• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Иверица, лесонит или медијапан за плотна за маса

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,648
2,254
Битола
Драги дрводелци и занаетчии,

Ќе правам ново поголемо биро. Моментално избирам материјал за плотната откако се решив да НЕ правам од дрво (ќе дојди скапо и тешко и основата што ми е замислена нема да го крепи).

Читам низ интернетов за каков материјал да изберам и кои се разликите помеѓу различните материјали и произлегуваат некои нејаснотии бидејќи сум далеку од експерт во полево, а гугл не се покажува баш со информации. Пример, што е разликата помеѓу:

- иверица / оплеменета иверица
- медијапан фурниран / сиров медијапан
- лесонит
- работна плоча / MDF работна плоча

Откако ќе ја разберам разликава помеѓу сиве горенаведени материјали, ќе можам да донесам прав избор за тоа што да изберам за плотна за бирото.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,648
2,254
Битола

gamon

On your way to fame
15 септември 2014
587
654
orgrimar
тешки за обработка, скапи и ни 1 не може да се носи со добра иверица за намената
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,679
5,100
Скопје
Ја би ти препорачал ШПЕР ПЛОЧА (plywood). Има најголема цврстина од сиве а и теоретски има најголем капацитет за финиш со бои или садолин. Шпер плочата е изработена од слоеви од вистинско дрво, и е препознатлива по „наполитанка“ рабовите. Има различни квалитети на различни шпер плочи нормално, а можеш за ултра дебелина да залепиш дупли слој од 18мм шпер плоча (можеш да користиш дрвен лепак пошо лицата се вистинско дрво) и да добиеш 36мм дебела маса.

1602451338830.png

Во теорија медијапан и иверка би требало да се ист тип на материјал, таканаречен FIBERBOARD или PARTICLE BOARD. Ова што е оплеменета иверка е LOW DENSITY PARTICLE BOARD. Медиапанот е MEDIUM DENSITY FIBERBOARD или MDF.

За работна површина колку поголем density земеш толку поцврсто/стабилно ќе биде, во спротивно ќе треба да му ставаш потпори за да не се витка.

Медијапан рачунај дека за финиширање е малку потежок, и треба рабовите да ги SEAL пред да ги фарбаш.

Бидејќи нема некоја предност во квалитет за изработка на маса, од тие две иди со најквалитетната иверка шо можеш да ја најдеш. HIGH DENSITY иверка би било идеално.

Но јас сепак би идел со шпер плоча. Табла шпер плоча ти е околу 4-5000 денари, а табла иверка e некаде околу 3-4000 ако не се лажам. Но иверката е веќе фурнирана/оплеменета така шо нема да треба да фарбаш/финишираш. Шпер плочата од друга страна ќе изгледа подобро и ќе трае и ќе се осеќа скоро како масивно дрво.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Не можам лајк да најдам никаде да ти ставам не знам што се случува. Благодарам за одговорот инаку. Сеа следна недела ќе одам по продавници да видам што имаат на понуда. Шпер плоча ќе барам ама и да барам да ја бојадисаат и лакираат имам нула време за такви проекти.
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,679
5,100
Скопје
Не можам лајк да најдам никаде да ти ставам не знам што се случува. Благодарам за одговорот инаку. Сеа следна недела ќе одам по продавници да видам што имаат на понуда.
Не се замарај (за лајкот) - така е по ново во офтопик категоријата нема лајкови. Гледам сеа дека таблите шпер плоча се околу 2200 х 1250 мм во димензии, така шо една табла на пола, лепиш двете половини за дебелина и имаш 3.6цм дебела плоча со димензии 2200 х 625 мм - тоа ти е огромно биро со убава димензија.
 
civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
191
173
Тешко да ја офарбаш шпер плочата (фолија можеш да и залепиш у боја каква што сакаш), заради цврстината повеќе се користат во градежништво како оплати за шаловање.
Иверка мислам дека ти е нај ефтино и најбрзо решение, а за подебела ако сакаш залепи две од 16мм и ќе имаш топ цврстина. Баш периодов и јас правам такви комбинации .
Ако сакаш помасивно имаш лепени готови плочи што се ептен јаки како на сликава.

Имаш опција и со медијапан обложен и обработен од страните машински со фолија под преса, во Солопром ми побараа околу 60 евра за димензија 130х60х2.5 см20201011_233403.jpeg

Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,679
5,100
Скопје
Има милјарда видеа на јутуб за мебел од шпер плоча (plywood) со секакви завршни обработки од фарбање до лак до stain до улје... секако зависи од класата на шпер плоча за некои финиши но и те како не е тежок материјал за работа или фарбање. Но како и со секој занает си бара познавање и бар малку искуство со работа со дрво.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,648
2,254
Битола
Има милјарда видеа на јутуб за мебел од шпер плоча (plywood) со секакви завршни обработки од фарбање до лак до stain до улје... секако зависи од класата на шпер плоча за некои финиши но и те како не е тежок материјал за работа или фарбање. Но како и со секој занает си бара познавање и бар малку искуство со работа со дрво.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
Koј има време за вакви проекти речи. Би направил research и би спремил нешто јас, ама не можам да се замарам. На готово ако најдам супер.
 
civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
191
173
Има милјарда видеа на јутуб за мебел од шпер плоча (plywood) со секакви завршни обработки од фарбање до лак до stain до улје... секако зависи од класата на шпер плоча за некои финиши но и те како не е тежок материјал за работа или фарбање. Но како и со секој занает си бара познавање и бар малку искуство со работа со дрво.

Испратено од s8+ преку IT.mk форум апликација
Друже више и столари нема асални,све монтажери се на готови производи исечени и кантирани од некоја од поголемиве фирми што се на пазаров.
Кај ти се исплати некој да ти ја спреми и офарба плотната за биро ( ќе те изгорат со цена).

Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
 
toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,679
5,100
Скопје
Ептен си во право дека ретко кој веќе работи нешо повеќе од склопување ствари, ама има доволно информации на интернет мислам дека добри ентузијасти би можеле сами да си се снајдат. До таму е дојдено иначе, буквално - или сам или тури пепел.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,648
2,254
Битола
Најдов мајстор, му направив брз модел и рендер (ништо не е подесено затоа е грд рендерот со ниска резолуција). 8000 денари за бирово ми бара. Иверицата е дебела 30 цм. ногарките се метални, фиоките се иверица исто слаба.ImageGlass_9dBHDDXaex.jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

Rikimaru

Unstoppable
26 март 2016
1,648
2,254
Битола
Бајаги дебела иверица.
Две иверици од 15мм залепени. Треба да крепат monitor Arm за тежок монитор затоа така. А и поубаво го личи вака илузија на дрво дава повеќе.
Мислењето е автоматски споено:

Еве поасолен рендер со потопли светла. Дали ќе го изведи како што е замислено останува да видиме. Инаку интересна професија и доста профитабилна, неколку други мајстори што ги имав контактирано се букирани до 2021ва, а земаат убави пари за вакви проекти. Да одам калфа некаде си велам, се згрбавив пред компјутер.
4.jpg
 
Последна промена:

Погледнете го атачментот 92329
Која ти е димензијата на плотната ?

Испратено од SM-G930F преку IT.mk форум апликација
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,613
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно