Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

maci

poweruser
2 април 2008
3.383
972
Некои други опции за помали соби?
Со ниска модулација, за да избегнеме паѓање во он-оф мод на работа.
едит: За тие што можеби се нови во проблематикава, за помали простории пожелни се клими што можат да се симнат во што пониска моќност на работата. Замислете на пример минимум моќност од 400вати, тоа со СОР од 4 дава 1600вати топлина. Таа топлина често е доволна да направи бара топло во помала (спална или детска) соба. Тогаш климата едноставно ќе се исклучи. И ќе се вклучи кога ќе падне температурата. А тоа може да биде и појако вклучување (дување) и пак за кратко време ќе се исклучи. А дефрост алгоритамот можеби ќе „одлучи“ дека сега е таман време за правење дефрост, и онака климата не работи ништо... И ете дување и бука и сметање во спиење. Затоа за спални и за други помали соби, пожелни се клими со ниска модулација.
за спални соби(околу 10-12м2) каде што сакаме да е тивко подобро е панелка,поради тивкиот режим на работа.да можеш претходно да отвориш врати да е онака млако и да дигне панелката од 15 до 20 степени кој се доволни за спиење.
било која клима од самото дување ќе прави шуштење.и за 10-12 тина квадрати клима? ја не би,ми нема логика на толку мал простор.
400 вати реално мислам дека нема да даваат 1600(тоа би било во идеални услови)
според мене тие 400 вати би дале 800-1000вати топлина.
инаку да ,треба да се знае како карактеристика која е минималната работна ватажа.
кај мене на ЛГ то имам измерено 280 вати,на одржавање и кога дува е млако т.е да не кажам ладничко.
и да има клима која ќе троши минимум 100-150 вати тоа би било одржавање на моторот да не исклучи при постигната температура,цело време да врти.читам тоа е случај со хансолот.
само 40-50 вати влече фанот на внатрешната
а и да речеме дека ќе исклучува инвертерот кога би постигнал темп. и самото негово пуштање е со мали обртаи така да нема никаква негативност по компресорот.
не е он офф.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Ја има некој Хајер Тундра AS18TD2HRA климава? Искуство да сподели? Или има нешто подобро во тој ценовен ранг што се нуди? Мислам дека еднаш на жолтиот форум прочитав дека некој има таков модел (не сум сигурен дали баш тој 18ка), и беше задоволен.
 
moongose

poweruser
19 јули 2013
4.376
5.510
Сосема си во право.
Моја е грешката, заборавив да нагласам во правилата - да се напише на која просечна температура се грее просторијата/станот. Тоа е информација која секако е потребна за да се има реална слика за потрошувачката, за некого 20с се доволно но на друг му требаат и по 7-8 степени над тоа. Потрошувачката би варирала прилично помеѓу тие две екстреми.
Конечно.
Е за ова ти збориме цела недела. За температурата.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
@maci искрено и навистина нема логика за 10-12м2, ама пријателов запнал да зема клима и за во спална +детска. Јас имам поголема спална, па сепак ми се случува токму тоа што го опишав погоре. Со таа разлика што кај мене климата има проблем со реално гледање на температурата, поштo монтерот ми оставил незатворена дупка во ѕидот за цевките позади внатрешната единица. Но вакви ситуации многумина опишале.
Во принцип имаш право за панелките пред спиење како наједноставно решение.

За поголеми простории, ниска модулација е супер. Посебно ако се има добра изолација и ако климата е програмирана за заштеда. Како Сузуми+ на пример, кај мене зимава најчесто кога ќе погледам, моменталната потрошувачка е 220 до 400 вати. Што и се гледа по потрошените 770килват часови за 4 месеци (до сега), ако внатрешниот калкулатор за евтина и скапа тарифа е точен досега таа клима има потрошено нешто под 3.5 илјади денари вкупно за сите 4 месеци. Што за загревање на просечни 23-24с мислам дека воопшто не е лош резултат е е лош резултат и покрај комбинацијата од блага зима и солидна изолација.

Конечно.
Е за ова ти збориме цела недела. За температурата.
Немој.
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Јас всушност се обидов малку на мајтап да ја завртам работата, ама кога некој ни шега не разбира не знам зошто очекувам дека ќе разбере нешто поозбилно. Ни смајли не помага. :boring:

А ако после 3 цитирања на оригиналното прашање од Цаки, ти МЕНЕ ми кажуваш да „препрочитам“ - тогаш мислам дека понатамошен муабет никаква нема смисла.

Ја има некој Хајер Тундра AS18TD2HRA климава? Искуство да сподели? Или има нешто подобро во тој ценовен ранг што се нуди? Мислам дека еднаш на жолтиот форум прочитав дека некој има таков модел (не сум сигурен дали баш тој 18ка), и беше задоволен.
Единствен саглам корисник кој има напишано искуство со Тундрата на другиот форум е дрЗмиго, колку што можев да видам деновиве кога ја прелистав дискусијата надвикувањето таму. Јас бев во истата дилема како тебе, за 25 банки јас за моите одбрав Ломо лцлх. А претходно размислував и за Тундрата како евтина опција - но само до акцијава на Гри. Ако од некоја причина не сакаш да идеш со Гри, тогаш подобро иди на Вивакс Аери - има поголема база на корисници, од кои некои и овде на форумов. Тундрата надвор од еден гласен лик (на другиот форум), и споманатиот Змиго, друг фидбек нема, и за мене заедно со сите производи на Хајер ми останува како непознаница.
 
mdeni

senior
24 септември 2012
6.058
5.992
Како тоа си размислувал за тундрата како ефтина опција кога Тундрата е поскапа опција од 38000 денари, наспрема Ломото од 25000 денари.

Или не прочита за кој модел на тундра се зборува?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Мене ми требаат 12000BTU, соодветно на тоа ја разгледував 12000BTU верзијата од Тундра (исто и ломо, и аери). Ти сакаш да кажеш дека 18000BTU верзијата од Тундра е сосема друга клима која нема ништо заедничко со Тундра 12000BTU?
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Абе Дени, Тундра 18000BTU и Тундра 12000BTU. Секако дека имаат различна моќност, ама дека „не е истата клима“ звучи како да е некој сосема друг модел... Што е малку шашаво да го тврдиш, посебно пошто имаат ИСТО име. :)
Ама ОК, нејсе. Пеки. Кажи ако знаеш други искуства за 18000BTU моделот.

И да не бидам погрешно разбран, па ќе илустрирам. Ако би одбирал меѓу Вивакс АЕРИ и Хајер Тундра, би одбрал АЕРИ затоа што корисници како Флегма ( и други овде) го препорачале тој модел. Ако го ставам и Ломо лцлх во изборот, одбирам Ломо затоа што лично го имам дома (на друг спрат) и знам колку го бива, не мора да читам нови упатства за работа, итн. Ај зимава не е зима, ама знам како се покажа таа клима и лани и преклани. За мене е логичен избор, ако цената на конкуренцијата е приближна.

Инаку секој по својот памет. Отсекогаш сум кажувал дека фалат искуства со Хајер, баш би сакал повеќе сведоштва. Но како што за себе не би земал (кога имам избор од докажани опции) така не можам ни на друг да ги препорачам Хајер.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
@Lokvan Lomo LCLH нема 18ка на попуст, има Хансол кој е 35к ама е 12ка. Моќен модел е, ама не знам како се носи со 18ката Аери или Тундра кои се тука со цена (Аери 18ка). Тундрата има и Еуровент кој има океј спецификации, ама па нема греачи како Аери (и вифи, кое и не знам колку е поуздано за контролирање надвор од мрежата).

Испратено од Nexus 6P преку IT.mk форум апликација
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Аха... ОК @Necromancer, кажаното си стои освен што не можеш да го искористиш моменталниот попуст. Во тој случај ќе треба да одлучиш меѓу Аери и Тундра 18ки, врз база на кориснички искуства изборот е јасен. Или две парчиња Ломо еко 12ки, кои кумулативно (гледано по моќност) се подобри од сите други спомнати опции.

Стави мерачи? Која ти е дневна потрошувачка со греалките?
 
Не сум ставил, мерам низ дома уреди :) Заборавив на сопругата да и го дадам мерачот сабајле да уштека. Попладне или утре.

Во однос на изборот, се согласувам дека во принцип е добро да се иде со масата, а тоа е дека има многу AERI во оптег што понатаму за сервис би било поизводливо, наспроти клима која ја имаат тројца. Енергија дава 3 години безусловна гаранција комплетно на Тундрата. Не знам Вивакс како се со гаранција и кој сервисира.
 
bakigvg

hello world
28 јуни 2016
232
131
@Lokvan Lomo LCLH нема 18ка на попуст, има Хансол кој е 35к ама е 12ка. Моќен модел е, ама не знам како се носи со 18ката Аери или Тундра кои се тука со цена (Аери 18ка). Тундрата има и Еуровент кој има океј спецификации, ама па нема греачи како Аери (и вифи, кое и не знам колку е поуздано за контролирање надвор од мрежата).

Испратено од Nexus 6P преку IT.mk форум апликација

Ако ти е дилемата за WiFI би ти го препорачал овој уред Broadlink Sp3,SP3S Power Meter Monitor,16A+Timer wifi socket plug outlet Smart remote wireless Controls for iphone Ipad Android-in Smart Power Socket Plug from Consumer Electronics on Aliexpress.com | Alibaba Group го користам на 4 клими, функционира одлично, а плус мери и потрошувачка на електрична енергија.
 
FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226
Денес го набавив wifi модулот за AERI-то и за сега одлично работи. Наместо официјалната Nethome Plus ја наместив Midea Air и добив бонус отчитувње на внатрешниот и надворешниот сензор и сега можам да најдам корелација помеѓу температурите и модулацијата.

Она што ми е најмногу интересно е тоа што сега можам да местам on/off тајмер на зададено време наместо дефинираните чекори од по 30 мин. и, пази сега, фино подесување на sleep логиката со помош на крива и временска линија.
Фабрички климата е штелувана да намалува по еден степен во првите два часа а после пет часа да се изгасни.
Screenshot_20180206-192005.png
 
Lokvan

poweruser
12 јануари 2016
4.760
6.466
SK
Година општа гаранција со продолжување 1+1
Демек годишна проверка која се наплаќа 600 денари. Фер цена и услови.
Истово ми го кажаа и за Гри денес... Но нели 2 години гаранција за технички уреди беше минимум според закон?
 
Antropos

hello world
20 јануари 2017
85
91
Ја има некој Хајер Тундра AS18TD2HRA климава? Искуство да сподели? Или има нешто подобро во тој ценовен ранг што се нуди? Мислам дека еднаш на жолтиот форум прочитав дека некој има таков модел (не сум сигурен дали баш тој 18ка), и беше задоволен.
Пгледна на жолтилото!? Мислам неколку членови ја имаат Тундра 18ка!?
Прочитај кориснички искуства но погледни го и Еуровентот...прилично моќен Мицубиши компресор upload_2018-2-6_19-28-1.png
со Pdesighn 4.8kW... додека Ломо ЛЦЛХ нема Еуровент, а по некои анализи од други клими (брендови) што лепат налепници на Ломо ЛЦЛХ (барем на жутилото така објавија) дека Ломо ЛЦЛХ е сепак 09ка иако со Твин Ротари компресор, Pdesignh само 2.7kW, na -7 испорачува 2,3kW со COP 2.2, на -10 2kW со COP 2.4 .... многу инфериорен во споредба со Тундрата 18, но и поевтин, сега незнам за колкав простор ти треба, но погледни на жолтилото, прочитај за корисничките искуства. Ја имаат неколку членови!
 
Последна промена:

FLEGMA

sensei
2 август 2012
11.553
19.226

sumi

user
8 април 2007
1.137
790
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 9 5900HX
Storage
1TB NVMe
RAM
2x16GB DDR4
Video card
nVidia RTX3060
Case
Notebook Lenovo Legion S7
Mouse
Logitech MX Anywhere S2
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 11

DelphiUser

user
2 март 2011
1.709
1.637
Drachevo
Тундра 12 и 18 немаат допирна точка, како во моќност така и во ефикасност. 18ката има моќна внатрешна единица и моќен компресор

upload_2018-2-6_20-47-56.png

Компресорот во Тундрата 18ката се вградува во модел на Hansol 18ka од 1500 евра (3x поскап од тундрата)
Тундрата повремено се наоѓа во Сетек за 33.000 и тогаш е грабеж.
12ката Тундра не е ништо посебно, слично како и Мидеа и Грее за тие пари.
18ката Тундра нема конкуренција. Има и еуровент.
 
Necromancer

poweruser
24 февруари 2012
4.233
5.546
Скопје
Тундра 12 и 18 немаат допирна точка, како во моќност така и во ефикасност. 18ката има моќна внатрешна единица и моќен компресор

Погледнете го атачментот 62022

Компресорот во Тундрата 18ката се вградува во модел на Hansol 18ka од 1500 евра (3x поскап од тундрата)
Тундрата повремено се наоѓа во Сетек за 33.000 и тогаш е грабеж.
12ката Тундра не е ништо посебно, слично како и Мидеа и Грее за тие пари.
18ката Тундра нема конкуренција. Има и еуровент.
Според Еуровент, овие и се вредностите.

TUNDRA.png

Како и да е, климата е одлична. Нема греачи на компресор/изменувач, не знам колку играат улога при пониски температури, ама останатото е солидно и океј гаранција.
 
Атачменти

  • Haier Tundra AS18TD2HRA_1U18EE8ERA Eurovent.pdf
    16,1 KB · Прегледи: 9

Yoana

read-only
10 јануари 2018
7
3
Денес го набавив wifi модулот за AERI-то и за сега одлично работи. Наместо официјалната Nethome Plus ја наместив Midea Air и добив бонус отчитувње на внатрешниот и надворешниот сензор и сега можам да најдам корелација помеѓу температурите и модулацијата.

Она што ми е најмногу интересно е тоа што сега можам да местам on/off тајмер на зададено време наместо дефинираните чекори од по 30 мин. и, пази сега, фино подесување на sleep логиката со помош на крива и временска линија.
Фабрички климата е штелувана да намалува по еден степен во првите два часа а после пет часа да се изгасни.
Погледнете го атачментот 62013

A potrosuvacka moze li da se izmeri so modulot?
 
Последни теми

Последни огласи

ит маркет

На врв