• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

IT салони како и нивен напредок, како со малку до многу повеќе

mdeni

Unbeatable
24 септември 2012
4.806
4.644
ИТ продавница за да биде модерна треба да има:
1. Портфолио на брендови
2. Постојана залиха
3. Интернет продавница со точен лагер
4. Експедитивен сервис
5. Квалитетна продажна екипа

Мислам, не е филозофија, треба само продавниците да се свесни.
Само точка 3. Другото зависи од концептот и поентата на продавницата. Ама без 3 џабе се друго.
 

vladimir171

Gaining Experience
15 ноември 2007
442
235
1. Секоја фирма си одредува кои брендови ќе ги продава врз база на одредени критериуми како сервис, замена, достапност , минимална количина за нарачка, процент на заработка итн.. никогаш не се исплати да ги имаш сите брендови по секоја цена

2. Освен ако самиот не си го правиш увозот, најчесто кај нас тој зависи од главниот увозник за државата/регионот и ова варира од бренд до бренд секој си има своја политика и време на достава а некогаш некои производи не им се исплати да ги донесат во тој момент. Додатно на ова треба да се размислува и за моменталната залиха на производи што стои и чека да биде продадена а некои производи се временски зависни и ако не се продадат во одреден рок губат драстично на цена. Ако ги добавуваш преку дистрибутер за тој бренд може и имаш некој договор па ќе вратиш ако не се продало но ако сам ја добавуваш робата ова е еднакво на загуба со секој изминат ден стоење на полица.

3. Со сигурност знам дека интернет продавница со точен лагер имаат Анхоч и Нептун каде што го влече моменталниот лагер од продавниците и го прикажува на самата страна, пропуст може да се случи само ако имало вратено за сервис или некоја директна замена но тоа е привремено и најчесто се средува одма. Исто така знам дека ова не е случајот со Сет :) за други не коментирам.

4.Сервисот е пипава работа и зборена многу пати на форумов, експедитивно е само за производи што подлежат на директна замена се останато се чека на овластен сервис.

5. На времето Нептун држеа обуки за цел lineup од таа година организиран од самите претставници, Apple си доаѓаа од Словенија претставници со тест уреди и демо презентации за нив, Hp имаа собири со гага ранчиња и презентации за нивните најнови производи, Асус поготово за телефоните кога им пристигнаа во продажба и најдобри од сите беа Самсунг со нивните бидејќи секогаш ги држеа пред да стигне уредот на продажба и секогаш максимално подготвени за прашања.
Сега веќе не делува така кога ќе влезам кај нив во продавница и вработените што се обучени се најчесто тие на бела техника што е и примарна гранка кај нив.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.440
Мислења
901.080
Членови
32.158
Огласи
526
Најнов член
Wanderer385
На врв Дно