Здраво! Се двоумам измеѓу овие две клими:
1.Vivax ACP-18CH50AERI R32
2.Haier Tundra PLUS SMART U50MEGFRA/AS50TDDHRA-CL
Единствено што ме одвлекува од Haier-от е тоа што е до -15 .Дали е тоа доволно минусна температура за во Битола,или да одам со vivax затоа што е до -20?
Пред 10 дена купив Хјундаи ауророа (истата Вивакс аери, само пишува хјундаи) и сега за сега сум презадоволен од бучавост и однесување. Претходно имав Хаер од 2015 и прегоре пред некој месец, па сега стои и се чудам што да правам со не.
Моја препорака, што исто така ми ја дадоа многу искусни луѓе со клими (електроничари што поправаат и монтажери) е Вивакс аери.
Температурата е исто така битна, Хаерот веројатно нема греачи на компресорот и шасијата, додека Виваксот има и затоа е до -20.