1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ настан: Нов Startup Weekend Skopje е закажан за 20-ти ноември

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 1 oктомври 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    Во ноември ќе имаме нов три дневен фестивал на креативност, на кој стартапи ќе се обидат од идеја да направат бизнис со кој ќе ги импресионираат жирито. Закажан е нов Startup Weekend Skopje кој ќе се оддржи од 20-ти до 22 ноември во просториите на CoSeed, во Скопје. Пуштени се и првите early-bird влезници од 20 евра за сите кои што сакаат да учествуваат на настанот. Дали вреди? Ако сте млад претприемач или девелопер со идеја, oва е одличен настан да добиете совети и насока како да ја реализирате таа идеја. Тоа што не го знаеме во моментот се менторите, предавачите и жирито кое ќе биде најавено подоцна.



    Early bird картите се достапни од денес до 20ти Октомври. Резервирајте тука >> http://t.co/fxHrzDQhvg #swskopje pic.twitter.com/c8v8E54FUX

    — StartupWeekendSkopje (@swSkopje) October 1, 2015


    Startup Weekend Skopje е работилница кој го слави претприемаштвото и се обидува да ги охрабри младите да си ја следат идејата. Но, бидејќи е тешко од идеја да крeираш вистински бизнис, на настанот гостуваат искусни ментори и претприемачи кои ќе помогнат со совети во текот на двата дена додека се разработува идејата. На крај има големо финале пред жири, на кое се презентираат идеите. Сите претходни Startup Weekend Skopje, а ги имаше до сега четири работилници, беа успешни и забавни настани на кои се споделија добри, лоши, глупави и фантастични идеи.

    Оригинален текст http://it.com.mk/it-nastan-nov-startup-weekend-skopje-e-zakazhan-za-20-ti-noemvri/
     

Сподели

Вчитување...