• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Истражување - Безбедност: МК сајбер простор и инфраструктура

  • Ја почнал/а темата
  • #1

D

Администратор
31 март 2007
3,292
2,000
www.iwmnetwork.com
Истражување на @LiquidWorm:


TL;DR
Додека работев на еден безбедносен тест, дознав дека откриените мрежни уреди се користат и во македонскиот сајбер простор. Со овој пост би сакал малку и да ја подигнам свеста за безбедност на информации во нашата држава однесувајќи се како до корисниците така и до снабдувачите на мрежни уреди, софтвер и Интернет пристап и до самиот MKD-CIRT тим.

Во првиот случај се работи за производот SOYAL Access Control System со потекло од Тајван и открив дека 62 IP адреси од Македонија го користат горенаведениот систем за контрола на пристап (влез) кој се користи во владиниот, приватниот и индустрискиот сектор. Секој можеше да пристапи до системот и да отклучува и заклучува врати во некои објекти, и можност за преземање и промена на главниот “клуч” (Master Code). Открив различен опсег на IP адреси од неколку македонски телекомуникациски оператори. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ.

Во вториот случај се работи за производот ЈТ3500V 4G LTE CPE со потекло од Кина и открив дека 1550 IP адреси од Македонија го користат горенаведениот уред за Интернет пристап и VoIP повици овозможен од Неотел оператор. Во овој “рутер” што се наоѓа во вашиот дом, се наоѓаат секакви ранливости и скриени алатки за пристап (backdoor) од оригиналниот производител – KZ Broadband Technologies, Ltd. Тимот на Неотел има направено една мала грешка при инсталирање на овие уреди во вашите домови – воопшто не погледнале што има внатре – Supply Chain Attack. ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ОВОЈ СЛУЧАЈ.
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,804
Мислења
850,745
Членови
29,490
Најнов член
cadi1
На врв Дно