1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Избор на клима уред (линк со резултати од мерења има во првиот пост)

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од Sylvester, 17 Јули 2010.

  1. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    712
    793
    2 Март 2011
    Машко
    Тоа неото да не е Грее Ломо Еко. Толку пари отприлика беше ЛомоЕко на акција. Она Г во името е симптоматично.
     
  2. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    Здраво на сите. Од неодамна го пратам форумов и гледам дека има доста корисни информации за инвертер клима уредите. Би сакал мислење доколку некој има искуство со брендот CARRIER. Сакам да се префлам од греење со дрва на инвертер. Би го користел претежно за греење. 40м2 салон со трпезарија и кујна
    и навечер да се отворат вратите на ходник 4м2 и спална соба 10м2. Куќа со изолација 5см стиропор и пвц прозорци со к-фактор и 4-сезони стакло. Буџет околу 60 000 ден.
     
  3. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Слабо искуства со Кериер. Како бренд треба да се (релативно) ок, ама за одделни модели кој да знае.

    Инаку ме интересира зошто баш Кериер те интересираат?
    Пошто истата продавница која ги увезува Кериер, продава и Тошиба клими.


    Според буџетот можеш да си дозволиш јапонски бренд. Прочитај на претходната страница, предлози за сличен простор како твојот.
     
  4. petkotrajko

    petkotrajko
    Intern

    24
    18
    16 Јуни 2017
    Штом е буџето до 60.000, значи дека можи да си дозволиш нешто проверено, како на пример ова: TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-B16N3KV2-E1/RAS-16N3AV2-E1 по супер цена од 49.990 ден..
    Во случајов, ќе се согласам со @Lokvan дека јапонец ти е добра идеја, а за Carrier, искуствата се мали, ама еве една позитивна референца: еден мој колега купи зимава (најмалиот модел, веројатно овој: CARRIER Ventus Supreme 42QHC009D8SW / 38QHC009D8SW по супер цена од 31.490 ден. за во детска соба), и задоволен е, а иначе машинец е, термо-инженер и пицајзла... :D
     
  5. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    Мислам дека Carrier користат Toshiba компресори

    TOSHIBA SUZUMI PLUS RAS-16PKVSG-E/RAS-16PAVSG-E оваа е 59 990 не знам што е разликата?[/QUOTE]
     
    Изменето од модератор: 30 Јули 2019
  6. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    780
    1,609
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Разликата е во тоа што таа поевтината е постар модел, користи R410 фреон, за разлика од поскапата (понов модел) која користи R32.

    Јас без двоумење би одел на поевтината.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    Немам представа колкава е разликата помеѓу 16 000 BTU и 18 000 BTU

    Не ми е битно нов или стар модел, ни фреон R-410 или R-32 ни 10 000 ден.
    Битен ми е ефектот на греење, да биде топло
     
    Изменето од модератор: 30 Јули 2019
  8. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    780
    1,609
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
  9. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
  10. Трајче Дрварчето

    Трајче Дрварчето
    Practice makes perfect

    780
    1,609
    3 ноември 2012
    Машко
    Кодош
    Нашки кажано, Тошибата е докажан бренд и секако ќе ја брка подобро работата од било кој друг просечен „накило“ бренд (да не ги именувам накило брендовите, ќе има војна :) )

    Ја спомна и Кариер. Кариер е доста солиден бренд (па ваљда првиот што почнал со произведување на уреди за климатизација), во поново време е под палката на Тошиба.

    Од описот на просторијата за која што ти треба инвертер, Тошибата би била добар избор (со тоа што во оние 2 недели кога е камен ладно, ќе ти треба подгревање со некое друго грејно тело, особено ако планираш да ги грееш ходникот и спалната соба).
     
    На gorogoro му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,589
    5,109
    20 Април 2007
    Машко
    Освен дневната соба, ходникот и спалната тешко дека ке ги загрееш.
    Освен ако ходникот е споен со дневната без врата...
    За спалната па макар била и два ипол квадрата, а не 10, ке си сака башка грејно тело.
    Со среќа ако се решиш само со клима да грееш 50+ квадрата, разделени со врати.
    Инаку и Кериер и Тошиба се брендови, така да немаш промашај билокој од двата да земеш.
     
    На gorogoro и gokica им се допаѓа ова.
  12. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Све зависи од потребите (и желбите).
    Со наведената добра изолација на домот/станот, со отворени врати може да се очекуваат некои ~4с до 5с температурна разлика во соседната просторија. Тоа значи дека со наместено греење од 24с во дневната соба, во спалната соба ќе има некои 20с до 19с (а ходникот 21-22с).

    Мене ако ме прашувате, ~19с до 20с во спална соба е одлична температура за спиење. Но кој сака 24с да има и во спалната соба, треба да планира додатно греење таму.

    Во муабетов важен е квалитетот на изолацијата, ако истава е добра и температурните загуби се мали, таа Тошиба без проблем ќе го грее целиот стан и тоа со поголема заштеда во потрошувачка во однос на другиве квалитетни брендови. Се работи за одлична клима со твин ротари компресор и докажан модел со многу кориснички искуства (за разлика од моделите на Кериер, кои се релативна непознаница и сеедно што се под ист газда). Новиот модел RAS-16PKVSG-E/RAS-16PAVSG-E е истата клима со понов тип на фреон, теоретските предности на новиот фреон се неколку проценти подобра ефикасност во преносот (што не е правопопорционално со поголеми перформанси на целиот уред). Тоа и многу поголема запалливост на новиот фреон, ама еј овој новиов е поеколошки и ги задоволува правилата на ЕУ (за кои плаќаме и ние, иако останатите 80% од светот загадуваат како нетачни како што Европа загадувала до пред некоја деценија).
     
  13. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    60
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    54 m2 so Toshiba suzumi 16 moze do kaj 0 stepeni so solidna izolacijaz,vo najladniot period od 1 do 3 nedeli zavisi od sezonata dnevniot ke bide no spalnata tesko no so eden panel 2kw za navecer na eftina struja nema gajle ili 2.5 kw klima

    Od iskustvo kazano ova so istiot model suzumi 16
     
    Изменето од модератор: 30 Јули 2019
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Така де, зависно од изолацијата односно од температурните загуби, за спиење кој сака високи температури може во спална во најладните пар десетини денови да догрева со панелка (или нешто друго).

    Моето искуство е со послабиот Сузуми плус 14 кој нема ротари компресор. Генарално се работи за софистицирани клими кои најдобро се покажуваат во добро изолиран простор. За простори со поголеми температурни загуби, подобар избор би била некоја „снагаш“ клима како они постарите модели од Мицибуши, или Гри Хансол, Гри Амбер, итн.
     
  15. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    Значи според твоето мислење постариот модел ќе го има истиот ефект со новиот. Инаку во спалната соба навечер би бил задоволен со 16-17°C доволно за комотно спиење
     
  16. Alekso1981

    Alekso1981
    Gaining Experience

    60
    54
    4 Декември 2017
    Машко
    Jas poveke bi odel na poeftina 2.5 kw vo spalna ke te sluzi i za ladenje i jaka 4 kw vo dnevna.Em poraspredelena toplina ili vi leto ladenje em za klimite neoptereteni.

    16-17 stepeni vo spalna e ladno.Pogotovo i bebe ako ima vo idnina.Okolu 20 e komotno.
    Ke treba navecer da ja macis klimata vo dnevna na 24 i so toa potrosuvacka za da imas vo spalna 17-18 stepeni.
     
    Изменето од модератор: 30 Јули 2019
  17. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Навечер е евтина тарифа, јас не ја намалувам температурата на греење. На одржување 23-24с температура (станот веќе е загреан) кај мене климата во ладните демови навечер троши отприлика 400-600 вати, и не повеќе од 800 вати во десетината најладни денови. 400-600 вати не се ни пола од моќноста, а 800вати не е ни две третини.... Далеку од „мачење“ на климата. Но се разбира тоа зависи од топлотните загуби и изолацијата.

    Во две третини од грејната сезона, потрошувачката ретко оди над 220-400 вати, со наместени 24с температура.

    едит:
    1. Да, мала/никаква разлика во перформанси помеѓу тие две варијанти на истиот 16-ка модел.
    2. Ако во дневната соба грееш на 24с температура, тогаш со наведената твоја изолација во спалната секако треба да имаш над 16-17с (со отворени врати). Истото важи и за бањата, ќе ти треба еден мал калорифер ако имаш зимурливи членови на семејството (за 5 минути ќе загрее да биде жешко внатре, пошто бањите се мали а воздухот веќе предзагреан од климата).
     
    Последна промена: 15 Јули 2019
  18. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    Моите бебиња се 17 и 20г. Така да за мене и сопругата е идеално, инаку климата би работела 24/7 на 26 или 27од октомври до април без никакво намалување и штелување
     
  19. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Си се греел досега со клима?
    26-27с е на горна граница на премногу. Посебно ако 16-17с ти се доволни за во спална. Ама како што кажуваат, секому неговото. :)
     
  20. gorogoro

    gorogoro
    Intern

    8
    0
    19 Јуни 2019
    Машко
    За во бањата и кога се греев на дрва си уклучував калорифер. Со вклучен инвертер 24/7 би бил задоволен со 6000 ден. само за неговата потрошувачка. Инаку со дрва ми беше 2м по 3000ден. За месец

    Немам искуство никакво

    Јас би ја наместил така па колку постгне толку
     
    Изменето од модератор: 30 Јули 2019
  21. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
  22. Pashata

    Pashata
    Intern

    58
    0
    29 Септември 2009
    дечки , ми треба мислење и препорака за клима ... ќе ја користам и за ладење и за топлење , станот ми е на приземје на север и сега сменав дограма. Нацртав и скуцуле од делот на станот кај шо планирам да грејам/ладам со климата, портокалевите делови се битни, сините делчиња се прозори и врати надворешни.
    И каде би било најпогодно да ја поставам ?
    Буџетот ми е 30-40к
    stano.jpg
     
  23. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Парапетна 5.5KW најубаво, особено што собата нема сончеви добивки - бидејќи е на север.
     
    На Pashata му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,355
    3,220
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не иде така работата со климиве. Затоа и се обидов да ти објаснам... Со клима ако сакаш да имаш 23с, ќе наместиш 23с и ако после одредено време немаш дома 23с тогаш нешто или не е во ред со климата или си земал преслаба клима за потребите.

    Но некој навистина сака да има 27с дома. Само што климите не работат најефикасно на толкави зададени внатрешни температури. Во тој случај наместо софистицирана 16-ка (4.5кв) тебе ќе ти треба клима од 18К BTU и тоа од „снагаш“ моделите, што на пример би бил некој од постарите модели на Мицибуши од 5.5кв - само што ти излегува од буџетот, и во тој случај препораката се менува на Гри Хансол или Гри Амбер од 5.5кв (да се распрашаш за моменталните цени).


    Од друга страна мислам дека едноставно од ракав ги извади тие 27с температура и дека Тошибата 16-ка ќе ти врши работа. :)
    Луѓето што се грејат на дрва (сум бил и јас таков, некогаш одамна), навистина имаат дома 27с температура... Само тоа (27с) трае час-два додека не изгорат дрвата, освен ако ќумбето не се ложи 24/7 и во грејната сезона се трошат 20-тина и повеќе кубици дрва. Почесто после жештината од час-два следи полека ладење додека не се сети некој пак да го распали ќумбето, а наутро е секако ладно мраз.
    Со климиве ќе ги пуштиш на есен и ќе наместиш 23с или 24с, и толку и ќе имаш се до пролет. Цело време ќе ги имаш зададените 23с/24с. Без варијации.



    Гри Хансол од 3.5кв.
    Пробај да го начекаш на акција летово.
     
    На Pashata му/ѝ се допаѓа ова.
  25. deki1

    deki1
    Gaining Experience

    159
    57
    20 Јули 2011
    Od iskustvo za mene se tri brenda samsung, panasonic i lg, najdobro e da se poceka nekoja akcija koga se doblizat so ceni so ovie vtororazrednite i za nekoja iljadarka vredi da se doplati vo sekoj slucaj, inaku jas imam LG inverter 5.5 kw ja plativ 60000 i vredi za sekoj denar zimoto i vo najladno gree top i zatopluva.
     
    На Pashata му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...