1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на слушалки најдобра куповина

Дискусија во форумот 'Слушалки, звучници и аудио продукти' започната од Fatal1ty_, 5 Јуни 2020.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,899
    26,229
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Изгледав еден куп теми на форумов за слушалки, излистав еден куп продавници за аудио опрема и единствено нешто што ми западна за око од она што го барам се Focal CIRCUM-AURAL PREMIUM WIRELESS HEADPHONES кои ги има во аудиокултура, а она што го барам се слушалки кои ќе ми служат за во движење (никако оние што се пикаат у уво) и да се безгајтан и да се најдат на лагер кај нас.

    Плафон цена која би ја одвоил за вакво задоволство е 15.650 (колку што чинат погоре споменатите) ни денар повеќе.

    Прашањето е дали нешто ми промакнала помеѓу прдавнициве што би било подобар од focal-от, а да е во тој ценовен ранк.

    Ако добијам повеќе предлози, од понеделник ќе ги свртам сите продавници да ги ставам на уши и да видам што ќе биде изборот.

    Тенк ју
     
  2. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,386
    2,232
    13 Јануари 2014
    Машко
    Според описов, и од кратко гуглање ќе претпоставам дека мислиш на Focal Listen Wireless. Поправи ме ако грешам. Иако не сум ги слушнал (а се имам изначитано убави муабети за Focal како бренд), некако ми е висока ценава за она што го нудат, не се нешто feature rich од сајтов. Освен ако нема некој од поискусниве да кажат збор два за Focal-от, јас би ти ги препорачал и Sennheiser HD4.50, што ќе ти заштедат и некој денар. Би требало да ги имаш во Амски.
     
    MadBuldog, TheMarshal, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,899
    26,229
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па брат така им се пишани на сајтот. Тие се иначе истите.
    Focal – Audiokultura.mk
    Последен ред први
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    ATH-M50xBT Wireless Over-Ear Headphones

    Чисто како предлог, мене не ми лежи мн нивниот звук, ама е добра слушалка плус мн добар батери лајф. Колега ги имаше и комотно еднаш неделно ги полнеше на работа.

    Sennheiser MOMENTUM wireless Headphones with integrated microphone

    Овие се мн кул, ѕирни ги (или зирни ги). Има и нова серија 3ка, али аут оф баџет се и незнам дали вреди 100 евра плус.

    А јас ги имам овие, Sennheiser HD 450BT - - Step up to great wireless sound with the new HD 450BT from audio specialist Sennheiser. средна накај ниска класа се, солиден батери лајф, пластика али добра пластика не е ефтина и се некојси разумен компромис.

    Имам и Зинхајзер Урбанајт ХЛ, одлични, премиум филинг, топ звук ама слабо батерија и претежно ми се во фиока ради тоа :(

    Голем си, ти си знаеш што понатака.
     
    MadBuldog, TheMarshal, fuzzjaw и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,386
    2,232
    13 Јануари 2014
    Машко
    Над сликата баш пишува Listen :) Ама да, тие се во прашање. Пак ќе речам, не ми изгледаат ко да нудат нешто посебно, а цената е далеку од ниска. За 3 илјади плус има 1000XM3 од Галерија, што е гарантирано супер слушалка, ама кажа и сам дека не си за поскапа опција. Јас пак ќе ги препорачам Sennheiser-от од погоре, а и Oktar ти даде убави предлози.
     
    Necromancer, Fatal1ty_ и на Oktar им се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ја би се надобрзал само дека исто така ме сум убеден дека цената е оправдана на фокалот. И јас сум читал убави работи, али сепак ова им е најефтината слушалка и таа е прескапа. Моите предлози се поубави.

    П.С. во неколку наврати сум бил на работ да испазарам B&O слушалки, да врлам пари, ми се свиѓа дизајнот, алу кога ке ги ставам на уши и ке ги пробам, се предомислувам. Дури и сум начекал со огромен попуст, од продавница затоа што имаа грепка некоја, со која патрм можев да живеам знаејки дека ке платам 200 евра помалце и пак не ги земав
     
    gokica, MadBuldog, fuzzjaw и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,899
    26,229
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Може најубаво да ставам во букмарк се ова што ми посочивте и да идам од понеделник некој ден да ги чујам на лице место, не сум веќе нешто многу забеган по квалтетен звук, али сепак сакам да уживам додека ги слушам омилените нумери од уште по омилените изведувачи :)
     
    На igor_xxxx му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Не ги шкратирај и моделите на Sony. Прилично добри слушаки имаат во тој ценовен ранг, посебно за намената на тебе која ти е потребна.

    Јас прошлиот Петок ги купив овие и ги користам исклучиво за пешачење и commuting.
    WHCH700NL - Galerija

    Нема да ти праќам графици и да користам многу жаргон. Како слушалка ми се допаѓа затоа што го нема тој "muddy" (elevated sub-bass) звук што е препознатлив за Sony. Премногу се комфортни, батеријата им држи доста и звукот е одличен за мене (немаат bass boost). Noise Cancel-от им е mediocre, успева да придуши звук како од клима, case fans и тука престанува.

    Единствена мана е што немаат USB-C и пунењето е долго...

    To sum it up: Мислам дека е најдобра слушалка за под 100 евра што може да се најде локално.

    Како алтернативни опции разгедај ги и овие:
    WHCH710NW - Galerija
    WHH910NG - Galerija

    Не можам многу да зборувам за нив, бидејќи ги немам слушнато и немам видено графици. WHJH 910 би требало да е добра слушалка, бидејќи го користи истиот NC како на WH1000XM3. За репродукција на звук и останато не би коментирал, затоа што рецензиите од What Hi-Fi и слични портали не ми се баш релевантни на мене.

    WHCH-710 се уствари нов модел од WHCH-700 и имаат USB-C и уште нешто екстра.

    Голем проблем е што во Галерија нема да ти дозволат да ги тестираш слушалките, таква им е политиката. Но, добро е што за повеќето слушалки од кај нив имаш графици и прилично може да добиеш некаква претстава како звучат. Во Анхоч може да ти дозволат да ги чуеш though.

    Focal-от како што гледам се bass canons и ако ти се допаѓа тој звук би требало да се добра опција.

    Уствари, ја лично секад би идел на Sony ако се работи за слушалка што ќе се користи за во движење, поради 3 причини:
    1) Скоро секад имаат добра батерија.
    2) Имаат најдобар noise-cancel од сите фирми.
    3) Лесно се достапни по локалниве дилери.

    А ако сакаш квалитента слушалка што е way-over-budget:
    Drop + THX Panda Wireless Headphone Story | Drop (formerly Massdrop)
    --- Споени мислења, 5 Јуни 2020 ---
    Ми текна и на уште едни слушалки:
    K371-BT | Over-ear, closed-back, foldable studio headphones with Bluetooth

    Овие би требало да се доста добри. Но за жал ги немаш локано. Али ова е неутрална слушалка, не знам колку ќе ти се допаѓа тоа.
     
    MadBuldog, Oktar и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Абе не е само квалитетен звук во прашање, и квалитетна изработка, како лежат, удобност, употребливост, трајност...

    А за овие нумери, си вреди да побараш нешто поквалитетно.

     
    psyside, fikus, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Најдобри слушалки и звучници се тие што ти го прават кеифот најмногу. :)

    Ова ме потсети. AKG-то мислам дека имаат QC проблеми.
     
    На MadBuldog и Oktar им се допаѓа ова.
  11. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    812
    714
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    450BT и Momentum не се споредуваат, али цената си го прави своето. Амски е фер со цени, ги дава како европските. Прво пробај ги ако ти дозволи па одбери што највеќе ти се допаѓа.
     
    На MadBuldog му/ѝ се допаѓа ова.
  12. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Не баш, Амски дава цени како од сајтот на Senn. Но, најчесто се многу повисиоки од "Европската цена" што е на Thomann или во Бугарија или во Солун. Ама има и коректни цени за одредни модели. :cool:
     
  13. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    812
    714
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Зависи што гледаш како европска цена. Човекот е трговец и прави пари на нашите хирови. Секад има алтернатива дали Thomann дали Amazon ... Ebay.
     
  14. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Затоа кај 450бт пишав дека се разумен компромис.
    Патем, убаво пиша @TheMarshal, најдобри се тие што ти прават мерак и само би додал, се додека не се битс бај дре. Ако се битс бај дре, you are dead to me.
     
    Последна промена: 5 Јуни 2020
    Скоти, MadBuldog, TheMarshal и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. Вангел Ајановски

    Вангел Ајановски
    Intern

    24
    49
    16 Март 2013
    Машко
    Универзитетски професор
    Не би дал свое мислење, немам конкретно искуство. Тоа што имам се едни поголеми пристојни слушалки стари 25 години и едни помали стари 7 години. И едните и другите се поефтини од спомнатите, но се покажаа издржливи и со доволно добар звук да не ми треба промена.

    Но, повремено следам, и овие ги имам забележано: AKG YBT50 (ако сеуште ги има во Аудио Центар Болин)

    Поефтини се од гореспомнатите и имаат повисока оценка во рецензииве:
    AKG Y50BT review | What Hi-Fi?
    Focal Listen review | What Hi-Fi?
     
    На MadBuldog му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Рецензија на What Hi-Fi е крајно нерелеватна и необјективна. Нивното субјеткивно мислење го преставуваат како објективно.
     
    Sharlovski, Zippo и на Oktar им се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    "Не давам мислење" со притискање на копчето "Испрати мислење" :)
    Кога веке даде мислење, мене ме интересира кои се слушалките што ги имаш, тие 15 и 7 години. Чисто информативно.
     
    На fuzzjaw и TheMarshal им се допаѓа ова.
  18. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Имам читано и чуено од луѓе дека имаат функционални Beyerdynamic DT770 што им се купени пред 20-тина години.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Unstoppable

    1,386
    2,232
    13 Јануари 2014
    Машко
    Сум имал (не)прилика да ги пробам Y50BT. Не само што се on-ear модел кој нуди ужасна изолација, туку и квалитетот на изработка и искористената пластика е на ниво на слушалки од 1500 до 2000 денари. Звукот е meh, дури и да имаат добри драјвери не доаѓаат до израз поради on-ear дизајнот.
     
    На TheMarshal и Oktar им се допаѓа ова.
  20. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    И графикот го кажува тоа. :p Знам дека Октар не ги сака графиците.

    unnamed.png
     
    MadBuldog, Oktar и на fuzzjaw им се допаѓа ова.
  21. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    График-Шмафик, небитно ако ти прави ќеф и не е битс бај дре. Имам пробано ваков модел од акг, и воопшто не ми ми фатија око (т.е. уво) од било кој аспект. Килави беа, неудобни, никаква изолација...
     
    На fuzzjaw и TheMarshal им се допаѓа ова.
  22. TheMarshal

    TheMarshal
    Practice makes perfect

    752
    1,205
    3 Јануари 2019
    Машко
    Се корегирам, мислев на elevated mid-bass.
     
  23. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,764
    11,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ги има ли некој пробано овие?
    Sennheiser Sennheiser HE 1
    Или дајте барем на график да ги чуеме како звучат, верувам дека цената одма ке ми стане логична штом го видам графикот :)
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  24. MadBuldog

    MadBuldog
    Gaining Experience

    50
    120
    22 Јуни 2008
    Машко
    Според она што го има како рецензии за Focal Listen Wireless, нешто не ги исполнуват очекувањата за цената по која се нудат. На пример: Focal Listen Wireless review | What Hi-Fi?
    Од друга страна овие само што се пуштени во продажба SONY WHH910NB https://www.galerija.com.mk/kupi/whh910nb/ само што ги добија во Галерија (буквално пред 2-3 дена гледав на нивниот сајт и ги немаше) и според цената се во твојот ценовен ранг 14,990.00 ДЕН. Според спецификациите што ги гледав на сајтот на SONY Sony WH-H910N h.ear on 3 Wireless Noise Cancelling Headphones може да се рече дека се малку послаба верзија на SONY WH1000XM3 (моментално 18,490.00 ДЕН. во галерија), буквално ги содржат „скоро“ сите функционалности на поскапите WH1000XM3. Од она што можев да го видам како разлика WH1000XM3 има 40 мм, PERSONAL NC OPTIMIZER и ATMOSPHERIC PRESSURE OPTIMIZING, додека WHH910NB имат 25 мм дијафрагми и ги немаат овие оптимизирачки опции, другото се што има во поскапите го имаш во 910-те. (Bluetoth LDAC, DSEE HX, NFC, 35 часа активно слушање музика)
    Ако можеш во понеделник да поминеш во Галерија, спореди ги трите модели, WH1000XM3, WHH910NB и WHCH710NB (8,990.00 ДЕН.), а и Bose Quiet comfort 35 II не е на одмет да ги пробаш како споредба со WH1000XM3.
    Според мене WHH910N најверојатно ќе бидат следните Best Buy Active noise cancellation, а за дотерување на звукот можеш одма да си го симнеш следново програмче за на мобилниот Wavelet https://play.google.com/store/apps/details?id=carbonflux.org.wavelet&hl=en_US , можеш да си го испеглаш звукот како што ти милува душата, дури и бесплатната верзија е сосема функционална нема потреба да ги докупуваш останатите опции, јас така си ја користам. Еве и неколку рецензии за Wavelet Make your headphones sound much better on Android with Wavelet, Wavelet Makes Your Headphones Sound Even Better Than Before
    Искрено речено сега како се загледав во WHH910NB и на мене ми се зима еден пар (а не дека имам потреба за уште слушалки).
     
    На Alek7, Necromancer, Oktar и уште 3 други им се допаѓа ова.
  25. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,899
    26,229
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ептен информации дечкии повеќе од што очекував.
    останува да се повозам низ скопје и да си пробувам.
     
    Oktar, TheMarshal и на fuzzjaw им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. shifty
    Одговори:
    17
    Прегледи:
    1,450
  2. zmija
    Одговори:
    17
    Прегледи:
    1,526
  3. Borsa
    Одговори:
    62
    Прегледи:
    6,451
  4. Divinemkd
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,091
  5. Avid
    Одговори:
    45
    Прегледи:
    3,882
Вчитување...

Сподели

Вчитување...