1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на лаптоп

Дискусија во форумот 'Преносни компјутери и таблети' започната од goki1990, 18 Февруари 2015.

  1. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    Како што гласи и насловот, сакам да се подновам и ми треба совет за избор помеѓу:
    Dell Inspiron Notebook 5547/Silver, Intel® Core™ i5-4200U processor (3MB Cache, up to 2.6 GHz) 4th Generation CPU, AMD Radeon HD R7 M265 2GB DDR3 VGA, 4 GB 1600MHz DDR3, 500 GB 5400RPM HDD
    Acer UltraBook V5-561G-6407/Windows 8.1 64-bit - Intel Core i5-4200U Processor (3M Cache, up to 2.60 GHz) CPU, AMD R7 M265 2048MB VGA, 6 GB DDR3-1600MHz RAM, 500 GB 5400 rpm HDD
    ASUS X550LN-DM160D (FHD), Intel Core i5-4200U Processor (2 Cores, up to 2.60 GHz, 3M cache, 15W), 6GB DDR3 1600MHz (4GB on-board), 1TB 5400rpm, 2.5``, DVD SuperMulti, NVIDIA GeForce GT 840M (N15S-GT) 2GB,


    Дилемата е следна:
    1. Што е подобро AMD Radeon HD m265 или NVIDIA Geforce 840m или NVIDIA Geforce 740m?
    (ќе се користи највеќе за лајт употреба и најчесто лајт гејминг)
    2. Dell-от највеќе ми се свиѓа некако на изглед, но нема слот за двд (иако пишува на сајтот на сет дека го има, а без слот нема можност за дополнително користење на HDD Caddy)
    3. Acer-от за исти пари со делл повеќе рам + windows, но цел е пластик-иш
    4. Asus- от сличен и со двата само различна графичка 840м

    Секоја друга понуда е добредојдена (купувам на ново)
    за прв пат најверојатно изборот на продавница според моменталната понуда нема да биде Анхоч, како и сите, и они напалени сe на дел 3542 во сите комбинации, модели со 740м графичка, што ако предложите дека е подобра од останатите поради 128bit структура можат да се земат и други модели во изборот.
     
  2. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
  3. tomi

    tomi
    Guru

    9,818
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ја би ти рекол, исто така да гледаш да земеш подобар процесор односно процецоср кој не завршува на U (ULV), се што не е U е значително подобро од оваа серија на процесори
     
    На goki1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    @kirev мислев на hdd caddy на место двд, а според линкот и видеото е за како се вади дискот...
    моделот нема двд
    страна 1,
    страна 2

    @tomi свесен сум за тоа али изборот е толку лимитиран што единствен модел со м процесот има 740м графичка во овој ценовен ранг. Од една страна можеби јас сум пропуштил други модели, а од друга битна е и графичката во секој случај
     
  5. tomi

    tomi
    Guru

    9,818
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Разгледај убаво по фирмиве, има од Lenovo многу модели кој се со М процесор
     
  6. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,295
    3,704
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Јасно. Има некои модели што немаат ДВД ама овој има. Оди види го у дуќан...
     
  7. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    @kirev грешка си... бев во сет... моментално го немаат на лагер али и дечкото што беше таму беше сигурен дека нема и дека на сајтот им е некоја техничка грешка, затоа што на истиот модел со друг процесот во анхоч си стои дека нема двд. плус и на сајтот на дел имаш опција да си набавиш екстерен двд, што истото е видливо и од промотивната реклама за моделот.
    @tomi разгледував доста модели... но ниту еден пример во анхоч со i5...M нема подобра графичка од 820м, во сет i5....м најевтиниот модел е 45к+ што ми е изнад буџет дефинитивно, амц ги прескокнувам од лични причини.. предлог за друг it store?
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tomi

    tomi
    Guru

    9,818
    9,058
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Нико, Нептун,тдк, итд, макпетрол..... но искрејно ако мене ме прашуваш во овој момент јас би одел на Асус, даваат доста добра понуда.
     
    На goki1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tomaso

    tomaso
    Practice makes perfect

    1,028
    1,541
    25 Јануари 2008
    Машко
    Без разлика од која продавница ќе го купуваш гледај да е со М ознака процесорот.Не ти треба искубана верзија downclocked I5 U.
    Ако планираш да го користиш подолго време М процесор а ссд ќе можеш дополнително да поставиш на местото од двд ромот
     
    На borcep и goki1990 им се допаѓа ова.
  10. Trixx

    Trixx
    Gaining Experience

    118
    128
    16 Јануари 2011
    По перформанси I3-4000M ти е скоро исто како I5-4200U, така да земи ја и таа варијанта во обзир, во случај да најдеш И3-ка со појака графичка.
    http://cpuboss.com/cpus/Intel-Core-i5-4200U-vs-Intel-Core-i3-4000M
    Друго, мислам дека со I5-ка со М процесор + 820М графичка ќе имаш во 90% случаи подобри резултати од U верзија со 840М графичка . Се зависи за што најмногу ќе го користиш.
     
    На goki1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,386
    2,161
    4 Јули 2013
    Нема да осетиш голема разлика помегу U и M со i3 и i5 се додека не преминеш на i7 qm.
     
  12. bate mile

    bate mile
    Gaining Experience

    412
    205
    4 oктомври 2011
    gt840m e појака за 30% од gt740m еве линк за да си споредиш графички http://www.notebookcheck.net/NVIDIA-GeForce-840M.105681.0.html мој предлог асусот без размислување имаш простор за втор диск место cd, FHD резолуција добиваш поголема работна површина ,иако мислам дека dell има подобар квалитет сепак асус има 2 год граранција за разлика од останатите и е конкурентен со цените за наш пазар
     
    На goki1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,279
    1,719
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Значи прво ќе треба да прецизираш што подразбира лајт гејминг или што конкретно ќе играш и ќе пушташ на него.

    U верзиите на процесорите се наменети за слим лаптопи и имаат многу ниска сток фреквенција (1.1Ghz во случајов на 4200U) и идат турбо само во висока оптеретеност но пази голем фактор е и температурата па затоа ако нема добро ладење едвај ќе мрдне од сток! Читај ривјуа за секој модел не е само хардверот битен туку и дизајнот и квалитетот.

    М процесорите се подобри за случаи ако го користиш лаптопот со часови плус тој процесор ти гарантира висока сток фреквенција така да пример со i3 4000M добиваш сигурни 2.4Ghz во било каков лоад и температура и слично додека со i5 4200U стартно ти е 1.1Ghz и декларираниот 2.6Ghz турбо ќе го достигне само доколку има услови (ТДП, температура и слично).

    i3 / i5 за мобилните верзии се исти процесори со разлика дека i5 има турбо и пример ако i3 4000M e 2.4Ghz, i5 4000M би имал турбо и при висок лоад би качил до 3.0Ghz ... не е како десктоп верзиите и двата се дуал кор процесори со HT.

    Е сега околу графичката, кај слим лаптопите со U верзии на процесори обично доаѓаат со графички со 64bit-на меморија што сериозно го спречува графичкиот процесор да даде било какви задоволителни перформанси за поновите игри :(. Во овој случај ако се одлучиш за ваков лаптоп јас би ти препорачал да си истражиш точно каква графичка има лаптопот или од погорните случаи би идел со Geforce 840 моделот бидејќи е Maxwell базиран и тој има поголема компресија па би требало нешто подобро да се покаже иако има 64-битна меморија. И на крај исто и типот на графички рам е битен но тука се знае ако можеш барај модел со GDDR5 (тие сите се 128битни) разликата во перформанси е минимум 2х версус DDR3 на истиот графички процесор ...
     
    На tomaso, Metuzalem, STEFF и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Јас од овие би го избрал Асусот затоа што има Фул ХД дисплеј.
     
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  15. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    а да си го погазам зборот за амц и да одам со овој?
    17.3" HD LED Display
    Intel Core i5-4200H
    4 GB DDR3 RAM
    1000 GB HDD
    nVidia GeForce 840M - 2GB
    па дополнително некогаш да ставам +4гб рам...
     
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
  17. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,386
    2,161
    4 Јули 2013
    Лап топот со 840m ти е дефинитивно најдобар избор од наведениве понуди, а последнава понуда ако е точна информацијата дека е H процесорот, тогаш можеш да идеш со тој, чисто да не оќоравуваш со 15.6" ако планираш подолг период да го користиш.

    Btw дота 2, лол на макс фулл хд се остваруваат 40-60 фрејма на таа конфигурација, додека последниве наслови верувам ке треба да ги играш се на најниско ( резолуција и детали).
    Среќно во изборот :)
     
    На goki1990 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    @STEFF моделот се нуди само со i5-4200H или i7-4700HQ според спецификациите на официјалнот сајт

    @Трајче Дрварчето поголем е само за 3 цм во вкупна должина и 1 цм во вкупна висина од мојот сегашен HP Probook 4510s кој е 15,6, а е потенок за 0,5 цм. Зашо тенџере?
     
    Последна промена: 18 Февруари 2015
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  19. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,386
    2,161
    4 Јули 2013
    Во тој случај подобар избор е лап топот со i5 4200H .
     
  20. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Така нагалено ги викам тие со 17 и кусур инчен дисплеј со таа резолуција :)
    Не сум љубител на тие.
    Јас планирав да земам некој лаптоп, накај 500 евра. И мене ми беше битно да е со М процесор, а не У. Битен ми беше и диспјеот, за филмчина пулење :)
    И затоа застанав на страната на тој со Фул ХД.
    Инаку не најдов тоа што барав до таа сума :)
     
  21. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    H е подобро од М нели? + 840к графика... Е сега резолуцијата незнам колку ќе ми игра улога во гледање филмоти од причина што кога ќе симнам некој поквалитетен филм го гледам на тв преку хдми
     
  22. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Се зафркавав за дисплејот и филмојте :)
    Инаку не сум прочепкал до сега ништо за H процесорите, не знам дали се подобри од М или не...
    Сега баш ќе расчепкам.
     
  23. goki1990

    goki1990
    Gaining Experience

    448
    352
    24 Септември 2013
    Машко
    споредба
    во се Н е подобар освен во потрошувачка на енергија :)
     
  24. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    833
    1,776
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Да, така кажват споредбите наоколу.
     
  25. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,279
    1,719
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    рaзликaтa меѓу М и H е вo тoa штo М е стaвен вo сoкет вo мaтичнaтa и се вaди дoдекa H е зaлемен вo плoчaтa ;)
     
    На Трајче Дрварчето му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...