1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор помеѓу 6 смартфони

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од Enigma, 17 Јули 2015.

  1. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Sony Xperia E1, LG Joy, Microsoft Lumia 532, Huawei Ascend Y330, Alcatel Pop D5 или Alcatel Pop C7?

    Доаѓаат од понудата на ONE, и стварно немам друг избор, буџетот е премногу тесен. Смартфон најчесто користам за нет, музика и гледање филмчиња (секојдневни работи), и многу ретко (скоро никогаш) играм на него. Е сега, мене најмногу ме привлекува Lumia-та, бидејќи досега немам користено мобилен Windows, и плус има 1GB RAM и 8GB простор, најмногу од набројаните смартфони. Најбитно ми е мулти-таскингот да лизга, многу нормално не очекувам да имам пуштено 20 програми одеднаш од смартфон во оваа класа, но не сакам да имам засецнувања или доцнење кога ќе се префрлам од песни на Mozilla, или YouTube. Помагајте другари стварно не знам што да одберам. Секој совет и искуство со некои од смартфониве се добредојдени. Благодарам однапред ;)
     
  2. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    821
    761
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Моја препорака ти е лумиа 535.
     
    На Ace Lud и Enigma им се допаѓа ова.
  3. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Колку што можам да видам, 535 и 532 имаат иста конфигурација, освен во поглед на екранот, кој реално нема да ми смени многу. А и за малку е над мојот претесен буџет. Ако стварно е доста подобар од 532, ќе го земам предвид.
     
  4. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    950
    430
    7 Март 2014
    Машко
    И моја препоракa e лумиата, има по испеглан OS од пример андроидот кај D5 C7 и сл, а и поголема подршка ќе имаш со windows.
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Благодарам за советите, лумијата ќе ми биде примарен избор. Е сега, бидејќи сите останати се Android смартфони, кои од нив е најдобар, без Lumia-та? Во случај Lumia-та да ја нема, па да бидам приморан да одберам Android смартфон. Благодарам.
     
  6. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,500
    2,256
    4 Јули 2013
    Би идел на LGto освен лумиата.
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    906
    1,350
    6 ноември 2007
    Windows телефон нема ни Мозила ни Јутуб - BUMMER!

    ти продаам Lumia 920 ;)
     
  8. Enis-Phantom

    Enis-Phantom
    Gaining Experience

    323
    394
    18 ноември 2013
    Машко
    прв избор лумиата ако нема (твојот хипотетивен пример) тогаш ЛГ секако ни под разно Е1 - НИ ПОД РАЗНО...
     
    kirev, Enigma и на STEFF им се допаѓа ова.
  9. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Овие телефончињава се преку договор, така што ништо од бизнисот. :(

    Штом нема ни Mozilla ни YouTube на Lumia, таа отпаѓа од избор (dammit). Бидејќи LG ми го препорачувате, нема да биде проблем dual core процесорот? Мислам дека Pop D5 би бил подобар избор со својот quad core процесор. Што мислите Вие? Или пак ако можам да ја најдам C7 верзијата со 1GB RAM?

    Какви проблеми има Е1?

    Леле, стварно помагајте, преку тасета ми е од вакви избори.
     
    Последна промена: 17 Јули 2015
  10. Enis-Phantom

    Enis-Phantom
    Gaining Experience

    323
    394
    18 ноември 2013
    Машко
    Е1 е (извини на израз) најголемото сра.е што постои од смартфон селекцијата проверено лично земав на татко ми и за девојка ми (татко ми сеуште го има) можам да ти кажам дека лагува човече на кревање слушалка за повик а не друго, да не збориме за друго подобро :) мој совет заобиколи го како опција воопшто :) - дополнително ако можеш пробај со Ц7 со гига верзијата валда би бил добар провери ривјуа на нет (иако не секогаш се точно претставени телефоните така на долг рок е друга прича секогаш) - поздрав од мене :)
     
    Стап, kirev, STEFF и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    763
    1,251
    5 Јануари 2012
    Јас користам myTube! и одлично работи. youtube го нема како апликација по вина на гугл ама со вин10 и тоа ќе се смени, од мајкрософт најавуваат подршка на иос и андроид апликации.
    Ја имам пробано 535... 640 што ја користам е неколку класи горе а сепак цената e некои 2000 денари разлика, сепак гледам го нема во понудата на ОНЕ.
     
    На Enigma и Banjifiko им се допаѓа ова.
  12. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    611
    333
    9 Февруари 2008
    Многу е битно ако зимаш Windows телефон да провериш претходно за апликации. Види дали се апдејтувани апликациите што највеќе би ги користел, види дали нема официјални и дали се добри алтернативите. Ако ти се многу битни македонски апликации или snapchat не би требало да земеш windows. Не се знае дали и какви апликации ќе добиеме со новиот windows, не мора да се потпираш на претпоставки или ветувања кога можеш на сигурно да одиш со Андроид. А во поглед на перформанси скоро кај секој уред Виндоусот е подобар како ОС отколку Андроид, иако најмногу зависи од хардверот.


    Изгуглај малку за секој телефон пред да го земеш. Пример јас имам Lumia 535 и имам проблеми со тачот, како и останатите 90% од корисниците на Лумиа 535. Ама се издржува и не е толку голем проблем, зашто секако не го користам за игри (а гледам дека ни ти нема да го користиш). Има многу добар дисплеј, па ќе ти одговара телефонот ако го користиш за гледање филмови. Мене browser-от ич не ми е битен. Не правам некои комплицирани работи па да ми треба напреден броузер. Не мора да е на Мозила, добар е IE, а сега претпоставуавм дека новиот Edge од Windows ќе биде многу подобар од IE.


    tl;dr - не зимај лумиа 535 ако ти се битни апликациите или тачот, ама има супер дисплеј и супер перформанси
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Gajche-X

    Gajche-X
    Unbeatable

    3,081
    5,379
    22 Август 2014
    Земи си ја 535 Lumia-та и ич не се секирај што нема јутуб и мозила.

    Јутуб можеш да си гледаш преку internet explorer-от.
    Знам,сите мрзиме IE али на Windows Mobile 8.1 Internet Explorer е испеглан до перфекција,нема да најдеш подобар броусер за виндоус фоун од IE.

    За јутуб ќе најдеш некоја алтернативна апликација како myTube и тоа е тоа.

    Андроид телефон во овој ценовен ранг ќе ти трокира до бесвест,
    така да,ако сакаш "мазен" и флуиден уред со овој буџет,единствен избор тие 535.

    E1 заборави го,освен ако си мазохиста и сакаш да се нервираш :) (шала)
    Батали го и LG а и Алкател ако сакаш мазно искуство за минимална цена.

    Да повторам уште еднаш :)
    Најмазно ќе ти работи ВинФоун во овој ценовен ранг.

    Позз ;)
     
    Enigma, Jedah и на STEFF им се допаѓа ова.
  14. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Штом нема Mozilla на Lumia-та, тешко да ја земам, бидејќи имам акаунт на неа со букмаркс, акаунти и лозинки... Едноставно многу ми е битна. Е сега, мене LG бидејќи го препорачаа неколку корисници горе, мислев да ми биде изборот, ама кога видов дека има само дуал кор процесор, некако ме одврати, затоа што двата Acatel-а имаат квад кор процесори.
    Што можам да изгубам ако го земам Pop C7 со 1GB RAM верзијата, но со Jelly Bean во спроедба KitKat-от на Pop D5? Благодарам.
     
  15. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не се толку сра*е Алкател. Сони и Самсунг у долна класа се тешко ѓубре.
     
    На Enigma и STEFF им се допаѓа ова.
  16. maci

    maci
    On your way to fame

    2,905
    642
    2 Април 2008
    lg јата имаат малку за складирање,од тие 4 гб мислам дека има реални 1,5гб слободни.
    ја би или лг или еден од алкателите.
     
    На Enigma и kirev им се допаѓа ова.
  17. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Исто
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    A pravat li razlika dopolnitelnite dve jadra na alkatel-ive? Ako pravat razlika, nema logika da go zemam LG Joy. Se izvinuvam za latininicava.
     
  19. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,730
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Друже, 24 саати у денот ќе биде со тебе. Мислам е поважно да ти се допаѓа и физички... Оди види ги, фати ги у рака, ова она... За тие пари толку
     
    На STEFF и Enigma им се допаѓа ова.
  20. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    950
    430
    7 Март 2014
    Машко
    Јас би ја земал лумиата пред сите овие ако треба и ќе се тепам за неа хаха имаш хром мислам на лумиата што ќе ти е мозила башка позади капачето се мења го има во повеќе бои дефинитовно најдобар избор.
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,992
    25,235
    4 Септември 2008
    Сите се катастрофа од хардверски аспект, ама ако мораш Лумиа.....
     
    Последна промена: 17 Јули 2015
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  22. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,384
    12,508
    2 Август 2012
    Машко
    Ниеден од наведените за пари
    За без пари Lumia
     
    На Enigma му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Enigma

    Enigma
    Gaining Experience

    1,081
    496
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Во споредба со мојот претходен телефон, кој беше сингл кор со 512MB RAM, кој ми ги задоволи потребите до некаде, мислам дека некој од овие ќе ми биде таман. Патем кој телефон би бил на второ место после Лумијата, бидејќи недостатокот на Мозила и ЈуТјуб, стварно ме кочи за да ја земам а и сакам да прочитам различни мислења.
     
  24. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,273
    25 ноември 2014
    зашо да нема јутуб на windows phone? >.> башка си користел мозила на еднојадрен андроид со 512мб рам?
    you are a god damn war hero! o7

    шеги на страна, телефониве се претерано слаби и спори, ако нејкеш да рчкаш да пробуваш кастом ромови за андроидите за да лизга (can confirm, стаив CM 12.1 android M на Huawei U8860, сеа си лета) ондак земи виндоус телефон пошо не е ко да имаш избор ко што глеам

    Ако не те фаќа сафра да користиш таков телефон - тоа ти е тоа.
     
    На aleksandardespotovikj му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Bane

    Bane
    Gaining Experience

    188
    153
    11 Септември 2011
    Машко
    На Windows платформата постои алтернатива за Youtube апликацијата и се вика Tubecast. само можам да ти потврдам дека е закон! дури и подобра од оригиналната youtube апликација од google според многу корисници. Има и про верзија која се плаќа некој долар.
     

Сподели

Вчитување...