• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,925
15,267
Дај кога веќе се начна монтажа на клими да се повторат најважните работи при монтажа, и да се запазат тие работи. Верувам дека е кажано, ама нема да биде лошо да се повтори.
Најбитно кога се однесува до внатрешната единица е да се запази просторот над неа кој треба да биде мин. 20цм.
Над ова, при топлење, ќе вовлекува жежок водух па климата „ќе заклучи“ дека немаш потреба од снага и ќе ја намали испораката. Нормално, тоа што климата мисли не се поклопува со твоето доживување на топло.
Често ќе гасни, ќе малтретира..
Со еден збор, нема да работи оптимално.

Кај надворешната единица исто така е битно да има простор горе, лево и десно. Особено лево и горе
Климата мора да влече непречено. Ако се ускрати ова таа ќе се снајде некако (одоздола на пр.) но во зимо тој недостаток на проток ќе значи трупање на мраз повеќе од обично и како резултат на тоа чести дефрости и нервози заради тоа.

Вантрешната единица треба да биде идеално нивелирана за одвод на кондензатот иначе може да ти протече внатре.

Најбитна работа
МОРА да се изврши вакумирање. Прашај дали ќе вршат вакумирање уште пред да го истоварат алатот и да те донесат пред свршен чин. Ако не вршат и ако те убедуваат дека тоа не е потребно, дека се форумски финти, дека премногу читаш на интернет тогаш слободно избркај ги и барај друг сервис.
Без вакумирање климата ќе има минимум за 1/3-на послаби перформанси. Ова е најбитно.
И вакумирање кое ќе трае барем 20-ина минути. Додека вакумираат ги поврзуваат жиците и средуваат(те) ситници (одводни црева, изолации..)
Бафери под надворешната е препорачливо да има заради вибрации.

Круг со бакарните цевки зад климата помага да се намалат вибрациите кои се пренесуваат до внатрешната (нема да јачи)
3 метри цевки се минимум не сметајќи ја должината на цевките од внатрешната единица.

Не си играјте со монтажата. Не е ова телевизор па да го вратиш. Нервозите се огромни.

Ако може препорака на сервис за монтажа на клима VIVAX?

Овој сервис го фалат многу во Скопје.
 
Ts011

Gaining Experience
31 март 2020
273
130
Пиши дали е тивка? Ова е најбитна клима во моментов. Дали лади добро? Дали дува многу/малку?

Твоја оценка? Забелешки.

Ако имаш мерач за струја те молам измери дали спушта на 250-400в кога модулира? Ме интересира дали може да спушти под 600в на пример
Nabavena denes istata klima ...ke poceka malce za montaza da se dosredat drugite raboti vo sobata :)
 
Атачменти

  • 2020-07-03_010720.png
    2020-07-03_010720.png
    924.9 KB · Прегледи: 47

Buzuki

Gaining Experience
16 јули 2013
175
50
Пиши колкав буџет имаш. Мислам дека не можеш така да играш со инвертер дење грееш, навечер исклучуваш. Нема да имаш ефект ако не работи константно.

Буџет нека биди околу 60.000 денари, ваљда може да брка работа за таа цена
 
Park87

Intern
10 април 2019
16
9
- Mitsubishi FH35 ја нема веќе никаде.
- Mitsubishi LN35 ми е скапа, не ми се допаѓа дизајнот, а нема ни интегриран WiFi.
- Toshiba Daiseikai 9 RAS-13 ми е исто така многу скапа, ништо посебно во поглед на перформанси во споредба со другиве, без WiFi и само 3 години гаранција.
- Gree Amber GWH12YD најверојатно има најслаби перформанси, е најбучна и троши највеќе.

И така одлуката падна на LG H12AP. Се јавив да ја резервирам, ми рекоа дека треба да ја проверат дали е во ред па да ми се јават. Па ми се јавија и ми потврдија дека е сѐ како што треба... Тврдат дека е нова, никаде претходно не монтирана, освен внатрешната единица во излог. Не ми е јасно што проверувале.

Со оглед на тоа што немам некоја друга привлечна опција во моментов, најверојатно ќе ја купам оваа. Сега уште да знам кој монтер да го викнам... Кодус? Некаде прочитав дека и @sumi бил монтер?

Не сакам да си имам проблеми поврзани со лоша монтажа.
 
Би си направил вакво нешто за надворешната единица да имам повеќе време и пристап до материјали. Можеби една педа повисоко поради евентуален наплив на снег и сл.

Ductless%20minisplit%20outdoor%20unit%20stand%203-700x525.jpg
 
dipetar

Gaining Experience
1 мај 2019
363
144
Здраво.
Имам 0 познавања од клими и никакво искуство, и сакам да наместам дома.
Што викате за оваа, станот е 40м2?
Фала многу.
 
ice70

Intern
15 ноември 2018
1
0
Ми треба совет за набавка на клима уред со јачина од 3,5кв кој ке се користи само за ладење 3 месеци во годината, дали да се земе обичен сплит систем или инвертер?
 
Ts011

Gaining Experience
31 март 2020
273
130
N
Ми треба совет за набавка на клима уред со јачина од 3,5кв кој ке се користи само за ладење 3 месеци во годината, дали да се земе обичен сплит систем или инвертер?
Nee golema razlika vo pari 13/14k e on-off inverter od17k nagore .nemas sporedba edno so drugo....ne samo potroauvackata nego i komocijata....
 
Mayson

On your way to fame
10 април 2011
1,037
570
Mayson's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6500
Motherboard
Asus H110M-K
Storage
Samsung 850 EVO 250 GB + Kingdian S370 512 GB + HDD Hitachi 2 TB
PSU
HCG-520M
RAM
16 GB DDR4 2133 MHz Patriot
Video card
ASUS Strix RX 470 4GB
Case
Antec GX500
Mouse
Logitech MX 518 Legendary
Keyboard
Redragon K558
Monitor
AOC G27 70PF FreeSync 144Hz
OS
Windows 10
за редовна проверка 1наш годишно, под гаранција се плака?
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,925
15,267

bajramo

Gaining Experience
25 јуни 2008
489
287
Дали има некој искуство со кулеров од Сетек да сподели искуство. Ќе ми треба за во мала канцеларија 9 м2 за на биро.

ST Air Cooler AC001A
 
tigar

Gaining Experience
28 јули 2011
148
116
- Mitsubishi FH35 ја нема веќе никаде.
- Mitsubishi LN35 ми е скапа, не ми се допаѓа дизајнот, а нема ни интегриран WiFi.
- Toshiba Daiseikai 9 RAS-13 ми е исто така многу скапа, ништо посебно во поглед на перформанси во споредба со другиве, без WiFi и само 3 години гаранција.
- Gree Amber GWH12YD најверојатно има најслаби перформанси, е најбучна и троши највеќе.

И така одлуката падна на LG H12AP. Се јавив да ја резервирам, ми рекоа дека треба да ја проверат дали е во ред па да ми се јават. Па ми се јавија и ми потврдија дека е сѐ како што треба... Тврдат дека е нова, никаде претходно не монтирана, освен внатрешната единица во излог. Не ми е јасно што проверувале.

Со оглед на тоа што немам некоја друга привлечна опција во моментов, најверојатно ќе ја купам оваа. Сега уште да знам кој монтер да го викнам... Кодус? Некаде прочитав дека и @sumi бил монтер?

Не сакам да си имам проблеми поврзани со лоша монтажа.
 
Би си направил вакво нешто за надворешната единица да имам повеќе време и пристап до материјали. Можеби една педа повисоко поради евентуален наплив на снег и сл.

Ductless%20minisplit%20outdoor%20unit%20stand%203-700x525.jpg

Да не те предомислувам, не ми е логичен изборов за климата, имаш за 68К (претпоставувам дека е толку) многу голем избор на клими кои се подобри и на хартија а верувам и софтверски се далеку подобри од ЛГ.

На пример.
Fujitsu ASYG18KMTA 68.100 (ако ти треба 5ка? е идеален избор)
Fujitsu ASYG14KMTA 60.000
Toshiba Suzumi 16ka 60.000
Toshiba Mirai 16ka 44.990 ?

upload_2020-7-3_16-58-54.png
 
Последна промена:

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,343
4,119
Да не го заборавиме и Faikin FTXF50 како јапонска варијанта, како и Хаиер Тундра 18 од буџет варијанта.
 
Ana85

Intern
14 јуни 2018
26
6
Скопје
Најбитна работа
МОРА да се изврши вакумирање. Прашај дали ќе вршат вакумирање уште пред да го истоварат алатот и да те донесат пред свршен чин. Ако не вршат и ако те убедуваат дека тоа не е потребно, дека се форумски финти, дека премногу читаш на интернет тогаш слободно избркај ги и барај друг сервис.
Без вакумирање климата ќе има минимум за 1/3-на послаби перформанси. Ова е најбитно.
И вакумирање кое ќе трае барем 20-ина минути. Додека вакумираат ги поврзуваат жиците и средуваат(те) ситници (одводни црева, изолации..)

Што е тоа вакумирање при монтажа и како некој кој не се разбира ништо од монтажа на клими (во случајот Јас) ќе знае дали го средиле тоа? :)
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,259
4,572
SK
@FLEGMA Таа реченица за ТОЛ е како тестот се зема и како пресметува, а не дека дава климата 0W. Си даваат топлина климите и под ТОЛ но тоа е надвор од нивното оперативно подрачје за таа пресметка. Како и да е ТОЛ најмалку менува за наше поднебје. РЕАЛНАТА важност кај нас е -7 степени со која ефикасност работи, и уште повеќе на 0 со која ефикасност работи. Бидејќи просечна температура кај нас е околу 0 степени зимно време, до кај -2.5 степени. За Скопје зборувам. За Битола иако личи како многу поладно реалната просечна температура и таму не е многу пониска. И е околу -4.5 степени. Згора на тоа екстремите се навечер, а денските темпераутри се повисоки од 0 најчесто.

Како и да е не сакам да кажам дека нешто нечини или чини. Туку баш како е реално. За мене Хаиер Тундра е јасен избор од кинеските клими. Тоа се докажа и сега со еуровентот на Грее. А ако се бара нешто поефтино тогаш влегуваат во игра и Vivax и Gree.

Проблем е колку некои работи се вадат од контекст. Како ова со фамозниот TOL параметар. Значи моќноста не може да е нула дури ни на -50 степени (настрана од дефекти како замрзнување на изменувачот). Да, на -50 ќе работи со енергетски зијан ама нема да има 0 вати излез... Но на -15с дека нема да работат климите, тоа е глпуост. Веќе кажав дека дека спомнатите Гри клими што ги имам, успешно грееја во двете најладни зими во последниве пар години.

Патем цитираното е материјал од Тошиба (веројатно за нивните клими). И знаеш што? Мојата Тошиба клима работеше без никаков проблем на длабоки минуси иако според тоа толкување на TOL параметарот истата Тошиба требаше да биде енергетска црна дупка, во услови на таква зима.

Многу црно бел светоглед. Поназад за чистењето на климите со Дезинтал... Аман. Да секако дека редовно чистена клима може да се исчисти со Дезинтал. Само редовно чистена клима можеш и со малку сапуница да ја исчистиш еднакво успешно... Ама проблемот е што повеќето луѓе овде ниеднаш ги немаат исчистено внатрешните единици. Taкви закоравени изменувачи/саќиња, забетонирани во прљавштина, тоа не се чисти само со сурфектанти како дезинтал. Си бара одмастувач. И не, 10 минути делување на разреден одмастувач нема да го кородира изменувачот на никаково значајно ниво за тоа да значи било што - во најдолгиот можен работен век на климата.

Различни алатки, за различни задачи.

Туку нејсе, кажи што толку те фасцинира тоа Нео-то поназад?
Не разбирам, пошто ни по цена ни по ништо друго не ми изгледа како „важна клима“... Признавам дека сум љубопитен.
 
Ana85

Intern
14 јуни 2018
26
6
Скопје
Пак јас ... Бев со идеја да купам VIVAX, ама како почнав да ве читам се предомислив и во тој ценовен ранг почнав да размислувам за Haier или Samsung ... Е сеа, како ги разгледувам моделите кои се во опција, така бројките ми се скоро па исти .... Моделот на Haier има компресор MITSUBUSHI со 5 г. гаранција, а Samsung-от имаат дигитален компресор мотор и некој 8 фазен компресор (не дека разбирам што тоа значи) ...
Ако не им е проблем на оние што разбираат да ги зирнат овие 3 модели и да дадат мислење, ептен ќе ми помогнат. :)
Инаку, климата ќе ја користам само во лето, за ладење и станува збор за простор од 35 м2.

SAMSUNG AR12TXHQASINEU/SAMSUNG AR12TXHQASIXEU

Haier Tundra PLUS 1U35MEEFRA/AS35TADHRA-CL

SAMSUNG AR12NXFHBWKNEU/AR12NXFHBWKXEU
 
Druze jas imam informacija deka samsung gi pravi Midea a midea gi pravi i vivax ....taka da taa opcija za samsung koga vekw kupuvas klima sto druh ja pravi zemisi. Midea,ili haier bidejki samo toa si navedil...e sega nemas.navedeno za toj prostor 35m2 kolku sakas da odvois budzet*veke ako.davas 25/6k mozes da odis so gree lclh top klima istata varikanta ja imas..vo Neo izvedba 2000 poevtina odnosno 24k.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
9,925
15,267
Слушајте го стручњакот. Прскајте вие Арис и Каустична сода, како што тој препорачува, на новите клими слободно.
Кога ќе ви го уништи испарителот адресирајте ги поплаките кај него. Кога ќе ви се разлабават лимчињата на испарителот заради корозијата тогаш навратетесе на овој пост.
Неговите тиради и петпарачки филозофии се добро познати на форумов. Километарските постови што ги пишува служат за побрзо скролање надолу пошто никој неќе да ги чита.

Затестена клима, ако стручњакот баш сака да знае, не можеш ни со арис затоа што има еден дел од испарителот зад видливиот дел до кој не допира ништо (физички не е можно)
Чистење на такви клими бара демонтажа и чистење со апарат под притисок....кога нема да има потреба за Арис/ДеГрас и останати „релна да чистам“ средства.

Усисување, (идеално и дување со компримиран воздух), врела вода, Дезентал (заради дезинфекција), плакнење со врела вода, сушење. Done!
Не е во камен запишано дека треба и Дезентал.

Иначе Toshiba не знае, тој знае.

Еве уште еднаш од не-Тошиба извор
04-07-2020 Calculation methods.png
11.png

Со здравје да си ги носи Амберите. Моје саучешче.
Лурка низ кајгана под други никови па овдека глуми светица. Брука!
 
Последна промена:

CeeTour

Gaining Experience
18 септември 2014
125
127
Skopje
Пак јас ... Бев со идеја да купам VIVAX, ама како почнав да ве читам се предомислив и во тој ценовен ранг почнав да размислувам за Haier или Samsung ... Е сеа, како ги разгледувам моделите кои се во опција, така бројките ми се скоро па исти .... Моделот на Haier има компресор MITSUBUSHI со 5 г. гаранција, а Samsung-от имаат дигитален компресор мотор и некој 8 фазен компресор (не дека разбирам што тоа значи) ...
Ако не им е проблем на оние што разбираат да ги зирнат овие 3 модели и да дадат мислење, ептен ќе ми помогнат. :)
Инаку, климата ќе ја користам само во лето, за ладење и станува збор за простор од 35 м2.

SAMSUNG AR12TXHQASINEU/SAMSUNG AR12TXHQASIXEU

Haier Tundra PLUS 1U35MEEFRA/AS35TADHRA-CL

SAMSUNG AR12NXFHBWKNEU/AR12NXFHBWKXEU

Ако бираш од овие 3, втората во секое време.

Што е тоа вакумирање при монтажа и како некој кој не се разбира ништо од монтажа на клими (во случајот Јас) ќе знае дали го средиле тоа? :)

Вакумирањето се врши при монтажа на климата со што се истиснува цел воздух од системот, плус се проверува дали има истекување на фреонот. Друго фреонот со воздух во мешавина може да изреагира и да даде киселина, при што може да го оштети компресорот на надворешната единица. Вакумирањето се врши со вакуум пумпа и трае од 15-25 минути.

How-To-Vacuum-Down-a-Mini-Split.jpg
 
Последна промена:

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,259
4,572
SK
Слушајте го стручњакот. Прскајте вие Арис и Каустична сода.... Арис/ДеГрас и останати „релна да чистам“ средства.
Дај не драматизирај толку.
Многу сакаш да кажуваш приказни и да проектираш рандом глупости кои постојат само во твојата глава.

Реалноста: Јас за многу запрљани клими користам наменско HVAC средство Industrial cleaner FavorCool SB-910 | BSL
Ова е концентрат, јас за затестени клими мешам 3:1 со вода. За помалку прљави идам и со 5:1, или 6:1 сооднос. Чисти одлично и еве со години потоа никаде нема корозија и „не се разлабавиле лимчињата на испарителот“.
SB-910.jpg

Кога ќе ви го уништи испарителот адресирајте ги поплаките кај него. Кога ќе ви се разлабават лимчињата на испарителот заради корозијата тогаш навратетесе на овој пост.
Абе, хорор. Скријте ги климите!
Ќе им попаѓале „лимчињата на испарителот од корозијата“. Аман, сервисери секојдневно го користат средствово ама не, пошто Флегма знае најдобро - да го слушате дедо.

Затестена клима, ако стручњакот баш сака да знае, не можеш ни со арис затоа што има еден дел од испарителот зад видливиот дел до кој не допира ништо (физички не е можно)
Чистење на такви клими бара демонтажа и чистење со апарат под притисок
Пази, наместо луѓето да се обидат да ја завршат работата на брз и релативно безбеден начин... Ти им советуваш демонтажа на внатрешната единица? Тоа е безбедно за тебе?

Добар сервисер веројатно нема да ги искрши пластиките. Добар сервисер внимателно ќе го собере фреонот, после пред ремонтажа ќе извакумира, и ќе направи се по ред како што треба... И сета таа работа ќе кошта колку? Таков сервис не е евтин, а секогаш има одреден ризик за заебување од многу аспекти (кршење на пластиките, последици од недобро вакумирање, разлабавување на цевките, итн, итн)... И најпосле, што правиме ако не налетаат на добар сервисер?

Вакви скапи и најчесто непотребни ризици се безбедни, ама замислена корозија од наменско HVAC средство е небезбедна??

Тука всушност треба да кажам I rest my case aмa толку глупости изнакажа да морам да искоментирам уште понешто.

Со здравје да си ги носи Амберите. Моје саучешче.
Лурка низ кајгана под други никови па овдека глуми светица. Брука!
Зошто бе мораш секогаш оволку селски да се понашаш. Еднаш нормално да се обидеше да дискутираш без да напаѓаш на лична основа? Без да паднеш во несвест од филмови правењеи без драма да правиш? Толку си искомплексиран?

For the record: Немам Амбер и со толкав буџетот треба да сум глуп па да одберам Gree. Но глупавоста ете тебе ти ја препуштам пошто извесно е дека не те занима реалноста па продолжуваш да проектираш филмови и приказни. За жал толку ти е доблеста, обратнопропорционална од егото.

Иначе Toshiba не знае, тој знае.

Еве уште еднаш од не-Тошиба извор
Погледнете го атачментот 89273
Погледнете го атачментот 89274
Никој не рече „Тошиба не знае“
Всушност реков „ти вадиш од којзнаекаде скриншотови (бираш црешни и тоа од некои ненаведени извори) и потоа си ги толкуваш како сакаш“.

На крају краева и на јуровент бе нека пишува дека под -10с климата имала моќност нула. Пак ќе биде глупост... Од лично искуство знам и Тошиба и Гри, дека загреваат и на пониски температури од -10с. Не ми треба јуровент ни рандом скриншотови од Флегма. Не кога ги имам климите дома и ги користам, а имам постирано и реална потрошувачка од такви ладни периоди.

Пази Флегма, јас се греам исклучиво со клима уреди и за разлика од тебе не морам да палам и ќумбиња кога ќе залади... И на таа ПОЕНТА ќе застанам, доволно беше.
 
mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4,343
4,119
Проблем е колку некои работи се вадат од контекст. Како ова со фамозниот TOL параметар. Значи моќноста не може да е нула дури ни на -50 степени (настрана од дефекти како замрзнување на изменувачот). Да, на -50 ќе работи со енергетски зијан ама нема да има 0 вати излез... Но на -15с дека нема да работат климите, тоа е глпуост. Веќе кажав дека дека спомнатите Гри клими што ги имам, успешно грееја во двете најладни зими во последниве пар години.

Патем цитираното е материјал од Тошиба (веројатно за нивните клими). И знаеш што? Мојата Тошиба клима работеше без никаков проблем на длабоки минуси иако според тоа толкување на TOL параметарот истата Тошиба требаше да биде енергетска црна дупка, во услови на таква зима.

Многу црно бел светоглед. Поназад за чистењето на климите со Дезинтал... Аман. Да секако дека редовно чистена клима може да се исчисти со Дезинтал. Само редовно чистена клима можеш и со малку сапуница да ја исчистиш еднакво успешно... Ама проблемот е што повеќето луѓе овде ниеднаш ги немаат исчистено внатрешните единици. Taкви закоравени изменувачи/саќиња, забетонирани во прљавштина, тоа не се чисти само со сурфектанти како дезинтал. Си бара одмастувач. И не, 10 минути делување на разреден одмастувач нема да го кородира изменувачот на никаково значајно ниво за тоа да значи било што - во најдолгиот можен работен век на климата.

Различни алатки, за различни задачи.

Туку нејсе, кажи што толку те фасцинира тоа Нео-то поназад?
Не разбирам, пошто ни по цена ни по ништо друго не ми изгледа како „важна клима“... Признавам дека сум љубопитен.
Затоа што е 18500денари. Ребрендирана грее која инаку ја продаваат 21000, па еве сега и 24000.
Реалната цена на климата ја има. Затоа е важна. Голем број народ би ја купил и би се сторил со клима со супер цена/перформанси.

Штета што има вифи, можело да е 17500 и да е идеална понуда.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,259
4,572
SK
Затоа што е 18500денари. Ребрендирана грее која инаку ја продаваат 21000, па еве сега и 24000.
Реалната цена на климата ја има. Затоа е важна. Голем број народ би ја купил и би се сторил со клима со супер цена/перформанси.

Штета што има вифи, можело да е 17500 и да е идеална понуда.
Eте што не сум разбрал, јас видов 24К и си велам што е толку фасцинантно во понуда Нео за 24К... Но за ~300 евра функционален инвертор клима уред навистина е примамлива понуда.

Уште ако им се погодиле колку толку пристојна пратка компоненти на Бугарите, ова може да биде и понуда на деценијата. Нешто како што беше понудата лани (во средна класа клими) за Тошиба Сузуми+ 16000BTU (со постариот тип на фреон) за некои четирииесет-и-нешто илјади денари.
 
едит: Вакви пратки треба да „лови“ или да нарачува владата и уште потоа да ги субвенционира. Полека полека да се забрани користење на ќумбиња во најголемите градови.
 
DarkDeFnx

Gaining Experience
20 јули 2016
85
125
DarkDeFnx's setup  
Processor & Cooler
Intel Core 2 Quad Q8200 @ 2.33GHz 4MB L2 64-bit LGA775
Motherboard
Micro Star International MSI MS-7353 X48C Platinum
Storage
SYS: Saumsung HD753LJ ATA 750GB | DATA: Samsung D3 Station 2TB
RAM
Single Channel DDR3-1333 SDRAM 2 x 2GB 9-9-9-24
Video card
NVIDIA GeForce GTS 250 GDDR3 SDRAM 1 GB
Mouse
GEMBIRD MUSOPTI6 5V 200mA DC
Keyboard
Chicony KB-3923 5V 200mA DC
Audio
Realtek High Definition Audio 6.0.1.6662
Monitor
Philips 220E1SB/00 22'' 1920x1080 50/60Hz 100-240V 1.5A
OS
Microsoft Windows 10 Professional (x64) Build 14393.447 (RS1)
Штета што има вифи, можело да е 17500 и да е идеална понуда.
На сајтот јас не видов таква понуда, но во Техномаркет при купувањето им кажале на моиве дека ја има без вифи за 18000.
 
Ts011

Gaining Experience
31 март 2020
273
130
На сајтот јас не видов таква понуда, но во Техномаркет при купувањето им кажале на моиве дека ја има без вифи за 18000.
Jas kolku sto ja vidov nee ist panel.vnatre taa e neo pure i lici kako na neo sto se on-off i nema..wi.fi za 500den+zosto da nema.wi.fi...
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,163
Мислења
879,429
Членови
30,796
Најнов член
Nuvectra Medical Reviews
На врв Дно