• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на солиден мидрејнџ/буџет WiFi + gigabit рутер

  • Ја почнал/а темата
  • #1

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,979
5,428
Мелмак
Темава може да биде општа но за почеток ми треба конкретна помош. Моментално планирам мал апдејт на мојата домашна мрежа. Веќе земав најобичен гигабитен свич, и сум во разгледување на интернет пакети (во опција ќе бидат само оптички опции со или 50 мегабити или 100 мегабити). Немам појма каква мрежна опрема ќе имам од операторот, но имајте на ум дека кабелски оператор валјда ќе ми даде опција за мој рутер а телеком би ми наметнале нивни рутер кој валјда не ни има гигабит порти - така шо поради тоа а и достапност тежнеам кон кабелски оператор моментално.

Значи опциите ќе бидат или:

А) Кабелски интернет преку оптички модем, поврзан на мој рутер со лан кабел и втор мој рутер во AP мод кој ќе биде за продолжување на wireless сигналот само.

Б) Телеком оптички интернет со телеком рутер, и два мои рутери во AP мод за продолжување на Wireless сигналот (со тоа што веројатно би го исклучил wireless-от на телеком рутерот комплетно).

Со тој вовед на страна, и со обѕир на буџет - од тоа шо гледав по нашиве ИТ продавници изборот ми е моментално меѓу (сите се гигабит модели):

1. TP-Link Archer C6 AC1200 ~ околу 2400 денари во момент на пишување
Предности:
- солидни рецензии
- симултано работење во 2.4GHz или 5GHz мод (автоматско, под исто SSID)
- Beamforming (детекција во простор на конектирани уреди и фокусирање на WiFi сигналот накај уредот)
- наводно лесна инсталација на OpenWrt преку web интерфејсот (доколку е руски или EU модел)
- MU-MIMO
- 2 Години Гаранција
Недостатоци:
- Single core CPU @ 775MHz
- 8MB ROM size
- пријави за high CPU load од корисници (ми излезе коа гуглав да најдам каков процесор има)
- изглед/естетика
- малку поскап од другите модели
- го продава Сетек

2. Xiaomi Mi Router 4A Gigabit edition ~ околу 2200 денари во момент на пишување
Предности:
- многу добри рецензии
- Dual Core 880MHz CPU
- 16MB ROM size (подобро за флешување со OPEN WRT)
- наводно поддржува OpenWrt инсталација но малку е покомплицирана
- но пишува дека stock firmware-ot e MiWiFi ROM (Based on OpenWRT)
- естетика
- го продава Анхоч, кои ми се поверодостојни за гаранција од Сетек
Недостатоци:
- 1 година гаранција
- изгледа нема MU-MIMO туку само MIMO (OFDM) - но не се разбирам доволно за да знам дали ова може со OpenWrt да се среди и дали уопште е битно

3. Tenda AC8 ~ околу 1800 денари во момент на пишување
- океј рецензии
- има MU-MIMO (според spec sheet на официјалниот сајт)
- океј естетика
- го продава Анхоч
- 2 години гаранција
- најевтина гигабит опција
Недостатоци:
- нема OpenWrt поддршка воопшто
- има некои кориснички мислења на Амазон дека wifi сигналот не е толку стабилен ко други брендови (губење на сигнал, потреба од ресетирање и слично)

(после дополнителен research Тендата ефективно отпаѓа од избор бидејќи другите два рутире имаат многу повеќе предности)

Значи сите имаат многу предности но по некој недостаток кој другиот рутер го покрива.
Најлогичен избор би бил валјда tp-link-от но Xiaomi ги фалат многу на форумов за добри антени и сигнал (што дефинитивно би ми било предност пред MU-MIMO ако дојде до бирање на едно или друго - со оглед на тоа дека не ни знам што точно би добил со MU-MIMO и секако не е нешто што го користам во моментов така што не би ми фалело). Но сепак после дополнителни проверки најдов дека TP-Link-от има и некои интересни опции како симултано работење во 2.4 или 5GHz режим под исто SSID како и Beamforming. Ова можеби дополнително би го направило подобар сигналот наспроти Xiaomi рутерот. Но од друга страна послабиот процесор како и големиот број на пријави за high cpu load на TP-Link-от (ако изгуглате TP-Link Archer C6 CPU) ме прават скептичен за дали е можда подобро да се оди со Xiaomi-то чисто дека има многу подобар процесор.

Секако и други предлози се добредојдени во тој ценовен ранг, како и совети за подобро изведување на мрежата од оваа моментална моја замисла.

ЕДИТ: Додадени уште некои предности на TP-Link рутерот после дополнително истражување, но и два многу битни недостатоци (процесор и големина на ROM меморијата)
 
Последна промена:

toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
955
1,325
Tenda AC10U од Анхоч или Mi AIoT Router AC2350 од all4net доколку сакаш (релативно) долготрајно решение со буџет под 3к. Ќе покријат објект од 120m2 без никаков проблем аку се поставени оптимално. Аку си ко мене и често да менуваш мрежна опрема ради забава, тогаш земи поиграј си со Tenda AC6. Рутерот е ѕверка за покриеност и доставува солидни брзини, a згора на сѐ има стабилен софтвер што не се шлогира после две недели употреба.

Зависно колкав простор сакаш да покриеш и колку квалитетно, можда нема да имаш потреба од дополнителен AP.
изгледа нема MU-MIMO туку само MIMO (OFDM) - но не се разбирам доволно за да знам дали ова може со OpenWrt да се среди и дали уопште е битно
Не може да се среди, но може да се подобри распределбата на податоците низ уредите зависно каков алгоритам се користи. Тоа што не може да се среди е симултаното и испеглано распределување на брзината. Со (SU)MIMO стално ќе има уред што ќе биде приоритет над сите и ќе си резервира најмногу проток додека другите антени стојат на idle и чекаат да се заврши задачата кај што е почната. Не се приметува толку многу зошто тоа се ептем кратки интервали, ама се приметува при временски сензитивни апликации кога има повеќе корисници на мрежата.

Така што доколку имаш повеќе уреди поврзани и сакаш сите еднакво да добиваат интернет MU-MIMO ќе биде од корист, ама сѐ тоа ќе е џабе аку интернетот нема барем 30Mbps симултана конекција. Тогаш ни Ultra Super Final Form MU-MIMO не помага. :D Во твојов случај гледај земи си оптиката со 50 или 100 и батали го кабелскиот оператор. Ваљда опремата од Телеком не е до толку батал.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Проблемот е што Телеком може да немаат техничка изводливост, а кабелскиот ми потврдија дека имаат опција за оптика на таа локација.

Плус, сите уреди што можам преку SWITCH ќе ги врзам жичано, така шо WiFi ќе биде резервирано за лаптопи и мобилни уреди. Нема да е критично секако, ама треба рутерот добро да рутира во секој случај.

Сеа гледам дури и да пуштам уше некој CAT6 лан кабел до централните точки за добра распределба, дури и ако подразбира бушење во бетонска плоча и кабелот да излегува од таван хахаха.

Но ова дополнително значи дека можда PoE тавански Access Point-ови би ми биле у игра... хммм. Поскапи се но може да е долготрајно решение шо знам.

Ах стварно сум ептен збунет сеа хахаха. Ќе го погледнам рутеров од Тенда што си го линкувал.

Тенда рутеров AC10U е дефинитивно полоша опција од сите погоре. Има Single Core процесор, 64МБ DDR2 рам (Шаомито и ТП-Линкот погоре имаат 128МБ ДДР3) и се на се делува ко да е ептен послаб рутер од тие.
 
Последна промена:

Sancho Sanchez

Gaining Experience
12 октомври 2016
106
137
...
1. TP-Link Archer C6 AC1200 ~ околу 2400 денари во момент на пишување
...
Го имам арчерот веќе околу 1 месец (од Сетек) и има некои ситни маани:
  • Кога му е TxBF,MU-MIMO вклучен, после некои 24 часа портовите престануваат да работат а WIFI-то сеуште му работи. Рестартирање не е доволно, треба фабрички да се ресетира за портовите пак да му проработат.
  • После околу 2-3 недели работење ја намали брзината на download ама варијабилно 2 пати до 5 пати помалку од тоа шо беше, a upload си остана со полна брзина. Со обично рестартирање се среди.
Не ми сметаат овие ситни маани (најверојатно се софтверски и ќе се средат во некој update во иднина), а мене ми е предвиден да го користам само како access point кога ќе најдам слободно време да го инсталирам наното како рутер (имам NanoPI спремно), а овој арчерот ми се допаѓа што има ептен јак WIFI сигнал споредено со ZXV10 H201L што порано имав од one/a1.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Јас затоа гледав дека Арчерот C6 (зависно која ревизија е) има послаб процесор. Треба V3 да е за да иде со DualCore процесор и тоа би требало да овозможи доволно моќ за да не се дешаваат некои од тие проблеми валјда.

Предност е што ако имаш V2 тогаш можеш OpenWRT уште денес да си ставиш.

Затоа место C6 го свртев вниманието на C6U кој е скоро идентичен но има помалку glossy пластика, USB порт, и што е најбитно е најнова хардверска ревизија со ист процесор ко Xiaomi рутерот (2core 4thread 880Мhz), но со пoголем ROM чип дури и од C6 V3.

За жал уште нема излезено OpenWRT ром за него но би требало барем stock да е постабилен и побрз од C6.
 
Ако сакаш најмоќен рутер, еве јас што си нарачав за 1500 ден од али експрес:

friendlyelec_nanopir1s_rates.jpg

RealQvol FriendlyELEC NanoPI ... - Aliexpress

Со 512MB рам, 4-јадрен процесор и TF картичка со колку сакаш гигабајти големина можеш да си инсталираш OpenWRT (т.е. FriendlyWRT) и ќе имаш далеку помоќен рутер од било кој друг комерцијален рутер.

Е сега треба дополнително да си додадеш свичови и вифи аксес поинти во мрежата.

Нажалост неможам да ти кажам искуство, веќе цел месец ми стои во фиоката и уште не сум одвоил време да си поиграм со него и да видам што може.

Уште го користам арчерот за се живо.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,979
5,428
Мелмак
Ако сакаш најмоќен рутер, еве јас што си нарачав за 1500 ден од али експрес:

Погледнете го атачментот 96328
RealQvol FriendlyELEC NanoPI ... - Aliexpress

Со 512MB рам, 4-јадрен процесор и TF картичка со колку сакаш гигабајти големина можеш да си инсталираш OpenWRT (т.е. FriendlyWRT) и ќе имаш далеку помоќен рутер од било кој друг комерцијален рутер.

Е сега треба дополнително да си додадеш свичови и вифи аксес поинти во мрежата.

Нажалост неможам да ти кажам искуство, веќе цел месец ми стои во фиоката и уште не сум одвоил време да си поиграм со него и да видам што може.

Уште го користам арчерот за се живо.
Ова делува ТОП! Дефинитивно би го пробал, со тоа што би врзал арчер еден за аксес поинт хахаха. Glorified Access Point ептен, ама па од друга страна гледам овие аксес поинтовите шо ги продаваат за дупло повеќе од мидрејнџ домашен рутер не се нешо посебно појаки во хардвер. Едино шо имаат PoE као опција, а и тоа е дига цена повеќе од шо треба.
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,897
3,600
Аку си ко мене и често да менуваш мрежна опрема ради забава, тогаш земи поиграј си со Tenda AC6. Рутерот е ѕверка за покриеност и доставува солидни брзини, a згора на сѐ има стабилен софтвер што не се шлогира после две недели употреба.
Малку контрадикторно ми е ова, велиш ако често менуваш опрема, а потоа велиш дека е стабилен и добар? Баш ми требаше некое вакво најстабилно решение, за set-it-and-forget-it ситуација. Само ми мати ова што рече ако менуваш, зошто би го менувал?

Јас со Тенда немам некое искуство, ама гледам почнале да ги фалат луѓе. Овој AC6 ми делува баш добро за цената.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,979
5,428
Мелмак
Малку контрадикторно ми е ова, велиш ако често менуваш опрема, а потоа велиш дека е стабилен и добар? Баш ми требаше некое вакво најстабилно решение, за set-it-and-forget-it ситуација. Само ми мати ова што рече ако менуваш, зошто би го менувал?

Јас со Тенда немам некое искуство, ама гледам почнале да ги фалат луѓе. Овој AC6 ми делува баш добро за цената.
AC8 го има истиот хардвер само во друго паковање ако добро паметам (пошо се изначитав спецификации и ми се испоматија) а е поевтин. Меѓу тендите јас би го земал тој.

TP-Link C6 е подобар (погоре имам напишано детално зошто и како).
 
dekomote

Practice makes perfect
11 ноември 2014
905
1,958
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 3700x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16 @ 3600 CL18
Video card
Gigabyte RTX 3070 Gaming OC
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Deathadder Elite
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows + Tofu65 w/ Kailh Box White
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell U2719D
OS
KDE Neon
Xiaomi користат Ralink радио, C6 користи Atheros. Atheros е секогаш подобро IMO. Драјверите за ath за openwrt се посалам.
Xiaomi е супер на папир и по ревјуа, ама софтверот многу им смрди на spyware. Не се баш пријателски кон third party софтвер ко openwrt, тешко се инсталира.

Јас го имав Mi Router 3 пар недели и го сменав со C7 арчер.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,979
5,428
Мелмак
Xiaomi користат Ralink радио, C6 користи Atheros. Atheros е секогаш подобро IMO. Драјверите за ath за openwrt се посалам.
Xiaomi е супер на папир и по ревјуа, ама софтверот многу им смрди на spyware. Не се баш пријателски кон third party софтвер ко openwrt, тешко се инсталира.

Јас го имав Mi Router 3 пар недели и го сменав со C7 арчер.
И како е C7? Дали тоа шо има single core процесор се осеќа као проблем (high cpu load) некад?
 
dekomote

Practice makes perfect
11 ноември 2014
905
1,958
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 3700x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16 @ 3600 CL18
Video card
Gigabyte RTX 3070 Gaming OC
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Deathadder Elite
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows + Tofu65 w/ Kailh Box White
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell U2719D
OS
KDE Neon
Освен тоа што знае да сака рестарт еднаш на 2-4 недели, рутерот е звере. Имам 2 смарт телевизори, свич, PC, 2 лаптопи, 10+ рандом смарт уреди (сијалици, ваги, прочистувачи, саати, апарати, киндлови, миндлови), 4 телефони, 2 тв стикови, аудио рисивер врзани на вифи, синолоџи врзан на жичана мрежа, мал куп блутут уреди што прават проблем на 2.4 обчино, нема никаква мака. До сега сум немал проблем ни со download, ни со стриминг (4К) дури и гејм стриминг нема проблем.

А рестарт сите си бараат од време на време. Шаомито го рестартирав дневно. C6 го земав за моите за 3 спрата куќа, кубуреа доолго време со покриеност, C6-ката покри топ, xiaomi 3ката едвај еден спрат покри.
Ако мене ме прашуваш, би идел со tp-link овер шаоми. Ама, за power user како тебе, би земал една-две класи повисоко.

Зирни го и овој - знам 1000 денари е поскап Mi Router AX1800 – Mi Store

За ривјуа, барај на smallnetbuilder.com. Брзината на процесорот и големината на РОМот не се секогаш пресудни фактори.

TP-Link Archer C7 AC1750 Dual Band Wireless Gigabit Router Ц7 ти е на попуст, 3400, за овие пари не наоѓаш подобар рутер искрено.
 
Последна промена:

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,038
12,444
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX1080
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS

toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
955
1,325
Малку контрадикторно ми е ова, велиш ако често менуваш опрема, а потоа велиш дека е стабилен и добар? Баш ми требаше некое вакво најстабилно решение, за set-it-and-forget-it ситуација. Само ми мати ова што рече ако менуваш, зошто би го менувал?

Јас со Тенда немам некое искуство, ама гледам почнале да ги фалат луѓе. Овој AC6 ми делува баш добро за цената.
„Аку си ко мене и често да менуваш мрежна опрема ради забава, тогаш земи поиграј си со Tenda AC6.“

Чисто од ентузијазам зошто можев да ги користам на повеќе локации, ништо поврзано со проблеми од уредите. Сакам да ги тестирам да видам колку може максимум да се извади од парче хардвер за „икс“ цена. Каков софтвер нудат, каков перформанс имаат на основни подесувања, колку може софтверски да се подобри итн. Да видам колку е максимумот во поглед на оптеретеност со повеќе корисници, синџир на Access Point-и итн. Ете, интересно ми е да се занимавам ко ќе имам повеќе време. :)

Има одредени рутери што заглавувааат, но нудат опција за периодично ресетирање. Конкретно сум имал проблеми со (постари) модели на TP-LINK, ама пак тие имаат безброј опции за алтернативен софтвер. ASUS 52U беше многу лош. Рутери од 700 денари беа подобри од него, а тој беше мислам околу 3.5к.

Патем, истиот рутер (Tenda AC6) е моментално кај братучед ми во куќа од ~130m2 и јас добивам сигнал на ~20 метри од него. Еве полни две години без никаков проблем или потреба за ресет. Централно е поставен во куќата и има еднаква покриеност наоколу. Не можеш да згрешиш за тие пари е одличен.
 
toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
955
1,325
Xiaomi користат Ralink радио, C6 користи Atheros. Atheros е секогаш подобро IMO. Драјверите за ath за openwrt се посалам.
Xiaomi е супер на папир и по ревјуа, ама софтверот многу им смрди на spyware. Не се баш пријателски кон third party софтвер ко openwrt, тешко се инсталира.

Јас го имав Mi Router 3 пар недели и го сменав со C7 арчер.
Јас имам Xiaomi Router 3G и пошо немаше англиски интерфејс мораше да ставам нешто алтернативно. Stock firmware-от беше прилично баговит на почеток и има еден од најглупите интерфејса.

Моментално има OpenWRT 19.07.5 на него без проблеми, пред некој ден излезе 19.07.6. Пред тоа го пробав со Padavan, но подобро работи со OpenWRT, иако Padavan беше полесен за инсталација. @toshex Аку сакаш да ти го пратам по карго на позајмица дур не купиш нешто друго?
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
3,897
3,600
Патем, истиот рутер (Tenda AC6) е моментално кај братучед ми во куќа од ~130m2 и јас добивам сигнал на ~20 метри од него. Еве полни две години без никаков проблем или потреба за ресет. Централно е поставен во куќата и има еднаква покриеност наоколу. Не можеш да згрешиш за тие пари е одличен.
Ова е муабетот. 2 години без ресетирање е реткост во денешно време. 1800 денари е во Анхоч.

Искрено TPLink 841 ми е најпроверена опција, со супер цена Anhoch PC Market Online - TP-Link Wireless N Router 300Mbps WR841N
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,979
5,428
Мелмак
Јас имам Xiaomi Router 3G и пошо немаше англиски интерфејс мораше да ставам нешто алтернативно. Stock firmware-от беше прилично баговит на почеток и има еден од најглупите интерфејса.

Моментално има OpenWRT 19.07.5 на него без проблеми, пред некој ден излезе 19.07.6. Пред тоа го пробав со Padavan, но подобро работи со OpenWRT, иако Padavan беше полесен за инсталација. @toshex Аку сакаш да ти го пратам по карго на позајмица дур не купиш нешто друго?
Не бе брат уживај ја ова си го спремам полека, таман за да не дојдам до момент да ми треба мрежа а да немам компоненти.

Но сакам да ја изведам бар малку ко шо треба. Да знаете колку лан кабли пуштив значи би требало (теоретски) да имам одлична гигабитна мрежа до секое ќоше, па според тоа и да ми биде во секундарен план безжичната мрежа и плус да преку жичаната изведам рутери во аксес поинт мод на стратешки централни локации - АМА ќе видиме прво да исповрзам се хахаха.

Битно ми е да купам океј уреди - а секако ќе се поокеј од ова шо сеа го имам дома - а тоа е Хуавеј рутер од телеком кој нема ни од далеку добри безжични можности.
 
toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
955
1,325
Ова е муабетот. 2 години без ресетирање е реткост во денешно време. 1800 денари е во Анхоч.

Искрено TPLink 841 ми е најпроверена опција, со супер цена Anhoch PC Market Online - TP-Link Wireless N Router 300Mbps WR841N
Точно дека е реткост, но под ресетирање мислам рачно да го правиш/форсираш тоа кога рутерот би заглавил. Тоа не се случило. Како што беше проблемот со ASUS 52U. Нормално дека се случува да снема струја неколку пати во годината, не дека две години не е исклучен/ресетиран. :D

За него ти гарантирам нема да имаш проблеми, а аку имаш јас ќе ти го платам. Се користи за оптички интернет 30/30Mbps со DHCP протокол.

EDIT: Тој модел на TP-Link е класика, го користев пред многу години со DD WRT потоа го продадов тука. Ама мислам дека мораше му се стават поставки за автоматски ресет еднаш неделно. Него или тој моделот со една антена што беше не се сеќавам точно.
 
Mao

Practice makes perfect
5 јуни 2007
1,244
1,032
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Ако може да се уфрлам во темава, добар рутер за 300/300 мбпс интернет?

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 
  • Ја почнал/а темата
  • #20

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,979
5,428
Мелмак
Ако може да се уфрлам во темава, добар рутер за 300/300 мбпс интернет?

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Од тоа шо читав 300Mbps е као теоретски лимит на 2.4GHz мрежа кај повеќето рутери, макс би идело 500 кај поскапи модели (AC1900) а во пракса сигурно ќе си нешто испод 300 дури и со тие. На 5 гигахерци имаш до кај 800-900 или 1200 кај AC1900 модели.

Се што има значи AC1900 во името и секако гигабит (тие секако се гигабит) лан и WAN порти да има за поврзување со модемот.

Имаш и некои интересни WiFi 6 модели за future proofing ама не можам да ти посочам конкретен модел пошо ништо од ова неам користено само теорија зборам. Ете TP-Link глобално ги фалат, али валјда гејминг рутер некој би било добра опција пошо тие се обично нели за брзина.
 
dekomote

Practice makes perfect
11 ноември 2014
905
1,958
Скопје
dekomote's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 3700x + be quiet! Pure Loop 280
Motherboard
MSI B450 Tomahawk Max
Storage
Samsung NVME 970 Evo Plus 500, Synology DS 411+II
PSU
EVGA Supernova G3 650W
RAM
2x8GB HyperX Fury RGB 3200 CL16 @ 3600 CL18
Video card
Gigabyte RTX 3070 Gaming OC
Case
be quiet! Silent Base 802
Mouse
Razer Deathadder Elite
Keyboard
Tada68 w/ Noble Yellows + Tofu65 w/ Kailh Box White
Audio
Presonus Eris 3.5, Sennheiser HD 205, JBL Tune600 BTC
Monitor
Dell U2719D
OS
KDE Neon
Солиден AC1600 или AC1750 ќе ти полни и повеќе од 300мбпс.
Направив краток тест:

Screenshot_20210121_163146.png

Серверот се наоѓа на синолоџи што е врзано за гигабитниот лан на мојот рутер. Клиентот е мојот PC, врзан за 5GHz мрежата, со Intel AC 9260 картица. Рутерот е во ходник, високо, компјутерот е во друга соба на под во ќош.
Како што можеш да забележиш, нема проблем со пола гигабит во секунда проток.
Паралелно, види погоре какви клиенти се врзани на рутерот, а син ми е на зум закачен во истиот момент, телевизорот врти нетфликс. Има луфта.

Има уште една метрика кај рутерите - Wan-to-Lan ratio. Ова е пониско кај поефтини рутери и не би можеле да опслужат 300mbps поради тој лимит.
 
toplel

Practice makes perfect
18 август 2016
955
1,325
Ако може да се уфрлам во темава, добар рутер за 300/300 мбпс интернет?

Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
Под 3к солиден избор е Xiaomi MI AC2350. Доаѓа со Global firmware. Аку сакаш нешто поскапо тогаш ASUS AX55, ама сметам дека ќе ти е overkill.
 
PeGi998

Gaining Experience
3 октомври 2018
86
131
Потребна ми е мала помош околу избор на ефтин рутер од околу 1000 денари. После префрлање на рутерот во друга соба што е на крај на куќа доста слаб е сигналот во дневна. Дали би помогнало да земам Тенда Ф3 за 1000 денари, да го наместам како репетирот за да ја задржам истата вифи мрежа, а да покријам поголем простор. Не ми треба нешто посебно и сакам да поминам поефтино, главниот рутер од А1 е кај мене кај пцто па таму немам никаков проблем ама во дневна на отприлика 10 тина метра не можам ни клип да пуштам без намалување на квалитет.

Испратено од MI 9 преку IT.mk форум апликација
 
Пробај со Langberg RO-030FE. Рутерчето е класа подобро од сите до 1000 денари. Има многу среден интерфејс и стабилен софтвер. Доколку не ти ги исполнува барањата ќе бараме друго чаре. По закон, можеш да го вратиш уредно спакуван без оштетување во рок од 15 дена со фискална сметка.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,054
Мислења
837,672
Членови
28,980
Најнов член
Silencio
На врв Дно