1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ настан: Гласајте за фаворитите на Блогираме и Twitter награди 2015

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 25 ноември 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    [​IMG]

    Македонската блог платформа Blogirame.mk и оваа година, по четврти пат, ќе организира награди за најзабавен блог и Twitter профил. Доделувањето на наградите ќе биде на 18 декември во МКЦ Кино Фросина, но она што е најважно е дека гласањето за избор на најдобрите веќе е почнато.


    И тогаш Твитер боговите рекоа: „Ќе има и #ТвитерНагради!“ И би #ТвитерНагради! … Понатаму гледате што се случува.

    — Дечкото со Точакот (@bajkerot) November 24, 2015


    „Значи почна гласањето и веќе има прилично измешани чувства околу истото. Момци и девојки особено оние што не сте биле на #твитернагради не избрзувајте со заклучоци, дојдете повелете на 18 декември во МКЦ Кино Фросина и видете што се случува и ако не ви се допаѓа не доаѓајте веќе. ТОЛКУ Е ЕДНОСТАВНО!!!“ велат од Blogirame.mk.

    Категориите се слични од претходната година, и овој пат се триесетина – од најсекси блогер, најдобар нов блогер, најдобри твитерџии, трета смена, најдобар твит и одговор до најдобар хаштаг, и куп други награди. „Од најсекси блогер/блогерка до најдобар блог, кампања, твит или реплај, гласајте за најдобрите и најзабавните, пред да биде доцна, а потоа „сите сме победници и идеме у МКЦ да се зезаме и поминеме убаво затоа што ова е нашиот цајтгајст“, велат од Блогираме.мк.


    Уште ми ја немаат дадено ланската вреќа брашно за глас на #ТвитерНагради..До кога ќе го лажете народот бе пу јаз'к.

    — Ninja In Pajamas (@DejanKnicks) November 24, 2015



    #твитернагради се само обид за дефокусирање на јавноста од огромниот број стасани инвестиции!

    — Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 24, 2015



    The post ИТ настан: Гласајте за фаворитите на Блогираме и Twitter награди 2015 appeared first on IT.mk.

    Оригинален текст http://it.mk/it-nastan-glasajte-za-omilenite-profili-na-blogirame-i-twitter-nagradi-2015/
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,036
    2,977
    2 Септември 2012
    Машко
    Како беше тоа, главна награда врвка за мобилен. :D
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...