RAM
4 x 8GB Kingston HyperX @ 3600 MHz
Video card
MSI RTX4090 Suprim X
Case
NZXT H710i black/white
Mouse
Logitech G903 Lightspeed
Keyboard
Keychron Q3
Audio
SteelSeries Arctis Pro Wireless & Logitech X540
Monitor
LG UltraWide 38WN95C-W
OS
Windows 10 x64 Pro
Значи на кратко: Jack of all trades - master of none!
Целосната фраза е Jack of all trades is a master of none, but oftentimes better than a master of one, што од темел ја менува конотацијата од (главно) негативна кон (главно) позитивна.

On topic:

Бидејќи и самиот не знаеш што сакаш, симни некој пократок видео курс за Front End, Back End, android... па види што ќе те влече повеќе.

Пред некоја недела го завршив The Complete JavaScript Course 2022 by Jonas Schmedtmann на Udemy и сум ептен задоволен - долг и опширен курс од 60+ часа видео материјал. Потоа се фатив за Complete node.js, Express, mongoDB и сум негде на 1/4, и имам чувство дека Front End делот едноставно повеќе ми лежи - но тоа може да се смени.

Муабетот ми е, инвестирај време во следење на 2-3 добри курсеви - барем делови од нив - и врз основа на тоа одлучи во која насока ќе сакаш да се развиваш. Доста од курсевите (ако не и сите) ги имаш и на други места (кхм кхм торент), да видиш дали ти се по ќеф, па потоа можеш и да си ги набавиш легално, и потоа ако сакаш академии.
 
Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
59
89
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro

gloria borger

On your way to fame
10 мај 2018
445
828
херцажа
Си учел нешто оттука?
Јас не, но не би им дал пари на нашиве академии кога постои сајтов. И не само FCC, исто така Codecademy, Udemy, се сѐ што ти е потребно. Чест муабет кај прогармерлиите кафеџии кои што запишале MK академија od 3K евра е дека немаат дисциплина да тераат ваков free курс од дома, плус "друго" било кога ќе дадеш 3К евра, и да си сакал и да си нејќел ќе си учел, оти си дал пари - овој муабет го иам слушнато во доволен голем број на повеќе наврати.
Нашиве академии не се ништо подобри од тие што ги наведов погоре, дури би ти кажал дека се полоши од овие што се целосно free. Не сум програмер, ама ова ми го имаат кажано другари програмери кои работат во поголемиве фирми во МК кога бев заинтересиран на темава.
Udemy единствено се плаќа (имаш и free курсеви) ама вредноста на Udemy курс од 10-20$ за тоа колку можеш да научиш е ненормална.
 
Последна промена:

Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
59
89
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
Да, познати ми се опциите за онлајн учење како Udemi, coursera и слични... Понежната половина смени кариера во дигитален маркетинг баш така. Мене ме буни моментот со фактички употреба на код во споредба со учење на техники и синтакса. Се сомневам дали онлајн курсевите се доволно соодветни за да натераат било кого да седне и вистински да пишува/копира/користи код на проект во споредба со другите струки каде се изучуваат техники на работа (маркетинг, дизајн и слично).

Можда и дебело се лажам :)
 
The_Real_Vojvoda

Unstoppable
26 октомври 2012
2.150
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Не се залажувај со UDEMY и слични курсеви, се е топ објаснето, али нема некој да ти задава предизвици во кои ќе ја вклучиш логиката и ќе го употребиш баш веќе наученото.

UDEMY е супер за луѓе што знаат што сакаат, и сакаат да го надградат знаењето.
Но ќе нема како да вежбаш, нема да имаш дисциплина за учење.
Ќе изгледаш нешто, ќе ти изгледа лесно, ќе отидеш на следна лекција за уствари да сфатиш дека ни претходната не ја знаеш баш како што треба.
Ова го знам пошто и јас учам од UDEMY. Навистина има квалитетни материјали, но принципот на учење не е соодветен.

Изгледав еден курс на Complete Web Developer by Colt Steele, ( фронт енд делот), за на крајот да испадне дека не само што не сум го научил ни јаваскриптот како што треба, ниту CSS-от не сум го знаел како што треба.
Па ајде посебен курс само за Javascript, па посебен курс за CSS + SASS.
На крај све знам, а ништо незнам да применам, баш поради таа причина, “ова го знам.. лесно е“, а после коа ќе треба да се примени.... тенка работа. :)
Па ајде после React треба да се учи, па курсевите за React се стари 4-5 год, базирани на класи, а тоа веќе не е соодветен пристап, и така натаму.

Aко навистина сакаш да успееш, уплати си во Браинстер или слично. Не се малку пари, но шансите да научиш, и да промениш успешно кариера, ти се драстично поголеми. Преку UDEMY.. мислам дека има голема шанса после некое време да си речеш, програмирањево не е за мене... не ми оди, и слично.
 
The_Real_Vojvoda

Unstoppable
26 октомври 2012
2.150
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
@Војвода овие се истите Браинстер ваљда? Некако не баш ги фалат во темата.
Јас познавам дечки што учат таму во моментот и се презадоволни.
Исто познавам и во Сивус што учат, и тие се задоволни. Но барем до пред неколку месеци имаа опција само за Fullstack. Од фронт енд, учиш HTML,CSS, Javascript и другото е Backend.
За споредба во Браинстер учиш
HTML5, CSS, SASS, Bootstrap, GIT, UX/UI, Wireframing, JavaScript, jQuery, AJAX, ReactJS, TypeScript, Next.js, SCRUM.
Ова oд постот е од пред 3 години.
Работите се менуваат.
Сеа скоро гледам дека и Сивус вовеле Фронтенд академија, за која сигурно е добра, али пак некако посиромашно ми делува.
Сивус исто така како што знам немаш опција да ги следиш часовите во време кое ти одговара, немаш онлајн видеа ако неможеш да присуствуваш на часовите.
Кај Браинстер можеш да го правиш тоа, и наставата им трае 3 месеци повеќе од Сивус. Зборувам за Фронтенд.
 
Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
59
89
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
А некој има искуство со Creative Hub? или пак истото мислење се врти како и кај сите приватни освен сивус и семос
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
936
1.256
академија е добро колку да имаш папир демек титула си завршил нешо, али за интервју треба да знаеш многу повеќе од тоа. Пример дата структури, алгоритми решавање, итн е многу битно кај посериозните фирми, и затоа тие шо имаат факултет ги знаат тие ствари подобро пошто ги работат таму, а ти од курс не работиш ништо освен реакт, ноде и некоја датабаза. Па кога ќе дојдеш на интервју тоа ти е шпанско село.
 
Cicada

Gaining Experience
29 октомври 2019
59
89
Cicada's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 3600
Motherboard
B550 AsRock Phantom Gaming 4
Storage
Kingson A2000 500GB
PSU
Xigmatek 650W 80+ Bronze
RAM
2x8GB, 3200MHz, CL16, G.Skill FlareX
Video card
Saphire RX580 4GB (need upgrade)
Case
Xigmatek Trident
Mouse
Logitech G102
Keyboard
RioToro Ghostwriter PRISM, Mech w/Brown MX Cherry
Audio
Modecom VULCAN
Monitor
ASUS VP249QGR, 144Hz IPS
OS
Windows 10 Pro
академија е добро колку да имаш папир демек титула си завршил нешо, али за интервју треба да знаеш многу повеќе од тоа. Пример дата структури, алгоритми решавање, итн е многу битно кај посериозните фирми, и затоа тие шо имаат факултет ги знаат тие ствари подобро пошто ги работат таму, а ти од курс не работиш ништо освен реакт, ноде и некоја датабаза. Па кога ќе дојдеш на интервју тоа ти е шпанско село.
А шо би предложил ти? Или факултет или да не се замара никој?
 
Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
936
1.256
А шо би предложил ти? Или факултет или да не се замара никој?

Тоа е твој избор што каде ќе си трошиш. Само сакам да ти кажам како е кога ќе дојдеш до интервјуата. Овие ствари ќе ти бидат потребни за да поминеш кај некои фирми. Не сите ги бараат, но некои да.
 
dim29

29
14 ноември 2020
159
213
Јас познавам дечки што учат таму во моментот и се презадоволни.
Исто познавам и во Сивус што учат, и тие се задоволни. Но барем до пред неколку месеци имаа опција само за Fullstack. Од фронт енд, учиш HTML,CSS, Javascript и другото е Backend.
За споредба во Браинстер учиш
HTML5, CSS, SASS, Bootstrap, GIT, UX/UI, Wireframing, JavaScript, jQuery, AJAX, ReactJS, TypeScript, Next.js, SCRUM.
Ова oд постот е од пред 3 години.
Работите се менуваат.
Сеа скоро гледам дека и Сивус вовеле Фронтенд академија, за која сигурно е добра, али пак некако посиромашно ми делува.
Сивус исто така како што знам немаш опција да ги следиш часовите во време кое ти одговара, немаш онлајн видеа ако неможеш да присуствуваш на часовите.
Кај Браинстер можеш да го правиш тоа, и наставата им трае 3 месеци повеќе од Сивус. Зборувам за Фронтенд.

@Војвода

И јас да платев 3к евра, ќе викав задоволен сум, да не испаднам дебил.

Ај пошто коментираш ко да си промотор на бреинстер, ама споредбата шо ја направи ти е безврска:

-HTML5 - океј
-CSS, SASS - горе долу иста технологија (ЦСС) и намена, посебно денес кога се изедначуваат пополека, SASS - ти е 20-30мин туторијал на јутуб дури и да нема аудио ако веќе знаеш CSS, пошто и двете се CSS
-Bootstrap - такоџе
-GIT - сигурно се зафркаваш чим го спомнуваш, туторијал на јутуб од 10-20мин е повеќе од доволно и повеќе од трите команди кои ќе те научат на „академија“
- UX/UI - ме изнасмеа
-Wireframing - уште повеќе ме изнасмеа
-JavaScript - океј
-jQuery - не зезај, не се ни користи толку денес, сепак 30 мин туторијал ако веќе знаеш ЈС
-AJAX - една функција во јаваскриптот и читање на аргументи во бекенд- тоа ти е АЈАХ - 10мин туторијал
-ReactJS, TypeScript, Next.js - Интересни работи околу ЈС, што стварно не ти е доволно академија еднаш да те научи, пошто има нови работи секоја година/верзија
-SCRUM - search-ни го на гугл пред да тресиш дека академија може да те научи на ова.

Доста од работите ги бројат, некои не се ништо спешл, некои не можат да ги научат студентите. Нема ни да добијат навика за учење.

И сега видов цена во бреинстер за фронт енд ти е ИСТА ко фулстек, не ми е јасно како, нити па како се уште паѓате на вакви академии

Да не бидам офтопик целосно кон главното прашање:
@Cicada џабе ќе те научат еден јазик ако не ја знаеш логиката, структурата на истиот, не се лажи по академии, само ќе мислиш дека знаеш и дека нешто те научиле. Факултет ти е добро за самата логика на програмирање (читај први два семестри), после тоа ама апсолутно не вреди.
Најдобро нешто ти е интернет материјалите, јутуб, сајтови што ти ги кажаа другите, ете ти почни си со овие технологии шо се набројани во обуката, освен глупите нормално, и замислувај си проекти, земи идеи од други проекти и претворај си ги во твои, за една година сигурно ќе знаеш повеќе од другарчињата од бреинстер и ќе имаш повеќе проекти од нивните бедни 3 проекти што по некој измислен критериум ги нарекуваат реални.
 
kebe

Gaining Experience
29 март 2012
254
225
Ај кажете ми академија или курс за доктор специјалист по хирургија? Пратете понуди во ПП.
 
The_Real_Vojvoda

Unstoppable
26 октомври 2012
2.150
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
@Војвода

И јас да платев 3к евра, ќе викав задоволен сум, да не испаднам дебил.

Ај пошто коментираш ко да си промотор на бреинстер, ама споредбата шо ја направи ти е безврска:

-HTML5 - океј
-CSS, SASS - горе долу иста технологија (ЦСС) и намена, посебно денес кога се изедначуваат пополека, SASS - ти е 20-30мин туторијал на јутуб дури и да нема аудио ако веќе знаеш CSS, пошто и двете се CSS
-Bootstrap - такоџе
-GIT - сигурно се зафркаваш чим го спомнуваш, туторијал на јутуб од 10-20мин е повеќе од доволно и повеќе од трите команди кои ќе те научат на „академија“
- UX/UI - ме изнасмеа
-Wireframing - уште повеќе ме изнасмеа
-JavaScript - океј
-jQuery - не зезај, не се ни користи толку денес, сепак 30 мин туторијал ако веќе знаеш ЈС
-AJAX - една функција во јаваскриптот и читање на аргументи во бекенд- тоа ти е АЈАХ - 10мин туторијал
-ReactJS, TypeScript, Next.js - Интересни работи околу ЈС, што стварно не ти е доволно академија еднаш да те научи, пошто има нови работи секоја година/верзија
-SCRUM - search-ни го на гугл пред да тресиш дека академија може да те научи на ова.

Доста од работите ги бројат, некои не се ништо спешл, некои не можат да ги научат студентите. Нема ни да добијат навика за учење.

И сега видов цена во бреинстер за фронт енд ти е ИСТА ко фулстек, не ми е јасно како, нити па како се уште паѓате на вакви академии

Да не бидам офтопик целосно кон главното прашање:
@Cicada џабе ќе те научат еден јазик ако не ја знаеш логиката, структурата на истиот, не се лажи по академии, само ќе мислиш дека знаеш и дека нешто те научиле. Факултет ти е добро за самата логика на програмирање (читај први два семестри), после тоа ама апсолутно не вреди.
Најдобро нешто ти е интернет материјалите, јутуб, сајтови што ти ги кажаа другите, ете ти почни си со овие технологии шо се набројани во обуката, освен глупите нормално, и замислувај си проекти, земи идеи од други проекти и претворај си ги во твои, за една година сигурно ќе знаеш повеќе од другарчињата од бреинстер и ќе имаш повеќе проекти од нивните бедни 3 проекти што по некој измислен критериум ги нарекуваат реални.
Copy Paste од нивната страна.
За некои делови се согласувам дека нема потреба да се нагласуваат, поентата е дека комплетно те обучуваат да бидеш комплетен FE девелопер.
Fullstack тоа ми е смешно, те изучуваат од се по нешто, за на крај да бидеш со ептен скромно знаење и повторно многу потешко за да најдеш работа. Пошто во принцип сите обучуваат html, css, JS. А ретко која компанија користи ванила JS. Пак ќе треба да се дообучуваш.
Инаку како ќе испрограмираш нешто во Javascript, ако не ја разбираш логиката ? Copy-Paste ?
Сите што ги познавам, што почнале сами да учат од онлајн курсеви, никој ништо не направил од самиот себе. Или се откажале или се запишале на некоја Академија.
Инаку немам упишано академија, на тромеѓе сум меѓу откажување/продолжување самостојно/ академија.
И јас почнав со истиов принцип како што го советуваш. Не е баш добар пристап.
Односно е, ама да имаш опција за менторство. Некој да ти задава константно задачи, и дур не ги решиш нема напред. А не, Code along, и све знам.
Најголемата поента на академијата, е дека ќе се опрчиш тешко заработени пари, и нема да ти биде сеедно ако ти пропаднат. Ќе вложиш поголем напор и труд за да успееш. Инаку пропаднаа парите.
А со курсче од 12$, или бесплатно симнат од торент, нема баш да ти биде многу гајле да научиш. Иако реално содржината што се предава горе доле е истата.
Нормално ова важи за возрасни, вработени луѓе кои сакаат да сменат кариера, не за луѓе во доцни тинејџерски години.
 
Многу различно размислуваме, океј, можи е дека сум во доцни тинејџерски години :)
Ама по твоја логика треба да ги фрлам сите пари на гробно место па да се самоубијам за да не ми пропаднат.

Тоа што го спомнуваш е учење со сила, притисок, итн... Тоа што јас го спомнувам е учење од желба.

Тој некој на академија што ќе те тера да направиш одредени задачи, истиот ќе го снема по завршување на истата, и? ќе запишиш нова академија за да доучиш нови работи што излегле во полето на фронтенд/бекенд/иос/андроид што и да е?
Еден ден мораш самиот да се натераш.
 
Нека си пише крст уште од старт тој шо плаќа 3К евра за да се натера да го учи тоа сериозно. 95% од тие шо се воделе по ова размислување не станале програмери од мое искуство. А на 100% од академиите им виснал џебот до колена и им претекло ќесето со пари.
 
The_Real_Vojvoda

Unstoppable
26 октомври 2012
2.150
3.443
Скопје
The_Real_Vojvoda's setup  
Processor & Cooler
i7 4790k @4.5ghz - 1.2v || Noctua D14
Motherboard
Asus z97-A
Storage
OCZ Vector 128gb (OS) + Samsung 840 pro 512gb + WD Blue 320gb + WD Blue (EZEX) 1TB
PSU
Antec TPC 650w 80+ Gold
RAM
2x8gb DDR3 G-Skill Sniper CL11 @2400mhz
Video card
XFX RX 580 GTS
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Logitech G502 Proteus Spectrum/Logitech G400S/Logitech mx310
Keyboard
Asus Strix Tactic Pro ( CherryMX Brown)
Audio
E-MU 0202 + Marantz sr5500 + DIY speakers + Eltax Atomic A 10 sub + SteelSeries 9h
Monitor
Dell U2414H 1080p @74hz
OS
Windows 10 Enterprise LTSB
Многу различно размислуваме, океј, можи е дека сум во доцни тинејџерски години :)
Ама по твоја логика треба да ги фрлам сите пари на гробно место па да се самоубијам за да не ми пропаднат.

Тоа што го спомнуваш е учење со сила, притисок, итн... Тоа што јас го спомнувам е учење од желба.

Тој некој на академија што ќе те тера да направиш одредени задачи, истиот ќе го снема по завршување на истата, и? ќе запишиш нова академија за да доучиш нови работи што излегле во полето на фронтенд/бекенд/иос/андроид што и да е?
Еден ден мораш самиот да се натераш.
Комбинација од двете, и желба и притисок.
ако беше така лесно, ќе не оставеа сами да си учиме уште во основно. Седи дома, гледај видеа, и тоа е тоа, ќе бидеш успешен ученик. :)
Неможеш сам да си бидеш контролор на знаењето.

Откако ќе завршиш академија и ќе ги знаеш соодветните технологии, и ќе имаш некое искуство, евентуално и работа во таа област, многу лесно ќе се прилагодиш на другите/ новите пристапи, бидејќи веќе имаш таква работа, и твојата иднина дополнително зависи од новите технологии, и тоа плус те мотивира. Е тука веќе може и некој онлајн курс.

Kaко и да е, јас кажувам според лично и според искуства на луѓе кои почнале така, но не се изградиле како програмери. Едни прекинале, други решиле да си уплатат академии и за разлика од UDEMY курсчињата, овојпат не се откажуваат и тераат до крај.
 
па истите програми што ги имаат овие се тие удеми курсчиња ти што ги спомнуваш.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.402
7.988
Мелмак
Запиши платен онлајн курс на некоја странска онлајн академија каде имаш пристап до контакт од предавачите (за прашања), форуми и слично, како и неделни задачи. Дури и skillshare го има ова а ептен евтино е.

А ако мислиш дека плаќањето 3К евра ќе те направат попринципиелен и ќе те „буткаат“ повеќе да седиш да учиш - пак запиши ги поевтиниве а подобри варијанти и плати го остатокот од парите на некој близок или не толку близок да те тепа со стап ако не си принципиелен.

За 2К евра сигурно барем десеттици кандидати од форумов секој ден ќе те проверуваат и тегнат за уши ако не учиш. (нотарски заведено дека смеат, нормално)
 
gloria borger

On your way to fame
10 мај 2018
445
828
херцажа
па истите програми што ги имаат овие се тие удеми курсчиња ти што ги спомнуваш.
Точно, ги имаат ама луѓето сакаат да си платат 18,000% поскапо, за да се натераат да учат сериозно и да не им е сеедно. Клучниот збор е "натераат" во овој лузерски менталитет. Ако треба некој да ме тера за нешто, тури му пепел. Зошто не плаќам некој да ме тера да играм фудбал ? Можеби затоа што сакам да го правам тоа и нема потреба некој да ме тера ?
 
dim29

29
14 ноември 2020
159
213
Па и најдобро е со 3к евра да си купиш скапичок лаптоп, и ќе ги потрошиш парите па ќе мора да учиш, истовремено и добиваш нешто што ќе ти се најде за разлика од дипломата што ќе ти ја признаат само по дома.

Во кладилници ова го викаат ВинВин (на енгл: win win)

Точно, ги имаат ама луѓето сакаат да си платат 18,000% поскапо, за да се натераат да учат сериозно и да не им е сеедно. Клучниот збор е "натераат" во овој лузерски менталитет. Ако треба некој да ме тера за нешто, тури му пепел. Зошто не плаќам некој да ме тера да играм фудбал ? Можеби затоа што сакам да го правам тоа и нема потреба некој да ме тера ?

Никуч, од овај акаунт попаметен си :ROFLMAO: @Nikola100
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.240
Мислења
977.199
Членови
35.550
Најнов член
Provokator
На врв Дно