1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Избор на програмски јазик за почетници [Корисни факти]

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Fatal1ty_, 23 Јануари 2017.

  1. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    161
    293
    1 ноември 2015
    Машко
    Во наше време е C, сериозно не знам зошто не е повеќе препорачуван како прв јазик за учење, бидејќи е структурно ориентиран, краток, едноставен и најважно сеуште актуелен. Откако ќе ги научиш неговите основи останатите јазици природно и многу појасно ќе ги научиш.

    Не иде да си software девелопер без разлика дали си ориентиран на desktop или mobile, без да знаеш мануелен менаџмент на меморија. Научете поинтери да му се невиди, не се до толку комплицирани, со garbage collection само си се лимитирате од знаење.

    Hello world е заебанција за пишување во било кој јазик, еве како е со примери овде. Не е обемен колку што е комплициран и тежок за разбирање и е различен за секоја архитектура. Заради тие причини C го измислиле. :)

    Хм, прво треба да кажеш на што сакаш да се фокусираш, дали ќе го учиш чисто од хоби или за да бидеш професионалец и да заработуваш еден ден од програмирање. После дали ќе се ориентираш на software или web development.

    Кај software development знаеш има desktop и mobile варијанта, дури и да сакаш апликации за мобилен да правиш, моја препорака ти е прво да си почнеш со учење на desktop програмирање, многу полесно и поразбирливо ќе се префрлиш на mobile development. Учи го C за почеток, ако сакаш ќе ти пуштам две добри книги за учење.

    Web development ти е моментално многу во мода бидејќи веднаш можеш резултатите да си ги видиш од сработеното и останатите (лаиците) многу повеќе ќе ти го ценат трудот, особено кај front-end делот.

    Препорака за од кај да почнеш имаш тука на темава многу убаво објаснето. И се разбира back-end development не можеш да почнеш да работиш без да знаеш солиден дел од front-end делот.

    Тука кај нас повеќе работа и подобра можност за заработувачка имаш со web development по мое мислење. Како и да е, што и да одлучиш нема да згрешиш.

    Поздрав.
     
    Последна промена: 24 Јануари 2017
    omegaRED, ekonomist, StalkeR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. AndrejFerdzo

    AndrejFerdzo
    Gaining Experience

    836
    281
    18 ноември 2013
    Машко
    https://os.js.org/ :oh::D:p

    jk
     
    bokiscout, Ulrezaj и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    1,077
    440
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Значи Ruby it is.... таму се парите.

    Дај да гласаме, и пуштете линк со туторијал баш за почетник што не знае што е Integer.

    Испратено од BV5000 преку IT.mk форум апликација
     
    Последна промена: 26 Јануари 2017
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Баниран/a

    3,492
    2,518
    14 Мај 2008
    Машко
    Почни прво со фронтенд HTML + CSS + Javascript, ако те завлече Javascript продолжи со бекенд NodeJS, ако не, тогаш фати си Ruby чим си му се намерачил на тој.

    Најди ги на торент книгиве:
    - HTML and CSS - Design and build websites од Jon Duckett
    - Javascript and Jquery од истиот автор. 2011+ година се книгиве, немој некоја постара едиција да симнеш....
     
    На moongose и mviktors им се допаѓа ова.
  5. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    576
    220
    28 ноември 2015
    Машко
    Гледам доста луѓе го препорачуваат Јаваскрипт као јазик за почетници.

    - Јас би тргнал со Јава ради тоа што синтаксата на јава е погодна за покривање на сите ООП концепти, а сепак не ти дозволува преведувачот да правиш почетнички грешки. Притоа постојат уредници како Еклипс и Нетбинс кои што имаат ЏИТ(JIT - Just in Time Compiler) преведувач и ти наоѓаат грешки дур куцаш код.

    - Ц++ е исто така моќен јазик, но за разлика од Јава, дозволени се многу други концепти кои што само ќе ти направат кашканица во главата и ќе ти биде тешко да ги совладаш основните ООП идеи.
    Голема моќ бара голема одговорност, па затоа Ц++ ти е погоден за правење грешки кои тешко ќе ги најдеш и затоа не го препорачувам за почетници.
    (Можеш роботи да програмираш со Ц++)

    - Јаваскрипт користи прототипно наследување, односно не постојат класи и класно наследување како во Јава и Ц++. Иако е многу поудобен за користење од Јава и Ц++, сепак те лишува од изучување на концептите како класи, класно наследување, притоа треба да учиш затварање(closure), и други фори што си ги има.
    Ова зборам за EcmaScript 5. Шеската не сум ја работел, ама знам дека вовеле класи и дека тоа е само козметика. Колку е ова точно не сум сигурен.

    - Фрката на динамичките јазици како Јаваскрипт и ПХП е што типот се одредува во време на извршување и притоа не ќе можеш да правиш тестови за типови на објекти. За разлика, Јава и Ц++ се строго типни и можеш и ова.

    - Исто така сум читал дека софтверот напишан со динамичките јазици е тежок за одржавање и се непогодни за сложени апликации на пример како ERP (Enterprize Resource Planning). Тука можда Јава и Ц Шарп повеќе некако, или некој изведен јазик од Ц++ како X++ во МС Динамикс.

    - Јазици како Питон и Руби не сум користел, и не можам да дадам мислење. За технологии на Микрософт само знам дека 90% од алатките се плаќаат. Не знам колку и ова е точно.

    - Мојот заклучок е да тргнеш со Јава. Се извршува сегде, има долга историја, алатките се беспари. Зрел јазик е, во скоро време додадоа работи што ги има во Јаваскрипт, а ги немаше пред тоа.
     
    Последна промена: 7 Февруари 2017
    На simplicitas_ и Psycore им се допаѓа ова.
  6. Simeon Aleksov

    Simeon Aleksov
    Intern

    23
    20
    14 Декември 2015
    Машко
    Ако немаш идеа за проект само сакаш да научиш, нема најдобар јазик за да почнеш да учеш, ти си избираш кој. Најдобро е од сите да знаеш по нешто. И кога ти е удобно со еден јазик, премини на друг.
    Ако веќе имаш идеа за проект, тогај,
    Swift - Апликации за Iphone
    Java - Апликации за Android
    JavaScript, CSS, HTML5 - Веб страни
    C# - Windows апликации
    JavaScript, C#, C++ - 2D/ 3D игри
    C - Микроконтролери, ардуино, роботи..
    Python, Julia, R, Matlab - математички пресметки, дата анализи, машинско учење(machine learning?)
    Python, Ruby, Bash, Powershell .. - автоматизација и скрипти

    Saying that Java is good because it works on all platforms is like saying anal sex is good because it works on all genders
     
    Последна промена: 7 Февруари 2017
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    576
    220
    28 ноември 2015
    Машко
    Па реков Јава е добар за учење, не реков дека е добар за се ради тоа што се извршувал сегде ...
    Дај малце со ова изразиве не претеруј...

    Башка моеш да учиш на Виндоус на Линукс или Мекинтош.
     
  8. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,239
    1,285
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    Основи на HTML направена од мене уште во 2ра година средно :D баш за почетници од А до Ш :)
    за чудо уште сум ја чувал во пц :D
    Untitled.png
     

    Прикачени датотеки:

    Lokvan, Professor, Avid и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Cvetko

    Cvetko
    Intern

    12
    2
    3 Септември 2009
    Учење програмирање се почнува со молив и хартија... ни со питон ни со јава ни со ц++ ...
     
  10. null_ptr

    null_ptr
    On your way to fame

    562
    526
    20 ноември 2013
    Машко
    хартија за псеудо код е корисна, инаку најдобро се учи преку вежбање директно во иде

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Cvetko

    Cvetko
    Intern

    12
    2
    3 Септември 2009
    Ако прво научиш концепт на програмирање со псеудокод ... другото е лесно...
     
  12. Simeon Aleksov

    Simeon Aleksov
    Intern

    23
    20
    14 Декември 2015
    Машко
    Псевдокод се користи за учење? Не. Псевдокод се користи за полесно разбирање на алгоритам или било каков проблем. Каков е тој концепт на програмирање?
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cvetko

    Cvetko
    Intern

    12
    2
    3 Септември 2009
    Објективно... императивно.. итн итн...
     

Сподели

Вчитување...