Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

taurusmk

Intern
26 септември 2021
20
3
Здраво! Се двоумам измеѓу овие две клими:
1.Vivax ACP-18CH50AERI R32
2.
Haier Tundra PLUS SMART U50MEGFRA/AS50TDDHRA-CL
Единствено што ме одвлекува од Haier-от е тоа што е до -15 .Дали е тоа доволно минусна температура за во Битола,или да одам со vivax затоа што е до -20?

Пред 10 дена купив Хјундаи ауророа (истата Вивакс аери, само пишува хјундаи) и сега за сега сум презадоволен од бучавост и однесување. Претходно имав Хаер од 2015 и прегоре пред некој месец, па сега стои и се чудам што да правам со не.
Моја препорака, што исто така ми ја дадоа многу искусни луѓе со клими (електроничари што поправаат и монтажери) е Вивакс аери.
Температурата е исто така битна, Хаерот веројатно нема греачи на компресорот и шасијата, додека Виваксот има и затоа е до -20.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,804
14,993
Во меѓувреме на Twitter

19-10-2021 Слаткоречив Д'ткач on Twitter_ _НОВА, по неколки сати р (1).png

19-10-2021 Слаткоречив Д'ткач on Twitter_ _НОВА, по неколки сати р.png

Она погоре е класичен пример за недостаток на фреон. Оставам 2% шанса дека не е грешка на монтерите а другите 98% дека се има случено да им избега фреонот на споевите.
Како и да е, нашиве Хилта стручњаци гледаат да ти ја „увалат“ и да избегаат што е можно побрзо.

Затоа овдека упорно повторуваме - вакумирање, вакумирање, вакумирање....
Еден од бенефитите на вакумирањето е што монтерот може навреме да види дали ќе испушта фреон пред да го пушти и да биде доцна за се.

View: https://twitter.com/Slatkorechiv/status/1450426425950064646
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,804
14,993
Ова може да се деси сеа на овие температури?
Ако недостасува фреон, може. И тоа во било кое време (на топлење) Примети дека е замрзната до половина.
Типичен знак на недостаток на фреон. Во зима, на минусни температури, оној мраз буквално претекува надвор од оклопот и не го топи ништо. Нит дефрост, нит ништо. Ваљда во март ќе се стопи или ако тураш топла вода all day long.
 
Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
443
938
Ако недостасува фреон, може. И тоа во било кое време (на топлење) Примети дека е замрзната до половина.
Типичен знак на недостаток на фреон. Во зима, на минусни температури, оној мраз буквално претекува надвор од оклопот и не го топи ништо. Нит дефрост, нит ништо. Ваљда во март ќе се стопи или ако тураш топла вода all day long.
Кај мене на мидеата кога вакумираа пошто се интересирав а и монтериве беа доста фини, ми кажуваше дека на манометрите треба притисокот да го држи и да не паѓа( или се качува, така нешто), тука ли се гледа дали тече фреон? На овај погоре на сликата му ја зезнале при спојување на бакарните цевки и затоа истекол фреонот? Иначе имаше монтеров еден алат кало конус, и цело време го чистеше при нова цевка од бакарот наталожен на него, ептен педантерија.
 
Со вакумирање се извлекува воздухот од линијата (и со самото тоа влагата) до минусни вредности на притисок или во превод се прави, вакум.
На манометар, откако се постигне вакумот, покажува да речеме -2 бари и монтерот гледа дали притисокот е стабилен. Ако почне да расте тогаш тоа е знак дека линијата некаде пушта па благовремено интервенира.

По правило ова треба да трае едно саат време но кај нас монтерите немаат трпение за ова па обично им се доволни 20-ина минути да констатираат дека е се во ред (што е далеку од реалноста)
Но сепак, ако има пуштање тогаш веднаш се забележува.

На крајот монтерот, со имбус, го отштрафува холендарот на надворешната единица и го пушта фреонот.

Нормално губење на фреон е 1 до 2 грама годишно.

Иначе идеалната и фиктивна за нас процедура е оваа:
  • Ден 1: Се монтира климата, се поврзуваат цевките и системот се полни со азот на 40 Бари(!)
    Ова е притисокот на R410 фреон во „полна пареа“. Се остава манометарот и се следи состојбата се до..
  • Ден 2: Се испушта азотот, се вакумира повторно и се пушта фреонот.
Нормално, ова не е постапка за правење кај сплит клими туку за системи каде што има голема должина на цевки и повеќе единици (плафонски + парапетни + сплит итн) и каде што е неприфатливо да има дефект заради изведба. На што би личело во болница, супер маркет или слично да се мотаат мајсотри во потрага каде се губи фреонот.

Она што е најбитно, со вакумирањето, е да не се дозволи во ниеден случај да дојде до мешање на воздухот кој е во цевките и фреонот при прва употреба.
Перформансите на невакумирана клима се за минимум 1/3-ина до 40% помали од вакумирана клима. Па така, може да се случи Тесла да работи подобро од супер скап Даикин, Митсубиши, Фуџитсу кои не се вакумирани.

Релативно проста постапка која заштедува време, пари и живци.
И силно се одразува на животниот век на климата.

Јас би се кладел дека половината од климите (ако не и повеќе) не се ваумирани што е поразително.
 
DelphiUser

Practice makes perfect
2 март 2011
1,539
1,479
Drachevo
Искуство со Мидеа/Вивакс 3.5, дали знаат да модулираат и на колку W спуштаат?
Од Грее (освен Hansol), ниту една не знае да модулира.
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
101
60
АЕМИ Е 21.000-23.000ден АЕРИ 28.000-30.000 која е разликата, овде се има пишувано и за haier tundra, гледам во сетек Haier Tundra PLUS SMART 1U35MEEFRA / AS35TADHRA-CL ако е таа 25.600ден.
Аеми Vivax е без греaчи и дo -15°C дoдекa Аери Vivax е сo греaчи дo -20°C Аери мoделoт е дoкaжaн квaлитетен и екoнoмичен мoдел нa Vivax
2-тa Vivax мoдели и Аеми и Аери се oдлични сo тoa штo Аери е пoмoќнa климa зa Греење.
Haier Tundra е без греaчи кaкo Аеми мoделoт нa Vivax.
 
MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
350
140
Здраво! Се двоумам измеѓу овие две клими:
1.Vivax ACP-18CH50AERI R32
2.
Haier Tundra PLUS SMART U50MEGFRA/AS50TDDHRA-CL
Единствено што ме одвлекува од Haier-от е тоа што е до -15 .Дали е тоа доволно минусна температура за во Битола,или да одам со vivax затоа што е до -20?
Ако имаш парички земи си ја оваа со попуст 47500 ден, истата во клими.мк е 58000 ден
Mitsubishi kompresor SVB140FCAMC, ЕЕV, надворешна 37,8 кг, добри филтри, wi-fi
Ако не земи си ја Тундрата за 34000 ден.
 
Последна промена:

FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,804
14,993
Искуство со Мидеа/Вивакс 3.5, дали знаат да модулираат и на колку W спуштаат?
Од Грее (освен Hansol), ниту една не знае да модулира.
Јас имам VIVAX AERI (на R410) и од ланските графикони кои ги правевме со @zlatko_ti412 видов дека климата привидно модулира. Што ќе рече, надвор компресорот гасне а внатре продолжува да дува. Циклусите на изгаснат компресор се на по 1 минута. Значи on-off ама овојпат на надворешната единица.
Ова е вака на релативно топло време.

На ладно, знае да задржи модулација односно константа работа со одредена снага.

Нема за ова дефинитивен одговор. Зависи од квадратурата, висината на плафонот, висината на климата, позицијата на надворешната единица, дали има предмети околу и под неа па одбива топлиот воздух итн.

Во равенкава треба да се додаде и надворешна температура + влага па стварно да не знаеш крај да фатиш.
Генерално, 3,5-ките (ако собата не е премала) знаат да работат константно со саати.
 
kosata

Intern
17 април 2015
40
30
битола
Ако имаш парички земи си ја оваа со попуст 47500 ден, истата во клими.мк е 58000 ден
Mitsubishi kompresor SVB140FCAMC, ЕЕV, надворешна 37,8 кг, добри филтри, wi-fi
Ако не земи си ја Тундрата за 34000 ден.
Фала за советот ...пазарив Тундра 34 000 денари... па ке споделам искуство како ке се покажи на минусни температури! поздрав!

Испратено од SM-G955F преку IT.mk форум апликација
 
Aowek

Gaining Experience
14 април 2012
690
376
Монтирана Гри Фери Нордик кај познаници. Сума сумарум 75 бона на фактура беше. Монтажа е направена солидно. 66 кг тежеше надворешната единица на скеле ја дигаа 5 метри беше борби. Вчера подесена на 23ц во 40м2 дневна не се изгасни ниту еднаш. Ќе се доземе мерач и ќе видиме како модулира.
 
DelphiUser

Practice makes perfect
2 март 2011
1,539
1,479
Drachevo
Standby 5w скоро сите клими го имаат тоа (барем тие со Wifi).
Тие поскапите со греачи, во зима на минусни 80W standby, си работи греач/и
Мислењето е автоматски споено:

Јас имам VIVAX AERI (на R410) и од ланските графикони кои ги правевме со @zlatko_ti412 видов дека климата привидно модулира. Што ќе рече, надвор компресорот гасне а внатре продолжува да дува. Циклусите на изгаснат компресор се на по 1 минута. Значи on-off ама овојпат на надворешната единица.
Ова е вака на релативно топло време.

На ладно, знае да задржи модулација односно константа работа со одредена снага.

Нема за ова дефинитивен одговор. Зависи од квадратурата, висината на плафонот, висината на климата, позицијата на надворешната единица, дали има предмети околу и под неа па одбива топлиот воздух итн.

Во равенкава треба да се додаде и надворешна температура + влага па стварно да не знаеш крај да фатиш.
Генерално, 3,5-ките (ако собата не е премала) знаат да работат константно со саати.
На колку минимум се спушташе.
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,236
3,960
Standby 5w скоро сите клими го имаат тоа (барем тие со Wifi).
Тие поскапите со греачи, во зима на минусни 80W standby, си работи греач/и
Мислењето е автоматски споено:

На колку минимум се спушташе.
Да откриеме AERI 12 на колку спушта на греење и Haier Tundra 12ka колку минимум спушта и конечно да ја разрешиме темава.
 
DelphiUser

Practice makes perfect
2 март 2011
1,539
1,479
Drachevo
Јас можам да ви кажам за Грее:

Модулација при греење:
Hansol 12: 95W
GTech 12: ~500W
UCrown 12: 735W
Tosot 12: ~1000W (oваа од 32к TOSOT MUSE LCLH TWH12AFC-K6DNA5D по супер цена од 31.990 ден.)

Сите ги имам, Тосот ми е најнова и не недоволна тестирана, 1000W е најниско што сум видел на грење, 330W na ладење. Изгледа дека Gree не знае да направи компресор што модулира? Hansolot беше со лиценциран компресор Sanyo, не беше грее компресор.

Проблеми досега со климите генерално немам, освен:
Hansol: вентилаторот почна да зуи, како да е потрошен на лагери. 3 години стар.
Gtech: надворешната чудно работи понекогаш. Сервисерот се прави дека не слуша. 1г стар.
UCrown: нема маана. 1г стар
Tosot: нова, неиспитана.

Модулација, стабилност во работа:
Hansol: модулира добро кога не е многу ладно, не гаси. Кога е многу ладно гаси и прави суви дефрости и ова нервира.
UCrown: прави defrost веднаш после стартување. Ако не е многу ладно дува со миналните 735-800W долго време па потоа гаси. Ако е ладно (<-10) прави дефрости на 45 минути.
GTech: помалце дефрости прави од UCrown и Hansol.
Тosot: ќе видиме.
Генерално GREE прави многу дефрости во ладно, најверојатно превентивно да не се набилда мраз?

Андроид апликацијата, Gree+ е малку шашлива, кога сака работи кога сака не. Понекогаш ги брише сите сетинзи, тајмери, и треба да изгубиш многу време да ги проработиш, обично треба да исклучиш клима, wifi на клима, wifi на телефон, па се одново. Ако стиснеш на даљинското од климата, сите сетинзи од апликацијата се бришат и треба на ново да ги подесиш, ова е најголем недостаток. На UCRown не може да се подеси вертикалната насока прецизно со апликацијата, го местиш на средина да дува, а дува една позиција подолу, а ако дува подолу побрзо ќе изгаси климата заради билдање на топол воздух околу климата.
 
igor_xxxx

Practice makes perfect
10 септември 2010
1,289
1,589
Однапред се извинувам за "мрзливиот" пристап, но имам потреба од совет за познати кои што сакаат да купат нова клима, а моето последно искуство со тематиката беше кога Мицу ФХ35ВЕ беше најдобар избор за 60,000 и нешто илјади денари.

Со оглед на тоа што тука имаме добро упатени дечки, дали би можеле да ми дадете 2-3 предлози кои би биле најсоодветни за греење на објект со следните карактеристики:

Локација: Крушево
Објект: Горен спрат од куќа
Површина: 30м2 (тоа е просторијата што треба да се грее)
Изолација: Надворешни ѕидови со минимална изолација, скоро непостоечка (во фаза на поставување нова, ама да речеме дека е лоша за сега) ; нова дограма ; таван изолиран горе, празна просторија што не се грее доле
Буџет: 60-80,000 МКД
Преференца: На друга локација се користи Тошиба и се задоволни луѓето, па изборот идеално би се движел накај јапонец ако има соодветен за тој буџет и услови.

Фала многу за помошта :)
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,236
3,960
FTXF50 Даикин под услов да не е стварно 30м2 туку да се разотворат врати и да си грее се како што треба (до кај ќе стигне).
FH35VE уште се наоѓа по некоја заостаната. LN35VE е замената и е многу фалена но е поскапа.
Haier Tundra 12/18 зависи колку стварно бара просторот.
 
igor_xxxx

Practice makes perfect
10 септември 2010
1,289
1,589
туку да се разотворат врати и да си грее се како што треба (до кај ќе стигне).

Ова специјално го препрашав 3 пати кога ме прашуваа и наводно само 30м2 биле, така да ако ме лажат, лажам и јас :)

Фала Дени.
 
MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
350
140
Однапред се извинувам за "мрзливиот" пристап, но имам потреба од совет за познати кои што сакаат да купат нова клима, а моето последно искуство со тематиката беше кога Мицу ФХ35ВЕ беше најдобар избор за 60,000 и нешто илјади денари.

Со оглед на тоа што тука имаме добро упатени дечки, дали би можеле да ми дадете 2-3 предлози кои би биле најсоодветни за греење на објект со следните карактеристики:

Локација: Крушево
Објект: Горен спрат од куќа
Површина: 30м2 (тоа е просторијата што треба да се грее)
Изолација: Надворешни ѕидови со минимална изолација, скоро непостоечка (во фаза на поставување нова, ама да речеме дека е лоша за сега) ; нова дограма ; таван изолиран горе, празна просторија што не се грее доле
Буџет: 60-80,000 МКД
Преференца: На друга локација се користи Тошиба и се задоволни луѓето, па изборот идеално би се движел накај јапонец ако има соодветен за тој буџет и услови.

Фала многу за помошта :)
Јас би ти ја препорачал оваа
Ги успоредував Еуровентите со DAIKIN FTXF50 и има подобри резултати.
Ако сакаш поефтино мислам дека е добра зделка HAIER FLEXIS во Сетек 47500, во клими. Мк 57000
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,804
14,993
На колку минимум се спушташе.
Да откриеме AERI 12 на колку спушта на греење и Haier Tundra 12ka колку минимум спушта и конечно да ја разрешиме темава.
Можете до утре да откривате ама се додека не купите уред од типот на Broadlink SP3S, Sonoff POW R2, Shelly и не ги поврзете со Home Assistant па во него не ставите InfluxDb и Grafana (за исцртување на графикони) сите „ваши“ тврдења за ниски модулации и просеци вадени од Energenie и нему слични ги прогласувам за умрено.

Значи, може некој да ми тупи до утре дека климата му спушта на 50W ама додека не видам графикони вашите тврдења можете да си ги закачите.....

Инсталирањето на Home Assistant во виртуелна машина + малку посветување на внимание за конфигурација ќе ги открие сите тајни на вашите клими.

И @zlatko_ti412 не знаеше што му зборувам кога му велев дека графиконот што го покажува мобилната апликација од Broadlink „врска нема со животот“ се додека не инсталира Home Assistant.

Јас преку истиот видов дека кинеските клими се „фолираат“ дека имаат модулација. Не велам дека ова е намерно но она што го перципирате за ниска модулација се должи на вентилаторот кој не гасни воопшто, на кратки on-off циклуси на компресорот и на каснењето на податоците кои ги добивате од мерачите.

Е, веќе на ниски температури можеме да зборуваме за константна модулација кај кинезите. На сликата подолу е пример како работат на -10 (јануари 2021)

За жал некаде во март имав хаварија на SSD-то на кое ми беше инсталиран Home Assistant и се што имам се неколку скриншоти низ архивите и овдека на форумов (дури ни јас не можам да ги најдам)

Друга, и најважна особина, за која никој не зборува се дефростите и нивното траење. Па така, кај Mitsubishi имаш циклус кој трае точно три минути а кај кинези имаш циклус кој трае 12. Прилично незгодно на -10 / -15.
И подобро е да прави чести и кратки дефрости па да се ослободи од мразот (кој е изолатор) отколку да кенка со саати, да троши и да не топли.

03-02-2021 Grafana - Home Assistant (4).png

И затоа кога некој ми каже има модулација од толку и толку не признавам се додека не видам на колку наместил, колку има собна температура и колку надворешна + податок за влага.
Се друго е невиден курч и мерење на таквото по форуми.
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,236
3,960
Меѓу 350 и 600 ако е модулацијата зошто докази толкави? Тоа лесно се гледа.

“Extraordinary claims require extraordinary evidence”. Како на пример 90-130W.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,035
Мислења
870,597
Членови
30,369
Најнов член
bigsmile
На врв Дно