1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

ИТ Кариера истражување: Плати во ИТ индустријата

Дискусија во форумот 'IT.mk известувања' започната од D, 5 Февруари 2019.

  1. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Има поле да се внесе тоа што го нема дадено како избор.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,259
    9,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Реторичко е прашањето, не очекувам одговор. А зошто фали магационер на листата? Според мене, клучен е, неможам да земам сервер за инсталација без амин од него.


    Едит: полето друго не е соодветнп за астро, толку титули заслужуваат посебна анкета а не поле разно или друго. Бреј колку се нежни овие од ајти индустријава, не заслужуваат да стои индустрија до тоа ајти, индустрија асоцира на мажи! :D
     
    На JasSum и lynx им се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    И робот може да биде магационер. Sales спрема документи, додека одиш го магацин да си го земеш, робот ќе ти го најде и испорача до рака. :)
     
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,259
    9,347
    23 oктомври 2012
    Машко
    Астро...ке те сменам со скрипта брат. Не со визард, со скрипта. :D
     
  5. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,938
    4 Септември 2008
    Астро се чувствува загрозено, свесен е дека AI-то ќе го замени консултантот и аналитичарот.
     
    На Astro и Oktar им се допаѓа ова.
  6. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,279
    7 ноември 2014
    Машко
    Како што политичар е јавна функција, со правење на јавна анкета вие сте подложни на критика и треба да бидете компетентни за работите што ги правите.

    Овие две дефиниции што ми ги пастираше не знам како успеа да ги поврзеш, ама она што можам да го заклучам е дека ти не си доволно компетентен и не сте доволно компетентни да правите вакви анкети, иако намерата ви е добра. Ако за нешто не си компетентен (на пример дигитален маркетинг), тогаш треба да се консултирате со луѓе што се компетентни. Ваква кардинална грешка на вклучување на дигитален маркетинг во ИТ ИНДУСТРИЈА нема да се случи ако било кој од вклучените во проектот имале и најмала компетентност во соодветната област.

    Дигиталниот маркетинг вклучува МАРКЕТИНГ НА ДИГИТАЛНИ ПЛАТФОРМИ, ама ултимативно тоа е пак маркетинг. Маркетингот не вклучува само создавање на Instagram Story како нова платформа, туку анализа на пазар, СТП, формирање цени, стратегии за позиционирање, креативи за реклами, избор на канали и слично. Маркетингот е индустрија сама по себе, а дигиталниот маркетинг ако е дел од некоја индустрија, тогаш ќе биде дел од маркетинг индустријата. Тоа што дигиталниот маркетинг повеќе се заснова на нови технологии е факт, но сам по себе не ги генерира новите технологии како ИТ индустријата.

    Односно, маркетер се рекламира на Инста Стори, но тој не го направил Инстаграм сторито како платформа, туку само го користи како алатка. Ако компанијата Хаусмајстор користи 20 комбиња, не значи дека е дел од автомобилска индустрија, а ако некој користи фотошоп, исто не значи дека автоматски е дел од ИТ.
     
    На spiritBreaker, The-spiki, Маша и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Tnx на критиката.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    Маша, igor_xxxx и на Oktar им се допаѓа ова.
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Аналитичарот е татко на роботот :)
    Ако е аналитичарот глуп да дозволи роботот да го замени, па и нека го замени.
     
  9. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,340
    2,938
    4 Септември 2008
    Скајнет е неминовен, треба да се плашиме. :-D
     
  10. pecko95

    pecko95
    Gaining Experience

    81
    56
    5 Април 2018
    Машко
    А ако некој работи маркетинг (или еве поконкретно дигитален маркетинг) во некоја ИТ компанија, тогаш што? Не се рачуна човекот? :)
     
  11. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,008
    1,044
    6 Декември 2016
    Машко
    Работи маркетинг во ИТ фирма. Зема плата која се споредува во маркетинг индустријата, не во ИТ.

    И магационер и сметководител е исто во тој поглед.
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,775
    8 Мај 2007
    Машко
    Само насловот на анкетата е грешен.
    Земени е дека ај-ти се сите што користат компјутер како алатка за работа.
    Дизајн не е ај-ти туку е маркетинг.
    Дигитал маркетинг е.... Да да маркетинг.
    Може да се стави подобар наслов:
    Плати во дигиталната индустрија, па да ги опфати и ај-ти и дигитал маркетинг и дизајн.
    Ај-ти за мене е се што е создавање и одржување на дигиталниот систем. Дизајн и дигитал само го користат системот.
     
  13. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Дизајн не е ни маркетинг, каков маркетинг побогу.
    На времето кога дизајнот имаше квалитет, се студираше на факултет за уметност. Луѓето кои беа надарени учеа техники, биваше нешто од нив.
     
  14. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,775
    8 Мај 2007
    Машко
    Напишав голем одговор, ама се премислив. Луѓето што ги бива разбираат што е дизајн и што значи за маркетингот. Ти гледам не си од тие.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Па јас не сум дизајнер, што ти е чудно? Убаво ќе беше да пишеш и објасниш, ако си сигурен во тоа. Затоа служи форумот. Задоволен сум кога некој ќе ми докаже дека грешам.
    Патем, јас не реков дека дизајнот не значи ништо за маркетингот, напротив.
     
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,775
    8 Мај 2007
    Машко
    Реши се.
     
  17. Astro

    Astro
    Guru

    6,023
    8,156
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Решен сум. ДИЗАЈН НЕ Е МАРКЕТИНГ.

    Дизајн е самостоен дел кој може да биде во функција на маркетинг а може и не. Маркетингот е само една област на користење на дизајнот. Дизајн имаш во индустриски дизајн, графички дизајн, анимација, уметност и друго. Моето мислење беше во оваа насока.
     
    The-spiki, mdeni, moongose и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    172
    107
    13 Март 2017
    Машко
    Баш на фб видов прашаа за резултативе, ќе се споделат или?
     
  19. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,189
    2,884
    24 Септември 2012
    Додека се споделат резултатите ќе се смени состојбата во општеството и некои професии може и да не постојат после капитализмот.


    Post-capitalism includes a number of proposals for a new economic system to replace capitalism, examine more advanced forms, or otherwise speculate on the fate of the current form of the social order. According to some evolutionary theories, post-capitalist societies may come about as a result of spontaneous evolution as capitalism becomes obsolete. Others propose models to intentionally replace capitalism. The most notable among them is socialism.
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  20. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    На shifty и coNNectMKD им се допаѓа ова.
  21. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    На Costigan_Jr, Banjifiko, Sharlovski и уште 22 други им се допаѓа ова.
  22. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    533
    426
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Добар! Има доста инфо што не сум знаел или пак сум мислел дека е малку повеќе различно од ова, на пример делот со број на вработени во фирми.

    Вредеше чекањето, делете ова на сите дневни весници!
    (Немам фецбук, инаку и самиот би) :)
     
    coNNectMKD, tupacan, mkextremer и на уште 1 им се допаѓа ова.
  23. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,039
    19 Јули 2013
    Анализата вели „Најголеми примања пак имаат Motion Graphics дизајнерите, просечно 86.400 ден."
    Од друга страна, во листата користени софтвери, единствен софтвер за Motion Graphics e After Effects. Подолу, каде се примањата по софтвер вели „Дизајнерите во After Effects имаат 56.000 ден. просечни примања, потоа Photoshop со 42.112 ден."
    Toa e разлика поголема од 50%. Нешто не ми штима тука?!
     
    На Oliver! и JasSum им се допаѓа ова.
  24. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    678
    360
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Може да се добијат податоците за изработка на стручни трудови/дипломски и останати трудови за студенти?
     
  25. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    637
    2,113
    27 Јануари 2014
    Машко
    Па и делот дека Графички Дизајн заработуваат исто со 3Д е малку чуден. Или немаме 3Д артисти многу во анкетава или дизајнерите работат у ептен јаки компании... :D
     

Сподели

Вчитување...