1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ настан: Startup Grind Skopje Vol.10 со Embed Social и SC Ventures

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 21 oктомври 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    Како се креира производ, како се води бизнис и маркетинг , и како се справуваш со стартапи како инвеститор? Овие прашања ќе бидат одговорени на десетиот Startup Grind Skopje кој е закажан за 29-ти октомври со почеток во во 17.30 часот во Coffice.

    Првиот говорник е Катерина Стојановска, ко-основач на маркетинг агенцијата IM.mk, и основач на Embed Social, стартап за испраќање на Facebook нотификации за да се потикне интеракција помеѓу брендот и корисникот. Таа ќе открие неколку тајни за водење на старатап, од креирање производ и бизнис стратегија, до планирање маркетиг и предизвиците со кои се справува овој стартап.

    Ќе има и претставување на South Central Ventures, новиот инвестициски фонд кој влегува на Балканот со 40 милиони евра. SC Ventures има канцеларии во Скопје, и од тоа што го дознавме од првото интервју до директорката на скопската канцеларија, Татјана Забасу, фондот е отворен за амбициозни идеи и стартапи кои сакаат да го освојат светот, независно од нивната големина. На Startup Grind ќе гостува Ивана Станковиќ, менаџерот за инвестиции во SC Ventures која ќе зборува за интересот на фондот во стартапите, за дали бараат добар тим или добар производ, и за фазите на развој во кои ќе се инвестира. Карти може да резервирате на Eventbrite за 300 денари (5 евра).

    Startup Grind Skopje е локално претставништво на глобалната Startup Grind заедница, која едуцира, поврзува и инспирира претприемачи. Поддржана е од Google for Entrepreneurs. На светските настани, меѓу другите, говорници биле основачот на Pinterest, LinkedIn, Digg, Meetup, Basecamp, и познатите Steve Blank и Clayton Christensen. Во Скопје некои од минатите говорници се Митко Цабевски од uPlug.me, министерот Веле Самак, Даниела Милошеска од Bastet Noir, тимот на Tesseract Interactive, Игор Трајковски од Time.mk… Не го пропуштајте настанот на 29-ти октомври со Embed Social и South Central Ventures.

    The post ИТ настан: Startup Grind Skopje Vol.10 со Embed Social и SC Ventures appeared first on IT.mk.

    Оригинален текст http://it.mk/it-nastan-startup-grind-skopje-vol-10-so-embed-social-i-sc-ventures/
     

Сподели

Вчитување...