• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
363
143
Некој да објасни...
Во сервисното од Haier tundra U50MEFFRA пишува дека е капилара, а на шемата стои ЕЕV, додека кај Haier flexis 1U50S2SJ2FA во сервисното пишува ЕЕV, а на шемата стои капилара.
Што е точно???
Абе има ли некој да провери и да ми каже точно???
 

alexandar11

Gaining Experience
11 јануари 2010
403
190
Vivax Aemi имaш ? 3.5кв или 5.5кв ?
Кaкo си зaдoвoлен oд климaтa ?
Кoлкaв прoстoр грееш сo климaтa имaш изoлaцијa

Акo сaкaш спoдели и Фoтoгрaфии oд Внатрешната Единица и Далечинскoтo.
3.5кв

Загревам само меѓусезона. 30м2 отворен простор на јужна страна, ама без изолација.
Во куќа со изолација или во стан ќе нема големи топлински загуби.

Сега да треба да изберам ќе доплатам за Аери, ама и оваа за 21.000 ако се најде вреди за парите.


29383228c3da06096238f126891a3701.jpg
65e926a69e0da33771fdb6cc37786a7c.jpg
 

Igordobro

Intern
14 октомври 2018
20
2
Здраво Дечки,

Ми треба совет за локација на клима,
Куќата нема изолација, само цигла. ПВЦ прозори има и кровот е нов со добра изолација.
Ова е првиот спрат кај што сакам да ставам додатна клима (5.5kw vivax)
Со зелено се обележани вратите. Према скалите исто има горе врата да не бега топлината надоле по скали.

Моментално има:
1. 3.5кв клима во дневната. модел Vivax_ACP-12ch35aeri12 Silver.

јас би сакал:
1. 3.5 вивакс да ја преместам од дневна во ходник (обележано со црвено 3.5кв)
2. На местото во дневна да ставам 5.5кв Vivax ACP-18CH50AERI R32

Ne mi se stava vo spalna poso grdo na terasa kje izgleda i nema ni odvod terasata.
mislam deka taa od hodnik kje butka vozduh nakaj spalna, i 5.5.kw kje duva nakaj hodnikot....

Ili drug raspored da napravam, ipak vo spalna?


Погледнете го атачментот 105165
[/QUOTE]
мислење на темава?
 

MitkoI

Gaining Experience
11 јуни 2017
363
143
Можеби на некој ќе му помогне при изборот на клима.
Податоците ги извадив од Еуровент.
Заклучок:
HAIER FLEXIS 1U50S2SJ2FA јака клима, co twin rotary Мitsubichi компресор SVB140FCAMC, IMG_20211015_124804.jpg која е по карактеристиките близу до FUJITSU AOYG18KMTA.
Цената на Haier пристојна 50000,00 денари во Сетек, наспрема Fujitsu 68100,00 во Клими МК.
 

Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
451
944
Монтирана денес Мидеа мулти сплит со 2 внатрешни високоѕидни единици, во спална и детска соба. Монтери од Охрид, секоја им чест, 4 и пол саати местеа, вакумираа, направија круг позади надворешната единица и ставија по 3 метри бакарни цевки за секоја внатрешна единица.
2.jpg
3.jpg 4.jpg 5.jpg 1.jpg
 

klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
101
60
3.5кв

Загревам само меѓусезона. 30м2 отворен простор на јужна страна, ама без изолација.
Во куќа со изолација или во стан ќе нема големи топлински загуби.

Сега да треба да изберам ќе доплатам за Аери, ама и оваа за 21.000 ако се најде вреди за парите.


29383228c3da06096238f126891a3701.jpg
65e926a69e0da33771fdb6cc37786a7c.jpg
Oдлични мoдели се и АЕМИ и АЕРИ Vivax
Мислењето е автоматски споено:

Монтирана денес Мидеа мулти сплит со 2 внатрешни високоѕидни единици, во спална и детска соба. Монтери од Охрид, секоја им чест, 4 и пол саати местеа, вакумираа, направија круг позади надворешната единица и ставија по 3 метри бакарни цевки за секоја внатрешна единица.
Погледнете го атачментот 105231
Погледнете го атачментот 105232Погледнете го атачментот 105233Погледнете го атачментот 105234Погледнете го атачментот 105235
Oдличнo изгледaaт климите мoнтирaни се супер MDV by Midea сo здрaвје дa ги кoристиш климите.
 

Seduce83

Intern
3 јануари 2016
4
1
Здраво!
Дали некој има монтирано клима на внатрешен ѕид, поточно над врата, а спротивно на вратата е прозорец и бетон а таму нема можност за монтирање. Бакарот и конденз цревото би оделе вертикално покрај вратата па покрај ѕидот хоризонтално 4м па да се дупне дупка што би излегла во спалната и од неа надвор на тераса да се монтира надворешната.
Дали е изводливо и дали се нафаќаат монтерите за ваква монтажа?
Поздрав
 

the_butcher

Intern
31 октомври 2016
23
27
Прва зима ќе сум на инвертер клима, па како е најдобро да се користи преку ден и преку вечер?
 

mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,242
3,966
Прва зима ќе сум на инвертер клима, па како е најдобро да се користи преку ден и преку вечер?
Да. 24 часа вклучена. Вратичката за дување, надолу. Аутофен или претпоследна брзина на дување. Температура меѓу 24 и 27 степени, по желба.
 

maki01

Gaining Experience
2 август 2017
88
67
Прва зима ќе сум на инвертер клима, па како е најдобро да се користи преку ден и преку вечер?
Кај мене од ноември до март не се гаси климата. Ја имам програмирано од 06.00-23.00 часот на 24 степени и од 23.00-06.00 часот на 21 степен, аутофан нонстоп. Со здравје да си ја користиш.

Sent from my SM-A105FN using Tapatalk
 

OtterMe

Intern
5 ноември 2018
9
17
Монтирана денес Мидеа мулти сплит со 2 внатрешни високоѕидни единици, во спална и детска соба. Монтери од Охрид, секоја им чест, 4 и пол саати местеа, вакумираа, направија круг позади надворешната единица и ставија по 3 метри бакарни цевки за секоја внатрешна единица.
Погледнете го атачментот 105231
Погледнете го атачментот 105232Погледнете го атачментот 105233Погледнете го атачментот 105234Погледнете го атачментот 105235
Поисплатливо ли е мултисплит отколку две посебни? Ние кога прашувавме ни велеа дека е многу поскапо и дека само за две внатрешни единици е неисплатливо :/
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,416
1,512
Поисплатливо ли е мултисплит отколку две посебни? Ние кога прашувавме ни велеа дека е многу поскапо и дека само за две внатрешни единици е неисплатливо :/

Мултисплит надворешната единица чини колку 2-3 клими, плус треба да се докупат внатрешните единици, исто и монтажата зависи од фирма е нешто поскапа. Поевтино е засебни клими.
 

Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
451
944
Поисплатливо ли е мултисплит отколку две посебни? Ние кога прашувавме ни велеа дека е многу поскапо и дека само за две внатрешни единици е неисплатливо :/
Зависи. Кај мене се 2x2.5kw ги земав јуни месец годинава за 48 000 денари минус 20% враќаа пари од банка. Наместени се во 2 спални една до друга и за монтажа ми земаа 8000 денари. Па сеа ти израчунај се.
 

Mar tiN

Gaining Experience
2 јануари 2014
599
378
Mar tiN's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 / Cooler Master Hyper 103
Motherboard
ASUS B85M-K
Storage
WD - 3 TB
PSU
Cooler Master B500 ver.2
RAM
Kingston 8GB 1600MHz DDR3
Video card
ASUS STRIX GTX™ 950 Gaming 2 GB
Case
Cooler Master K350
Mouse
ASUS W3000
Keyboard
ASUS W3000
Audio
Vivax HT100 5.1
Monitor
Samsung SyncMaster 2032BW
OS
Windows 10 Pro x64
Утре или во сабота ќе видам. Во меѓувреме ќе одам до хубо да видам дали има пиштоли за пур пена со подолга рачка или некое помагало да можам да докачам од прозор до дупката надвор, околу едно метро ми треба. Ако најдам таква пур пена ок, ако не имам еден мој рецепт со памук натопен во гипс. Мек е, го местиш и после го оставаш да стврдне.

Ич не ми се демонтира внатрешната единица, ама па и оси од клима да ти искачаат небива :(
Земи пурпена за лепење на изолација(стиродур, стиропор) , и земи 1 метар црево дебелина како што е цевката на пурпената,стави ѓи една во друга така што ќе ја продолжиш цевката што доаѓа со пурпената
 

OtterMe

Intern
5 ноември 2018
9
17
Мултисплит надворешната единица чини колку 2-3 клими, плус треба да се докупат внатрешните единици, исто и монтажата зависи од фирма е нешто поскапа. Поевтино е засебни клими.

А дали е поекономична потрошувачката? Не ми е јасно зошто постои таа опција ако е поефитно засебни клими.
Мислењето е автоматски споено:

Зависи. Кај мене се 2x2.5kw ги земав јуни месец годинава за 48 000 денари минус 20% враќаа пари од банка. Наместени се во 2 спални една до друга и за монтажа ми земаа 8000 денари. Па сеа ти израчунај се.

Аха, па супер ти испаднало. Како ти враќаа пари од банка, има ли некоја програма за финансирање? Знаеш ли дали потрошувачката ќе е помала во споредба со две посебни клими?
 

Скоти

On your way to fame
15 октомври 2013
451
944
А дали е поекономична потрошувачката? Не ми е јасно зошто постои таа опција ако е поефитно засебни клими.
Мислењето е автоматски споено:



Аха, па супер ти испаднало. Како ти враќаа пари од банка, има ли некоја програма за финансирање? Знаеш ли дали потрошувачката ќе е помала во споредба со две посебни клими?
Ќе прашаш од дилерот кај што ќе ги земеш тој ќе ти објасни како враќаат пари од банка. Потрошувачката нема да е помала, т.е иста ќе биде колку и 2 засебни клими 9000btu. Ги земав ради практичност, да не ставам 2 надворешни единици на фасадата и ради естетика.
 

bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,416
1,512
А дали е поекономична потрошувачката? Не ми е јасно зошто постои таа опција ако е поефитно засебни клими.
Мислењето е автоматски споено:



Аха, па супер ти испаднало. Како ти враќаа пари од банка, има ли некоја програма за финансирање? Знаеш ли дали потрошувачката ќе е помала во споредба со две посебни клими?

За поевтино не верувам дека е многу, секако почетната инвестиција е поголема, исто треба да се земе посилна единица, пример место две 2,5 и 3,5 КВ ти треба една 5 КВ, најчесто се користи како што кажа членот погоре пример да не наредиш 3-4 клими на фасада. Недостаток ако се расипе немаш греење во цел објект.
 

kosata

Intern
17 април 2015
40
30
битола
Здраво! Се двоумам измеѓу овие две клими:
1.Vivax ACP-18CH50AERI R32
2.
Haier Tundra PLUS SMART U50MEGFRA/AS50TDDHRA-CL
Единствено што ме одвлекува од Haier-от е тоа што е до -15 .Дали е тоа доволно минусна температура за во Битола,или да одам со vivax затоа што е до -20?
 

Стап

Gaining Experience
6 јули 2011
359
123
Oдлични мoдели се и АЕМИ и АЕРИ Vivax
Мислењето е автоматски споено:


Oдличнo изгледaaт климите мoнтирaни се супер MDV by Midea сo здрaвје дa ги кoристиш климите.
АЕМИ Е 21.000-23.000ден АЕРИ 28.000-30.000 која е разликата, овде се има пишувано и за haier tundra, гледам во сетек Haier Tundra PLUS SMART 1U35MEEFRA / AS35TADHRA-CL ако е таа 25.600ден.
 

petkotrajko

Gaining Experience
16 јуни 2017
239
200
Здраво! Се двоумам измеѓу овие две клими:
1.Vivax ACP-18CH50AERI R32
2.
Haier Tundra PLUS SMART U50MEGFRA/AS50TDDHRA-CL
Единствено што ме одвлекува од Haier-от е тоа што е до -15 .Дали е тоа доволно минусна температура за во Битола,или да одам со vivax затоа што е до -20?
Земај тундрата, и ич не му ја мисли.

Испратено од телефоно.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44,069
Мислења
871,240
Членови
30,405
Најнов член
FenomenX
На врв Дно