• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
368
155
Зошто да не може? Ако така вели Еуровент, така е. Што клими се овие што даваат 4.5KW на -10?
Според даденово се многу блиски, треба да се види на +2 и +7 како се однесуваат зошто тоа е реално каде ќе се наоѓаат 5,5 месеци, а -10 е параметар за 0,5 месеци. -15 е параметар во кој ќе се наоѓаат 0 месеци.
Инаку за „доброќа“ и преслични се меѓусебно и други работи треба да одлучат која е подобра.
Ме буни тоа на - 10 4,2кw, a на - 15 4,7 кw.. Мислев да не е грешка, да не треба да биде на - 15 3,7кw
Првата на +2 Ph 2,3kw COP 4,7
Втората Ph 2,5kw COP 4,6
Првата на +7 Ph 1,4 kw COP 6
Втората Ph 1,6 COP 5,8
Занемари ги останатите функци, ме интересира која подобро ќе грее и помалку ќе троши во исти услови
Мислењето е автоматски споено:

Ова е најбоље нешто што одамна сум слушнал. Дување на топол воздух надвор. Специјална клима оваа некоја, најверојатно и дупка имаш за да дува на надвор

Sent from Телефон using Tapatalk
Не е смешно ако човекот незнае, затоа и прашува, да научи нешто
 
Последна промена:

Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
532
1,048
Што Мидеа имаш кога на овие темперстури над +12Ц не оди повеќе од 21Ц...???
Неуспоредива е модулацијата на Mitsubishi i Midea, незнам за што би ти служела таа успоредба.
Не оди на зададени 23 степени. Да ставам 24 ќе оди до 22 степени итн, итн.. Не знам што модел е, имам постирано слики при монтажата во октомври па ако ја познаеш види. Јас имам веќе митсу во дневната и знам како се однесува, меѓутоа АP e друг модел и пошто членот веќе ги има и ме интересира како се однесува во помали простории..
Планирам да ја враќам Мидеата, доколку завршам деновиве ќе напишам еден подолг пост со објаснување.
 
Ок, сега те разбирам
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,345
4,122
Ме буни тоа на - 10 4,2кw, a на - 15 4,7 кw.. Мислев да не е грешка, да не треба да биде на - 15 3,7кw
Првата на +2 Ph 2,3kw COP 4,7
Втората Ph 2,5kw COP 4,6
Првата на +7 Ph 1,4 kw COP 6
Втората Ph 1,6 COP 5,8
Занемари ги останатите функци, ме интересира која подобро ќе грее и помалку ќе троши во исти услови
Мислењето е автоматски споено:

Не е смешно ако човекот незнае, затоа и прашува, да научи нешто

Не верувам да има приметлива разлика во трошењето. Преслични се. Повеќе улога ќе има фенот, и сетинзите дополнителни.
 
Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
3,550
4,259
Скопје
@Necromancer Како си задоволен со модулациајта на AP? Дали се понаша како он-оф или задржува модулација? Се работи за мала соба кај мене од околу 13-14 квадрати, а мидеава никогаш не ни чула за модулација, плус наместено на 23 степени, повеќе од 21 не оди нагоре.
Скоти не сум периодов во куќа додека е поладно. Плаќам стан со парно и затоа сме тука зимски период, но планирам да отидам некој викенд да завршам некои работи. Ќе ги работам тогаш климите и ќе следам ситуација па ќе те известам. Иначе оние периоди додека бев таму а беа пониски температури, климата скоро цело време работи, многу ретко се гасеше, не знам дали е тоа на саат, мислам дека е поретко, а потрошувачката на 3,5 беше околу 250-350 вати, кај 2,5 нешто пониска.

Еве за октомври на греење како идело. Ова е AP25.
1638127275118.png
 
zlatko_ti412

Gaining Experience
12 ноември 2018
165
243
Кај мене моментално оди самата на
26ц во 22ч
24ц во 07ч
25ц во 14ч
24ц во 16ч
Цело време е вклучена.
Како да им објаснеме на луѓево дека ноќе е поисплатливо да се попушти малку наместо да се намали температурата?
Се разбира ако не се спие во просторијата :)

Еве мала помош за сите што планираат да купат клима 18-ка.
Податоците се извадени од Еуровент.
Мој фаворит е Fujitsu, цена/перфоманси
Одличен пописов!
Мој фаворит од овие што си ги попишал сепак е Мицу-то.

Fujitsu AOYG18KMTA носи Мицубишин компресор.... по спецификација ист како оној што го носи AP50.... само што тој што е ставен во AP50 е "Made in Thailand" (ист како тој од LN50)... а тој што им го продаваат на Fujitsu е "Made in China" што би значело дека тој во AP50 мора да е подобар.
Башка тоа и тежината на надворешните единици е во полза на Мицуто - 40кг кај AP50 спрема 36кг кај 18KMTA.
Дали тоа ја оправдува разликата од скоро 300еур не знам.... ама ако парите не се проблем јас би го зел Мицуто!
 
Атачменти

  • 18KMTA.png
    18KMTA.png
    36.5 KB · Прегледи: 37

MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
368
155
Како да им објаснеме на луѓево дека ноќе е поисплатливо да се попушти малку наместо да се намали температурата?
Се разбира ако не се спие во просторијата :)

Одличен пописов!
Мој фаворит од овие што си ги попишал сепак е Мицу-то.

Fujitsu AOYG18KMTA носи Мицубишин компресор.... по спецификација ист како оној што го носи AP50.... само што тој што е ставен во AP50 е "Made in Thailand" (ист како тој од LN50)... а тој што им го продаваат на Fujitsu е "Made in China" што би значело дека тој во AP50 мора да е подобар.
Башка тоа и тежината на надворешните единици е во полза на Мицуто - 40кг кај AP50 спрема 36кг кај 18KMTA.
Дали тоа ја оправдува разликата од скоро 300еур не знам.... ама ако парите не се проблем јас би го зел Мицуто!
Потполно си во право. Mitsubishito e подобро гледајќи го како клима ако не се проблем парите. Меѓутоа ако гледаме и на цената, за помалку пари да се земе нешто добро тогаш несомнено е Fujitsu во однос на сите други.
Ако се не нема толку пари тогаш добар е и Harier Flexis...
Со еден збор сите овие клими се добри, прашање е колку можеме да издвоиме за клима.
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,345
4,122
Како да им објаснеме на луѓево дека ноќе е поисплатливо да се попушти малку наместо да се намали температурата?
Се разбира ако не се спие во просторијата :)

Одличен пописов!
Мој фаворит од овие што си ги попишал сепак е Мицу-то.

Fujitsu AOYG18KMTA носи Мицубишин компресор.... по спецификација ист како оној што го носи AP50.... само што тој што е ставен во AP50 е "Made in Thailand" (ист како тој од LN50)... а тој што им го продаваат на Fujitsu е "Made in China" што би значело дека тој во AP50 мора да е подобар.
Башка тоа и тежината на надворешните единици е во полза на Мицуто - 40кг кај AP50 спрема 36кг кај 18KMTA.
Дали тоа ја оправдува разликата од скоро 300еур не знам.... ама ако парите не се проблем јас би го зел Мицуто!
Самата поента што дува климата и што убавиот осет не доаѓа од нејзиното греење туку од зрачењето на загреаните објекти. (или оладени летно време) Според мене многу пологично ми е да ја пуштам силно да грее додека НЕ сум во собата, а да е намалена кога сум во неа. За да ми ги загрее стварите наополу - башка во ефтина струја.

За ладење слично постапувам, кога ќе искочам климата на 22ц, за да олади колку може повеќе, а кога ќе се вратам да покачи на 24 рецимо за да може со пиркање да одржува.

Исто и за другите врсти на греења. Термална акумулација во ефтина струја, колку - толку. Под услов да не е хотел промаја објектот.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,933
15,279
Еве и еден преглед на клими12-ки со податоци од Еуровент...
На некого ќе му помогне при избор на клима...
Тури го во Excel, 10 минути работа.
Браво за трудот. Мислам дека имаш грешка. Нема Даикин Даисекаи модел, да не си мислел на Тошиба?
 
MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
368
155
Тури го во Excel, 10 минути работа.
Браво за трудот. Мислам дека имаш грешка. Нема Даикин Даисекаи модел, да не си мислел на Тошиба?
Моја грешка, toshiba daiseikai 9, a daikin urura e....
Ako можеш направи го во еxsel, ете имаш податоци, јас моментално сум без лаптопот
 
Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
532
1,048
@FLEGMA На мицуто деновиве зададена температура 22 степени а мерачот покажува скоро 24.5 степени. Нормално е ова? Зошто оди доста погоре од зададената температура?
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,933
15,279
@FLEGMA На мицуто деновиве зададена температура 22 степени а мерачот покажува скоро 24.5 степени. Нормално е ова? Зошто оди доста погоре од зададената температура?
На кој мерач го гледаш ова? На wifi-то?
Ако гледаш преку MELCloud, нормално е. Компензација е ова.

И кај мене вака прави. Степен до степен и пол (гледано преку Melcloud)

На 7 метри од неа и на 1,5 метар висина постигнува еден степен повеќе од зададеното (хасап, брз термометар)
 
Скоти

Practice makes perfect
15 октомври 2013
532
1,048
На кој мерач го гледаш ова? На wifi-то?
Ако гледаш преку MELCloud, нормално е. Компензација е ова.

И кај мене вака прави. Степен до степен и пол (гледано преку Melcloud)

На 7 метри од неа и на 1,5 метар висина постигнува еден степен повеќе од зададеното (хасап, брз термометар)
Имам екстерен мерач од Шајоми, на 4-5 метра се од климите, негде на 1.5 метар висина е ставен.
 
Robert23

Intern
18 декември 2020
27
21
Како да им објаснеме на луѓево дека ноќе е поисплатливо да се попушти малку наместо да се намали температурата?
Се разбира ако не се спие во просторијата :)

Одличен пописов!
Мој фаворит од овие што си ги попишал сепак е Мицу-то.

Fujitsu AOYG18KMTA носи Мицубишин компресор.... по спецификација ист како оној што го носи AP50.... само што тој што е ставен во AP50 е "Made in Thailand" (ист како тој од LN50)... а тој што им го продаваат на Fujitsu е "Made in China" што би значело дека тој во AP50 мора да е подобар.
Башка тоа и тежината на надворешните единици е во полза на Мицуто - 40кг кај AP50 спрема 36кг кај 18KMTA.
Дали тоа ја оправдува разликата од скоро 300еур не знам.... ама ако парите не се проблем јас би го зел Мицуто!
Да не заборавиме и оти
-тежина на внатрешна единица на Фујитсу е 13.5кг
980должина,280,240см
-Тежина на Митсуто е 10кг
798-299-219см
Моќност на фујитсу номинал 6.3кw а макс 8.7
-Митсуто 5.8со макс 7.8
-Фан на финутсу 1020
-Фан на митсу 840m3
-Фујитсу двореден надворешен изменувач назабен..
-Митсу ?
-Просечна потрошувачка финутсу 1560 w
-Митсу 1600w
Cop Финутсу 4.04
Cop Митсу 3.63
Цена на Фујитсу кмта 18000 во грција 1400е во Македонија 1050е
Цена на Митцибуши Ап 50 во Грција 1197евра во Македонија 1400евра
И сеа едно прашање зошто е подобра Мицибушито во кој параметар само заради тоа што има потешка надворешна..?
Не бранам Бренд,Осбено не овие од Хидро сет,и нивниот никаков газда ,а уште поникаков сервис(мизерија)
 
Magical

Gaining Experience
15 август 2008
240
301
Климата ми е исклучена, откако температурата надвор се спушти под 0, потрошувачката кога е исклучена се зголеми? Така треба?
 
Атачменти

  • Screenshot_20211130-222459_Shelly.jpg
    Screenshot_20211130-222459_Shelly.jpg
    275.4 KB · Прегледи: 48

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,933
15,279
Од 21ч до 07ч работел грејачот....зошто? Климата ја немам користено од септември кога се ладев, а за греање уште ја немам користено.
Затоа што тој се активира под одредена температура, сакал ти или не.
 
Magical

Gaining Experience
15 август 2008
240
301
Затоа што тој се активира под одредена температура, сакал ти или не.
Добро благодарам многу.

Edit: А дали е добро за климата ако се искчучи од струја да не добива напојување ако не се користи? @FLEGMA
 
Последна промена:

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,933
15,279
Добро благодарам многу.

Edit: А дали е добро за климата ако се искчучи од струја да не добива напојување ако не се користи? @FLEGMA
Нема штета. Ако стои со месеци или година добро е да се пушта еднаш до два пати.

Ако не ти одговара ова, барсј мајстори нека го исклучат грејачот од клеми.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,187
Мислења
879,741
Членови
30,813
Најнов член
viktor7
На врв Дно