Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Ако имаш проблем со најава или регистрација на IT.mk, побарај го решението тука!

Избегнувајте ги AMC компјутери

Статус
Затворена за нови мислења.

ChemicalAngel

lurker
24 ноември 2008
822
230
Дечки имам една многу важна вест . АМЦ ми излезе во пресрет благодарение на членот Zoran Cocovski задолжен за социјални медиуми во АМЦ, и ми го заменија таблетот со
ASUS EPAD ME70CX-1A036A со 1000 ден доплата и 20% попуст. Затоа замолувам некој од админите да ја избрише темата бидејќи многу отиде во непотребен правец ,или во најлош случај да се замени насловот во Искуства со АМЦ и да се избришат некои навредливи постови. Поздрав :)
Бидејќи ти излегол во пресрет т.е си фатил врски, ако може истоимениот член да си застане на плоштад со табла до него, ако се заебеш од АМЦ ќе ти излезам во пресрет.
Ако може за еден, да може и за сите.
 
17 февруари 2015
38
21
АМЦ Грижа за корисници

Почитувани, пред се би сакале да ви се заблагодариме за вашите искрени пофалби, но воедно и критики кои се однесуваат на работењето на АМЦ Компјутери како компанија, вклучувајќи ги нашите производи и квалитетот на услугата која ја нудиме. Во напор да останеме во постојан контакт со нашите потрошувачи, би сакале да обрнеме фокус на повеќе работи и да го дадеме нашиот одговор во неколку аспекти:

Грижа за корисници
1. АМЦ Компјутери функционира со 17 продажни салони во 15 градови низ Македонија, и со тоа сме свесни дека грешките се дел од работењето на дневно ниво, за што секогаш прифаќаме одговорност и гледаме да го услужиме потрошувачот во најбрз можен рок. Бидејќи станува збор за производи од IT областа, мора да земете во предвид дека се случуваат фабрички грешки, грешки во транспорт и други видови на грешки за кои АМЦ, без разлика дали е директен виновник секогаш превзема одговорност и го заменува производот. Во конкретниот случај и не само во конкретниот случај, туку секогаш за секој посебен случај се реагира, се испитуваат аргументите и се реагира соодветно според гаранциски услови и правните норми во Македонија. Клиентот по неговата поплака веднаш беше контактиран, утврдено беше дека навистина добил таблет кој требало да се враќа во сервис (нов вработен, почетничка грешка, која многу ретко се случува, ама ете за несреќа за работата да се повампири тука на форумот, се случи) и веднаш му е заменет, дури и си попуст како извинување за непријатностите. Тоа значи посветеност кој секој можен клиент, и во принцип, и конкретно, а не значи неквалитет, лоши производи итн....

Луѓе - персонал
2. Постојано се трудиме односот продавач-клиент да се унапредува да биде на ниво на светските лидери во малопродажбата на нова технологија. Навистина ни е жал што читаме негативни критики за односот на вработените во нашите салони или сервис, но секогаш активно работиме на решавање на овие проблеми за услугата да биде на највисоко можно ниво. Вработените ја претставуваат компанијата, а нашата цел е тие секогаш да бидат љубезни, информирани и да ги услужат сите ваши потреби од IT технологијата. Имајте во предвид дека вие како клиенти сте можеби еве да се изразиме со пофалба кремот на ИТ ентузијастите во Македонија и понекогаш може очекувате екстра повисоко ниво на знаење и ако во првата реченица вработениот не ве пресретне со тоа ниво, можеби не би требало веднаш со дрвја и камења.

Производи
3. Доколку се соочите со проблем со вашиот производ, постојат две варијанти кои можете да ги превземете – посетете го најблискиот салон со производот и сметката како доказ или пишете ни на [email protected]. Нашиот тим за грижа за корисници ќе ви излезе во пресрет во најбрз можен рок.
Инаку не постојат добри и лоши производи. Гледаме низ дискусијата многу од членовите навистина си веруваат дека АМЦ купува и продава лоши производи, а као некои конкуретни фирми продаваат само добри производи. Еве и нас не интересира како ги разбирате работите: За еден Asus лаптоп ние одиме и ги порачуваме во фабрика: Дајте ама дајте од тие лошите, што се расипуваат, таква ни е стратегијата ќе продаваме лоши производи. Тоа пријатели од it.com.mk НЕ Е МОЖНО. Ниедна фирма не може да купи добри и лоши производи. Као Anhoch купил добри мауси од 300 денари, а АМЦ купил од истите мауси од 300 денари, ама од лошите. Зарем верувате во тоа?

Има производи со скромни перформанси, има ценовно достапни брендови и има и премиум брендови. Не може Asus лаптоп од 50.000 ни во АМЦ да е лош, ни кај конкуренцијата да е лош. А таблет од 2000 денари со скромни перформанси и од АМЦ, и од конкуренцијата ќе биде со тие скромни перформанси и тоа е тоа. И сепак и за тие производи си важи гаранција, си се реагира по нејзините услови и ниеден клиент не е вратен и за таков производ да не му се реагира во сервис, ако е се според гаранцијата.
Во насока на производите, гледаме многумина се уште имаат проблем со тоа од каде потекнуваат одредени производи, па се споменува Aliexpress, па Кина итн. Многу е едноставно: За сите тие, постојат Apple, Samsung, Asus, HP, Dell и слични премиум брендови со докажан квалитет и со повисока цена. Истите тие премиум брендови можат најчесто да се купат во АМЦ со подобра цена од конкруренцијата, и повторно повторуваме, немаат ни ние ни тие подобар Asus или подобар Dell, тие се производите.
За ценовно достапните производи, и тука се трудиме и тоа силно да бираме квалитетни производи дури кои ја надминуваат својата ценовно вредност во однос квалитет-цена. Пример АМЦ продава под својот бренд Quart смарт телефони, таблети и телевизори од реномирани производители. Како оди процесот? АМЦ, порачува под својот бренд производство на уреди, за кои потоа се грижи со овластен сервис со пост продажна грижа и слично. Пример Quart телевизорите се НАЈПРОДАВАН ценовно достапен бренд во Македонија. ЕДИНСТВЕН БРЕНД КОЈ ИМА 2 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА исто како и премиум брендовите на телевизори. Се произведува во фабрика-производител на компоненти за големите брендови како Philips, LG, Samsung итн.

Quart е бренд сличен на Neo, ST, Beko, Max, Fuego, Telefunken, Tompson, - ценовно достапни брендови познати во Македонија. Тие би требало на клиентите со ограничен буџет да им дозволат да имаат достап до најновата технологија, пример АМЦ со Quart SMART телевизорите први во Македонија донесоа ценовно достапни SMART телевизори, со цена која секој може да си ја дозволи и да ги ужива предностите на имање Smart услуги на својот телевизор, и да бидеме искрени, телевизорите се исклучително продавани.

Да поедноставиме, овде некогаш дебатата се движи во насока: Зошто Quart таблет од 2000 ден не е iPad. Одговорот на сите ни е јасен нели: Бидејќи меѓу нив има 20.000 денари разлика. А сепак и тој од 2000 ден, има гаранција од една година и грижа за корисникот од една година . Овде можеме доколку сакате подоцна да одговориме на сите прашања и нејасностии кои ги имате за биде кристално чисто и јасно што се продава, од каде е донесено, која е неговата вредност, каква поддршка се добива за него и слично. Да не остане ниеден необјаснет момент за простор за шпекулација.

Квалитет на услуга
4. Доколку станува збор за квалитетот на услугата, исто така на располагање имате две варијанти – можете да го контактирате одговорното лице во продажниот салон или искористете го нашиот систем за онлајн систем за евалуација на услугата или поедноставено систем за поплаки и пофалби .

АМЦ прв од сличните компании воведе [email protected] маил (може да се види горе десно на страницата) како посветеност кој грижата за корисниците за СЕКОЈ МОЖЕН КЛИЕНТ. Пораките оставени тука ги читаат сите релеватни одлучувачи во компанијата, се испитува веднаш случајот и веднаш се реагира. Има ситуации кога ние сме грешка веднаш реагираме, а има ситуации која клиентот дефинитивно не е во право (ќе дадеме подолу такви примери неколку), и пример ние самите му укажуваме да се повика инспекција како негово право за да ја решиме работата. Многу често се случува и клиентот да има преголеми очекувања од самиот производ или она што опфаќа гаранцијата за него и таков клиент му е лут на АМЦ, а веруваме и слично се случува и кај конкуретните компании. Пример, има многу клиенти, кои на излегување од салонот нов таблет му паѓа го крши, и сака да му биде заменет со нов а на секој што има здрава логика му е јасно дека тоа не е можно. Тоа е како да купите нов автомобил и на првата кривина да го залетате во бандера. Кој ќе ви го замени тој автомобил. На сите тие клиенти според услови на гаранција им се нуди да се поправи со нивна доплата, но незадоволството останува, иако не е рационално. Затоа веруваме дека и тука има голема доза на нерационално незадоволство, кое едноставно нема начин да се промени, што и да направиме.

Инаку имаше мислење дека Ahnoch нуделе можност за замена на производите ако не ви се допаѓаат. Истото во АМЦ постои со години, за 7 дена доколку не сте задоволни со производот, може да се замени ако не е оштетен во меѓувреме. Значи купувате лаптоп...не е тоа тоа што сте сакале, доаѓате со оригиналната амбалажа, фискална и гаранција: Се извинувам не го сакам i3-ката, сакам i5-ka со графичка. Слободно повелете, доплатата е толку и толку, со здравје да се служите, имајте пријатен ден.
Е сега, и тука го напаѓате АМЦ со спротивставени аргументи. Еден член вели: Нема проблем, Анхоч веднаш заменуваат производ. А тој производ кај оди потоа, кај следниот клиент што не го видел дека е отворан ли?

Друг па истото, ама обратна логика. Видел некакви телевизори на некоја конференција дека се спонзорство на АМЦ, па потоа шпекулира, тие ги препакуваат, па ги продаваат како нови. Тоа чисто нешто да си веруваме во заговор. Ќе седнат АМЦ, ќе даваат на спонзорство телевизори, па после ќе ги препакуваат па ќе ги продаваат како нови. Што мислите, дали е пологичната варијанта: тие телевизорите едноставно ќе се користат за многу такви настани, и на крај или ќе се дадат донација во некоја иинституција која има потреба од тоа.

По нашата Facebook стана постојатно апелираме: позитивното корисничко искуство е незаменлива работа. Се доаѓа во салон, се тестира производот, се утврдуваат неговите карактеристики, продажните лица одговараат на сите ваши прашања, и доколку сте задоволни со задоволство одлучувате да го купите производот. За жал 98% од клиентите ги интересира: А има ли попуст на производот, и се очекува да слушне, има за вас 10%, 15%, 20%, 30% попуст, а се нема направено анализа што добива во оваа цена, колку е истиот производ кај конкуренцијата и слично.

Сервис и сервисни правила
Овој дел го начнавме со завршување на претходниот дел и ќе се потрудиме да објасниме се што е во врска со сервисот.
Секој производ има гаранција со прецизни гарантни услови опишани во самата гаранција. Голем дел од производите си имаат овластен сервис каде што одат сите производи од конкретниот бренд. Пример, Philips телевизор купен и во АМЦ, купен и во СЕТ, Анхоч, Нептун или било кој друг ќе отиде на поправка во истиот овластен сервис, иако клиентот на кој не се погодил производот ќе биде лут конкретно на салонот и од каде што го купил. Законски рок за секој производ да му се врати на клиентот е 30 дена и за тоа има зошто. Државата сфатила дека не е можно, животот не е цртан филм во кој резервниот дел ќе го извадите од зад екранот како ликовите од цртаните. Пример имате Asus лаптоп, се расипува матичната плоча и го донесувате. Веднаш по дијагностиката (поврзан на системот на Asus) која мора да е во рок од 2 дена од приемот, се нарачува плоча која за Европа патува од Амстердам. Таа плоча патува 2 недели, ден-два царина, инсталација еден ден, и се остава 2 дена лаптопот пак на сите можни тестови да работи да се утврди дека е доведен во совршена состојба. Најчесто клиентите нерационално очекуваат за 2 секунди да им се поправи такво нешто, незнаејќи како функционираат работите, не само во АМЦ, не само во конкуренцијата на АМЦ, туку во цел свет.

Искрено најсложениот дел од работењето е како клиент кој во старт решил да биде лут, ете тој сам одлучил според негова логика дека скршен конектор на таблет требало да му влезе во гаранција да направите од него задоволен клиент. Искрено секогаш, ама секогаш се трудиме доколку е можно да се заврши работа на клиентот да му се заврши работата, независно дали тој одлучил во иднина да е лут на АМЦ или не.

А сега малку бројки: Зошто испаѓа дека голем број клиенти се лути и незадоволно од АМЦ, а помалку условно од една компанија за која тука има некои кои многу навиваат ;) ?
Во ИТ индустријата е прифатено како нормална појава пример 5% од уредите кои ќе дојдат во продажба да пројават некоја грешка или недостаток. Е ако, карикираме, АМЦ за одреден период има продадено да речеме 10.000 телефони 5%=500 телефони или таблети кои пројавиле проблем, и во старт имате незадоволни 500 клиенти. Фирмата за која некои овде многу навиваат, има продадено во истиот период 3000 телефони и 5%= 150 незадоволни клиенти. Во апсолутни бројки 500 луѓе можат на форумот да напишат дека не се задоволни од АМЦ, а 150 од другата компанија, иако соодносот е ист, гужвата и фамата која ја создаваат 500 луѓе е поголема од оние 150, ќе се сложите нели. Бројките не се точни, може соодносот да е тој, ама ова е опишано само да се објасни математиката, не се фаќајте за бројките.

Конкретни одговори на конкретните коментари на темата
5. На самата тема имате споделено одредени негативни искуства со нашата компанија, но сензитивната природа на секој проблем со кој се има соочено индивидуален потрошувач (за производот или услугата која ја добил) не ни дозволува јавно да дискутираме за нив. Доколку имате проблем, слободно може да не исконтактирате преку четирите горенаведени методи и ние ќе се осигураме тој да биде решен во најбрз можен рок.
Овде само ќе одговориме на некои од нив, оние кои ја имаат надминато границата на нормална критика и имаат преминато во друга друга димензија.
Mar tIN
Иако Мартин ја покренал темата, и има непропорционално изреагирано на превидот кој е решен веднаш, ова може е доказ дека не треба не е во ред да се реагира кон било што во животот така како несоодветно, дури со омраза, како толпа. Ова повеќе личи на: Ајде да ги каменуваме, да ги запалиме на плоштад, и слично. 21-ви век сме и овде на it.com.mk треба да има спротивставување на аргументи, дебати, анализи, предлози, сугестии и слично, а не да се создава инквизиција.

Ficiani
Пред 3 години купив лаптоп од AMC. Човекот ме уверуваше дека е гланц нов и им бил последен. Кога го донесов дома имаше некој проблем со драјверите за графичка и уште нешто не ми текнува што; (лаптопот има две графички и дотогаш се немав запознаено со такво нешто)....

Ова почитуван требало да инсистирате на замена на лаптопот, ќе било излезено во пресрет сигурно. Можно е ова да е пример и лаптоп донесен од дистрибутер, да нема АМЦ вина, но ок, такво нешто требало да се реши позитивно.

GreenRoot
АМЦ и ТехноМаркет имаат политика ако менувате производ, заменскиот производ што ќе го добиете да е „половен“(сервисиран, вратен, од излог, итн.). Потполно нов производ ќе добиете само ако немаат „половен“.
Ова го прават бидеќи е полесно за нив да ви увалат поволен производ кога барате замена, него кога купувате нов.

Ова е тотално неточно. Ова си влегува во теории на заговор, тука можело слободно да се продолжи и со Илуминати, со Билдерберг, со Масони, Путин, Обама, било што...
Нити сите други компании од конкуренцијата не го прават тоа, нити АМЦ.


DrMTR
Причина или кој и да биде се додека некој му го варди газот на газдата на АМЦ и Техномаркет. Доколку живееме во нормална држава и се почитува правото за потрошувачи во пракса вакви трчи лажи работи не би имало.. Јбг, на АМЦ му се може, и ке те враќа. Следен пат обиколи ги и свршено. Мислам дека ваква тема за бљувотините на АМЦ имаше и пред едно 2-3 години на форумов.. Не им е првпат ваков испад, не се плаши.

Ова е слично како претходното. Никој на никому во оваа индустрија не го “пази газот“, индустријата е страшно конкурентна, нема пазење на задници, нема врски, нема УБК, нема тендери, нема специјалци, нема НИШТО од тоа горенаведеното.

JovanKrstevski1
Амц функционираат на принципот, дај ние да направиме пари па тој што ќе се заебе кој го шиша има уште многу овци за стрижење кои не се добро информирани и ќе се подлажат да купат од нас. Тоа е донекаде успешна краткорочна стратегија (иако може да трае и неколку години) меѓу народот позната и како Нико компјутери стратегија

Јован, ти ќе бидеш еден од поканетите, да не одговараме на сите, на крај ќе има одговор.

DaVoRkNe
Пред 4 години купив усб од амц,за прв и последен пат...
Ова Давор, за едно УСБ толкава сцена да правиш, сигурно ќе ти било заменето, повеќе зборува за тебе, отколку за АМЦ. Пак да повториме...АМЦ не отишло кај дистрибутерот со УСБ-а и рекло: Дај од тие неквалитетните, да го зафркнеме Давор. А конкуренцијата као рекла: Дај ни на нас од тие добрите.

Spamalot
od amc ednas kupiv gluvce od 300 den i mi se rasipa po 2 nedeli
Исто, не сме купиле, од лошите глувчиња, такво се погодило.

Damil
Коректно ти е постирањето, со аналитичност каква се посакува на форумот. А еви ти еден аргумент. АМЦ зема многу производи од Мебиус. Дали ако ги земеш од Мебиус се поквалиетни само затоа што не се земени кога се пренесени во АМЦ.

FLEGMA
Да си член на фоρумов и повтоρно да пазаρиш во АМЦ тρеба да имаш пρоблем со сивата маса во мозокот.
Флегма, ти исто така ќе бидеш поканет, иако според стилот на кој се изразуваш, би требало да вратиме со ист стил.

Да не навлегуваме понатаму во стилот кој се практикува тука, сепак слободата на говор е нешто најосновно право на човекот. Имаме еден предлог, а може да го модификуваме, дајте вие предлог кој сака.

Сите оние кои сочно без или со аргументи (може и аргументи од типот, купив глувче, ми се расипа) ги покануваме во некаква форма на гости, да ни дојдат еден ден во АМЦ, првин во дирекција ќе испиеме едно кафе. Ќе одговориме на сите, ама сите прашања кои ги имате во врска со производите, услугата, сервисот и слично. Потоа ќе слеземе во салон на АМЦ, па во сервис, за целосно да може да добиете слика на работењето, и посветеноста на АМЦ кон продажба на најнова технологија, по секогаш најдобри цени. Да се уверите дека постои посветеност да му се помогне, да на секој клиент кога ќе дојде, да го избере производот кој најмногу му одговара во предпродажба, и ако има проблем да му се помогне и пост продажба, т.е. во сервис и сервисна поддршка. Не очекуваме да го смените мислењето, ние ќе се потрудиме да ви ги презентираме нашите аргументи, нашата посветеност, се надеваме дека како елита, ќе наидеме на отвореност за аргументирање. Нели пред фактите молчат и боговите, зошто тоа да не важи за членовите на it.com.mk.

Посебно сакаме да ни дојде на гости edin.ademovic, доколку е истиот од Фб профилот, се работи за дизајнер. Наскоро ќе го прошириме тимот со уште еден дизајнер, еве директно ќе го поканиме да се увери до кое совршенство, со какво внимание се прави да речеме, еден АМЦ нов флаер, да изгледа како мало уметничко дело, како не е дозволено ниедна печатна грешка да нема во спецификација, бидејќи тоа клиентите не го толерираат, па да види кој од кого е подобар 100 пати. Да ја видиме и другата страна на приказната па оние кои си сакат да си маваат со камења, тоа задоволство не можеме да им го ускратиме.

Навистина ни е жал што за дел од негативните искуства моравме да дознаеме преку форумот, но отворени сме за дополнителни прашања и понатамошна дискусија со вас преку овој медиум. Би сакале да ги замолиме администраторите, во духот на отворена дискусија, темата да гласи „Искуства со АМЦ Компјутери“, бидејќи на темата има членови што споделуваат позитивни, како и негативни искуства.

Поздрав и имајте убав ден
АМЦ Тимот за грижа за корисници
 
25 ноември 2014
1.531
1.961
Скопје
Isak Keyten's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-4460 Processor 6M Cache, 3.20 GHz Haswell 22nm Technology
Motherboard
ASUS H81M-K (SOCKET 1150)
Storage
Samsung SSD 850 PRO 120GB
PSU
Thermaltake TR2 Bronze 700W
RAM
Kingston HyperX DDR3 16GB 1600Mhz Dual-channel
Video card
ASUS AMD Radeon R9 280x 3072MB
Mouse
Logitech G603 LIGHTSPEED
OS
Windows 10 :(
Се е ова супер на долго и широко ама ако ви иде толку подобро од останатите што 5% лоши искуства се значително поголеми од 5% лоши искуства на другите фирми - чему потреба да се правдате?
 

Costigan_Jr

poweruser
5 јули 2013
2.958
4.168
Добро е што се одважија да одговорат. Можеа да игнорираат. Како за почеток може на работа да примите дел од членовите на форумов, а не некои џаболебари кои ПОЈМА немаат од хардвер и останата технологија. Ајде АМЦ. You can do it. Нека се пофали некој ако биде вработен во АМЦ, обавезно. :)
 

bogoevski

user
29 ноември 2009
1.706
2.757
Hønsebybotn
bogoevski's setup  
Processor & Cooler
Повеќејадрен со множител
Motherboard
Црна со црвени детали
Storage
Препун
PSU
Предимензионирано
RAM
Доволно
Video card
Нај јака со 8 гигавати
Case
Гломазно
Mouse
Немам, чувам мачки.
Keyboard
Тивка
Audio
Стерео со двигател
Monitor
Прецизен
OS
Џам
Одлична реакција, посакувам да е реална, 17 февруари да биде денот од кој AMC почнаа поажурно да работат. Домашна слава да се стори, со традиција.

Не сум поканет, но би сакал и јас да дојдам на собирот, ако може!?
Сигурно нема да не „пендречите“ :)
 

tomi

Sensei Модератор
16 април 2007
9.876
3.884
Скопје
Џабе ви е толкав текст, искрејно освен перење на мозок и правдање како не е до вас туку така се погодило ништо друго не слушнав. Вашите правење на некои математики за тоа со 5 посто расипана роба не ви е точна затоа што НЕ СТЕ и Нема да бидете фирма која најмногу ја користат односно купуваат. Далеку е Анхоч од вас, Далеку е и Мебиус од вас иако повеќе они се ориентирани на големопродажба, Далеку е и СЕТ од вас, едноставно не ве бива и немате право да ги споменувате и плјате другите фирми околу вас.
Што се однесува до муабетот кој се однесуваше на мојот коментар
Друг па истото, ама обратна логика. Видел некакви телевизори на некоја конференција дека се спонзорство на АМЦ, па потоа шпекулира, тие ги препакуваат, па ги продаваат како нови. Тоа чисто нешто да си веруваме во заговор. Ќе седнат АМЦ, ќе даваат на спонзорство телевизори, па после ќе ги препакуваат па ќе ги продаваат како нови. Што мислите, дали е пологичната варијанта: тие телевизорите едноставно ќе се користат за многу такви настани, и на крај или ќе се дадат донација во некоја иинституција која има потреба од тоа.
Не е точно дека вие НЕ дававте спонзорство, лично јас ја видов фактурата која беше за рентање на телевизор по цена од xxxx денари на ден, Cisco 2012 година, вратете си ги фактурите и видете кај кој ви плаќал. И не ми кажувајте причи дека сте толку фини и ги поклонувате во спонзорство, ги продавате и те како ги продавате, многу луге до сега ми кажале дека коа купиле телевизор не бил фабрички спакуван и дека имале некои ситни мани и гребнатинки, батерии внатре во далинско, нема заштитни фолии на ивицте на телевизорите и така натаму.
 
Изменето од модератор:

kirev

senior
31 мај 2010
9.034
7.705
Ех, едно кокиче не е пролет. Џабе толкав текст, искуствата на ЧЛЕНОВИТЕ се негативни. Многу труд треба за тоа да се смени. Ама може, ете Ауди пред 20 години у живи не го броеја...
 
17 февруари 2015
38
21
Се е ова супер на долго и широко ама ако ви иде толку подобро од останатите што 5% лоши искуства се значително поголеми од 5% лоши искуства на другите фирми - чему потреба да се правдате?
Тоа е апсолутната збир на клиенти задоволни или не. Ако кај АМЦ купиле 1000 телефони 5% е повеќе од кај конкуренцијата купени 100 телефони и 5%.
 

igor_igor

poweruser
2 септември 2012
2.286
3.985
Скопје
igor_igor's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i5-14400F + Deepcool AG400 V2 ARGB White
Motherboard
ASrock B760M-HDV/M.2 White
Storage
SSD Kingston NV1 500GB M.2 / HDD Seagate BarraCuda 2TB (ST2000DM008)
PSU
Cooler Master V750 GOLD V2
RAM
2 x 16GB (32GB) Kingston HyperX FURY RGB 6000MHz DDR5
Video card
ASRock Phantom Gaming D RX 6800 16GB OC
Case
White Shark Bullet Gaming GCC-2303 White
Mouse
A4 X5 MAX Bloody Gaming Esports Stone Black
Keyboard
X7 A4tech G800 MU
Monitor
Cooler Master GM238-FFS 144hz IPS / AOC D2357Ph Led 3D
OS
Windows 11 Pro
Имам у план да купам од тоа Quart smart телевизорите еден, може сеа ке се понашаат ко кинеска кралица према мене а ?
Ја би нешто поскапо ама буџетот ми е толкав.;)
 
17 февруари 2015
38
21
Џабе ви е толкав текст, искрејно освен перење на мозок и правдање како не е до вас туку така се погодило ништо друго не слушнав. Вашите правење на некои математики за тоа со 5 посто расипана роба не ви е точна затоа што НЕ СТЕ и Нема да бидете фирма која најмногу ја користат односно купуваат. Далеку е Анхоч од вас, Далеку е и Мебиус од вас иако повеќе они се ориентирани на големопродажба, Далеку е и СЕТ од вас, едноставно не ве бива и немате право да ги споменувате и плјате другите фирми околу вас.
Што се однесува до муабетот кој се однесуваше на мојот коментар
Друг па истото, ама обратна логика. Видел некакви телевизори на некоја конференција дека се спонзорство на АМЦ, па потоа шпекулира, тие ги препакуваат, па ги продаваат како нови. Тоа чисто нешто да си веруваме во заговор. Ќе седнат АМЦ, ќе даваат на спонзорство телевизори, па после ќе ги препакуваат па ќе ги продаваат како нови. Што мислите, дали е пологичната варијанта: тие телевизорите едноставно ќе се користат за многу такви настани, и на крај или ќе се дадат донација во некоја иинституција која има потреба од тоа.
Не е точно дека вие НЕ дававте спонзорство, лично јас ја видов фактурата која беше за рентање на телевизор по цена од xxxx денари на ден, Cisco 2012 година, вратете си ги фактурите и видете кај кој ви плаќал. И не ми кажувајте причи дека сте толку фини и ги поклонувате во спонзорство, ги продавате и те како ги продавате, многу луге до сега ми кажале дека коа купиле телевизор не бил фабрички спакуван и дека имале некои ситни мани и гребнатинки, батерии внатре во далинско, нема заштитни фолии на ивицте на телевизорите и така натаму.
Томи, ако веќе си решил да напаѓаш, тоа е тоа, објаснивме не можеме да го смениме твоето мислење. Дочитај го делот за телевизорите. Тие токму ти што ги спомнуваш, на крај после неколку пати такво користење тогаш се поклонуваат некаде каде има потреба од тоа. Не се враќаат во продажба, не ни може да се вратат, замисли на такви конференции во такво брзање, спакувај-распакувај сигурно се оштетуваат, дрцнуваат и слично и никако не може да се вратат во продажба. А инаку и ти си од поканетите, да одговориме на сите прашања, да ги видите сите процеси за да се докажеме. Вака, да сумираме, целиот муабет се сведува на...јас купив слушалки од Анхоч и ми ги заменија, а во АМЦ не ми ги заменија. А инаку пак да повториме, бидејќи имаш релации гледаме со Мебиус, да се јавиш и да прашаш, кој им е најголем купувач на нивните производи кои ги дистрибуираат, па потоа ти истиот маус можеш да кажеш дека е поквалитетен во Мебиус (да потенцираме: истиот).
 
Изменето од модератор:

Dark HaCkeR

Баниран/a
14 јули 2009
2.632
1.420
Кога планирете да ги отврлите налепниците на десктоп компјутери ? И да не изигравате некаков си OEM мојата забелешка е околу тоа другото немам никаков проблем со амц и ако редовно купувам дрангулии како хдд и рам
 
17 февруари 2015
38
21
Имам у план да купам од тоа Quart smart телевизорите еден, може сеа ке се понашаат ко кинеска кралица према мене а ?
Ја би нешто поскапо ама буџетот ми е толкав.;)
Игор,
Тука сме, слободно повели, во моментот има 40 инчен LPS401 со најдобра цена на пазартот за смарт телевизор. Секако како и што споменавме, дојди, тестирај, провери, спореди, и на крај веруваме со задоволство ќе одлучиш да купиш.

Кога планирете да ги отврлите налепниците на десктоп компјутери ? И да не изигравате некаков си OEM мојата забелешка е околу тоа другото немам никаков проблем со амц и ако редовно купувам дрангулии како хдд и рам
Ова е на место прашање, е вака се развива дискусија. Ќе се консултираме и ќе дадеме одговор.
 
Изменето од модератор:

Ficiani

Multipotential
1 јуни 2012
515
969
Скопје
www.kordanovskifilip.com
Ficiani
Пред 3 години купив лаптоп од AMC. Човекот ме уверуваше дека е гланц нов и им бил последен. Кога го донесов дома имаше некој проблем со драјверите за графичка и уште нешто не ми текнува што; (лаптопот има две графички и дотогаш се немав запознаено со такво нешто)....

Ова почитуван требало да инсистирате на замена на лаптопот, ќе било излезено во пресрет сигурно. Можно е ова да е пример и лаптоп донесен од дистрибутер, да нема АМЦ вина, но ок, такво нешто требало да се реши позитивно.

Јас искрено се надевам дека кој и да седи позади акаунтов, кој и да го пишал километарскиов пост, го пишал затоа што САКАЛ а не затоа што МОРАЛ (а.к.а. така му кажал некој над него, пошто се упрпале од тоа колкава станува темава). Ама по се ми изгледа дека вторава опција е случајот.

Прва работа: Јас ако купувам продукт од AMC, не ме интересира дали е донесен од дистрибутер или директно од фабрика од Тунгузија, дали е Петко или Станко крив. Вие ги репрезентирате производите и за секој проблем кој настанува вие ја завземате одговорноста, бидејки сте една од поголемите фирми, како што се претставивте. Така да ова “AMC да нема вина“ што го пишавте е неприфатливо и непрофесионално.

Втора работа: Јас колку што знам на вработените им е кажано како да постапуваат со муштериите. Зашто дотичниот вработен пред да го купам лаптопот кој го платив во ќеш не ми кажа дека лаптопот е користен за презентации и НЕ Е ФАБРИЧКИ СПАКУВАН? Уште полошо, зашто вработениот НЕ ми кажа дека освен што не е фабрички спакуван, ЛАПТОПОТ БИЛ НОСЕН НА СЕРВИС за поправка на камерата, а и покрај тоа вие потоа го претставивте и ми го продадовте КАКО НОВ ???

За после 1 ипол година јас НА СРЕЌА да дознаам дека лаптопот бил носен по сервиси и вие после 3 години ми викате тука дека сум требал тогаш да го заменам????????????? А што викате на предлогот мој вие со чист образ и искреност да сте постапиле кога сум решил да зимам чичка нов лаптоп од вашата продавница???

И зашто после ова јас уште еднаш би влегол во AMC? Или зашто би ве препорачал на роднини/пријатели/познаници?

За да си го обелите образот пред оние кои малку повеќе се разбираат од IT (читај дечки од IT.com.mk форум) ви треба уште многу, многу работа...
 

Dark HaCkeR

Баниран/a
14 јули 2009
2.632
1.420
Ова е на место прашање, е вака се развива дискусија. Ќе се консултираме и ќе дадеме одговор.
Ми треба одговор пошто имам еден компјутер купено од амц и бев приморан насилно пред две недели да ја скинам и да си го наместам ссд, свесен сум дека ја уништив гаранцијата која ми беше уште година ипол се работи за компјутер кој го користат мојте родители неможев да правам дупло трошкови и да мкнам кукишта на 8 км за две кабелчиња да се приклучат
 
17 февруари 2015
38
21
Ех, едно кокиче не е пролет. Џабе толкав текст, искуствата на ЧЛЕНОВИТЕ се негативни. Многу труд треба за тоа да се смени. Ама може, ете Ауди пред 20 години у живи не го броеја...
Така е Кирев, и АМЦ било само на времето гранапче и дистрибуција, сега модерен малопродажен ланец на ИТ производи во Македонија еве со неколку факти, кои не би можеле да се оспорат:
- Според некои истражувања, секој втор лаптоп купен во Македонија, е купен во АМЦ.
- АМЦ први започнаа со продажба на таблети и се водечки продавач во тој сегмент во Македонија.
- АМЦ први започнаа со продажба на паметни телефони во малопродажба и се далеку водечки продавач во тој сегмент во Македонија.
Тука сме, работиме, се трудиме, во процесот, нормално и ќе згрешиме.

Јас искрено се надевам дека кој и да седи позади акаунтов, кој и да го пишал километарскиов пост, го пишал затоа што САКАЛ а не затоа што МОРАЛ (а.к.а. така му кажал некој над него, пошто се упрпале од тоа колкава станува темава). Ама по се ми изгледа дека вторава опција е случајот.

Прва работа: Јас ако купувам продукт од AMC, не ме интересира дали е донесен од дистрибутер или директно од фабрика од Тунгузија, дали е Петко или Станко крив. Вие ги репрезентирате производите и за секој проблем кој настанува вие ја завземате одговорноста, бидејки сте една од поголемите фирми, како што се претставивте. Така да ова “AMC да нема вина“ што го пишавте е неприфатливо и непрофесионално.

Втора работа: Јас колку што знам на вработените им е кажано како да постапуваат со муштериите. Зашто дотичниот вработен пред да го купам лаптопот кој го платив во ќеш не ми кажа дека лаптопот е користен за презентации и НЕ Е ФАБРИЧКИ СПАКУВАН? Уште полошо, зашто вработениот НЕ ми кажа дека освен што не е фабрички спакуван, ЛАПТОПОТ БИЛ НОСЕН НА СЕРВИС за поправка на камерата, а и покрај тоа вие потоа го претставивте и ми го продадовте КАКО НОВ ???

За после 1 ипол година јас НА СРЕЌА да дознаам дека лаптопот бил носен по сервиси и вие после 3 години ми викате тука дека сум требал тогаш да го заменам????????????? А што викате на предлогот мој вие со чист образ и искреност да сте постапиле кога сум решил да зимам чичка нов лаптоп од вашата продавница???

И зашто после ова јас уште еднаш би влегол во AMC? Или зашто би ве препорачал на роднини/пријатели/познаници?

За да си го обелите образот пред оние кои малку повеќе се разбираат од IT (читај дечки од IT.com.mk форум) ви треба уште многу, многу работа...
За оваа кажавме дека не требало да се реши така, затоа и како што пишавме во километарскиот пост, постои начин, [email protected] маил за поплаки и пофалби, кои го читаат сите релевантни фактори, и по било каква реакција од клиент веднаш се реагира, и се проверуваат фактите.

Одлична реакција, посакувам да е реална, 17 февруари да биде денот од кој AMC почнаа поажурно да работат. Домашна слава да се стори, со традиција.

Не сум поканет, но би сакал и јас да дојдам на собирот, ако може!?
Сигурно нема да не „пендречите“ :)
ХАХАХАХА... Ова последното е :)))))) Апсолутно, за собирот дадовме предлог, дајде да го искристализираме во реален предлог, како тоа да се изведе, и воопшто не е проблем. Дали сите заинтересирани ќе можат во ист ден да дојдат во исто време, дали може сабота тоа да се направи, слободно предложете.

Добро е што се одважија да одговорат. Можеа да игнорираат. Како за почеток може на работа да примите дел од членовите на форумов, а не некои џаболебари кои ПОЈМА немаат од хардвер и останата технологија. Ајде АМЦ. You can do it. Нека се пофали некој ако биде вработен во АМЦ, обавезно. :)
Почитувани,
Еве пред неколку месеци АМЦ примаше нови лица во тимовите за продажба. На сајтот има дел за вработување...обично пишува на кој маил треба да се пушти CV. Еве ова нека е апел, за кога има слободен оглас, кој е заинтересиран, слободно да го пушти CV-то и на маилот кој е даден, и да го препрати и на [email protected] и да укаже дека е член на форумот. Искрено ќе се смета за предност. Та ние на edin.ademovic кој дури 100 пати му се бендисуваат Анхоч повеќе од АМЦ сме спремни да понудиме шанса, да види колку сериозно и тешко се настапува на таков конкурентен пазар, и колку се внимава на сите една печатна грешка да нема на флаер, во живо реално да го види и да го создава аргументот за, а не против АМЦ.
 
Изменето од модератор:

Ficiani

Multipotential
1 јуни 2012
515
969
Скопје
www.kordanovskifilip.com
За оваа кажавме дека не требало да се реши така, затоа и како што пишавме во километарскиот пост, постои начин, [email protected] маил за поплаки и пофалби, кои го читаат сите релевантни фактори, и по било каква реакција од клиент веднаш се реагира, и се проверуваат фактите.
Не се реши никако затоа што јас дознав сосема случајно после година ипол што се дешавало со лапопот. После толку време да пробувам нешто да извадам? Зашто уосталом вака да се постапи со купувач, зашто уште од старт да има некоја превара или да се проба некого да се заебе???

А реално ништо не ми одговоривте со репликава туку ми дадовте маил кој пред 3-4 години не верувам дека постоел и на прв поглед делувате како оние америчките комапнии кој спамаат со супорт меилови само колку да ги откачат клиентите што побрзо.

А јас што требаше да направам е чим дознав за преварата што ми ја направивте со лапопот, да дојдам и од глава да му го треснам на продавачот што ме изманипулира за сите пари.
 

Ulrezaj

hello world
20 јуни 2012
438
706
Охрид
Ulrezaj's setup  
Processor & Cooler
Intel I9 - 9900k / NZXT Kraken X62
Motherboard
Gigabyte z390 Aorus Master
Storage
Samsung 860 Evo 250 GB / 3TB Toshiba
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB Kingston HyperX Predator 3200Mhz
Video card
ASUS ROG STRIX RTX 2070Super
Case
Asus TUF GT501
Mouse
Razer Mamba Tournament Edition
Keyboard
Razer Blackwidow Ultimate Stealth
Monitor
Alienware AW2518H
OS
Windows 10 64bit
Како што и претходно напоменав во продажниот салон во Охрид не влегувам бидејќи односот на вработените е крајно дрзок, некултурен и непрофесионален а гледам дека истите вработени се со години. Можеби самите сопственици не се свесни ама постојат доста случаеви каде што самиот купувач не оди во одреден салон само поради вработените а тоа е случајот со мене. Згора на тоа, брат ми имаше одреден проблем при купување на печатар пред неколку години па на листот после самото печатење се јавуваа одредени брановидни превиткувања, па вработен во истиот салон во Охрид го правеше магаре како тој сам да го зезнал печатарот што мене ми создаде огромен револт.

Сепак АМЦ, како и сите компании имаат аномалии на секое поле ама па се дрзнаа да одговорат бидејќи беа најдиректно повикани иако на некому не му се допаѓа тоа сепак е за почит. Е после ова лошо искуство, иако минимално, сум решил да не купувам во АМЦ. А како што беше напоменато во доста постови, не би сакал да поверувам дека АМЦ носи намерно лоши продукти за да не зеза нас :)... сигурно е компанија, која што си има газда и кој сака да се богати и да заработува па и него не му е во интерес тоа.

Ако веќе споредуваме изгледа дека секој имал негативно искуство со одредена компанија само оваа тема налагаше да се зборува против АМЦ. Лошо искуство сум имал со Техно Маркет за што и беа казнети од пазарна инспекција. Лошо искуство сум имал и со ДД КОМ при признавање на гаранција на графичка а голем проблем имав и со Мебиус каде што ми се даде можност по телефон да разговарам со дрзок, некултурен и во најмала рака вулгарен сервисер се со цел да му објаснам дека одреден проблем е признат од самата компанија која што произведува одредени делови. (еве на пример слушам Ахноч ги враќа 970ките на Нвидиа што сепак е доста ок)

Со Анхоч досега сум немал проблем бидејќи не сум купувал бог знае колку па не можам да дадам лично мислење. Години пазарам од ТНТ ИТ Маркет, односнот на вработените е одличен, ми се допаѓа тоа што никогаш не прават проблем ако има и најмала аномалија при купен производ па се додека тоа е така не планирам и да ги менувам. Години сум купувал и од Јонгис (кој е од охрид знае) бидејќи покоректен газда нема но штета што е далеку поскап од порано :)

Сума-сумарум, на купувачот покрај квалитетот на самиот производ го интересира и гаранцијата т.е. моментот кога ќе се појави проблем на самиот производ и кога ќе биде сигурен дека ако нема механичко оштетување нема да поминува низ голготи кога ќе треба производот да се сервисира. Секој купувач треба. потенцирам, најмногу еднаш да изгуби нервни клетки па повеќе никогаш да не влезе во тој салон :)
 

Dark HaCkeR

Баниран/a
14 јули 2009
2.632
1.420
Се додека се изиграва шерив на сопствен компјутер со налепница амц ништо не правимр , среќа е стариов што не е добро имформиран па го купил компјутрот од амц кога го видов ми се стемни и бев решен уште одма таа ден да го вратам :)
 
17 февруари 2015
38
21
Не се реши никако затоа што јас дознав сосема случајно после година ипол што се дешавало со лапопот. Зашто уосталом вака да се постапи со купувач, зашто уште од старт да има некоја превара или да се проба некого да се заебе???
А реално ништо не ми одговоривте со репликава туку ми дадовте маил кој пред 3-4 години не верувам дека постоел и на прв поглед делувате како оние америчките комапнии кој спамаат со супорт меилови само колку да ги откачат клиентите што побрзо.

А јас што требаше да направам е чим дознав за преварата што ми ја направивте со лапопот, да дојдам и од глава да му го треснам на продавачот што ме изманипулира за сите пари.
Маилот постои 2 години, и оттогаш многу луѓе го искористиле, исркрено, некогаш биле во право некогаш не, ама секогаш е проверено, аргументирано, вратено одговор.
Клиентот дефинитивно треба да добие нов, совршен, според декларираните спецификации производ. Освен квалитетот во вид на производи, константно се унапредува и квалитетот на релација продавач-клиент. Вака после 4 години, реално нема начин како да реагираме, и да има оправдание, така стигнат од дистрибутер или слично, во право сте, тоа вас како клиент не ве интересира.
 
17 февруари 2015
38
21
Како што и претходно напоменав во продажниот салон во Охрид не влегувам бидејќи односот на вработените е крајно дрзок, некултурен и непрофесионален а гледам дека истите вработени се со години. Можеби самите сопственици не се свесни ама постојат доста случаеви каде што самиот купувач не оди во одреден салон само поради вработените а тоа е случајот со мене. Згора на тоа, брат ми имаше одреден проблем при купување на печатар пред неколку години па на листот после самото печатење се јавуваа одредени брановидни превиткувања, па вработен во истиот салон во Охрид го правеше магаре како тој сам да го зезнал печатарот што мене ми создаде огромен револт.

Сепак АМЦ, како и сите компании имаат аномалии на секое поле ама па се дрзнаа да одговорат бидејќи беа најдиректно повикани иако на некому не му се допаѓа тоа сепак е за почит. Е после ова лошо искуство, иако минимално, сум решил да не купувам во АМЦ. А како што беше напоменато во доста постови, не би сакал да поверувам дека АМЦ носи намерно лоши продукти за да не зеза нас :)... сигурно е компанија, која што си има газда и кој сака да се богати и да заработува па и него не му е во интерес тоа.

Ако веќе споредуваме изгледа дека секој имал негативно искуство со одредена компанија само оваа тема налагаше да се зборува против АМЦ. Лошо искуство сум имал со Техно Маркет за што и беа казнети од пазарна инспекција. Лошо искуство сум имал и со ДД КОМ при признавање на гаранција на графичка а голем проблем имав и со Мебиус каде што ми се даде можност по телефон да разговарам со дрзок, некултурен и во најмала рака вулгарен сервисер се со цел да му објаснам дека одреден проблем е признат од самата компанија која што произведува одредени делови. (еве на пример слушам Ахноч ги враќа 970ките на Нвидиа што сепак е доста ок)

Со Анхоч досега сум немал проблем бидејќи не сум купувал бог знае колку па не можам да дадам лично мислење. Години пазарам од ТНТ ИТ Маркет, односнот на вработените е одличен, ми се допаѓа тоа што никогаш не прават проблем ако има и најмала аномалија при купен производ па се додека тоа е така не планирам и да ги менувам. Години сум купувал и од Јонгис (кој е од охрид знае) бидејќи покоректен газда нема но штета што е далеку поскап од порано :)

Сума-сумарум, на купувачот покрај квалитетот на самиот производ го интересира и гаранцијата т.е. моментот кога ќе се појави проблем на самиот производ и кога ќе биде сигурен дека ако нема механичко оштетување нема да поминува низ голготи кога ќе треба производот да се сервисира. Секој купувач треба. потенцирам, најмногу еднаш да изгуби нервни клетки па повеќе никогаш да не влезе во тој салон :)
Овде ќе одговориме на последниот пасус. Гаранциските услови се тие, и за истиот производ важат и кај нас и кај конкуренцијата. Тоа си е нормална психологија добар производ без проблеми = задоволен клиент....што и да се случи нешто=незадоволен клиент. Верувајте, ајде овде најскапиот муабет е за графичка, ама замислете доаѓа клиент со купен Samsung 4K телевизор, скап, и дома на монтирање му паѓа и го крши. И доаѓа во АМЦ, сте ми продале скршен телевизор, и сцени, и инспекции и викање, и закани, и на крај си признава дека тој пробал ако пројде, пројде...Затоа принципиелно мора да се настапува со гаранцијата. Секако тоа што велите за односот, и тоа е релативна работа, ама релативна работа на која постојано работиме за нејзино унапредување.
 

nikigo

hello world
6 март 2013
278
295
nikigo's setup  
Processor & Cooler
XEON X5660@4GHz Noctua NHD14
Motherboard
Gigabyte GA-X58A-UD7 (rev. 1.0)
Storage
2xLiteonit 120GB RAID0, WD10EZEX
PSU
Cooler Master V700
RAM
6 x 2GB Kingston HyperX 1600
Video card
GIGABYTE GTX 1070 G1 Gaming
Case
Coolermaster HAF XB
Mouse
Logitech MX518
Keyboard
IBM Model M
Audio
Steinberg UR12, Raspberry Pi HiFiBerry, Yamaha AS-500, JBL Studio 530, Pioneer HPM50, Grado SR-60
Monitor
DELL U2312HM
OS
Windows 7
Не е точно дека вие НЕ дававте спонзорство, лично јас ја видов фактурата која беше за рентање на телевизор по цена од 1000 денари на ден, Cisco 2012 година, вратете си ги фактурите и видете кај кој ви плаќал.

Хахааа. Го знам ова и јас давав понуда, за која се плашев дека е ниска и си викав кај се нафатив поише мука него пари. Кога ми кажаа дека имало пониска од АМЦ бев збунет, но во исто време и ми олесна... да бидам појасен:
Јас работам со изнајмување на аудио, видео и компјутериска опрема и кога имаме изнајмување кон корисник кој имаме долгогодишна соработка, цената никогаш не е под 3000 денари по 42" телевизор/ден. Освен во случај кога се изнајмува на повеќе последователни денови без поместување на опремата и тогаш цената за 5 дена се наплаќа како за 3 дена, за 7 дена како за 4, или ако има многу повеќе опрема итн... Отприлика вака работат повеќето рентал компании во Македонија, иако има и нелојална конкуренција, но тоа е offtopic...

Инаку од АМЦ имам купено баш 3 х LG 42" плазма тв-а за рентање(која случајност) пред едно 7-8 години и сеуште работат со мали недостатоци во сликата. Немав намера да купам ништо од нив ама разликата од дилерска цена во Нептун-Еуромедиа до регулар во АМЦ беше 5000денари по парче, а гаранцијата и сервис беше иста од Видеодата... Друго ништо не сум купил од нив :D
 

Dark HaCkeR

Баниран/a
14 јули 2009
2.632
1.420
И уште оваа зошто имате не избалансирани конфигурации од типот на i5 со GT610 ? Каква гејмер конфигурација е оваа од година 2006? Дефинитивно треба да се седне кај вас и да се размисло убаво како треба да изгледа една сериозна гејмер конфигурација и нормално без изигравње на OEM со налепници :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Последни теми

Последни огласи

На врв Дно