1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ настан: 5 работи кои треба да ги знаете за Summer Startup Festival

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 1 Септември 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    На 4-ти септември во Охрид, на плажата Лагадин 10, се случува Startup Festival: Startups From Dusk Till Dawn настан на кој се поканети сите стартапи, основачи, претприемачи и инвеститори за журка до раните утрински часови. Овој стартап настан е организиран од македонската стартап заедница за македонската стартап заедница со цел да се запознаат претприемачите и можеби да се родат нови идеи и нови инвестиции. Сепак пред да се впуштите во стартап авантура тоа што треба да го знаете за настанот е следново:

    • Организиран е од локалната стартап заедница, со здружени сили на Startup Weekend Skopje, Startup Grind Skopje, Silicon Drinkabout Skopje, и Coffice кои сакаат „заедно да ја поддржиме следната голема приказна која ќе тргне од овие простори“.
    • Предавање ќе оддржи Петар Ниновски, основач на едукативната платформа WeLrn кој имаше првата успешна инвестиција со CEED бизнис ангелите; и Иван Петрушевски, кој на 18 години ја основа хостинг компанијата MKhost која е денес еден од официјалните регистари на .мк доменот. И двајцата основачи ќе зборуваат за своите искуство, од идејата за бизнисот, до давање отказ, градење тим, грешките кои ги направија…
    • Настанот ја слави храброста. Најдобриот стартап ќе добие… wait for it… лет со параглајдер „бидејки впуштање во стартап светот подразбира храброст како што е потребна за првиот лет, нели?“. Летото е со тимот Вертиго кои имаа тим-билдинг за Google. Друга награда е ваучер од Coffice, co-working просторот во центарот на Скопје.
    • Од 20:00 часот до 01:00 ќе има вмрежување, говорници, дружење. Но, од 01.00 до изгрејсонце ќе слушате страшни стартап приказни!
    • Се очекуваат 50-тина претприемачи, стартапи, инвеститори, вклучувајќи гости од StartQube, уште еден стартап фестивал кој се случува во Охрид.

    Влезниците за настанот можат да се купат преку Eventbrite страницата на настанот. а во нив е вклучен и 20% попуст на пијалоците. Поддржувачи на настанот се: WeLrn, Vertigo, G6, StartQube, Jagermeister, Munus и Girls in Tech Macedonia, Coffice, Red Bull… повеќе информации и детали во врска со настанот можете да добиете на официјалниот сајт. Следете го настанот и на Facebook: Summer Startup Festival.

    Оригинален текст http://it.com.mk/it-nastan-5-raboti-koi-treba-da-gi-znaete-za-summer-startup-festival-na-lagadin/
     

Сподели

Вчитување...