1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ настан: Girls in Tech Macedonia ве водат на платени пракси во Силицумската долина

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 17 ноември 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    [​IMG]

    Girls in Tech Macedonia, глобалната организација која сака да ги мотивира девојките поактивно да се вклучат во ИТ индустријата, најави дека влезе во соработка со Silicon Valley Internship Programme (SVIP) со што ќе им овозможи на девојки-членки на организацијата да одат на платени пракси во компании сместени во Силициумската долина.

    Станува збор за работни позиции со полно работно време и целосна плата во времетраење од една година, а избраните девојки ќе можат да работат со стартап компании, соработници на SVIP, за да ги развијат своите ИТ и претприемачки вештини. Но, иако програмата сака да поттикне претприемаштво, сепак критериумите за влез се малку специфични – треба да имате диплома во софтверско инженерство или слична дисциплина и да знаете да кодирате барем во еден програмски јазик.

    Успешните кандидатки ќе бидат платени до 60.000 долари годишна плата за нивната работа во компаниите во Калифорнија, и благодарение на SVIP ќе добијат и помош при визата, патувањето и сместувањето за првиот месец. Апликациите веќе се отворени, а интервјуирањето и поврзувањето со соодветни стартап компании ќе се случува на почетокот на 2016 година. Избраните кандидатки ќе се преселат во Силициумската долина на крајот на август/почеток на септември 2016 година.


    The post ИТ настан: Girls in Tech Macedonia ве водат на платени пракси во Силицумската долина appeared first on IT.mk.

    Оригинален текст http://it.mk/it-nastan-girls-in-tech-macedonia-ve-vodat-na-praksi-vo-silitsumskata-dolina/
     

Сподели

Вчитување...