Рецензија Избор на програмски јазик за почетници [Корисни факти]

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Fatal1ty_, 23 Јануари 2017.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,766
    18,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Се почесто се сретнувам со прашањето „Сакам да почнам да учам програмирање, од каде да почнам?“.
    Прашање на кое никој не може да ви помогне освен да ве усмери, одлуката ја ностите вие самите.
    За таа цел го спремив и овој кратко текст со факти за 10 најпопуларни програмси јазици кои на некој начин ќе ве усмери и помогне во изборот од каде да почнете.

    На прашањето од каде да почнам за да изучам некој програмски јазик?
    се поставува прашањето што точно сакаш да правиш?

    Најлесен за изучување: Python
    Најмоќен: C++
    По мое видување најмногу ќе се корисити и во наредните 10 години: Java

    Утврдете ја вашата конечна цел:

    Креирање и оформување на статични страници: HTML + CSS
    Создавање на интернактивна веб-страна: JavaScript
    Работа со информации и бази: PHP, Python, Ryby
    Развивање на мобилни апликации: Objective C (iOS), Java, C++ (Android)

    Мојата препорака за да започнете со изучување на некој програмски јазик тоа е HTML + CSS во комобинација со PHP + SQL.

    Зошто PHP + SQL?

    Затоа што се бесплатни (не ви е потербно купување на екстра софтвер). При учењето користете го најпопуларниот CMS во светот (Wordpress): Тој нека ви служи како платформа за тренинг на изученото.

    Кои јазик и да го одберете да го учите ви ветува добра кариера и сите се добро платени.

    Накратко за 10-те програмски јазици кои ги избрав да ги препорачам како добар избор за почетници.

    PHP - Едноставен, моќен, некриптиран серверски јазик. командите се читаат од сервер, а резултат може да се прикаже во HTML.

    Креиран во 1994г. од Rasmus Lerdorf
    Прв пат претставен во јавност во 1995г.
    Во 1996г. е претставена 2.0 верзијата.
    Веќе во следните две години 1997-1998г е излазена и 3.0 верзијата.
    1999-2000 година е излезена и 4.0.
    Неколку години подоцна во Јули 2004 и 5.0 која најдолго трае се до ден денес и покрај тоа што веќе е излезена и 7.0 и 7.1 верзијата.

    Фајловите користат .php екстензија.

    Поддржува:

    [​IMG]

    Можности:

    • Создавање динамички страни
    • Работа со фајловите дирекно на сервер
    • Работа со форми
    • Испраќање и примање на фајлови
    • Менување на податови во датабаза
    • Ограничување на дејствија на корисници на страната
    • Шифрирање на податоци
    • Стартување на различни платформи (Windows,Mac OS X, Linux, Unix, и.т.н)
    • Работи на сите сервиси (Apache, IIS и.т.н)
    • Подржува многу типови на бази на податоци
    [​IMG]

    Факти:
    1. PHP користат дури 65.45% од сите сајтови.
    2. Најпопуларен CMS е Wordpress, кој го користат дури 19% од сите веб страни.
    3. На PHP работат повеќе од 20М сајтови меѓу кои: Facebook и Wikipedia.

    JAVASCRIPT - client side scripting language кој го поддржуваат скоро па сите прелистувачи.
    Развиен во 1995г. од компанијата Netscapeю

    Фајловите користат .js екстензија.

    jQuery најпопуларна JS библиотека која се користи во дури 22.9% од сајтовите.

    Со помош на JS вие можете:
    • Да проверите постоење на корсиник во база при регистрација, без повторно вчитување на страната.
    • Функции за автоматско пополнување на форми
    • Поправање на грешки
    • Да напавите подобра функционалност на вашиот сајт.

    STRUCTURED QUERY LANGUAGE (SQL) - SQL не е програмски језик, тој служи за взаменодејство на некој програмски јазик и база на податоци. Служи за обработка и зачувување на информации. Најрапространета DB е MySql, ја препорачувам за изучување на почетници.

    Во 1979г било започнато негово развување.

    Фајловите користат .sql екстензија.

    Можности:

    • Комуникација со Базата на податоци
    • Вчитување на податоци
    • Додавање на записи
    • Обновување на записи
    • Бришење на записи
    • Создавање на нови бази
    • Создавање на нови табели
    • Управување со права на пристап
    • Овозможува поврзување со код

    Факти:

    Со SQL работат големи компании како:
    Oracle, SyBase, Microsoft

    OBJECTIVE C - Објектно-ориентиран јазик. Најчеста употреба развивање на продукти под Apple.

    Фајловите користат .m екстензија.

    Прв пат бил презентиран во 1990г.

    Примена:

    • Апликации за iOS како и програми за Mac OS.

    OBJECTIVE C е предвиден за развивање на Apple продукти и не е наменет за Android.

    C++ - Објектно-ориентиран јазик. јазик со најрапоространета употреба. Со помош на c++ вие можете да правите десктоп апликации, игри и многу други програми.

    Неговото развивање започнало во 1983.г како дополнување на c.

    Фајловите користат .c++ екстензија.

    Примена:
    • Програми за Windows и Linux
    • Видео игри
    • Мобилни апликации

    Факти:
    1. C++ - Можете да го користите и за различни порабилни уреди.
    2. C++ - поддржува Apple, Andorid, Windows Phone и Blackberry.

    JAVA - Серверски компилиран јазик. Може да се извршува на виртуелни машини. Не е исто што и JavaScript.

    Бил развиен во 1995г. И се смета за еден од најстарите web програмерски јазици.

    Фајловите користат .java екстензија.

    Примена:
    • Онлајн игри
    • Десктоп програми
    • Android апликации

    Факти:
    1. Корисниците можат да стартуваат java на нивините компјутери
    2. Java е основа за Android програмирање.

    PYTHON - Серверски некомпилиран јази со отворен код. Можете да го користите самостално или во комбијација со некој framework на пример django.
    Соред мене PYTHON е програмски јазик кој секој девелопер треба да го знае, пред се поради неговата широка примена.

    Фајловите користат .py екстензија.

    Примена:
    • Креирање сајтови
    • Игри
    • Десктоп програми
    • Можност за GUI програмирање
    • Поврзување со бази
    • Мобилни аплиакции

    Факти:
    1. Има примена во NASA (United Space Alliance)
    2. Полесен во изучување во однос на c++

    ACTIVE SERVER PAGES (ASP) .NET - Серверски некомпилиран јазик. Функција иста како и php само што може да се стартува исклучиво од Windows сервер бидејќи е продукт развиен од Microsoft.

    Фајловите користат .aspx екстензија.

    Примена:
    • Развивање на веб страни
    • Изградба на форми
    • Изградба на MVC веб апликација

    ASYNCHRONOUS JAVASCRIPT AND XML (AJAX) - Не е програмски јазик, туку технологија која корсти неколку јазици заедно.
    AJAX дозволува Js кодот да комуницира со серверот и да менува содржина без притоа да се освежува страната.

    Неговата примена во web развувањето е речиси и не замислива. AJAX наоќа примена во многу попиуларни сервиси како што се gmail, faceboo chat, google talk и слично.

    Вие не можете да користите AJAX доколку не знаете Javascript и Css.

    Факти:
    1. Подржува XHTML,CSS
    2. Дава динамичен модел на документот
    3. Работи со Javascript
    4. Асинхрони барања од сервер (XMLHttpRequest)
    5. Работи со податоци во формат XML,XSLT

    RUBY - Серверски некомпилиран јазик кој е развиен од јапонски девелопери, а прв пат бил претставен во 1995г.

    Ruby on Rails е framework кој ќе ви помогне да го користите Ruby. Слично како django за python.

    Примена:
    • Креирање на веб апликации
    • Граденње на симулатори

    Факти:
    1. Ruby Работи на многу платформи: Unix,Mac OS X, Widnwos, Dos, BeOS, Os/2..
    Во Ruby има многу реализации:
    1. JRuby - Интепретатор на java
    2. Rubinius - Интепретатор Ruby на Ruby (!)
    3. MacRuby - Тесно поврзан со Cocoa, се користи за програмирање за Mac OS

    Од погорното објаснување можете да изградите една слика од каде да започнете со изучување и до каде ќе стигнете.
    Имајте на ум дека: Сите програмски јази се слични, доколку научите еден во целост, изучувањето на било кој друг ќе ви одземе многу помалку време.

    Среќно за идните програмер!

    Сорсови кои можат да ви бидат од корист:

    http://lifehacker.com/
    O'Reilly Radar: Insight and analysis about emerging technology
    Dev.Opera
    https://code.org/
    The Open Education Consortium | The Global Network for Open Education
    https://www.coursera.org/
    Dev/Code/Hack
    Learn to code
    JavaScript Kit- Your comprehensive JavaScript, DHTML, CSS, and Ajax stop
    Ruby Programming Language
    Welcome to Python.org
    java.com: Java + You
    cplusplus.com - The C++ Resources Network
    Stack Overflow
    Mashable
    Learn SQL the Hard Way
    Livbit
    InformIT: The Trusted Technology Source for IT Pros and Developers
    https://www.indeed.com/
    http://readwrite.com/
    http://www.w3schools.com/
    http://php.net/
     
    На Zippo, simplicitas_, Bazinga и уште 59 други им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica Модератор

    6,940
    7,118
    13 Јуни 2009
    Фантастично добро четиво. Баш ми требаше вакво нешто на купче.

    Седнувам да го читнам темелно баш сега.
     
    mimica, koki и на Oktar им се допаѓа ова.
  3. DrMTR

    DrMTR Sensei

    3,982
    3,696
    27 Март 2014
    Python и Ruby ке бидат најдобро платени јазици за некоја година. Скриптен јазик си е скриптен јазик. Огромна промена има Python.
     
    На Luidgi и gokica им се допаѓа ова.
  4. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,766
    18,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Agree! Python има и огромна примена покрај промена ;)
     
    На koki и DrMTR им се допаѓа ова.
  5. dimsa

    dimsa Гик

    198
    229
    9 Јануари 2015
    За пофалба тема. Мислам дека очајно ни фалат работни групи каде може да се сподели знаење од некој од програмските јазици. Единствено што знам е на Кика хаклабот. Презентациите би можеле да бидат стримани преку twitch налик на другарот Al или јутуб и сл.
     
    На bokiscout и Oktar им се допаѓа ова.
  6. Sephiroth

    Sephiroth Sensei

    3,302
    2,048
    14 Мај 2008
    Машко
    Најлесен за изучување: Javascript
    Најмоќен: Javascript
    По мое видување најмногу ќе се корисити и во наредните 10 години: Javascript

    Престанав да го читам постот кога препорача да се користи PHP+SQL......
     
    На Ulrezaj и DrMTR им се допаѓа ова.
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,766
    18,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ваков пост не можам да есапам и да го реплицирам. Моето лично искуство пренесено на јавен форум ќе помогне многу повеќе од било кој пост без никаков аргумент, а уше повеќе од чување на искуство и не споделување....

    Испратено преку nokia 3310
     
    На damil, koki, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. Ulrezaj

    Ulrezaj Гик

    315
    304
    20 Јуни 2012
    Машко
    Потполно се согласувам :)
     
  9. Multipass

    Multipass Wax on, wax off

    56
    111
    1 ноември 2015
    Машко
    Jави ми кога ќе успеат да направат оперативен систем со JavaScript. :)
     
    Последна промена: 23 Јануари 2017
    На Harrabed и DrMTR им се допаѓа ова.
  10. Fredy

    Fredy Гик

    269
    801
    12 oктомври 2014
    Машко
    Шо е бе ми го избришавте постот ?
    Нит навредив некого ни ништо.Забележав само дека сите зборат дека нема аир од фриленс работа,исто како таксистине коа постојано се жалат мислејки дека ке си ја намалат потенцијалната конкуренција.
    Бетер од северна кореа се понашате.
    Затоа ни пишувам веке ни бутур,со мене заврши ит.ком.мк
    пријатно
     
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,766
    18,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @Fredy братми полека.... си згрешил тема не се откажувај така брзо

    Испратено преку nokia 3310
     
    На Fredy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fredy

    Fredy Гик

    269
    801
    12 oктомври 2014
    Машко
    Во право си,најдлабоко извинување :(
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avid

    Avid Ентузијаст

    1,652
    1,974
    21 Јануари 2009
  14. Sephiroth

    Sephiroth Sensei

    3,302
    2,048
    14 Мај 2008
    Машко
    Ќе измислат и такво нешто, го пикнаа сегде :D
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ekonomist

    ekonomist Активен гик

    804
    261
    17 Јуни 2008
  16. Sephiroth

    Sephiroth Sensei

    3,302
    2,048
    14 Мај 2008
    Машко
    Воопшто не е добра за старт. Прво те учи на основите на HTML и CSS, што е супер, но потоа ти претставува 3 различни бекенд платформи, кога реално треба да се фокусираш на само една за почеток. Програмава само ќе те збуни и ништо повеќе.
     
  17. Sephiroth

    Sephiroth Sensei

    3,302
    2,048
    14 Мај 2008
    Машко
    Јас пак твојот пост неможев да го сфатам сериозно и да го есапам, а и се брзав за некаде па немав време соодветно да реплицирам. Извини, одма ќе го исправам тоа со една мала дисекција на твојот пост кој што е "од голема помош"

    Од Јаваскрипт

    Кои што ќе ги ставиме на тест сега.



    Тука веќе еднаш те поправив, ќе те поправам пак. Јаваскрипт е најлесниот програмски јазик за почетници, но воедно и најтешкиот за мастерирање. Исто така е ЕДИНСТВЕНИОТ програмски јазик во кој што можете да искуцате цела една платформа, од фронтенд, до бекенд, до бази на податоци.

    Најмоќен е од проста причина што е објектно ориентиран и функционален во исто време, асинхроноста му е во крвта, и најважно (ова е нешто на кое паѓа секој PHP проект кога ќе добие на сериозност), Јаваскрипт е неограничено хоризонтално скалабилен.

    Најмногу ќе се користи во наредните 10 години, бидејќи секој ебан стартап започнува и завршува со некој дериват на NodeJS, било да се работи за вебсајт, веб апликација, десктоп апликација (за Win/OSX/Linux), мобилна апликација (за Android/IOS/W10), видео игра (за Web или Unity), и секоја платформа кога ќе добие на сериозност, од PHP или други ѓубре јазици и фрејмворци веднаш се прекуцува со Javascript. Дури и му ја мислат да го прекуцаат Plebpress во NodeJS!



    Да те поправам соодветно

    Мојата препорака е да започнете со изучување на HTML + CSS во комбинација со NodeJS + Mongo + Redis

    Тука во целост се согласувам со тебе.

    Добро, со цел памет заборави да го спомнеш NodeJS, најголемата и најразвиената бекенд платформа на светот со база на програмери и база на библиотеки трипати поголема од базите на сите други ебани платформи заедно собрани? МИНУС 50 ПОЕНИ ЗА ТЕБЕ!

    Ко прво, јазикот е C# кој што е дериват на C++, кој што е исто така татко на Java, а синче на C. ASP.NET е еден од фрејмворците на Микрософт наменет за програмирање на веб апликации, другите платформи им се .NET, која е за десктоп апликации, Xamarin, платформа за мобилни апликации и Unity, платформа за сериозен развој на игри (И да Unity може да се куца и со C# и со Javascript, мада мене со Javascript ми е полесно).


    Со ова се сложувам ама со мала исправка. Ако го научите Javascript како прв јазик, понатаму со леснотија ќе можете да ги разберете сите објектно-ориентирани јазици, но и сите функционални јазици.


    И како последно: Ваква дискусија е премногу за еден форум, треба да се седне на маса за вакви муабети, да се гледаме у очи.
     
  18. Oktar

    Oktar Sensei

    2,364
    4,944
    23 oктомври 2012
    Машко
    Друже @Sephiroth, многу си напет, не е целта мерење на таквите туку дискусија или што би рекол ти ЕБАНА дискусија. Не ја прај темава да би де ко оние андроид вс иос, виндовс вс линукс и кој е најдобар а се остало е лајно. Не биди мек јузер, мек се најбољи, ајфон најубаво звони и се друго треба да се запали.
     
    На Luki Junior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sephiroth

    Sephiroth Sensei

    3,302
    2,048
    14 Мај 2008
    Машко
    Знам пеер, ама сум голем непријател на PHP, и ако темава ја читаат идни девелопери, сакам да тргнат по правиот пат :D
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Oktar

    Oktar Sensei

    2,364
    4,944
    23 oктомври 2012
    Машко
    Е што сега, ке отвориш тема и ке ги предупредиш младите за последиците од бракот? Нека се оженат и они па нека видат како е, што па само ние да патиме :D :D :D


    P.S. Поздрав до невестата, ако наиде на постов, секако дека се шалам и препорачувам сите да си се оженат и да бидат среќни како мене или барем пола од тоа ;)
     
    StalkeR, igor_xxxx, dimsa и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    19,766
    18,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @Sephiroth Братан... се сложувам со тебе дека javascript ја испонапикаа сегде, кога е во прашање web developemnt, не е таква ситуацијата кога е во прашање мобилни и десктоп апликации...сеуште.
    Не смееш да го фрлаш во вода и да кажуваш дека се небулози тоа што сум препорачал да се почне од html+css+php+sql само затоа што ти си непријател на пхп. Еве ајде да ја корегирам таа реченица што те изнервирала нека гласи вака html+css+php+sql+javascript...сега е комплетна.
    Ти кажа што препорачуваш и твојот пост стои, па слободно кој сака нека го послуша и твојот совет (кога ќе ја чита темава и одлучува од каде да почне) јас немам ништо против тоа. дури ја го препорачувам javascript за почетници (читај прв пост),

    NodeJS не заборавив да го спомнам туку намерно го исзоставив и него и angular и rejact и backbone. Сметам дека NodeJS е преголем залак за некој кој прв пат ќе се сретне со код, а притоа нема поима ни од хтмл ни од основи на javascript.
    NodeJS го оставам како следен левел за изучување, одкако ќе научи javascript, никако не би го ставил на почеток.

    Ако можете да примтетите го нема ни assembler, од проста причина што е пре обемен за почетници. ДА напишеш едно „Здраво Свету“ ти требаат 60 реда код...

    Ајде да повторам уште еднаш. Ова е само мое субјективно размислување, но објективно гледано...неморате да се сложите со истот, напишете ги вашите препораки, но не ги маркирајте остнатите размислувања за неточни.

    ПС За дружба очи у очи секогаш сум за...само иницијатива нека покрене некој... ;)
     
    На alumen :), Psycore, omegaRED и уште 3 други им се допаѓа ова.
  22. kirev

    kirev Sensei

    3,985
    2,468
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Python ми личи баш онака за почетници. У мое време беше Pascal, Basic баш за скроз почетни...
     
    На bxxxn и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  23. StalkeR

    StalkeR Sensei

    3,376
    2,603
    5 Декември 2009
    Машко
    Прво, од мене фала за текстов до ОП и друите што помогнаа, пред се поради тоа што планирам да почнам со куцање (нели земав нова тастатура... :D). Порано сум се дружел со Pascal и на кратко со C++, али тоа беше пред 7,8 години и од тогаш имам се заборавено, што ме прави нуб нормално. :)

    Се спремав да почнам со ова, поточно бев загреан за Phyton а со него и ке почнам 90%, иако читам дека го фалите и Javascript за почетници. :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  24. ekonomist

    ekonomist Активен гик

    804
    261
    17 Јуни 2008
    Некоја информација кои курсеви зе поквалитетни... оние од Udemy или од Lynda?
     
  25. Avid

    Avid Ентузијаст

    1,652
    1,974
    21 Јануари 2009
    оние од Udemy
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели