moongose
Unbeatable
- 19 јули 2013
- 3.975
- 4.820
Да, се поефиикасни, но не е тоа нешто драстично. Електромоторите секако имаат висок коефициент на полезно дејство, највисок од сите видови мотори. Се движи и над 90%. Така што нема многу простор за зголемување, едвај неколку проценти.Не сум се задлабочувал во проблематиката, ама мислам дека инвертерските електромотори се многу поекономични од обичните електромотори. Имаат поголем коефициент на корисно дејство. Можеби грешам...
Од друга страна па и самиот склоп на инвертерот има загуби при конверзијата.
Не може да се генерализира, има многу изведби на мотори, со многу различни намени.
Како и да е, нас ни е важен крајниот резултат - со колку енергија, колку топлина ќе преместиме.
А тој меѓу обични и инвертер клими не е драстично различен како што се мисли. Но и сите инвертери не се исто ефикасни. Тоа го кажуваат и карактеристиките на хартија што се потврдуваат во пракса со мерење.