• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Charlie00

Intern
11 август 2020
4
0
Акo имaш дoбaр буџет тoгaш oвaa 3.5 кв климa oдличен бренд

Колку што гледам со мали разлики тошибата е подобра,единствено протокот им е ист.
Има ли нешто што не знам.Може ли еуровент линкови, овие на сајтот дали се и точни
 
Jordan223

Intern
26 октомври 2019
29
39
Некој да сподели искуство со Carrier клими.Дали вредат за парите?Или има подобри алтернативи.
 
klima fan

Gaining Experience
14 јуни 2021
99
59
Колку што гледам со мали разлики тошибата е подобра,единствено протокот им е ист.
Има ли нешто што не знам.Може ли еуровент линкови, овие на сајтот дали се и точни
И Тoшибaтa и Митцубиши се oдлични
Тaкa дa спремa твoјoт будџет кoјa и дa јa земеш oд oвие 2 ќе бидеш зaдoвoлен.
 
paraglajder

Gaining Experience
9 јануари 2008
210
105
Пред да одам и да ја купам најскапата, би сакал некој да даде предлог од лично искуство или слично?

Климата ќе биде користена во соба и ходник од 80 метри квадратни.

Благодарам однапред.
 
zlate_mkd

Intern
17 декември 2019
47
35
има доста избор за клими и модели и се сеа спрема тоа што се нуди на нашиов пазар моја препорака vivax aeri серија, е сеа квадратурава ти е голема 5.5кв би ти била малку за тој простор треба 7кв појака да загрее убаво м освен ако ти е добро изолирано местото ке немаш гајле и со послабата
 
maci

On your way to fame
2 април 2008
3,061
712
Пред да одам и да ја купам најскапата, би сакал некој да даде предлог од лично искуство или слично?

Климата ќе биде користена во соба и ходник од 80 метри квадратни.

Благодарам однапред.
ич не губи време ,отиди и купи ја најскапата и пиши што си купил
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,692
14,750
Прво напиши дали имаш изолација и каков е распоредот.
Со една клима 80 квадрати тешко да постигнеш нешто.

Прво ќе се топли просторијата каде што е наместена па ќе исклучи, потоа ќе дојде ладно од салонот, ќе се уклучи и така во круг.

Затоа направи груба слика од станот па да ти се даде совет.
Да е еден голем простор ќе ти се кажеше "оди купи ја таа и таа 7,5-ка" и готово.
 
mdeni

Unstoppable
24 септември 2012
4,063
3,767

Оваа земи ја иако е 5kw можеби ќе заврши работа.

А јас би рекол дека ти треба мултисплит со 2-3 единици. Од Хаиер на пример.

Или пак опција за една 18ка и една 12ка раздалечени една од друга.
 
SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,626
5,221
Пред да одам и да ја купам најскапата, би сакал некој да даде предлог од лично искуство или слично?

Климата ќе биде користена во соба и ходник од 80 метри квадратни.

Благодарам однапред.
Пред да одиш да ја купиш најскапата, посоветувај се со технички образувано лице кое што се занимава со климатизација на простории.
Треба да се види објектот, просторијата и можностите за греење/ладење на истата.

Без оглед и да е една просторија од 80 квадрати, потребни се повеќе единици на различни места за да ја загреат рамномерно.

Ако е тоа така, јас би те посоветувал наместо да фрлаш пари за скапи клими и да експериментираш, да се посоветуваш со стручно лице кое можеби ке ти предложи инсталација на чилер/топлинска пумпа на која ке се накачат три/четири внатрешни единици, односно фенкојлери кои ке се користат и за греење и за ладење.

Размисли :)
Поздрав
 
bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
373
238
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Дали може некој да ми помогне да ми каже во која фирма во скопје го има тоа средството за чистење клими, што е во голема туба 8 или 9 литри беше мислам.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,692
14,750
Дали може некој да ми помогне да ми каже во која фирма во скопје го има тоа средството за чистење клими, што е во голема туба 8 или 9 литри беше мислам.
Ако е за внатрешна единица не ти треба. За претерано замастена внатрешна единица ти треба само литар чист алкохол, жешка вода, Дезентал, стара четкичка за заби, правосмукалка и трпение.
Супер би било да има „магично“ средство со кое би напрскал човек и овааа би се претворила во нова клима.

Без вадење на надворешниот оклоп тешко да ја исчистиш како што треба.
 
bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
373
238
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Ако е за внатрешна единица не ти треба. За претерано замастена внатрешна единица ти треба само литар чист алкохол, жешка вода, Дезентал, стара четкичка за заби, правосмукалка и трпение.
Супер би било да има „магично“ средство со кое би напрскал човек и овааа би се претворила во нова клима.

Без вадење на надворешниот оклоп тешко да ја исчистиш како што треба.
Оти да не треба за внатрешна единица? Па мислам и така беа насоките овде кога барав информаци пред 2-3 год. И баш тоа средство многу ми помогна да се отстранат непријатните мириси што се јавуваат од време на време. Јас 2-3 пати ја прскам внатрешната единица годишно со средствово растворено 1:4 или 1:5 со вода и супер се освежува климата. Инаку кој може да чепка во надворешна единица качена на висина, на тераса, убаво наместена, фиксирана, плус ко шо е тешка панасоников кај мене, немам шанса да пробам да ја чистам од задна страна...

Еве го:
 
Последна промена:

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,703
3,052

Не го разбра. И он збореше за внатрешна, и дека не ти требаат посебни средства како ова што си го навел. И јас не ги сакам овие, пошто генерално сите се на баса на жива сода (и ова е). Ако баш сакаш со такви купи си гранули у било која земјоделска аптека, раствори во вода и ете ти.
Но без да ја расклопиш, и исчистиш убаво барем еднаш се друго е половична работа. И истото може да го направип со многу помалку штетни хемикалии кои веќе ги наброја @FLEGMA да не се повторувам. Кај да е викендов ќе праам стандард сезонско карактеристично чистење (врела вода, дезентал, врела вода, алкохол, пола саат на крај на греење и чао. Во водата додавам и 1-2 лажичи сода бикарбона).

Sent from Телефон using Tapatalk
 
bobipp

Gaining Experience
13 ноември 2009
373
238
bobipp's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X with Wraith Prism Cooler
Motherboard
Asrock B450 Pro 4
Storage
SSD Samsung 860 EVO 250 GB
PSU
Riotoro Enigma G2 650W Gold full modular
RAM
2x8 GB G. Skill Ripjaws V 3200 Mhz
Video card
MSI GTX 1650 SUPER 4 GB OC Edition
Case
Riotoro CR400 2x120 mm fans
Mouse
A4Tech X-710BK
Monitor
AOC i2269vwm 21.5" IPS
OS
Windows 10 Pro
Не го разбра. И он збореше за внатрешна, и дека не ти требаат посебни средства како ова што си го навел. И јас не ги сакам овие, пошто генерално сите се на баса на жива сода (и ова е). Ако баш сакаш со такви купи си гранули у било која земјоделска аптека, раствори во вода и ете ти.
Но без да ја расклопиш, и исчистиш убаво барем еднаш се друго е половична работа. И истото може да го направип со многу помалку штетни хемикалии кои веќе ги наброја @FLEGMA да не се повторувам. Кај да е викендов ќе праам стандард сезонско карактеристично чистење (врела вода, дезентал, врела вода, алкохол, пола саат на крај на греење и чао. Во водата додавам и 1-2 лажичи сода бикарбона).

Sent from Телефон using Tapatalk
Значи да скратиме, јас средството го имам и имам за уште неколку години да го дотрошам. Информацијата за фирмата ми е потребна за да им кажам на пријатели да си купат. Инаку средството е нетоксично и не нагризува метал. Јас сум задоволен.
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,703
3,052
Значи да скратиме, јас средството го имам и имам за уште неколку години да го дотрошам. Информацијата за фирмата ми е потребна за да им кажам на пријатели да си купат. Инаку средството е нетоксично и не нагризува метал. Јас сум задоволен.
Ок ако за тебе Натриум Хидроксид, каустична сода или народски жива сода е нетоксично, терај. Појма немам кај го има, никад не сум го ни барал.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
Igordobro

Intern
14 октомври 2018
16
2
2 prasanja za iskusnite na ovaa tema.

1. dali e ok montirana klimava? citav na forum deka bakarnite cevki treba da se vrteni, minimum 3 metra itn. mene nekako kratki mi izgledaat ovie.
2. Se mislam da go viknam majstorot da ja premesti bakarnata cevka gore, zatoa sto vaka originalno ko so go namestile pola crevo mi e od vnatresna strana (slika 3), i mnogu grdo vnatre izgleda. toa problematicno e da se premesti?
 
Атачменти

  • 224.4 KB Прегледи: 114
  • 195.1 KB Прегледи: 122
  • 220.7 KB Прегледи: 123

marv

Unstoppable
5 октомври 2007
3,703
3,052
2 prasanja za iskusnite na ovaa tema.

1. dali e ok montirana klimava? citav na forum deka bakarnite cevki treba da se vrteni, minimum 3 metra itn. mene nekako kratki mi izgledaat ovie.
2. Se mislam da go viknam majstorot da ja premesti bakarnata cevka gore, zatoa sto vaka originalno ko so go namestile pola crevo mi e od vnatresna strana (slika 3), i mnogu grdo vnatre izgleda. toa problematicno e da se premesti?
Редок талент монтеров нема зборови. Редок.

Sent from Телефон using Tapatalk
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,369
1,462
2 prasanja za iskusnite na ovaa tema.

1. dali e ok montirana klimava? citav na forum deka bakarnite cevki treba da se vrteni, minimum 3 metra itn. mene nekako kratki mi izgledaat ovie.
2. Se mislam da go viknam majstorot da ja premesti bakarnata cevka gore, zatoa sto vaka originalno ko so go namestile pola crevo mi e od vnatresna strana (slika 3), i mnogu grdo vnatre izgleda. toa problematicno e da se premesti?
Добро изгледа од функционална гледна точка, но ко што вели @marv ретко се гледа толку многу црево одвнатре, освен ако сето тоа горе и десно не се некои носечки столбови. За преместување подобро викни друг мајстор, бидејќи треба да се извади фреонот во посебен сад, да се преместат цевките и повторно да се вакумираат и дури на крајот да се врати фреонот и да се дополни со ист тип доколку недостасува. Според приложеното делува дека не е баш за овој мајстор.
Мислењето е автоматски споено:

Да прашам и јас нешто: Дали некој има вградено топлотна пумпа моноблок за во стан (50-60 m2), замена за електричен котел за парно.
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,369
1,462
Мислам дека ако не го извади фреонот нема да може да го измери, ако е малку после преместувањето ќе треба трета интервенција. Како и да е може и да си во право не сум некој експерт на темава (ако не се смета што ги имам прочитано сите постови во темата) :)

Да се вратам на мојата мака :) дајте некој совет за моноблок, има ли некое искуство успешна монтажа во зграда, се исплати ли инвестиција околу 2500-3000 евра веројатно, да се оди ли со 2-3 клими. Станува збор за три соби кои се грејат на парно на струја. Зградата е околу 10 години, нема градско парно и има добра изолација.
 
ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,942
9,460
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
2 prasanja za iskusnite na ovaa tema.

1. dali e ok montirana klimava? citav na forum deka bakarnite cevki treba da se vrteni, minimum 3 metra itn. mene nekako kratki mi izgledaat ovie.
2. Se mislam da go viknam majstorot da ja premesti bakarnata cevka gore, zatoa sto vaka originalno ko so go namestile pola crevo mi e od vnatresna strana (slika 3), i mnogu grdo vnatre izgleda. toa problematicno e da se premesti?
Не е можно да немало начин да не ти виси 2.5 метра црево внатре. Се монтира колку што знам и лево и десно и доле и горе и било каде, само да иде надвор тој дел. Зошто побогу е внатре.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,678
Мислења
862,120
Членови
30,037
Најнов член
miki11
На врв Дно