
Една од придобивките на читателите кои ќе се решат да го поддржат IT.mk со 1337 премиум членство е и учество во рандом месечен giveaway, во кој доделуваме вредни награди. Секој месец доделуваме по еден подарок, а изборот се врши на 15-ти во месецот кога се прави избор од листата на активни 1337 членови преку Random.org.
Подарокот за овој месец е: Веб камера Logitech HD PRO C920e 1080p USB со Privacy shutter 960-001360



Logitech C920e е веб камера за работа со HD 1080p што го надминува дури и квалитетот на видеото и звукот што го обезбедуваат повеќето интегрирани лаптоп камери. Со помош на оваа камера може да изгледате професионално на секој ваш Zoom, Teams, Google Meet или Facetime. Камерата вклучува двојни интегрирани семонасочни микрофони кои го снимаат вашиот глас на оддалеченост до еден метар, така што разговорите секогаш звучат природно и чисто.
Моменталната регуларна продажна цена за овој уред на IT.mk/market е 5.999 денари, додека за Basic членови со попуст е 5.449 ден, а за 1337, цената со попуст изнесува 5.049 ден. Производот е достапен за нарачка во ИТ маркет.
Добитникот на овој подарок ќе биде прогласен во 13.37 часот на 15-ти октомври во следнава тема на ИТ форумот.
За да не ја пропуштиш можност да го добиеш следниот подарок, поддржи ја работата на IT.mk со премиум членство и учествувај во месечните giveaways! Премиум членството на IT.mk нуди и многу повеќе, а деталите можеш да ги дознаеш тука.