• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

ИТНО: Се бара економичен Hosting

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
784
483
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
Значи Економичен хостинг za dedicated сервер
Linux / WHM
со таа напомена со треба да е надвор од МКД
и се префереира држава каде не се многу окупирани со закони
окулу праќање на newsletter-и.
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
За WHM ќе треба најверојатно да доплатиш. Купи си лиценца од buycpanel.com

Дедикејтед ти треба Unmanaged или managed? Има повеќе опции. OVH/Kimsifui/Scaleway се најекономичните сервери.

SolaDrive имаат екстра managed сервери.

LiquidWeb - супер managed сервери со најдобриот support. Мислам некои од нив имаа и бесплатен WHM

Од OVH, SolaDrive i LiquidWeb имам ВПСи и со сите сум презадоволен. Од ОВХ не очекувај никаков support. Ако се одлучи за некој од овие, кажи ми да ти пратам афилиејт по ПП :)

Јас кога барам нов хостинг секогаш гледам од понудите на форумов Dedicated Hosting Offers | Web Hosting Talk тука сите поактивни членови се квалитетни хостинг компании.

Избегнувај ги GoDaddy, Bluehost, HostGator и сличните
 
sumi

On your way to fame
8 април 2007
1,129
770
Кавадарци
www.uhost.mk
sumi's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i7-4710HQ
Storage
SAMSUNG 840 500GB SSD Evo
RAM
2x8GB DDR3 1600MHz
Video card
nVidia GTX860 4GB GDDR5
Case
Notebook Lenovo Y50-70
Mouse
Logitech M705
Monitor
15.6" FullHD 1090x1080 LED
OS
Windows 7 Home Premium 64bit
и се префереира држава каде не се многу окупирани со закони
окулу праќање на newsletter-и.
Ниту една држава нема проблем со праќање на newsletters но има проблем со спам. Повеќе не е проблем државата, самите дата центри ке те суспендираат ако добиваат поплаки за спам.
Воедно ако е за newsletters немаш потреба од cPanel немаш ни потреба од Dedicated, VPS ке заврши работа
 
Dace23432

Gaining Experience
25 август 2016
208
105
Избегнувај ги GoDaddy, Bluehost, HostGator и сличните
Може ли да објасниш за BlueHost, јас сум во план да го користам за хостирање на ВордПрес интернет страна, на препорака од пријател и ми се виде задоволителен со цена. Па затоа ме зачуди, и ако може да објасниш подетелно за неговите добри и лоши страни, бидејќи се познава дека имаш искуство.
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,302
1,388

Endurance International Group - Wikipedia

Прочитај што се поседуваат, фаст фуд за хостинг

П.С. Имаш и еден лајк од мене за првиот твој пост на форумот :)
 
Dace23432

Gaining Experience
25 август 2016
208
105
Endurance International Group - Wikipedia

Прочитај што се поседуваат, фаст фуд за хостинг

П.С. Имаш и еден лајк од мене за првиот твој пост на форумот :)
Фала, инаку го имам приметено одамна на едно видео од Lynda.com за ВордПрес за почетници, го вклучија во видеото, како хостинг за пример страна што изработуваа. Не сум знаел за ЕИГ, има се може се :D а кое е твоето мислење вака од техничка страна, и споредба со OVH, SolaDrive, LiquidWeb кои си ги користел.
 
bxxxn

Practice makes perfect
11 март 2011
1,302
1,388
Фала, инаку го имам приметено одамна на едно видео од Lynda.com за ВордПрес за почетници, го вклучија во видеото, како хостинг за пример страна што изработуваа. Не сум знаел за ЕИГ, има се може се :D а кое е твоето мислење вака од техничка страна, и споредба со OVH, SolaDrive, LiquidWeb кои си ги користел.
Немам користено ниеден од нив, имам искуство со Arvixe кои на времето беа супер хостинг, релативно мала фирма со одлучен сипорт, сервери во Европа и САД, CEO-то одговараше лично на маилови, мигрираа датабази на SSD, итн ...

Потоа ги купи EIG, веројатно набркаа голем дел од вработените, почнаа да паѓаат сајтовите, се чекаше со денови да се одговори тикет, го симнаа форумот на кој се жалеа корисниците ...

Инаку овие што ги посочи не сум ги користел, може и подобро, имам некоја малер рака, кај паркирам сајт, потоа EIG ги купува :)
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
Може ли да објасниш за BlueHost, јас сум во план да го користам за хостирање на ВордПрес интернет страна, на препорака од пријател и ми се виде задоволителен со цена. Па затоа ме зачуди, и ако може да објасниш подетелно за неговите добри и лоши страни, бидејќи се познава дека имаш искуство.
Bluehost ги препорачуваат секаде зашто се познати и плаќаат многу на affiliate корисниците. Не се баш евтини. Може да пишува една цена, но таа е за првиот месец и после е многу поскапо. Имаат многу лош support од Индија и не би ги препорачал на никој. Серверите ги пренатрупуваат и многу се спори сајтовите кај нив.

За што ти е хостингот? Ако е за едноставен ВордПрес сајт тогаш било кој хост што не е EIG или GoDaddy ќе биде океј. Колку посетители (ќе) добиваш?

HawkHost, VeeroTech и A2 Hosting се првите што ми текнуваат да се добри со support и shared hosting. Предложи му некој од овие на пријателот твој и ќе види што е квалитет.

Ако ти треба VPS, други предлози ќе ти дадам.
 
Сега не знам дали се рачуна како ВПС, ама последниве неколку години користам AWS, односно нивниот Free Tier, кој го користам една година, па потоа правам друг акаунт #poormanlive и ми беше доволен, си ги имав сите погодности што би ги имал и на мојот дома компјутер, си имав ремоте акцес, гигабитен интернет, но лошата страна беше тоа што многу често ми се случуваше да ги преминам ограничувањате на Фри Тирот, и ми доваѓаа сметки на крајот на месецот, тогаш не се разбирав толку во тоа секоја инстанца што ресурси троши, па не знаев да се заштитам од несакани сметки. Е сега ме интересира разликата со ВПС (знам дека таму се е виртуелно и се делат ресурси) да ми ја објасниш подетално, колку бандвит имаш на располагање и однос цена-ресурси на некои ВПС кои си имал можност да ги користиш.
 
Не знам многу добро да објаснам за AWS зашто ни јас не сум ги користел многу, но тие се Cloud платформа (на крајот на денот исто е со VPS), само што кај нив плаќаш точно онолку колку што ќе потрошиш. Ти бројат потрошени ресурси и ти наплаќаат.

Ако си почнал со AWS слободно продолжи, супер е таа платформа. Е сега, ако имаш повеќе сајтови и повеќе трошиш, можеби вреди да се преместиш на old school VPS зашто ќе ти биде поевтино. Во поглед на брзина и uptime, AWS се супер.

"Old school VPS" - Linode, Vultr, RamNode и OVH. Јас ги користам сите овие 4. Предобри се. Сите овие се Unmanaged и нема да имаш сапорт за менаџирање на серверот, но штом користиш AWS со овие ќе немаш никаков проблем. Секој посебен план кај нив има одреден лимит на bandwidth, storage итн., и можеш да користиш толку колку што ти дозволува планот.

Имаш евтини ВПСи на Lowendbox.com и Lowendoffer.com но за овие не можам да ти гарантирам зашто обично се непознати фирми што може да ги снема преку ноќ. Види им ги цените, можеби ќе се излашеш поради нив :)

За Managed VPS да не ти давам предлози воопшто, мислам дека не ти треба таков.

ПС: Кога веќе користиш VPS, не ни помислувај да користиш shared хостинг. Цената на unmanaged VPS и shared hosting е иста. А ВПС е подобро во секој поглед.
 
Zippo

On your way to fame
22 октомври 2014
899
743
Zippo's setup  
Processor & Cooler
Intel i7-3930K CM Hyper D92
Motherboard
ASUS SABERTOOTH X79
Storage
Samsung 750 EVO 500GB
PSU
CM V 650
RAM
32GB DDR3 1333
Video card
Onboard
Case
CM Storm Trooper
Mouse
Gembird Bluetooth
OS
Windows 10, Windows Server 2016

Не се согласувам дека OVH се неменаџирани, постои опција за мала пара да се договориш да ти го менаџираат серверот, т.е. сегменти на серверот кои би можеле да ти ги менаџираат.
 
artweb

On your way to fame
5 март 2012
1,428
692
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Може ли да објасниш за BlueHost, јас сум во план да го користам за хостирање на ВордПрес интернет страна, на препорака од пријател и ми се виде задоволителен со цена. Па затоа ме зачуди, и ако може да објасниш подетелно за неговите добри и лоши страни, бидејќи се познава дека имаш искуство.
Bluehost e срање, не се лажи. Ти го препорачувам Siteground, не е многу скап и брзи и стабилни сервери и одлична подршка.
 
Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
Bluehost e срање, не се лажи. Ти го препорачувам Siteground, не е многу скап и брзи и стабилни сервери и одлична подршка.
SiteGround се океј и имаат супер support, но проблемот е што се премногу популарни и имаат многу корисници. Тоа значи дека реално, не можат да посветат 100% внимание на тебе и нема да дадат сѐ од себе за да те задржат.

Компании како VeeroTech и HawkHost се релативно мали и им значи секој клиент, нивниот support прави сѐ за да те задржи, дури и ти решава проблеми што немаат никаква поврзаност со хостингот или серверот.

Многу клиенти значи дека имаш многу можности да ги пренатрупаш shared серверите и да ги oversell-уваш OpenVZ серверите. Малку клиенти значи дека и да сакаш да пренатрупаш shared сервер со 500 клиенти, не можеш зашто не ни ги имаш тие 500 :) А SiteGround имаат повеќе од 50000 клиенти, па не им е проблем да натрупаат сервер.

Други мали и квалитетни компании ќе најдеш на webhostingtalk.com
 
artweb

On your way to fame
5 март 2012
1,428
692
Скопје
artweb's setup  
Processor & Cooler
I5 6500 3,2Ghz, 6mb cache
Motherboard
HP EliteDesk 800 G2 795970-001
Storage
Patriot Blast SSD 120gb
RAM
8 DDR4 2133mhz
Video card
Intel GPU on board
Case
HP EliteDesk 800 G2 Tower case
Mouse
Gigabyte AIRE M60
Keyboard
A4Tech
Monitor
LG 24MB56HQ-B
OS
Windows 10
Мислам дека Siteground водат сметка колку вебсајтови стават на еден сервер. До сега немам приметено да сецка или во одреден период од денот да успоруваат вебсајтовите што ги имам кај нив хостирано.
 
Blagojcebt

Intern
1 септември 2009
123
48
Поекономичен здравје Ipage !
 
Изменето од модератор:

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
694
441
Ова ти е афилиејт линк, сакаш само да земеш пари за ѓубре хостинг. iPage се едни од најлошите хостинг компании. И тие се од EIG.

Каде е економичноста за $12 месечно најтиња shared план со најтиња support? Од ваквите како тебе што препорачуваат хостинг само заради affiliate payout...
 
l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
650
1,348
Скопје
Само што сакав и јас да промрчам за ipage дека имаат најтиња хостинг и support. Едноставно беда од светски размери. Пред 4-5 години земав хостинг од нив и го баталив после некој месец. Гледам сеуште фураат исти фазон на "неверојатен" 72% попуст, само денес или само оваа недела, односно никогаш немале полна цена за нивните услуги. БЕДА.

А и не го ни видов линкот воопшто, стварно ли мислеше дека ќе ќариш некој денар со препорака на ваков мизерен хостинг.
 
Blagojcebt

Intern
1 септември 2009
123
48
Јас го користам години , и не е баш толку лош
имаат и vps и dedicated , муабетот беше економичен хостинг
 
Blagojcebt

Intern
1 септември 2009
123
48
А и не го ни видов линкот воопшто, стварно ли мислеше дека ќе ќариш некој денар со препорака на ваков мизерен хостинг.
шо има лошо во тоа да се искористи некој бонус ако членот реши да го користи тој хостинг ?
 
l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
650
1,348
Скопје
шо има лошо во тоа да се искористи некој бонус ако членот реши да го користи тој хостинг ?
Прво: форум не е место кај што луѓе треба да заработуваат или бонуси да добиваат. Форум е место кај што луѓе си помагаат едни со други.

Второ: iPage е најсрање хостинг што постои и сакаш да ќариш некое бонусче на нешто што не вреди ни пари да ти даваат да го користиш.

Испратено од SM-G935F преку IT.mk форум апликација
 
Blagojcebt

Intern
1 септември 2009
123
48
Прво: форум не е место кај што луѓе треба да заработуваат или бонуси да добиваат. Форум е место кај што луѓе си помагаат едни со други.

Второ: iPage е најсрање хостинг што постои и сакаш да ќариш некое бонусче на нешто што не вреди ни пари да ти даваат да го користиш.

Испратено од SM-G935F преку IT.mk форум апликација
првото : ок

ама за второто според мене е добар го користам 5 години и хостирам 15 мали веб страни , исто така и супортот ми има помогнато неколку пати.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

Глупав

Gaining Experience
20 април 2008
784
483
Глупав's setup  
OS
Windows; MacOS; Linux
моментално е одбрана следнава опција : Web Hosting, VPS Hosting, Dedicated Hosting, Reseller Hosting | InMotion Hosting ...
се избра VPS за повеќе посетуваната страна и Unlimited share за преостанатите помалку посетувани страни ...
не им е лош hostingot, имаат подршка, меѓутоа дека не се многу економични после промотивниот период е факт ...
благодарам за предлозите ... стоајт во bookmarks па за натаму може и да послужат ...
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно