1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ Кариера истражување: Плати во ИТ индустријата

Дискусија во форумот 'IT.mk известувања' започната од D, 5 Февруари 2019.

  1. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    тие што работат 3д немале време за анкетава? а тие што имале, слабо со тезги :(
     
    bxxxn, The-spiki, M.Pix и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Тоа зависи од кој се ја пополнил анкетата (и колку искрено одговорил на прашањата).
    Ова што го посочуваме е од анализата на дадените одговори.
     
    На Oliver! и M.Pix им се допаѓа ова.
  3. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Јас сум првиот што кажува дека ова не е најидеална анкета, дека не е најсовршена и дека сигурно може да се подобрува. Но и дека ја направивме (и планираме секоја година да ја правиме, подобрена секако и со подобра методологија) со цел да покренеме дискусија, да се имаат некои квантитативни и квалитативни бројки за индустријата а не само претпоставки.

    За добивање на податоците:
    За комерцијални потреби/поддршка на трудов: IT.mk Маркет
    За еду потреби: Истражување ⋆ IT.mk
     
    На omegaRED, StOrMK, The-spiki и уште 5 други им се допаѓа ова.
  4. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Тоа е проблемот. Секогаш некој ќе го изигрува системот, па после системот не чини.
    Одлично изработена анализа, со тоа што можеби треба да се проверат некои бројки и доколку има нелогичности, тие да се исклучат од пресметката. Ете една нелогичност воочија, можеби има и други. Треба да се проверат одговорите да се види дали некој намерно нешто ја реметел анкетата. На преку 1000 испитаници, сигурно има неколкумина што ставале рандом глупости.
    Добро би било да се седне и да се прочешла, за да се тргнат како несоодветни одговори.
     
  5. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Податоците се достапни за тие што сакаат, грешки сме подготвени да корегираме. :)
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Прочитав едукативна верзија, поточно тоа што ме интересира т.е. прва секција програмери / девелопери и администратори и делумно за останати категории :)
    Благодарам што објавивте резултати вака професионално. Навистина фала.
    Се гледа дека стручно е одработено, многу убаво изгледа, одлични графикони и резиме.

    Предлог за подобрување вака од сеќавање, сигурен сум има дечки за поточни преводи и за уште неколку зборови:
    Долг и бавен процес за интервјуирање => Долг разговор за вработување
    фриленс => самодеец / хонорарен работник
    ремоте => оддалечен работник
    Junior, Middle, Senior => транслитерација за Јуниор, Среден ниво и Сениор, превод за Lead => Водач



    Инаку, коментар за тоа што ми е многу интересно од анализа.
    Се гледа јасно (лошиот дел од) балкански менталитет.
    Како пречка при регрутација:
    - 30% одбрале „долг и бавен процес на интервјуирање“.
    Што е ова, зарем за просечна плата од иљада евра толку многу е мачно (да се дојде на) разговор 2 или 3 пати по 30 минути? Првиот со тетката од човечки ресурси што се труди да елиминира лудаци и бељаџии (troublemaker), втор пат со некој малце запознат со ИТ за да провери знаење и (евентуално третиот) што веројатно ќе мора секојдневно да соработува со кандидатот.
    - 40% одбрале „недоволно информации за работна позиција“. Кој нормален може да очекува однапред, пред да биде вработен, да добие сите информации, точно дефинирани задачи итн. Да прашам јас вака, каде има тоа?
    - 30% одбрале „brainteasers и слични тестови кои не се релевантни за работна позиција“. Се чуствуваат силно повредени или нешто друго? Снегулки.
    - 30% пријавиле во врска со нетранспарентност на плата. Ајдеее, мака голема, можеби некој доби 50 еур поише?

    И за крај, коментар од „друга“ страна... Сигурен сум, многу малце има кандидати локално што навистина ги бива за работа + имаат добро знаење. Од мое искуство, повеќето се неразумни луѓе и имаат нереални очекувања, најмногу за плата. Слушнале „за оваа работа“ надвор се зимаат годишно 75 иљади долари бе! Не разбираат тоа е бруто (а не нето како што се прикажува кај нас), конверзија во евра 66 иљади, па оп -40% даноци, осигурување, здравствено итн = испадна ~40 иљади, што е некаде 3к+ ЕУР месечно = т.е. квалитет на живот во МК со ~1000 еур кога се гледа реалниот ppp /паритет на куповна моќ.
     
    Draynor, damil и на D им се допаѓа ова.
  7. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    643
    2,172
    27 Јануари 2014
    Машко
    Во МК има фирма, која беше и активна едно време во делот кариера на ИТ и бараше девелопери.
    Доаѓаат на интервју 10тина луѓе, им се дава personality test, и на втор дел продолжуваа само тие што добиле резултат дека се медијатори, а во портфолио имаат екстра проекти и солиден бекграунд? Ова нигде го нема на свет само кај нас.

    За плата не се согласувам. Кога бараш одредено знаење кажи и колку нудиш. Зошто да губам време, а и фирмата за на крај да ми кажат смешна сума којашто не ми одговара. Лесно е да се пише ни треба нинџа, плата по договор или пд 300 до 1500 зависи од знаење. Единствено знаење тука е дека влагаш на 300 со можност да напредуваш али максимум до 500.
    Верувам дека има смешни пријави пд кандидати али па и фирмиве со вакви огласи повеќе и не заслужуваат.
     
    На Astraion и JasSum им се допаѓа ова.
  8. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Mладич, бриши ова, полно ти е предрасуди од старт како лајно витамини.
    Еве ти подолу дел по дел зошто:

    Овој процес ти што го опиша е добар. Статистиката од анкетата _воопшто_ не вели дека кај сите било исто така.
    Најверојатно - полошо од тоа.

    Во секоја нормална фирма. Не можеш да одиш да моделираш во Maya ако фирмата отпосле ти рече "еј ние припрема правиме за принт за јогур од Бучен Козјак!"

    Создавачите мислеле дека е релевантно. Ти мислиш дека не е. Никој овде нема право да навредува некого нарекувајќи го снегулка, педерче или слично... Едноставно, не иде.

    Секој стручен во својата дејност и ТРЕБА да знае дали да очекува 1, 2 или 3 илјади евра месечно.

    Може круговите ти се заебани, не е до тебе.
    Моментално соработувам со двајца што се на исти години како јас кога бев почетник.

    Споредба? - Ебено растураат!
    Спрема тоа што знаев јас пред 10 години тие моментално се далеку понапредни.

    Дали ги бива? - Да.
    Дали се разумни? - Да, дури и прескромни.
    Дали заслужуваат саглам плата (најмалку 1.500 еур)? - Ебено да. :)

    --------------

    Сакам да кажам, кул малце... никој од нас не знае ниту познава сè.

    Запомнете: ова е анкета. Држи вода само за тие што се анкетирани, а ние не ги познаваме сите ~900 луѓе за да судиме.

    Исто кон тоа, ПРВА ваква анкета во Македонија.
    Дајте да не се правиме паметни, но да пробаме да придонесеме заедно.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Скроз.

    Ама ако има ставка "друго" кај софтверот тогаш има логика.

    Тој просек за Motion Graphics е всушност слаб... Ама и тоа ми има логика кога ќе се сетам колку 3д моделери и аниматори се преориентирале на нешто друго пред повеќе години :)
    Денес може алатките се полесни за користење и машините за нив се поевтини за купување, ама сè додека некој аниматор не влегол на време во вистинската плата и сосем нормално е да смени бранша :)

    Третирај го ова како мислење, исто како анкетата. Ништо не е 100% прецизно, ма дали и половина од тоа :)
     
  10. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Тоа го има насекаде. Сум работел во неколку фирми, во странство, од тие со 20-30 вработени што се продадоа за некое миљонче до тие што имаат неколку стотици, што сега се вредни над миљарда. Тоа е сосема нормално, го има насекаде и многу е побитно од ти што мислиш.

    Веројатно во таа домашна фирма имале проблеми и потреба од точно такво лице.
    Некој кој што поради знаење ќе има авторитет и потенцијал да ги обедини останатите за да се работи на проекти наместо да се водат мали ратови помеѓу кланови.

    Еве за пример случка, вистинска. Кога бев помлад, најбитно, дури можеби единствено битно ми беше знаењето на потенцијални соработници. Ја прашав девојката од ЧР / HR зошто му даде негативна проценка на дечкото М. Прво што ми одговори беше дека во разговорот со неа ниту еднаш не се насмевна и воопшто така не и остави добар впечаток. Јас си мислев глупости, шо кур ме боли за такви работи, да ли ќе се вклопи во компаниска култура итн. А во фирма со 200+ вработени тоа е многу важно.
    Не помина многу време и предизвика проблеми, за неколку месеци успеа да ги испокара сите колеги меѓусебно. Од 30тина системски администратори што во просек работеле заедно 7,8 години, од што се слошиле односи и гнасна офис политика, околу 20тина си отидоа за отприлика една година. Ова се случи само во наш сектор.
    Почна да мрси со сите за плати, им кажува кој колега има 100 или 200Е повеќе иако тој знае подобро и такви работи. И почнале сите да ми бараат состаноци, па морам да објаснувам батка нели ти имаш 2 деца, работиш стриктно 9-5, а тој другиот секој месец има по една недела пасивно дежурство, таа недела се случува неколку пати да биде повикан навечер за интервенција итн. На вториот му покажувам дека независно од тоа што некои работи ги знае подобро и побрзо одработува задачи, сепак вкупно многу помалце сработи, вадам статистика, по број на тикети и останати параметри. На третиот слично му зборам, да бе, супер си со знаење, браво, но во тек на своја смена активно работиш реално само 2-3 саати, останато време ти е гледање јутјуб и Big Brother.
    Четвртиот му објаснувам дека цела година секој проект кој што се нафати не го одработи, по 2 месеци планира, тестира и не е завршен, последната недела пред deadline јас го зимам за 3-5 работни дена дигам нов маил кластер со 50 сервери наместо него. Следната недела местам 20 - 100 нови хостинг сервери наместо друг, а тој што правел 3 месеци не знам ама плата 1500 еур месечно му била мала затоа што колега има 1700 и така....

    И така, постигна да растури екипа која што се создаваше над деценија, прва пред 25 години почнала да продава интернет на Балкан, на Телеком(и) им продававме интернет кој што одеше низ нивна инфраструктура, први тестиравме нови технологии, напраивме системи за АДСЛ која што им се продаде на конкуренти и Телеком(и), cloud развивавме и продававме во далечна 2005та... Потоа дојдоа нови, ама освен редовно одржување ништо значајно не можеше да се сработи, RND 0, големи проекти 0...

    Е па сега, плата ретко се става во опис на огласот. И без да се напише точна цифра која што е реално 3 - 7 пати поголема од најниска или просечна плата во земја, се случувало за едно работно место да се пријават премногу. Сум приметил и по 400 пријави за огласување на работно место, од што можеби 20тина да ги викнеш на разговор а прашање е да ли ќе најдеш 1,2 или 3 добри.
    Ајде предизвик, отвори фирма, објави јавно оглас и напиши 2000 иљади евра плата за нинџа, јави ми се кога ќе завршиш со преглед на сите апликанти :)


    А од друга страна се знае плата колку е (во регион, а имам или имав контакт со многу дечки во буквално сите соседни држави). Барем во „стриктно“ ИТ. Не зборам за дизајн (графички, па и web), маркетинг од „други“ индустрии каде што се користи компјутер како алатка. (Оваа класификација да не се сфати како навреда, еве јас воопшто не сум креативен, немам талент за графика, звук итн).

    Систем администратор: 750Е+ јуниор, 1000+ среден, 1500-2500 сениор.
    Зборам за реални вреднувања на позиција, според ниво на знаење и обврски.
    Не е она, сега почна па затоа е јуниор, за година две му даваме „унапредување“, еве титула среден админ, после уште 2 или 3 години е сениор само за да си клаи така во CV. Многу има вработени што само одработуваат задачи а стагнираат со знаење итн. Ајде конкретно,
    Систем администратори за мрежи: 750E + (CCNA), 1000+ (CCNP), 1500-2500 (CCIE).
    Систем администратори за (Линукс) сервери: 750Е+ (LPIC 1 / RHCA), 1000E+ (LPIC 2 / RHCSE), 1500-2500E (LPIC 3).

    За тотални почетници, значи без работно искуство или работел нешто tech support и слично, може ќе почнат со 500Е...

    А одат и повише од тоа напишано за сениори за оние што покрај работник имаат и додатни обврски со водење тим, значи водачи/Lead, некаков low tier management па и CTO.
    За програмери се слични по таа градација јуниор / среден / сениор.
    Некаде почнуваат малце пониско ама тие што се навистина добри, зборам нпр за сениори по знаење а не само по звање е тоа. Експерт се станува по поминати 10 иљади работни часа, т.е. 5 години работење на една област / технологија / програмски јазик.

    А сеа па доколку губиш време, сам си крив доколку се јавуваш на секој регрутер што те додаде на LinkedIn.
    Одбери каде аплицираш. Се знае кои се добри фирми, на пример за програмери Seavus, Endava, Asseco и уште неколку. Добар програмер / * би требало да може да се вработи во добра програмерска / * фирма.
     
    Последна промена: 18 Јуни 2019
    На RoninMK, Banjifiko, Propeller и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. DynamicMK

    DynamicMK
    GFX

    1,617
    154
    11 Април 2007
    Машко
    Motion Graphics дизајнери ваљда и земаат најголеми плати од корисниците на After Effects. Сепак овде влегуваат и оние кои работат color correction, па дури и свадбари кои лепат motion elements со алфа канал врз снимките или користат купени транзиции, темплејти и слично... претпоставувам затоа е драстично намален просекот

     
  12. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Утна и тоа многу.
    Пола саат подоцна од твојот коментар наполнив 39 години. Не сум младич одамна :)

    За ова да не збориш?
    „Се гледа јасно (лошиот дел од) балкански менталитет.“
    Тоа што напишав подолу од тој коментар е вистина, според мое искуство.
    Имам работено (и соработувано) со стотици луѓе од различни земји, Америка, УК, повеќето од западна Европа, Индија, понекој од Африка и така е.
    Од „нашите“ краеви повеќето се секогаш нешто незадоволни, паметуваат и така.
    Тоа беше за она што се гледа од анкета.
    А доколку треба, еве го во најкратко моето мислење за мнозинство од нашите.
    Најчесто во зададен рок од проектот ќе биде сработено 80%, со доцнење до 90%, а да се заврши според договорено е сосема ретко.

    Процес што го опишав е точен според мое искуство кое воопшто не е малечко.
    Вработен сум, стриктно во ИТ фирми, од 1996та година. (доколку пресмета, да, од своја 16та година и од тогаш имам само 2 месеци пауза во 2004та).
    Некаде во 1999та добив обврска да проверувам кандидати и така било понатаму во сите фирми. Веројатно сум зборел со над 300 души, ама ајде да речеме 200-300.


    Тој што знае да моделира во Maya, треба да оди на разговор за работа во FX3X, а не Бучен Козјак :)


    Јас сум 100% убеден дека е релевантно такво прашање. Има многу смисла да се провери како реагира кандидат на неочекувано, па дури и „глупо“ прашање.
    Што е навреда? Вистина е.
    Добро е што не ставиле она за „абе замисли, ми барале да напишам програм на хартија“, што збореле на далеку во друга тема пред неколку дена. Па тој што не знае тоа да го направи, не само што не е програмер туку не е ни кодер почетник.


    Секој стручен во својата дејност, ЗНАЕ колку вреди, ЗНАЕ колку може да очекува, и ЗНАЕ каде да оди на разговор за работа. Проблем имаат тие што не знаат (а по грешка мислат дека знаат)
    [​IMG]


    Искрено, до некаде е точно тоа, за тренутна ситуација локално.
    Порано живеев во странство. Од пред година две сум пак во МК и тие што ги познавам од порано се отидени надвор или веќе многу добро ситуирани.

    Браво за тебе.

    Еве вака. Доколку познаваш дечки (или девојки) што навистина ги бива за Linux кажи, да те контактирам наскоро. Еве нека биде од Септември или затоа што многумина се на одмор надвор од Скопје па да имам подобар избор :)


    А зошто да не се произнесе кој сака на јавен форум?

    Само за тие што нема да се навредат, еве да не биде вградено и веднаш видливо
    дедото како го објасни алал да му е
    View: https://www.youtube.com/watch?v=1na79fp8C-o
     
  13. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
  14. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    682
    626
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Јас сум добар за Linux контактирај ме сега :)
     
  15. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,034
    28 oктомври 2008
    Кај нас со закон е регулирано кога работодавачот вработува по пат на јавен оглас, должен е во јавниот оглас да наведе:
    - назив на работното место;
    - условите што се бараат за вршење на работата;
    - почетокот и завршетокот на дневното и неделното работно време;
    - распоредот на работното време;
    - паричен износ на основната нето плата или паричен износ од најнизок до највисок износ на нето платата за работното место за кое се бара работник

    Не знам колку ова се применува при огласи што ги објавуваат IT фирмите...
     
    На JasSum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Треба некое кне да почне да тужи, да ги исплеска пред суд за ваквите глупости СИТЕ фирми, па да се средат огласите.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,195
    2,895
    24 Септември 2012
    Платата се крие подобро од змија нозе СЕКАДЕ. Тоа е најголема можна тајна.

    А реално знаеме дека е 12000.

    [​IMG]
     
    DonFrozex, Zippo и на Banjifiko им се допаѓа ова.
  18. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Треба некој да прочита и разбере... тој закон се однесува на средства за јавно информирање, и не се однесува на веб страници како
    ИТ Кариера ⋆ IT.mk
    Огласи за работа и совети за кариера
    KARIERA.mk - КАРИЕРА.мк - Вработување - Најди работа - Огласи за работа - vrabotuvanje - najdi rabota - oglasi za rabota


    Најдобро уште неколку да се соберете и да ги тужите сите странски фирми огласени на monster.com , dice.com и неколку слични.
    Абе, по едно евро да зимате за секој, по ваше мислење, несоодветен оглас, милионери ќе станете :)
     
  19. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,339
    2,936
    4 Септември 2008
    Затоа тоа во Америка е убаво регулирано, се знае колку е работен час по работна позиција и сакаш конкурираш, сакаш не.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Законот налага секој оглас за вработување да биде јавно објавен.
    Или што е битен закон?
     
  21. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Тоа што ти мислиш не е закон.
    Закон постои, но не се однесува на веб страници.

    Во Америка се знае работен час исто како и кај нас... Не е регулирано со закон во сите фирми да биде иста плата/ работен час итн.
     
    Изменето од модератор: 19 Јуни 2019
  22. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Веб страните се над законот. Тие се приватни ливади и секој тера по свое.
    Секој оглас за вработување е јавен.
     
    Изменето од модератор: 19 Јуни 2019
  23. The-spiki

    The-spiki
    Gaining Experience

    62
    63
    26 Април 2008
    Машко
    System Administrator
    Веб страните не се над закон, туку тој закон не се однесува на веб страни.
    Проблем е во тоа што законот не се совпаѓа со твоето мислење за неговата примена. Погрешно го толкуваш.

    Ајде уште еднаш да повторам.
    На топ 10 глобални веб страници за вработување (monster, dice итн) има огласено над милион огласи за работа без да е спомната точна плата. Тужете, па дури и по едно евро само да земете станувате милионери :) Ајдеееее

    Наместо да трескате глупости за тоа што немало напишана плата во домашен онлајн оглас, или демек плата била регулирана во Америка (лол, со кој мозок се пише тоа)... отворете странска страница за вработување, било од Германија или Америка и разгледајте малце.
    Кај нас не е различно од други земји во однос на огласи за вработување, договарање плата итн.
     
  24. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Обврска на фирмата е да објави оглас во јавно гласило или во завод за вработување. Таму треба да биде целосен. Реклама за огласот може да биде делумна, со разни џиџимиџи, на веб, на тоалетна, закачена на опаш на мачка или на балон, ама огласот што е пред државата, мора да се најде и на соодветно место, целосно со сите информации.
    Тоа важи за фирми во Македонија што бараат работници во Македонија. Тука се тие закони. Надвор од тука нит ме интересира нит ме тангира.
     
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,034
    28 oктомври 2008
    Plati vo IT sektor.jpg
     
    На Oktar и D им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...