1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на лаптоп

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од goki1990, 1 Април 2018.

  1. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    Ми треба помош во однос на избор на лаптоп.
    Кога веќе се решавам да дадам 1000+ евра ми треба совет за избор не само на спецификација на хартија, туку и квалитет на изработка.
    Ги разгледував лаптопите веќе недела дена кои се нудат во нашите продавници во мојот буџер ранк, но имам дилема и за која спецификација да ја одберам, а немам и баш време во последно време да посетувам салони за да видам изработка :)
    Во избор ми влегоа:
    1. Dell Inspiron 7567
    2. Lenovo Y520-15IKBM
    3. MSI GP62M 7REX LeopardPro
    4. DELL 7567 4k
    5. ASUS GL553VE
    6. DELL Inspiron 7577

    Некои се повторуваат но се со различна спецификација.
    Дилемата е:
    - дали да одам со 4к дисплејот и 1050Ti, или
    - дали да одам со графичка 1060 :)
    Прашања кои ми се поставуваат:
    - кој има најдобар квалитет на изработка?
    - кој би бил најиздржлив на подолги стази?

    Однапред му благодарам на сите за коментарите или сугестии за подобар избор
     
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,401
    8,874
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ниту еден од овие.

    Барај си или Dell Latitude или HP EliteBook или Lenovo Thinkpad, ама па тие имаат перфекција од изработка ама ретко одат со графички карти.

    И запамти нешто: Купуваш исклучиво Intel 8-ма генерација!! Што и да видиш 7-ма генерација веднаш затворај таб. Ако не наоѓаш осма тогаш стрпи се уште месец-два.

    За каков тип на работа ти треба? Гејминг? Процесинг?
     
    На mkextremer му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,091
    976
    4 Февруари 2014
    Машко
    Овие што ги линкна ми изгледаат како да имаат 0 build quality. Барај нешто како Lenovo Thinkpad, најдобро изработени лаптопи според мене после мекбук.
     
    На mrmarko4fun и DrMTR им се допаѓа ова.
  4. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    За ништо конкретно нема да биде наменет, но за викенди често знаам игрици да играм, затоа и ми е неопходна добра графичка.

    Sent from my MI 5 using Tapatalk
     
  5. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,382
    6,495
    27 Март 2014
    Dell Inspiron никако ако ти е битно квалитетот на изработка. Пластиките им се најлошите што сум ги видел.

    Држи вода. Тинкпад или Латитуд имаат добра изработка, и нешто послаби перформанси.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,496
    10,515
    13 Јуни 2009
    Јас би одел на 1060 и некој поубав дисплеј. Не мора да е 4К. Подобро 1080p ама со поп колор и добра осветленост отколку измиен 4К.

    За тоа што ти фатило око по продавнициве барај дали имаат рецензија овие:

    Reviews

    Јас ги почитувам најмногу за доследност и конзистентност. Плус многу точно (од искуство) ги оценуваат дисплеите на лаптопите.

    И сепак е најдобро да е изложен во продавница па да може да го видиш пред да одлучиш.
     
    На Fredy и goki1990 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...