• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Ron26

Gaining Experience
4 мај 2019
249
406
Погледнете го атачментот 116916
Има ли друг начин да се затвори надворешниот отвор освен со пурпена?
Ова нема ни 7 месеци како го затворив а веќе се распаѓа, претпоставувам поради надворешни влијанија.

не бери гајле, делот внатре нема да се распадне. Иначе можеш да го исечеш ова со скалпер и да го изгипсираш. Имаш гипс у железара, 5 мин работа е.
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
1.933
2.889
Струмица
Може и со Фугин филер.
 
Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
799
1.329
не бери гајле, делот внатре нема да се распадне. Иначе можеш да го исечеш ова со скалпер и да го изгипсираш. Имаш гипс у железара, 5 мин работа е.
Ептен на непристапно место е, едвај со пур пена го затворив, неможам со рака да стигнам, далеку ми е. Чим внатре е ок тогаш ќе го оставам, ако приметам ладен воздух дека влегува( мада не би требало) тогаш ќе мора да се бара чаре.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.011
4.855
Баш напротив, со пур пена не се затвора. Се затвора со радикол. Ама чим си ставил, терај работа, добро си е и вака.
 
jane222

Intern
9 септември 2022
8
0
Ајде ве молам за мислење некој што се разбира, која од овие клими би ми ја препорачал, најважно е да топли и на -20. Се работи за соба од 30 квадрати, или предложете ми некоја друга до кај 40к.
 
marv

Unbeatable
5 октомври 2007
4.564
4.052
Ептен на непристапно место е, едвај со пур пена го затворив, неможам со рака да стигнам, далеку ми е. Чим внатре е ок тогаш ќе го оставам, ако приметам ладен воздух дека влегува( мада не би требало) тогаш ќе мора да се бара чаре.
Чим рака не стига, со ништо саглам нема да го затвориш. Помири се, или монтирај скеле

Sent from my SM-A505FN using Tapatalk
 
Riku

Gaining Experience
27 ноември 2021
169
60
Ајде ве молам за мислење некој што се разбира, која од овие клими би ми ја препорачал, најважно е да топли и на -20. Се работи за соба од 30 квадрати, или предложете ми некоја друга до кај 40к.
Vivax Aeri+
 
28 јануари 2017
1.637
3.668
Ресен
Момци ако може еден совет би бил благодарен бидејќи климите ми се шпанско село. Радо би ја прочитал темава али не сум со време добар периодов.

40м2 дневна во куќа прв спрат, вториот не се грее, изолирана 8см стиропор и солидна ПВЦ дограма би сакал да ја греам годинава со клима. Имам парно на пелети за бекап ако дојде до -15 - 20ц)

Веќе имам Грее купена пред 4-5 години 3.5кв, се сомневам дека ќе ми заврши работа за поладни периоди. Дали ќе е проблем новата да се монтира на истото место?

Каква клима би ми предложиле со буџет 60-70,000мкд? Приоритет немам освен да не е многу бучна.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.011
4.855
Кој град?
Лепенка?
Надворешни ѕидови од колку страни?
Доле што има?
Дали тоа доле е изолирано ако е гаража или пролаз?
Кој модел е сегашната клима?
Зошто мислиш дека не би постигнала таа?
Колку м2 е просторијата со климата?

Може парапетна или треба ѕидна?
А да ја оставиш сегашната и да додадеш парапетна под некој прозор?
Или мрзне и не ја бива?

Јас би ти шибнал Наиер Тундра 18, Даикин Фтхф50, парапетна Хаиер 5.5 или нешто слично ама страв ми е да не е премногу ако е мала собата. Или ако имаш загуби од подот или некој ѕид или некој прозор, таа ќе грее а тебе ќе ти е ладно.

А ако подот ти е ладен и имаш пристап до долниот дел од плочата треба да ставиш изолација таму, а со остатокот пари клима. Ако е земја супер, ако е стан макар и да не се грее пак супер. Ако е гаража мора.

Ако имаш теписи или теписони искрој некој најдебел филц од 5мм или некоја изолација 5мм или некој текстил точно колку тепихот и стави го под него. Ем ќе е помеко и поубаво за газење ем ќе е далеку потопло на осет.

Итн, да почнеме од некаде.
1. Проблеми решавање
2. Простор дефинирање
3. Избор на клима
 
28 јануари 2017
1.637
3.668
Ресен
Ау мори Живке, фала за одвоеното време и деталните прашања.

Локација Ресен, не е лепенка, надворешни ѕидови 3 страни, куќата е подкрената да речам, земја па квалитетна изолација, добар 12мм ламинат, не сум имал проблем со ладно.

Најладно користена до 0 степени, си работела ок, моментално дува ептен млако и најверојатно и треба сервис, модел... Lomo Eco. Си мислев ако не врши оваа работа да ја преместам во друга соба а тука да ставам појака али бидејќи врска немам, затоа и пишав за совет.

Просторијата е 40м2.

Која е главната разлика од парапетна и ѕидна, извинете за глупите прашања.
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.011
4.855
Парапетна се монтира доле под прозор како парно. ЛомоЕко не би требало да дува ладно, иако е најефтин модел сепак беше демек фален пред неколку години. Како и да е и монтажите се скапи мислам 5000, така да ако префрлаш ова она 10000 ќе ти летнат само на тоа.
Јас мислам (што може и да грешам) ама 40м2 со 8цм изолација, и доле изолација треба да се гре од Ломо Еко. По некоја логика. А пелетите ете да ги запалиш на минимум 1 месец кога ќе е најјакото. Сомнително ми е со ова млако дувањево. На 31ц ставена, и претпоследен фен е млако? Клима не дува врело секако, си приметил некоја да дува потопло? Што ми е муабетот:
1. Ако е добра а не постигнува, значи треба нешто појако и дека просторот има загуби. Тогаш како што реков Хаиер Тундра 18, ФТХФ50 нешто такво.

2. Ако нешто и фали и не грее баш, и не постигнува, значи јачината и е добра само она зеза. И тогаш може да се сервисира.

За 4м2 мислам дека ќе се добри овие две споменативе, со тоа што имаат околу 4.2KW грејна моќност. Што е далеку од малку, така да треба да постигнуваат.

3. Ресен дали е како Битола/Крушево клима или потопло? Да не треба со греач надворешен клима да се гледа како Вивакс Аери 18 или некое Грее? Тоа од комшииве форумисти нека кажат.
 
28 јануари 2017
1.637
3.668
Ресен
Климата на 30ц тоа и е макс, раката дирекно под неа и дува ептен млако, оставена да работи барем сат време. Споредено со друга клима која дува топло на истиов начин.

Климата Ресен е нешто потопла од Битола/Крушево.
 
armin06

Intern
13 април 2007
72
29
Здраво

Ве молам ако има некој лично искуство, или се разбира повеќе да каже збор за климава

Мидеа forest nordic 5.3kw

Имам супер изолација за тоа не е проблем, само барам бест бај за цена до кај 50 000 мкд.

Sent from my SM-G990B using Tapatalk
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.275
8.858
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Се работи за постар on-off модел на клима, LG Bio, монтирана пред 5 години и тогаш не и фалеше кобајаги фреон, и сега мајсторот од око рече дека не и фали... Се менуваа кондензатори и се правеше хемиско, сега на прво палење на греење, да речеме на 26 степени на трета брзина, дува топло 10 минути, па се исклучува топлиот воздух и продолжува да дува ладен (баш безвезе, не знам дали треба вака), и пред да уклучи пак топол воздух, климата оди во defrost на минута две. Знам дека порано никогаш не одела во defrost откако е ставена, освен кога работела по цел ден на 30, сега почна да прави вака. Со друг сервисер зборев, и тој ми вели дека е нормално, дијагностика преку телефон. Немам искуство со клими, никогаш не сум се интересирал затоа што греела и ладела топ според мои потреби, ама сега ова однесување ми е чудно. Дали јас сум нешто во заблуда или стварно нешто не е ок? Мислам дека на овие температури не би требало да прави defrost ама што знам...
 
Пробај стави ауто фен. Некои клими ако ставиш на некоја брзина цело време се во таа брзина и кога ќе постигне само го гаси компресорот, а го остава вентилаторот. Ама во Ауто фен, го гаси и вентилаторот. Тоа се случува на постари клими кои често знаат да користат АЦ мотори за фенот и имаат мала регулација на брзината.

Перките надолу многу. Ако не оди "со копче" може ќе и треба помош со рака. Зошто тие не се ни предвидени за греење, па не им ни оди вратичката надолу доволно.

Штом велиш чистена е, тоа го отфрламе дека треб да се прави.

Јас имав/имам Беко 7кв која порано беше на местото на едно од ФХ, и имам направено ардуино со ир диода, и сензор за температура за да ја "автоматизирам" климата затоа што не го гасеше фенот кога постигнува.
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.275
8.858
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Пробај стави ауто фен. Некои клими ако ставиш на некоја брзина цело време се во таа брзина и кога ќе постигне само го гаси компресорот, а го остава вентилаторот. Ама во Ауто фен, го гаси и вентилаторот. Тоа се случува на постари клими кои често знаат да користат АЦ мотори за фенот и имаат мала регулација на брзината.

Перките надолу многу. Ако не оди "со копче" може ќе и треба помош со рака. Зошто тие не се ни предвидени за греење, па не им ни оди вратичката надолу доволно.

Штом велиш чистена е, тоа го отфрламе дека треб да се прави.

Јас имав/имам Беко 7кв која порано беше на местото на едно од ФХ, и имам направено ардуино со ир диода, и сензор за температура за да ја "автоматизирам" климата затоа што не го гасеше фенот кога постигнува.
Нема Auto Fan функција оваа, има само Chaos mode и баш е хаос :D не знае ни сама што праи. После тоа е Manual mode и има само 3 брзини.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
10.396
16.499
Мислам дека на овие температури не би требало да прави defrost ама што знам...
Не смее да прави дефрост во никој случај. Дури и најретардираните он-оф клими не прават дефрост на олку топло време.
Две главни причини. Првата е недостаток на фреон а другата е расипан термистор за дефрост на испарителот (ги има два, едниот е специјално за дефрост)

Заради недостаток на фреон почнува да мрзни едната (долна) половина на испарителот каде што е наместен тој сензор. Би требало да е поставен на долната десна страна од испарителот. До него се доаѓа, за жал, само со вадење на оклопот.

Дувањето на ладно, а не правело така, мислам дека е заради тоа што и треба време да „набие“ ама пошто имаме проблем не успева и добиваш ладен воздух.

Ако си ја расклопувал и чистел добро провери го и внатрешниот термистор (ако сте го ваделе) дали случајно му имате променето локација или пак е вратен на место но на неправилен начин. Целиот термистор е ставен во метален „клип“ но врвот не смее да му излегува над него.
Врвот не смее „да го фаќа воздух“. Тој мери со цела површина. Така и треба да биде наместен. Метален е тој термистор/сонда.

Ако пушта фреон на надворешна единица разгледај дали има масни, темно кафеави дамки. Како катран се.
 
Daniel86

Guru
28 мај 2013
3.275
8.858
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVME & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
G-Skill Ripjaws 3200Mhz
Video card
Intel UHD730
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
Logitech MX1000
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Не ја расклопував јас туку мајстор, е сега имаше и една прецвикана цевка од тие што ја монтирале пред 5 години, па он се мачеше ја исправаше некако. Стварно ми е чудно ова со дефростов, ај вчера еднаш само направи, денес неколку пати, за неколку дена како што пошло очекувам и да престане да работи... инаку надворешната единица ми е доста под прозор а живеам на високо, па не се осудувам да се пружам надвор да ја расклопувам, плус и не се разбирам доволно. Што се однесува до внатрешниот термистор мислам дека можам лесно да пристапам до него па ќе погледнам и тоа.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
5.011
4.855
Ако ти е за греење, смени ја. Вака ќе ти троши повеќе заради што е оноф и плус што дел врти во празно. Ем те нервира.
 
Marjan0919

Intern
14 јули 2022
3
0
Здраво имав претходно пишано овде но за погрешна квадратура
Се работи за 50 м2 - дневна и кујна. Изолација стиропор 10ка + пвц прозори.
Се решив да земам една од овие
Ке ве молам за ваше мислење
Потребна ми е за греење
Однапред ви благодарам.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.827
Мислења
911.169
Членови
32.568
Огласи
797
Најнов член
lazaro
На врв Дно