Nikola100
Unbeatable
1. ОКВнатрешната единица добро е монтирана има простор 15cm до плафонот НО бакарните цевки монтерот воопшто не ги избандажирал како што треба кабелот виси со бакарните цевки требало да ги избандажира цевките и кабелот што се за во надворешната единица со бела пвц бандаж трака
Исто и за метражата на цевките од внатрешната до надворешната единица цената за стандардна монтажа се однесува за бакарни цевки до 3 метри бидејќи секој клима уред за да работи правилно треба минимум 3 метри бакарни цевки
За секој клима уред да работи како што треба потребна е правилна монтажа без правилна монтажа и најскапиот клима уред нема да функционира како што треба Кога ќе дојдат да монтираат момтерите обрнете внимание на следниве правила за монтажа
1. Внатрешната единица да е оддалечена од плафонот во просторијата минимум 10 до 15 cm за доволен проток на воздух
2. Од внатрешната до надворешната единица да има минимум 3 метри бакарни цевки ако нема простор за 3 метри тогаш вишокот на цевки се врти во круг позади надворешната единица
3. Цевките да се избандажираат со изолациона пвц бандаж трака
4. Пред првото вклучување клима уредот да се извакумира со вакум пумпа
Ова се правилата за правилна монтажа ако се изврши правилна монтажа клима уредот ќе функционира како што треба
Пред да прв пат да го вклучи клима уредот Дали монтерот изврши вакумитање со вакум пумпа ???
2. Тоа е - местото кај што сакавме да ја наместиме и висината толку дозволуваше - 2м + е должината вкупна ама сепак помалку од 3.
3. Ќе земам трака ќе избандажирам ...
4. Да секако и манометри такви донесе и вакум пумпа 15мин скоро беше пуштена ...
Јас слушав и други како ми објаснуваа „Ја и ти ќе земеме ќе ја наместиме - има финта ќе ја пуштиш климата она ќе го собрере сама фреонот - после на монтажа исто има финта - не мора вакум пумпа...„ - ама за*би ти тоа. Си платив човек си избуши си поврза ко што треба. Ми ја измери и старата - вика може боље ама добар бил притисокот.